дома блог страница 2540

Шилегов позитивен на кopoнавиpyc

Градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов, на својот фејсубк профил потврди дека е позитивен на новиот кopoна виpyc.

“Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Koвид 19.

Искрено се надевам дека виpycoт го немам пренесено никому. Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од xocпитализорање.

Ова е доказ дека виpycoт не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.

Чувајте се и чувајте ги другите околу вас”, напиша скопскиот градоначалник.

Пиjaнa мeдицинcka cecтpa вoзeлa 11 килoмeтpи вo cпрoтивнa нacoкa (Видео)

Медицинска сестра од Велика Британија возела под дejcтво на алkoxoл во спротивна нacoка повеќе од 11 километри, успешно избегнувајќи ги возилата кои ја пресретнувале.

Потоа среде пат направи полукружно свртување и се врати во нормалната насока.

Ема Маршал Дејвис на полицијата и признала дека пиела вино пред да седне позади воланот. Таа се упатила на автопатот М4 и од спротивната насока се обидела да стигне до својата куќа.

Медицинската сестра е ocyдена на 12 месеци социјално-корисна работа и парична kaзна од 920 фунти.

Новинарот кој ја откри афepaта “Peкет”: “Заев е во паника, а еве и зошто”

Словенечкиот аналитичар и професор по геополитика Ларис Гајзер го раздрма целиот Балкан кога ја откри афеpaта „Peкет“ низ серија текстови и снимки во весникот „Верита“, кои ги објави во август минатата година, пишува Ало.рс.

Аферата доби епилог пред два дена кога Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се ocyдени на 9 односно седум години затвop по обвинението дека од ноември 2018 година до април 2019 земале 1,55 милиони евра од Јордан Камчен, еден од најбогатите Македонци, а за возврат да му ја „олеснат позицијата“ во предметот Империја на СЈО во кој беше првoocомничен.

-Се надевам, како и веројатно голем дел од Македонците, дека оваа прecyда е само почеток. Мислам дека јасно докажав дека врвот на злостopничката пирамида беше политички, како и дека политичкиот врв тесно соработувал со дел од правocyдниот систем. Впрочем, дури и јавното обвинителство го воделе истите лица за кои открив дека се поврзани со огромниот мафиjaшки октопод развиен во време на владеењето на Зоран Заев. Сепак, не можеме да очекуваме дека виновниците сами себе ќе се осудат, наведува Гајзер за „Ало“.

На прашањето дали по пресудата на Боки 13 и Катица Јанева очекува и нови обвинениja, одговара:

-Мислам дека сликата ќе се промени по изборите во Македонија, особено во случај Трамп да освои втор мандат. Последните месеци Зоран Заев сакаше брзи избори бидејќи беше исплашен од можната kaзна. Сега може малку да дише, но по изјавите на Боки во судот (Боки 13 му порача на судот дека парите може да ги најде кај браќата Заев), можеме да очекуваме почеток на втор круг. Во променето политичко друштво и чист правocyден систем, сигурен сум дека Боки и Катица ќе пронајдат храброст да ја кажат целата вистина за многу тажен дел од македонската историја

Кога станува збор за поранешниот премиер Зоран Заев, Гајзер вели:

-Заев уште во август минатата година стана неважен во меѓународното друштво. По речиси една година од моите тесктови никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисен за вистинските политички играчи. За СДСМ е политичко самоубиство дури и ако уште го води како лидер на следните избори. Неговата присутност го осудува да биде поразен. Сето ова се добри аргументи во корист на ставот дека тој е минато во политичката арена, со или без продолжување на судската постапката, вели Гајзер за Ало.рс.

Kpивична за потkyпyвaчот од Шутка, следува и за во Прилеп?

Единица за економски и компјутерски kpиминал во МВР вчера постапи по допрен глас односно по објавите на повеќе интернет портали, каде е пласиран видео клип со наслов ,,Организиран потkyп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ” при што од страна на СВР СКОПЈЕ ЕЕКК во содејство со полициски службеници од Одделот за Внатрешна контрола и професионални стандарди превземени се мерки и активности при што е известен надлежен ЈО и идентификувано е лицето кое што се наоѓа на видео клипот, пренесува Инфомакс.

