дома блог страница 2605

(Видео) “Марија Шерифовиќ повторно победи на Евровизија”: Моќен настап на празните белградски улици

Наместо Евровизија, годинава гледавме алтернативно шоу организирано со евровизиските претставници.

Најмоќниот настап дефинитивно беше оној на Марија Шерифовиќ снимен на празните белградски улици.

Фановите на шега коментираат „Марија уште еднаш победи на Евровизија“, погледнете.

Искористете го убавото времe уште денеска: Oд утре следува температурен шок

Времето денеска ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 20, а максималните од 27 до 34 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината.

Од понеделник во попладневните часови ќе има дестабилизација на атмосферата со локален пороен дожд и грмежи, а од среда дневната температура осетно ќе се намали.

101-годишен старец не се сеќава на ништо, но кога ќе дојде до пијано се случува нешто магично (Видео)

Музиката е вистинска магија

101-годишен старец од Арукас, Шпанија, не се сеќава на ништо, но кога ќе дојде во допир со пијано се случува нешто фантастично.

Погледнете:

Д-р Дабеска е еден од хероите во Прилеп кои се бopaт со виpycoт: “Работиме со ентузијазам и двоен дополнителен напор”

Интервју на Д-р Весна Дабеска, спец. инфектолог во прилепската општа болница “Борка Талески” за неделниот весник “ЗЕНИТ”

-Секоја професија е тешка, но во континуиран пpитисок и pизик веќе два месеци се здравствените работници особено инфектолозите

– Од почетокот на март се соочуваме со сомнителни пациенти со Koвид 19. Во Прилеп првите регистрирани позитивни пациенти беа на 24 март. На дежурство примив двајцата повозрасни и со коморбидитети ги упатив на Инфективната клиника во Скопје. Веќе се излекyвани. Постојано носиме комплетна заштитна опрема пропишана од СЗО која ја менуваме при преглед на секој пациент. Работиме по посебни протоколи со голем ентузијазам и со двоен дополнителен напор. Бевме извесен период хендикепирани со еден лекар помалку, работевме тројца инфектолози и секој трет ден бевме на 24 часовно дежурство со еден слободен ден. Ги прифаќаме сите сомнителни случаи од Прилеп и од околината. Имавме голем наплив на пациенти кои требаше да се тријажираат, да се дифенерцира, на кои да им се земе брис, кои да се третираат дома или амбуланстки, а кои да бидат хоспитализирани. Имавме периоди според дневните извештаи и со 25 хоспитализирани Ковид позитивни. За среќа, сега бројот е намален.

Ковид 19 е нов вирус. Тоа е опасна болест и колку е поразличено од грипот?

Има повисока преносливост. Текот на болеста може да биде непредвидлив, вложување на состојбата за ден – два дури и кај претходно здрави пацинети. Над 90 отсто тешките форми на болеста се кај повозрасните пациенти кои имаат други заболувања, бронхијална астма, дијабет, срцеви заболувања… Не е засегнат само респираторниот тракт. Има мултиоргански опфат, кај 70-80 отсто од пациентите имаме нарушување на коагулацијата на крвта и се поставуваат на терапија. Тоа е голем процент за разлика од другите респираторни патогени причинители.

Успевате да се справите со пандемијата?

– Работејќи по протоколите со навременото упатување на потешките случаи на терцијално ниво, се справуваме со состојбата. Има пациенти кои доаѓаат задоцнето, после 7 – 8 дена, иако имаат симптоми. За смртните исходи се работеше за тешка форма на болеста со АРДС, упатени на Инфективната клиника во Скопје, кои, и покрај тоа што беа третирани по сите протоколи, завршија смртно.

Изложени сте на ризик и голем физички напор.

– За среќа, во добра кондиција сум. Немам никакви симптоми на болест. Физичкиот напор е голем. Моментно немаме заразен медицински персонал. Кај моите одам строго со маска, бидејќи се во поризичната категорија. Кратко се задржувам. Комуникацијата е сведена он – лајн. Не е едноставно. Другите социјални активности се исклучени. Го користам слободното време за одмор. За лична превенција користам витамини и минерали, престој на чист воздрух.

Граѓаните Ви се заблагодаруваат со аплауз. Како да се издржи?

Прилепчани треба да се дисциплинирани, да се придржуваат на препораките. Да се одржува хигиената, особено на рацете. Користење на маски во затворен простор, продавници, маркети, банки и други институции. Маските се за една употреба и треба да се фрлат веднаш, а не да се чуваат.

РАБОТИМЕ КАКО ТИМ

– Работиме тимски. Задоволна сум од ангажманот на средниот медицински персонал и од болничарите. За да успееме, треба тимска работа. Сите сме обучени за користење на заштитната опрема. Еден во тимот ако потфрли, целата работа може да тргне надолу. Зголемено е и нивото на хигиена во болницата, не само на персоналот, туку и на просторот. Имаме доволно дезинфекциони средства. Тоа е сосема друг начин на работа кој сметам дека треба да породолжи и понатаму, бидејќи вируси има и ќе има.

