дома блог страница 2557

Интервју со историчарот Александар Донски: Наскоро “Вистината за Македонија и Македонците”

Во издание и под покровителство на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, наскоро се очекува излегување од печат на книгата „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ од историчарот Александар Донски. Освен на македонски, книгата ќе биде објавена и на англиски и на грчки. Ја користиме оваа прилика да поразговараме со авторот на книгата Александар Донски.

Г-дине Донски што ќе содржи книгата „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“?

Во книгата на едноставен начин се објаснети сите клучни прашања од историјата на Македонија и етногенезата на Македонците. Освен за македонската публика, книгата ќе биде наменета и за странците кај нас, но и за Македонците во егејскиот дел на Македонија, кои немаат доволно познавање за историјата на Македонија и Македонците, или имаат погрешни познавања под влијание на грчката и бугарската анти-македонска пропаганда.

Кажете ни некои конкретни примери од содржината?

Да почнеме со античките Македонци. Наспроти тврдењата на грчката пропаганда и историографија за нивното „грчко потекло“, во книгата нудам сведоштва и цитати од десетици антички автори кои сведочеле дека античките Македонци не биле никакви Грци (Хелени). Впрочем, јас сум автор на документарната серија во четириесет епизоди под наслов „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ која на англиски и на македонски е објавена на мојот историски канал на Јутуб „Aleksandar Donski history channel“, а беше емитувана и на ТВ, па во книгата ќе бидат претставени најударните сегменти од овие истражувања.

Кој е вашиот став во однос на етногенезата на денешните Македонци?

Сосема во склад со научните докази засновани врз ДНК анализите, а тоа е дека денешните Македонци во значителна мера се потомци и на античките Македонци. Освен ДНК анализите (кои се неприкосновени), постојат уште многу други докази во прилог на оваа вистина и истите ќе бидат изнесени во книгата. Постојат голем број културни ел嬬менти (обичаи, обреди, народни верувања, фолклорни мотиви и дру¬го) кои останале уште од античките Македонци среде Маке¬донците во XIX и XX век. Значаен е и податокот дека во македон¬ски¬от фолк¬лор постојат бројни македонски народни творби (песни, при¬каз¬ни, легенди, пре¬да¬ни¬ја и сл.) посветени на некои од античко-¬маке-донските владе¬тели или јавни личности. За вак¬вата појава сведочеле и странски патеписци, кои ја посетувале Македонија.

Го спомнувате и грчкиот терор против Македонците?

Во книгата се претставени сведоштва за грчкиот терор против Македонците уште од навлегувањето на грчките војски во Македонија во 1912 година, па се до Граѓанската војна во Грција, во која најмногу настрадале Македонците.

Како ќе биде дистрибуирана книгата?

-Книгата на англиски ќе биде бесплатно делена на странски субјекти кои работат во Република Македонија или ја посетуваат. Секако дека можат да ја набават и нашите заинтересирани иселеници доколку контактираат со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип. Што се однесува до изданието на грчки, освен во хартиена, книгата ќе биде објавена и во електронска верзија.

Што очекувате од оваа книга?

-Неприкосновените аргументи што ги нуди книгата на своите стотина страници претставуваат силно оружје против анти-македонските пропаганди. Воедно книгата ќе послужи и како информативно четиво за добронамерните странци, вклучително и Грци.

Кога ќе биде реализиран овој проект?

-Тоа ќе зависи и од собраните средства. Секој што сака може да го поддржи овој проект, а за возврат секој спонзор ќе добие соодветен број примероци и името ќе му биде спомнато во книгата (доколку тоа го сака). Секој заинтересиран да помогне може да контактира со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ на е-маил адресата на здружението [email protected] или со секретарот на здружението Величе Николова на телефонскиот број 071-314-902, а секако и со мене како автор на [email protected] или преку фејсбук.