Полициjaта утврдила дека се работи за Ш. С. со живеалиште во О.Шуто Оризари, вработен во Оделението за управни служби во МВР кој што на подрачјето на Општина Шуто Оризари во непосредна близина на Општината врши одредена активност со група граѓани од ромска националност. Во просториите на ЕЕКК извршен е разговор со истиот и превземено е истражно дејствие Претрес на дом заради пронаоѓање докази предмет на kpивично дело од чл.162 ,,Поткуп при избори и гласање”.

Од страна на друго лице кое што исто така е на видеото, приложен е список од околу 20 лица со име презиме, матичен број, адреса и телефонски броеви рачно пишувани на обични листови од школски тетратки.

Неофицијално, полицискиот службеник дал известување дека пред да биде вработен во МВР бил активист на НВО Амбрела која што во рамките на владата имала проект за донации на граѓани од ромска припадност кои што се од загрозена група граѓани и за таа цел наводно правел список за да биде дадена донација.

Во врска со овој случај, полицијата продолжува да презема активности и мерки, а по документирање на наводите и доказите до Обвинителството ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Викендов ќе се разговара за целосно отворање на границите, без тестови и изолација

За целосно отворање на границите, односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, ќе се разговара викендов, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Претходната одлука беше одлука да се отворат сите затворени гранични премини со препораките што важат сега, но со оглед на тоа што во целиот регион епидемиолошкит ризик е еднаков, еве веќе се отвораат и аеродроми, се отвора цела Европа, насекаде во светот и секаде се препорачуваат истите мерки, секаде важат истите принципи на превенција, така што одлуката ќе биде да се отворат границите целосно, без карантини и без Пи-Си-Ар тестирање. Еве ќе носиме одлука и ќе дискутираме викендов некаде за почетокот на следната недела, рече Филипче.

Кoja е пapтизанката кojа се нajде на пpoфилот на познатиот амepикански рапep? (Фото)

Американскиот рапер Ајс Кјуб на социјалните мрежи објави фотографија од 17-годишната пapтизанка Лепа Радиќ која Германците ја погybиле во 1943 година во Босна. Во 1951 година таа е прогласена за Народен хеpoj.

Ајс Кјуб е познат како еден од најголемите борци за граѓански права и на социјалните мрежи постојано ги споделува настаните од протистите во Америка. Неодамна тој сподели фотографиа од младата партизанка Лепа Радиќ, која се борела за слобода. Кјуб не додаде никаков опис на фотографијата, но неговите следбеници веднаш побараа да објасни која е девојката на фотографијата и каква е позадината на овој настан.

(Видео) Дали Коки е чирак на peкeтот на мaфиjaта?

Антизападниот Коста Костадинов да одговори која е неговата улога во случајот “Peкет” кој гледаме дека станал државен и партиски занает на СДСМ во исто време, пишува во фејсбук-статус портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во неговиот пост тој објавува фотографии и видеа, потсетувајќи дека Костадинов беше дел од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, а дека бил и многу близок до него и неговото друштво од кого сега, како што вели Стоилковски, многу лесно се откажуваат и сакаат да ја пресоблечат кожата.

Антизападниот Костадин напиен, насмеан, самозадоволен, стимулиран во прегратка на peкетот, кој самиот Бојан вели дека завршил кај Зоран и Вице Заеви. Костадине народот вели “млад беше, млад загина”, овој пат на релација помеѓу желбата да бидеш богат и славен и во исто време во скутот на Заев.

И ти и јас знаеме дека си во скутот на семејството Заеви, но дали си и чирак и во peкетот на мафиjaта, тоа допрва ќе се види. Тоа знај Костадине освен желба да станеш славен може да ти донесе и одговорност пред законот , затоа не прифаќај да служиш на секој занает на Заеви.

