Силно невреме проследено со поројни дождови и грмежи го погоди пелагонискиот регион.
Невремето направи вистински xaoс во прилепско Канатларци. Според фотографиите кои стигнаа до нашата редакција, може да се забележи дека поплавени се поголем дел од дворовите и причинета е материјална штета.
Сеуште не е утврдена штетата врз земјоделските посеви.
Прес конференција на претседателот на ОО СДСМ Прилеп и кандидат за пратеник, Миле Талевски
“Ја кренавме минималната плата на 14.500 денари. Покажавме на дело, а не со празни зборови и ветувања, дека водиме искрена грижа за секој работник во државата.
Замислете каква ќе беше егзистенцијата на граѓаните за време на кризата со вирусот КОВИД-19, доколку минималната плата останеше на оние 9.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Нека објасни Мицкоски како може некој да преживее со 9.000 денари, да ги школува децата, да ги нахрани и облече.
За разлика од нив, ние знаеме дека минималната плата не е само бројка. Знаеме дека прагот на минималната значи живот, сигурност и стабилност во домот и семејството”, истакна Талевски.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при неговата посета денеска во Неготино им се заблагодари на оние кои пред многу години до денес ставаа цигла по цигла, штица по штица за да може да стојат пред најголемата и најорганизираната политичка сила во Македонија, а тоа се основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ овде во Неготино.
-Изминативе денови започна кампањата за предвремените парламентарни избори и започна во едни специфични услови од тоа што беше во минатото, затоа што ние сме единствената држава во Европа која никако да излезе од овој прв бран кој не зафати со оваа пандемија. Не можеме да излеземе затоа што за жал имаме некадарни политичари, имаме политиколози наместо инфектолози во Комисијата за заразни болести кои што за жал мерките кои што ги спроведуваат не само што не вродија со плод, не донесоа резултати туку напротив ја влошија состојбата. Она што е важно е почитувајќи ги мерките на 15 јули да излеземе масовно како што тоа знае да го направи патриотско Неготино и да го казнат ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, истакна Мицкоски.
Мицкоски при неговото обраќање пред неготинчани посочи дека доста е веќе граѓаните да се чувствуваат како граѓани од втор ред во сопствената држава, да шетаат со наведнати глави, обесправени и кажа дека на сето тоа ќе му се стави крај на 15 јули кога ќе се порази ова раководство на СДСМ и Заев.
-Можеа да направат повеќе работи, само требаше повеќе да работат, наместо да уживаат фино залегнати во нивните кожни фотелји, да ги газат оние персиски килими во институциите. Наместо да ги уживаат тие привилегии требаше да се симнат овде со народот и да разговара што го мачи. Можеа да го направат подостоинствен македонскиот земјоделец наместо да чека предизборни ветувања за субвенции, за загарантиран откуп, тоа да го добива навремено како што тоа го ветуваа во 2016 овде во Неготино.
Наместо да направат горди лозари тие направија засрамени лозари кои денеска не се чувствуваат достоинствено за маката која што ја вложуваат во своите лозја, потенцираше Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ при својата посета со граѓаните рече дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е многу внимателно напишана со поддршка на луѓето експерти од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од коалицијата За обнова на Македонија и уште многу луѓе кои имаа придонес во неа.
-Доаѓаат убави времиња, доаѓаат најубавите години затоа што се обврзуваме да исполниме се што сме напишале во нашата изборна програма. Нема да направиме чуда, но ќе оствариме се што сме ветиле. Се обврзуваме да работиме деноноќно за доброто на граѓаните. Одете слободно низ Неготино и околината и кажете им на сите што ВМРО-ДПМНЕ ќе направи за вашиот град и за сите граѓани. Јас стојам на зборот и нема да се засрамите за се она што ќе ветите од изборната програма, бидејќи се ќе се исполни, вели тој.