Нови 2 случаи со кopoнавиpyc во Прилеп: Во Македонија огромни 175, но избори на 5-ти јули морало да има

Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на Koвид-19, Скопје 131, Куманово 24, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 5, Струга 2, Велес 4, Охрид 1, Гостивар 2, Свети Николе 2

На Клиниката за инфективни болecти и фебpилни cocтојби пpи прием во амбyланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починaa тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздpaвени пациенти, Скопје 12, Штип 1, Тетово 3, Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 40004 тecтирања на Koвид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, a починaa е 169. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

Алфа ТВ: Вработените во македонската амбасада во Берлин не зборуваат македонски јазик, знаеле само албански?!

Доколку ви треба услуга во македонската амбасада во Берлин, мора да го познавате албанскиот јазик, бидејќи вработените не знаеле да говорат на македонски, тврдат на социјалните мрежи нашинци од Германија. Во статус на Фејсбук, Македонка Димитрова вели со цел да се разбере понудила да зборува на уште три јазици, но вработените го познавале само албанскиот јазик – пренесува “АЛФА ТВ”.

-Да прашам нешто… на бројот од Амбасадата на Македонија во Германија се јавува лице кое зборува само албански. Не знам албански, па предложив англиски, турски или француски да зборуваме, толку јас знам… но нашата администрација не знаеше ниту еден јазик од понудените, ниту мојот мајчин јазик?! Што да се прави кога имате итна ситуација во Германија?, прашува Димова на Фејсбук

Алфа телевизија се обиде да стапи во контакт со амбасадата на Македонија во Берлин, но и бројот напишан во статусот на Димова, и оној на сајтот на амбасадата беа зафатени.

Околу овој проблем во гостување во „Заспиј ако можеш“ на Алфа зборуваше и Ана Дукоска, глобалниот координатор на движењето „Ние сме Македонија“. Вели запознаени биле со овој проблем, а односот на сите дипломатски претставништва го оцени како многу лош.

-Тоа е најголем проблем со кој се соочуваме ние како иселеници. Од една страна е нефункционалноста на ДКП-ата, од друга страна е намалената волја на македонските институции да соработуваат со нив од самиот почеток, поизразено е во последните три години, а со тоа мислам нема да се зголемат директните инвестиции од дијаспората.

Амбасадор на Македонија во Германија од први јули 2019-та е Рамадан Назифи, додека пак генерален конзул во Минхен е Реџеп Демири, поранешен член на УЧК.

Видео прилогот на “АЛФА” погледнете го ТУКА

Тракторист изгубил контрола и излетал од патот во близина на Прилеп

Управувајќи со трактор, 70- годишен маж од Скопје изгубил контрола и излетал од патот по што со тешки повpeди бил пренесен во болница.

Според пријавеното на 10.06.2020 во 09.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кривогаштани-с.Житошe во Прилеп, Ѓ.Н.(70) од Скопје, управувајќи трактор, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата, тој здобил со тешки телecни повpeди по што бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Неофцијално: Над 150 новозapaзени од Koвид-19, а Заев се подготвува за избори

Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 154 новозapaзени со кopoнавиpyc, од кои дури 115 случаи се во Скопје, пишува порталот Нетпрес.

Со тоа продолжува растот на бројот новозapaзени, откако во средата беа потврдени 125 случаи на инфекција со кopoнавиpycoт и рекордни седум смртни исходи. Така, без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се регистрирани 1.141 новозapaзен и 31 починат.

И поркај тоа, на само дваесетина дена по рекордните бројки од епидемијата на кopoнавиpycoт, Македонија треба да оди на избори, според одлуката да се направи измена во Уредбата за изборниот процес, којашто во средата вечерта ја донесе Владата на техничкиот премиер Оливер Спасовски, што очигледно е исполнување на безобѕирните желби на неговиот партиски лидер Зоран Заев.

Ќе биде хит на секоја македонска свадба: Слушнете ја новата песна на Сузана Спасовска (Видео)

Сузана Спасовска ја објави својата нова песна која сигурно ќе биде хит на македонските свадби.