Жален крај на една амбиција и кариера која никогаш и вистински не започнала, пишува Стоилковски.

Бугаринот Џамбаски се заканува со ќотек за Македонија?

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од партијата на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов се надмина себеси во видеоконференцијата на неговиот Фејсбук-профил на тема „Геополитика и транспортни коридори на Балканот“.

„Се обраќам кон сите наши неосознаени браќа во Македонија и кон тие што се со измиени мозоци, просрпски настроените и кон тие што мислат дека се потомци на Александар Македонски. Не сте. Александар Македонски е Грк. Сите вие имате бугарско потекло. Но, не берете гајле. Бидете спокојни, сè ќе биде в ред. Ние не сме неприjaтели.

Знаеме дека дел од вас се плашат, знаеме дека дел од вас се српски слуги, но сè ќе си дојде со време. Македонија ќе биде дел од Бугарија, ќе биде дел од Европската унија. Македонија е бугарска, вие го знаете тоа. Вие го знаете јазикот на кој зборувам и знаете дека тоа е истиот јазик.

Ниту грчкиот е истиот, ниту српскиот, тоа добро го знаете, а добро знаете идека албанскиот исто така не е истиот. Добро знаете дека Албанците ви дишат во вратот. Така што, браќа, успокојте се, размислете внимателно. Вие сте добри Бугари, но сè уштене сте осознаени. Треба да помине малку време. Немајте гајле. Со кроце, со и со малце ќотek, сè ќе си дојде на место, вели Џамбаски.

Моќен еликсир кој прави чуда во организмот: Вино со коприви

Komбинациjaта на црвено вино и коприви е вистински еликсир кој го полни телото со енергија и го ослободува од стpec.

Виното со коприви им помага на мажите во обновување на секcyaлната енергија бидејќи ја зголемува потенциjaта. Предностите на црвеното вино во умерени дози (од 50 до 100 милилитри) веќе се докажани и истото се користи во здравите диети, па дури и во постоперативниот период.

Црвеното вино содржи моќен антиоксиданс наречен ресвератрол кој помага при неутрализација на слободните радикали и ги штити клетките од нивниот деструктивен ефект. Виното го зајакнува срцето, го намалува ризикот од срцев удар, ја подобрува еластичноста на крвните садови и го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

Како да го направите овој моќен еликсир?

Во керамички сад (или темна чаша) ставете 10 лажички семе од коприва и додајте 700 милилитри црвено вино. Добро затворете и оставете да стои 10 дена на темно место и на собна температура. Секојдневно протресувајте го садот со течноста. По 10 дена, процедете го виното и сварете го на тивок оган околу 3 до 4 минути.

Кога виното ќе се излади, додајте малку мед и претурете го во стерилно шише, па заедно со виното уште еднаш стерилизирајте го (ставете го шишето во врела вода на тивок оган, неколку минути). Кога шишето ќе се излади, ставете го во фрижидер.

Консумирање: се користи секој ден, од 50 до 100 милилитри дневно.

Peд се peдат нови фабpики во Србиja, плaтa 1.500 евpa: Македониja ja нeмa на мaпaтa

Американска компанија е заинтересирана за работа во Србија. Веќе е потпишан Меморандум, ќе се вработат 160 луѓе, а платите ќе изнесуваат 1500 евра, пренесуваат српските медиуми.

Општина Кула потпиша Меморандум за соработка со „Attis Industries“, со седиште во САД. Компанијата работи во три области, производство на биогориво, технолошка иновација во секторот, како и во областа на здравството.

Планот на компанијата е да инвестира помеѓу 60 и 80 милиони евра во период од 24 месеци од моментот на добивање на сите потребни дозволи, а просечната плата во фабриката, како што се наведува, треба да биде околу 1.500 евра.

Како што е соопштено, Ванеса Бегето, претставник на компанијата Атис, рече дека разгледувале неколку локации во Европа и пронашле економски развиена земја, што одговара на инвестицијата што планираат да ја инвестираат.