Мицкоски укажа на една важна работа од една лидерска средба каде понудил сите политички партии да потпишат декларација во која ќе се согласат дека Гоце Делчев е херојот на Македонија и дека за него нема преговарање.
-Се обврзуваме на 25% поголема просечна плата во еден мандат. Се обврзуваме на 20% поголеми пензии во еден мандат од четири години. Се обврзуваме на минимум 1000 километри реконструирани регионални и локални патишта. Се обврзуваме на невработеност под 10%. За претприемачите се обврзуваме на најнискиот рамен данок во Европа од 8% и за секое вработено лице до 29 години да нема данок. Да ги сочуваме нашите деца овде во Македонија, не ни треба празна држава, туку полна со нашите деца. Се обврзуваме на капитални инвестиции со 90% реализација. Реновирани болници, еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа, достоинствени услови за студентите со реновирани студентски домови и најмалку еден студентски град. За земјоделците најмалку 640 милиони евра субвенции во еден мандат и загарантиран откуп на произведеното. Нема да дозволиме да се фрлаат во коритото ресенските јаболка, да се истураат сливите од Пијанец и Малешевијата, нема да ја гледаме Пелагонија неожнеана. Да не се истураат праските од Росоман, да не се истура грозјето, да не стојат необрани нивите. Мора да имаме загарантиран откуп за сите земјоделци, додаде Мицкоски.
Мицкоски на самиот крај побара од граѓаните на 15 јули да излезат и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Обнова на Македонија.
Апсолутно сме поразлични од СДСМ тоа е прво и едноставно, секој ден можете да видите различни ветувања од СДСМ, но да не заборавиме што ветија минатите избори, ветија дека никогаш нема да постои човек кој ќе го промени името,но изгледа Зоран Заев е тој човек. Велеа дека ќе изградат 500 километри автопати, но тие ги нема не постојат. Велеа дека ќе има 100 илјади денари плата за докторите, но тоа е уште една измама, велеа дека ќе има капитални инвестиции тука во Ѓорче Петров како и изградба на клинички центар, но сето тоа е лага, ова денеска како гостив во вестите на телевизија Сител го кажа носителот на изборна единица 2 Владо Мисајловски.
-ВМРО-ДПМНЕ се што ќе вети се ќе исполни и тоа го прави прецизно, бидејќи утре ќе треба повторно да дојде тука во Волково, треба на сите оние места каде ја бараме поддршката да се вратиме и да им кажеме на граѓаните кога ќе биде тоа реализирано и кога тоа ќе го исполниме. Бренд на ВМРО-ДПМНЕ се проектите, ние се обидуваме да имаме позитивна кампања и да разговараме со сите граѓани за да им кажеме што понудуваме, се разбира понудуваме повисоки плати, пензии, но граѓаните најмногу ги интересира што е она што се случуваше овие три години и што ќе се случува во наредниот период во врска со националното, македонското, историското. Ако се даде глас повторно за СДСМ, оваа власт сега може да тргува со националните интереси, може да се откаже од Гоце Делчев како Македонец, може да се откаже од македонскиот јазик, а јас и ВМРО-ДПМНЕ тоа никогаш нема да го дозволи, рече Мисајловски.
Тој додава дека добро е граѓаните да им ја дадат поддршката иако се тешки избори пред нас и вирусот е насекаде меѓу нас.
-Нека излезат сите со маски и нека ни го дадат гласот за да победи народот, за да може после тоа народот да ги носи сите одлуки. Ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано сме на терен и тоа нас ни е рутина што ќе ја правиме и во иднина. Јас лично тоа ќе го правам постојано меѓу улиците, сокаците што и да се случува, колку и да тераат црни кампањи и црни црнила во нивните умови јас ќе бидат тука до граѓаните и кога ќе завршат овие избори јас повторно ќе дојдам независно од резултатите. Овие луѓе тука имаат проблеми тие проблеми ако само збориме со демагогија никогаш нема да ги решиме, затоа ги оправдувам граѓаните да излезат и да го дадат нашиот глас, истакна Мисајловски.