НЕПРЕДВИДЛИВОСТ НА БОЛЕСТА

– Покрај излекуваната 85 годишна пациентка за која беше објавено во јавноста, и имав два пациенти на 80 годишна возраст кои успешно ја пребродија болеста и со два негативни бриса заминаа на домашно лекување. Но, имав и помлад пациент кому наеднаш му се влоши клиничката слика и беше на респиратор во Инфективната клиника, но сега е во подобрена состојба.

Извор: “Неделник Зенит”

Мисајловски: “Две милијарди евра во патна инфраструктура и автопат Велес-Прилеп-Битола”

Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски потсети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе изградат комплетно нов автопат од Велес, преку Прилеп до Битола.

“Македонија заслужува обнова!

Ќе изградиме комплетно нов автопат од Велес, преку Прилеп до Битола.

Ќе извршиме комплетна реконструкција на сите регионални патишта и ќе инвестираме над 2 милијарди евра во патна инфраструктура.

Ќе изградиме експресни патишта во должина од 150 километри низ целата држава.

Важно и неопходно е македонскиот народ да добие модерна и безбедна патна мрежа. Тоа покрај безбедноста, силно ќе ја засили економијата и заштедата на време за патување.

Ние сме различни од нив. Ќе работиме чесно и посветено за секој еден граѓанин на Република Македонија.

Да ја обновиме повторно нашата Македонија”, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Eднаш на 4,7 милијарди породувања: Мајка во Стразбур роди 6 бебиња

Maјка од Стразбур роди пет женски и едно машко бебе после 24 недели и 6 дена бременост.

Бебињата се родени во болницата “Hautepierre” и според лекарите ова е еден многу редок случај.

Бебињата биле породени со царски рез, а нивната тежина е помеѓу 630 и 730 грама, што ги прави многу paнливи. Tие се хоспитализирани и ќе поминат долго време во болница, пишуваат француските медиуми.

Мајката која на свет донесе 6 бебиња има уште две други деца.

Пред една година, 29-годишна Полјакиња, мајка на едно дете, роди исто така шест бебиња во Краков. Полските лекари тогаш истакнаа дека раѓањето на шесторка се случува во светот еднаш на 4,7 милијарди породувања.

Брука невидена! За прв пат во НАТО под името “МК SKOPJE MOD” (Фото)

Социјалните мрежи со остри реакции и коментари откако Началникот на генералштабот на Армијата, првпат како полноправен член, учествуваше на 183 редовно заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, највисокото воено советодавно тело на Алијансата.

Имено, сите останати учесници на заседанието, кое првпат се одржа по пат на телеконференциска врска, беа означени со земјите кои ги претставуваат, додека генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нашата земја ја претставуваше како “MK SKOPJE MOD”.

Граѓаните реагираат, со прашање до министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која е 30-тата членка на НАТО? Реакции има до министерот за надворешни, Никола Димитров со барање да испрати нота со која ќе го одбрани достоинството, за ова, како што се пишува, непризнавање, непочитување и омаловажување.

Прoверете до кога: Визер ја продолжи суспензијата на летови од и до Македонија

Визер најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 30 мај, пренесува Инфомакс.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците, исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети”, се наведува во соопштението од Визер.

(Видео) Холандија е пример за остатокот од светот: Направен е првиот пат од рециклирана пластика

Првиот пат во светот направен од рециклирана пластика е поставен во градот Зволе, Холандија.

Дека еколошката свест е на високо ниво во Холандија, докажува фактот што токму во оваа држава се направи првиот пластичен пат и тоа направен целосно од рециклирана пластика.

Патот беше пуштен во употреба во септември 2018 година, а веднаш потоа се направија неколку идентични патишта низ другите градови на државата. За да се направи и постави ваков пат потребно е 4 пати подолго време за разлика од другите патишта. Пластичните патишта се исто така, четири пати посветли од останатите.

Холанѓаните веруваат дека ова е патот на иднината.

На задоволcтво на сите љубители на тeaтapoт: Погледнете ја пpeтcтавата “Змejoвата невecта” во изведба на актepите од “Вojдан Чepнодpински”

Театарот “Војдан Чернодрински” продолжува со онлајн објавување на претставите кои биле дел од репертоарот

Oд почетокот на пандемијата предизвиката од кopoнавиpycoт на јутјуб каналот од Центарот за култура “Марко Цепенков” се објавени неколку претстави на задоволство на сите љубители на театарот.

Вечерва можете да ја погледнете претставата “Змејовата невеста”, во режија на Нела Витошевиќ.

Претставата е бајка за забранета љубов меѓу девојка и змеј, со одлична музика.

Гледајте ја и уживајте во продолжение: