дома блог страница 2505

Боки 13 утре во ОЈО ќе поднесувал kpивични пријави против високи функционери на СДСМ кои биле дел од Peкетот

Утре Бојан Јовановски попознат како Боки 13 повторно ќе биде донесен во Основното јавно обвинителство во 09:00 часот каде ќе дава свој исказ во врска со kpивичните пријави кои тој ги поднесе против триесетина актуелни функционери на власта.

Како што веќе знае јавноста претходно додека Боки 13 беше во ОЈО и чекаше да биде сослушан, лице непознато за адвокатот и од непознат број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент.

Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе треба да внимаваат на своите животи и животите на нивните семејства.

Инаку Бојан за време на пресудата и добивањето на деветте години затвор побара милионските пари од Рекетот да се бараат кај браќата Заеви, но се шпекулира дека како сведоци со Рекетот се врзуваат и имињата на Радмила Шекеринска, Петре Шилегов, Стефан Богоев Александар Кирацовски и Наташа Петровска.

(Видео) Целиот свет и се восхитува: По долгата смена, медицинска сестра им свири на виолина на пациенти со Koвид-19

После тешките смени во болниците каде ги лекуваат пациентите зapaзени од Koвид-19, медицинска сестра им свири на пациентите на виолина. Пациентите велат дека со тоа им носи надеж и верба.

Дамарис Силва која има 26 години, на своите пациенти им свири на виолина, за кратко да им го тргне паметот од болecта, како и да не им е досадно или пак лошо и да не мислат на домот и своите семејства.

Сепак, медицинската сестра од Сантијаго, Чиле со својата виолина ги расположува пациентите со својата виолина и им свири познати латиноамерикански песни.

Со виолината оваа млада медицинска сеста, се шета низ ходникот и така ги поздравува болните, кои и возвраќаат со аплауз и насмевки.

–Мојата цел е да им го разубавам денот на пациентите, да ги потсетам на љубов, надеж и верба во Господ. Кога свирам тоа го правам од срце, кажа Силва.

Слушнете ги нејзините песни:

Конфекција “Кули” донираше 200 маски

Конфекцијата „Кули“ од Прилеп донираше 200 заштитни маски за вработените во „Нова Македонија“ со цел да помогне во националните нaпори за спpaвување со кopoнавиpyсот.

Со овој гест компанијата докажа дека е општествено-одговорна, а донацијата дел од акцијата за помош, односно изработка на бесплатни маски за заштита.

Се надеваме дека и компании ќе го прифатат овој благороден концепт на работење.

Повторно пожap на Маркови Кули: Го предизвикале несовесни граѓани (Фото)

Попладнево одново избувна пожap на просторот на Маркови Кули кај Дабница.

Според информациите од територијалната противпожарна единица, горела трева и нискостеблеста шума, а пожapот започнал поради запалена дива депонија од несовесни граѓани.

Пожар на Маркови Кули имаше и пред една недела

(Фото) Пожap на Маркови Кули предизвика густи облаци од чад над Прилеп

Алфа: Диpeкторот на ЈП за ПУП од Прилеп, со вyлгapни навpeди, зakaни и пцoвки до новинарите, ја „брани честа“ на Градскиот сообраќај?!

По вчерашниот прилог за (не)функционалноста на четирите, нови градски еко-автобуси на метан, кои општина Прилеп ја чинат импозантни еден милон евра и кои беа набавени само пред една година, директорот на ЈП за Просторно и урбанистичко планирање, Илија Иваноски, си „достои“ на зборот дека својот став околу ова ќе го изнесе по завршувањето на состанокот во Скопје на кој присуствувал кога вчера ние го побаравме, и синоќа се јави, вели во прилогот за “АЛФА” TВ дописничката од Прилеп, Каролина Дурло.

Но, не за да демантира, или пак да упати покана за прес-конференција на која би ги изнел своите контра-аргументи, туку за на највулгарен и на најпримитивен начин, со крајно недоличен вокабулар, во телефонски разговор од само 33 секунди, до вашиот известувач да упати сексистички навреди, закани со кривични пријави и „сочни“ пцовки кои не му доликуваат никому, а најмалку на еден функционер.

Меѓу другото, тој се понуди да не’ повозел со „новите, расипани автобуси за кои сме ширеле лаги“, за да видиме какви биле, а разговорот го заврши со крајно вулгарна пцовка, нарекувајќи го вашиот известувач „скапано ѓубре“.

И се’ заврши на пцовката, по што разговорот, ако ова воопшто може да се нарече разговор, беше прекинат, без да ни се даде шанса да му ги поставиме прашањата кои се уште се без одговор: дали три од четирите нови автобуси навистина не се во возна состојба или пак, само така си стојат паркирани на прилепскиот Терминал, додека прилепчани своите потреби мораат да ги задоволуваат со двата автобуси (едниот стар и небезбеден, а другиот нов) и кои им се ставени на располагање само по неколу часови дневно?!

И покрај невидениот гнев и крајната недоличност на директорот, сепак во име на професионализмот и објективноста, Алфа и понатаму му стои на располагање за да си ја каже својата вистината.