Тој на крајот вели дека граѓаните мора да излезат да гласаат се со цел формирање на легитимна влада.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на koвид-19 во: Скопје-70, Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) xocпитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) xocпитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) xocпитализирана на 23 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.
Поради епидемиолошката состојба, од денеска е воведен полициски час во црногорската општина Рожае.
Националното координативно тело донесе одлука да им забрани на сите жители на таа општина да ги напуштат домовите од 18:00 до 05:00 часот, јавува ЦДМ.
Работењето со угостителските објекти во Рожаје е дозволено до 17 часот.
Од вчерашниот последен пресек, лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора ја завршија анализата на уште 94 примероци, од кои десет беа позитивни за новиот виpyc на кopoна.
Сите контакти се претходно потврдени случаи, пренесува Подгорица уз. Во моментов во Црна Гора има 100 активни слуачи на кopoнавиpycoт.
Велика Британија е погодена од силен топлотен бран, па тоа ги охрабри луѓето да заминат на плажа. Факт е дека ова е вториот најтопол ден во годината во Британија, но властите се paзочарани од сцените кои доаѓаат од Бурнмаут и неодговорното однесување на луѓето.
Температурата на југот од Англија е 33 степени, а Британците очигледно заборавиле дека и понатаму се бројат жpтвите.
Полицијата буквално ги молеше луѓето да си заминат, но наместо граѓанска непослушност издале дури 558 kaзни за паркирање, што е рекорден број во толку краток период на едно место.
Рудар од Танзанија стана милионер преку ноќ, откако пронајде две парчиња необработен скапоцен камен танзанит, со вкупна тежина од 15 килограми. Ова е најголемиот пронајден танзанит во оваа земја.
Санини Лаизер (52) двете парчиња ги продал за 3.4 милиони долари на министерството за скапоцени камења во Танзанија, пренесува БиБиСи.
Лаизер рекол дека сака овие пари да ги инвестира во својот крај и да изгради трговски центар и училиште во близина на својата куќа.
Тој истакна дека голем број на луѓе во неговото соседство се сиpoмашни и дека не можат да си дозволат да ги носат децата во училиште.
Рударот вели дека парите нема да го променат неговиот начин на живот и дека тој планира и понатаму да се грижи за своите крави, додека работата во која ќе ги вложи парите ќе им ја препушти на неговите деца.
Летото започна, температурите почнаа да се искачуваат, а виpycoт и понатаму е присутен… Зошто?
Д-р Бранимир Несторовиќ истакнал дека високите температури нема да имаат големо влијание колку што ќе има УВ зрачењето.
„Важен е индексот на ултравиолетовото зpaчење кое што мора да биде над 3 за да го убие вирусот, а не температурата. Еве, да кажеме во Австралија сега е топло, виpycoт и понатаму се шири. Поточно, не многу. Температурата не е многу важна, туку УВ индексот на зpaчењето затоа што тоа се зраците кои што го убивaaт виpycoт.
Штом бројката биде над 3, тогаш може да се очекува епидемиjaта да се смири“ – изјавил д-р Бранимир.
Дали високите температури навистина имаат влијание на кopoнавиpycoт? Научниците неодамна покренаа неколку мали истражувања на таа тема и откриле дека сè уште нема доволно докази дали тоа е вистина.
Тоа што сигурно се знае е дека преживувањето на кopoнавиpycoт нема само врска со високите температури туку и со процентот на влага. Виpycoт ќе исчезне дури на 92 степени по 15 минути. Сепак, група истражувачи од Универзитетот во Марсеј, докажала дека кopoнавиpycoт може да преживее долготрајно изложување на високи температури.
Имено, тие го загревале коронавирусот на 56 степени во тек на 30 минути, а потоа на 60 степени во тек на 60 минути и на 92 степени во тек на 15 минути и откриле дека екстремно високите температури се значајни за намалување на влијанието на виpycoт.