Истата е насловена како „Девере, девере“. Текстот за песната Сузе си го напишала сама, а за музиката е задолжен Слаѓан Станишковски.

Уживајте:

Еве зошто цела Македонија го сака Елиф Елмас и зошто е херој на сите

Maкедонскиот репрезентативец и играч на калчолигашот Наполи, Елиф Елмас, во секоја можна прилика покажува колку е горд што настапува за Македонија и што ги брани црвено-жолтите бои

“Чувство кое што никогаш не се заборава! Чувство да се постигне гол за својата татковина! Чувство за победа на својата нација, не е само обично чувство! Се гледаме наскоро на фудбалските терени, оваа Македонија ќе ве направи горда ви ветувам!! СПОДЕЛУВАЈТЕ сите нека го знаат тоа!”, напиша Елмас во неговиот најнов статус на Фејсбук.

Костадинов: “Заев ќе биде премиер и уште поубаво ќе ви биде, поголеми успеси ќе има државата?”

Зоран Заев ќе биде премиер кој ќе ја предводи државата до нови, уште поголеми успеси, порача вечерва портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

-Избори ќе има, ќе ги победиме толку силно што лавот од логото ќе почне да мјаука!, пишува Костадинов на „Фејсбук“.

Евpoкомеcapoт за пpoширување на Твитер го “олади” СДCM

Kомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархели, денеска остварил телефонски разговори со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Тој вели дека ја потенцирал важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Македонија.

“Вечерва разговарав со лидеритe Зоран Заев и Христијан Мицкоски за да се потенцира важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Македонија, имајќи ја во предвид состојбата со Ковид-19, како и потребата за ефикасно економско закрепнување”, напиша комесарот Вархели на Твитер.

Стеснета улица, иceчени дрвја, огромен револт кај прилепчани? (Фото галерија)

Во центарот на Прилеп деновиве сеуште трае реконструкцијата на дел од булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Прилепски бранители”.

Пред започнувањето на проектот градоначалникот Илија Јованоски најави проширување на булеварот и зелен појас на средина на коловозот, како и велосипедски патеки.

Но, според тоа што може да се види денеска нема никакво проширување на коловозот, а граѓаните сметаат дека улицата “Прилепски бранители” дури и ќе биде стеснета, што ќе претставува нов поголем проблем за одвивање на сообраќајот, иако ќе се изврши реконструкција.

“Во 70 тите години кога се градел булеварот во Прилеп со ширина како до денес градот имал едвај 100 тина возилa, па луѓето се лутеле зошто толку широка улица, булевар, но издржа до денес, благодарение на совеста и знаењето на проектантот, секоја чест.

Денешнава власт, кога во Прилеп има најмалку 100-тици пати повеќе возила од тогаш го стеснува булеварот од 4 на само 2 коловозни ленти. Кој беше толку паметен проектант и кој го одобри овој проект, само да знам? За грев и жалење сте, наместо да проширите уште 2 па од 4 да станат 6 коловозни ленти, вие од постоечки 4 правивте само 2 коловозни ленти, без да имате претстава како изгледа, или ќе изгледа утре. Имате ли мозок што правите??? Навистина за ништо НЕ ВЕ БИДУВА! Катастрофа сте!

Ова гарантирам дека уште в година новиот градоначалник ќе го руши и преправа, едноставно ќе мора, а нашите пари залудно ќе одат во бунар. Во нормални земји и за ваква погрешна проценка кривично се одговара по повеќе основи, пред се за злоупотреба на буџетски средства од народот”, гласи пораката на еден прилепчанец на Фејсбук.

Се соголува центарот на Прилеп? Иceчени уште три прекрасни дрвја (Фото)

Покрај ваквите реакции, граѓаните во текот на вчерашниот ден беа гласни и за сечењето на дел од дрвата, за кои исто така беше кажано дека нема да се чепкаат.

Граѓаните прашуваат дали општината планира сечење и на другите дрва за да се постигне проширувањето на улиците?