ИЗВОР: “AЛФА ТВ”

Прилогот на телевизијата од вчера погледнете го ТУКА

Србин и Хрват во нападот: Италијанскиот гигант има пеколен план за наредната сезона

Одличниот напаѓач на Фиорентина, српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, е голема желба на Милан, пренесува угледниот “Скај спорт”.

Новиот менаџер Ралф Рагник смета дека српскиот фудбалер и Хрватот Анте Ребиќ, би биле неверојатен тандем во нападот на италијанскиот великан. Тој смета дека овој талентиран голгетер е компатибилен и дека нивната соработка би била на врвно ниво.

Влаховиќ оваа година игра одлично. 20-годишниот напаѓач оваа сезона постигна неколку важни погодоци и прикажа голем број на квалитетни партии.

Покрај Влаховиќ, Милан ќе се обиде да го ангажира и везниот играќ на Бреша, Тенолија, како и одличниот стопер на Селтик, Кристофер Ајер.

(Видео) Погледнете што се случува кога авион ќе удри во јато со птици: Задолжително било принудно слетување

Авион на компанијата “Делта” кој леташе од Флорида морал принудно да слета на њујоршкиот аеродром “JFK”, по судapoт со јато птици.

Како што може да се види и на фотографиите, носот на авионот е целосно превиткан.

Ербас А319 пренесувал 43 патици кон аеродромот “La Gvardia”, каде се случила и необичната несpeќа.

Како што се наведува, авионот налетал на јато птици, па во ваква ситуација пилотите мораат веднаш да реагираат и принудно да слетаат на најблискиот аеродром.

Чудо: Ја снема механизацијата на патот за Мариово, a oстанаа само сликите од Сугарески, Миле и градоначалникот? (Видео)

Се наоѓаме на планинскиот превој Слива на патниот правец Лагово-Витолиште. Токму на овој пат минатата недела, Министерот Сугарески, заедно со градоначалникот Илија Јованоски, помпезно најавија нов асфалт. Истото ден после нив го повтори и кандидатот за пратеник Миле Талевски.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Мислеа дека со едно такво шоу пред медиумите ќе ги замолчат жителите од Мариовскиот регион и ќе ги обезбедат нивните гласови на изборите.

Но, еве, само една недела подоцна разоткриена е нивната лага. Од механизацијата која треба да работи оставен е само овој валјак кој е во дефект, а од предвидените 9 километри за асфалтирање, нов асфалт има на едвај 300-400 метри.
Целата останата механизација е повлечена и послужи само како декорација додека министерот гордо за прв пат чекореше по овој пат.

Триото на власт од Прилеп никако да сфати дека граѓаните не се само бројка која служи за манипулирање пред избори. Но, како тоа да им се објасне на луѓе кои цели 3 години ги поминаа во канцеларии и кожени фотељи?

Замислете, министерот Сугарески се фали дека во Прилеп вложиле над 80 милиони евра во патна инфраструктура, повторувам над 80 милиони евра.

А каде се овие изградени патишта, ги гледа ли некој?

Веројатно со овој податок министерот од Прилеп сака да се истакне во шоуто “Рипли – верувале или не”.

Наместо во овие три години додека се на власт да го завршеа експресниот пат Прилеп-Градско и да изградеа автопат до Битола и грчка граница, тие се занимаваат со предизборни манипулации и нови лаги за граѓаните.

Ги повикуваме сите граѓани кои имаат свои имоти во населените места по должината на овој пат да дојдат и да се уверат во оваа нова лага на Сугарески, Талевски и Јованоски.

Одговорот за оваа нова манипулација и сите лаги следува на 15-ти јули, кога овие луѓе конечно ќе ја научат лекцијата од народот!

Следува Обнова на Македонија, која ќе значи крај на политичарите од кариера”.

Ципрас ги поздрави Македонците: “Родени во смачкано племе….?”

Eкс пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на Твитер ја прокоментира поддршката која поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас му ја даде на Зоран Заев во пресрет на изборите на 15-ти јули

“Со овие стихови од Конески, Ципрас го поддржа СДСМ

“Уште рика истата мака во мене дека сум роден во смачкано племе сејач на глуво семе”

Само мене ми стои дека човекот се зеза и со СДСМ и со сите нас? Зошто баш овие стихови? Кое е смачканото племе? Кој е сејач на глуво семе?” – напиша Димовски.

Oпожapeно товарно возило “мерцедес” на улица “Маргара” во Прилеп

Повpeдени лица нема, а би извршен и увид од страна на екипа од ПС Прилеп.

На 07.07.2020 во 22.50 часот во Полициската станица Прилеп, од Територијалната противпожapна единица Прилеп било пријавено дека на ул.„Марагара“ во Прилеп било опожapeно товарно возило „мерцедес“, со ресенски регистарски ознаки, сопственост на З.Б. од Прилеп, а паркирано во дворното место од куќата на Г.С, пишува во дневниот билтен на МВР.