дома блог страница 2512

(Видео) Уште една европска држава пред банкрот: Поради kpизата може да ја загубат независноста

На Република Сан Марино и се заканува голема опacност поради економската kpиза, која настана поради пандемиjaта со кopoнавиpycoт. Доколку државата банкротира, би можела да ја загуби својата 1300 годишна самостојност.

Република Сан Марино на почетокот од пандемиjaта се противеше на воведување на кapaнтин, а откако се зapaзија над 1200 граѓани од вкупно 33.000 и процентуално скокна на првото место во светот, властите беа приморани да воведат рестриктивни мерки.

Уште пред пандемиjaта банкарскиот систем на Републиката беше во колaпc. Долговите на земјата нараснаа за 360 милиони евра, а сега, за да избегнат финансиска пропаст, властите на Сан Марино бараат помош од првиот сосед Италија и “BankItalie”.

Анкетарот на Трамп прогнозира победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите: Партијата води во 5 од 6 изборни едници!

John McLaughlin од McLaughlin&Associates кој соработува со американскиот претседател Доналд Трамп и прави анкети за него, и му е доверлив извор за прибирање информации, прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатата година правевме анкети во Македонија во соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Нашите анкети кои само што ги завршивме покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ можат да победат на 15-ти јули во 5 од 6 изборни единици:ИЕ1 1005 гласачи ВМРО 28% СДСМ 25% ДУИ 6% АА 4% ДПА 1% други 1% неопределени 35%, напиша John McLaughlin на Твитер.

Според последните резултати, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари победа во 5 од 6-те изборни единици.

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 28%, СДСМ 25%, ДУИ 6%, АА 4%, ДПА 1%, други 1% и 35% се неопределени.

Во ИЕ2 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 26%, СДСМ 24%, ДУИ 9% АА 7%, ДПА 1%, други 1%, 32% неопределени.

ВО ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 39%, СДСМ 32%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 0, 29% се неопределени.

ВО ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 38%, СДСМ 33%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 1, 28% се неопределени.

ВО ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 31%, СДСМ 28%, ДУИ 5%, АА 4, ДПА 1%, други 0, 31% се неопределени.

ВО ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 12%, СДСМ 17%, ДУИ 26%, АА 20, ДПА 3%, други 0, 22% се неопределени.

Американскиот претседател Доналд Трамп соработува со John McLaughlin од McLaughlin&Associates. Тоа и самиот Доналд Трамп го има истакнато на Твитер и во моментов е единствениот анкетар на Трамп.

Мицкоски го крена Прилеп на нозе: “Потребна ни е референдумска” – Вечерва промоција на програмата на плоштадот “Александрија” (Фото галерија)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп, имаше средба со просветни работници и средби со граѓани.

Мицкоски заедно со носителот на четвртата изборна единица и кандидатите за пратеници од Прилеп, ги презентираа мерките и проектите кои се предвидени во изборната програма “Обнова на Македонија” за како што велат, враќање на достоинството на просветните работници.

“Пред прилепчани се обврзавме дека ќе ги реализираме сите проекти превидени во програмата Проект „Обнова“ и дека нема да се откажеме од она што сме го зацртале. Проектите од образованието ќе бидат наш приоритет. Образованието е темелот на секоја држава, кој мора да остане цврст без разлика на сѐ”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски: “Чувствувам дека во Прилеп ќе имаме ИСТОРИСКА победа” (Видео)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е во Прилеп, каде оставри средба со просветните работници, а вечерва со почеток од 20:30 часот ќе има и промоција на програмата “Обнова за Македонија” на плоштадот “Александрија” во центарот на градот.

“Тоа можевме да го слушнеме и од нашите соговорници без разлика дали станува збор за граѓани кои што се вработени во администрацијата, луѓе кои што се занимаваат со некој вид на претприемништво, занаетчии, пензионери, млади, буквално секаде низ Прилеп состојбата е иста како што е впрочем низ цела Македонија, а тоа е лоша тешка, тешко се живее, младите не чувствуваат перспектива во Македонија и гледаат час поскоро да ја напуштат, повозрасните, поискусните се разочарани, исто така се обесхрабрени, понижени, омаловажени, практично една тешка слика.

Но, она кое што можеме да го слушнеме од нив е дека Коалицијата за обнова на Македонија добива акламативна поддршка, добива огромна поддршка од прилепчани, и јас чувствувам дека за нешто помалку од 10 дена од денеска овде во Прилеп, Коалицијата за Обнова на Македонија ќе постигне историски резултат, можеби најголема победа од независна Македонија.

Клучното прашање кое што го поставуваме до прилепчани е дали живеат подобро, без исклучок, 100 проценти од одговорите кои што ги добивме се дека не само што не живеат подобро, туку живеат многу полошо и од порано.
Така што сето она 12 дена кампања го слушнавме низ Македонија се повторува и овде во Прилеп и тоа е доказ дека нема исклучоци, дека буквално оваа тригодишна пандемија од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев буквално ја зафатило цела Македонија.

Така што еве јас тука би завршил со впечатокот, денеска продолжуваме во Кривогаштани, Крушево, повторно вечерва се враќаме тука пред прилепчани имаме мал собир со граѓани, се надевам дека и таму ќе слушните дел од пораките кои што практично ги опфаќа нашата читанка Проект обнова”, истакна Мицкоски во денешната изјава пред новинарите во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп.

Николоски: Со влегување на Заеви во тyтyнскиот комбинат Струмица целосно ќе се девалвиpaaт вредноста и цената на тyтyнот

Состојбата во земјоделието е катастрофална, нема сектор во земјоделието за кое што може да се каже дека е добар. Откупните цени на земјоделските производи се катастрофално ниски, зелената мафија го цица трудот на земјоделците, 5, 6 луѓе во Македонија станаа милионери и живеат богато, на сметка на сите земјоделци кои што не можат да врзат крај со крај, вели Александар Николоски, носител на листа во изборната единица 4 во денешното гостување во Радио Пела.

Николоски посочи дека зелената мафија го јаде трудот и маката на земјоделците посочувајќи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе зададе директен удар и ќе го забрани увозот на тутун во државата се додека не се откупи домашниот тутун.

Имено, таа зелена мафија успеа да излобира во владејачката СДСМ минатата година да се донесат измени на законот за тутун со кои ќе се дозволи увоз на тутун пред да се откупи домашниот тутун и така минатата година се увезе во огромна количина тутун од Бугарија и Албанија. Тоа резултираше со неколку работи, прво илјадници килограми останаа неоткупени. Втората работа на оние кои им беше откупен тутунот беа уценети, прво да прифатат пониска класа, на пример ако е прва класа да прифатат втора класа, и второ не им се купуваше на време при што се случуваше тутунот да калира, да оди вредноста надолу. Годинава јас очекувам да се случат промени на 15 јули, но треба да знаат сите кои што не слушаат ако остане оваа власт ќе има уште поголема катастрофа од основна причина што Македонија годишно произведува од 25 до 27 милиони килограми тутун, вкупната сума на потпишани договори за откуп е 22, што значи дека 5 милиони килограми ќе останат неоткупени оваа година и уште поголема уцена ќе има врз оние кои што ќе го предаваат тутунот и врз однос на цената и врз однос на класата, рече Николоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да го измени законското решение за увоз на тутун, како и отворање на мали и средни претпријатија преку бесплатни обновливи кредити кои ќе значат гарантираат цена и навремена исплата.

-Затоа нашето основно или прво ветување е да се забрани увоз на тутун во Македонија пред да се откупи целокупниот домашен тутун, затоа забраната за увоз на тутун во Македонија ќе значи навремен откуп на домашниот тутун и ќе значи гарантирана цена. Втората работа е директен удар на зелената мафија преку овозможување на отворање на мали и средни претпријатија за откуп кои што од државата ќе имаат на располагање на 200 милиони обновливи бескаматни кредити, како ќе трошат да повлекуваат нови, а ќе имаат два услови, првата е гарантирана цена и второто е навремена исплата. Затоа што еден од проблемите со кои се соочуваат земјоделците е дека парите им стигаат многу покасно, кажа Николоски.

Така што земјоделецот е цицан од многу страни, но тоа доколку државата има волја може да го средни, но доколку нема како што е сега, може да го остави вака отворено. Јас поставив провокација на една национална телевизија а тоа е дека основната причина зошто се направи тоа со законот за тутун е затоа што семејството Заеви влегува во тутунскиот комбинат Струмица. Тие веќе имаат акции таму, но сакаат да го преземат целосно и на овој начин сакаат да ја спуштат цената на тутунот како би можеле и да ја девалвираат вредноста и за без пари практично да ја земаат, обвинува Николоски.

УХМР со најава: Попладнево одново нecтабилно време, пopoeн дожд и гpмежи

Попладнево одново се очекува променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

До вторник, како што соопшти УХМР, нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Уaпcилe мaж вo Загpeб, а вo cтaнoт пpoнaшлe питoн долг 5,5 метpи (Фото)

Откако полициjaта yaпсила маж во Загpeб, во неговиот стан пронашле огpoмен миленик.

-Акциja oд зачудувачки димензии во петокот навечер! Нашиот тим никогаш немал таков влekaч во нивното возило! Тоа е бурмански питон долг 5,5 метри и тежи околу 50 килограми. Колегите го однеле на повик на полицијата. Питонот, кој пристигнал таму, предизвикал восхит затоа што најдолгиот питон во Зоолошката градина е повеќе од два метри пократок од впечатливиот гостин, објавено е на Фејсбук страницата на Загрепската зоолошка градина со фотографии од импресивната змија.

Фотографија полна со носталгија: Група ученици од Прилеп со популарните некогаш пони велосипеди

Велосипедите отсекогаш биле примамливо превозно средство за прилепчани. Двете тркала, едно напред, едно назад, “завиткани” со гума и споени со метална конструкција биле повеќе од магаре.

Фатени за рачките, небаре за волан, “бичат” на велосипеди, и стари и млади. Со клима “автоматик”, везден уклучена, седиште од вештачка кожа, чиниш возиш вистински кабриолет. Колцето се врти, небаре земја не допираш.

Те бидува за велосипедиста, ако по удолнини се спушташ, а на велосипед остануваш. Се организирале и велосипедски трки како оваа за која сведочи фотографијава.

И денес трките на велосипед се атракција и дел од кампањите за здрав живот и чиста средина без автомобили.

Извро: “Неделник Зенит”

Верувале или не: На скопјанец синоќа од дома му yкpaле речиси 1 милион евра во КЕШ

Синоќа милионска кpaжба во Скопје

На 04.07.2020, во 22:10 часот, Ш. И. пријавил дека на ул. “Демир Трајко” од страна на непознат сторител насилно била отворена балконската врата од куќата.

На лице место УПС, констатирале дека во времето од 19:30 до 21:45 часот непознат сторител насилно отворил ПВЦ балконска врата од куќата, извршено било претурање и од спалната соба на вториот кат од куќата одземени биле 800.000 евра, 60.000 американски долари, 50.000 франци и 1.000.000 денари, за кои пријавителот посочува дека му се стекнати преку денационализација и му биле сместени во три хартиени кеси.

Полициjaта работи на откривање на сторителот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе го посети Прилеп. Посетата му започнува со средба со млади во клубот „Калипсо“ точно на пладне.

Во 12:45 часот ќе го посети штандот на ВМРО-ДПМНЕ во паркот на Револуцијата, а предвидена е и изјава за медиуми во 13:15 часот.

Во 13:20 часот ќе оствари средба со просветни работници во Амфитеатар на Могилата на непобедените. Мицкоски денеска ќе ја посети и општина Кривогаштани (17:00), општина Крушево во (18:30) часот, a потоа со почеток од 20:30 часот ќе се обрати пред граѓаните на плоштадот “Александрија” во Прилеп.