дома блог страница 2506

Со автомобил удрил 10-годишно дете со велосипед во Прилеп

Увид извршила екипа на ПС Прилеп.

На 07.07.2020 во 18.06 во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул,,Димо Наредникот“ и ул,,Сотка Џигиџик“ во Прилеп, патничко возило „мазда”, со прилепски ознаки, управувано од Н.Г.(52) од Прилеп, удрило во велосипед, управуван од 10-годишник, пишува во дневниот билтен на МВР.

Во незгодата, со тешки телecни повpeди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување лекарска помош.

Ристески: “Дали диpeктор на ЈП е жиpaнт за 200.000 евpa кpeдит за згpaдата кaj “Солиднocт”, на фамилиjaта од гpaдоначалникот? (Видео)

Дали директор на ЈП соработник на градоначалникот е жирант за кредит од 200.000 евра за изградба на зградата кај Солидност? – го праша денеска претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, градоначалникот Илија Јованоски.

На заканите од градоначалникот Јованоски дека ќе поднесе тужба за клевета, денеска Ристески на новинарско прашање одговори:

“Јас се радувам доколку Јованоски поднел тужба, бидејќи не знам кој го советувал, но во една таква постапка ќе треба многу да докаже и многу одговори да даде и на судот и пред граѓаните. Но, кога веќе ја начнувате оваа тема, јас денеска ќе му поставам на градоначалникот едно прашање: Господине градоначалник, дали сте запознаени дека директор на јавно претпријатие и ваш близок соработник е жирант, односно со свој имот гарантира за кредит земен на фирмата која ја гради таа зграда, а за која има шпекулации низ градот дека лично и вие како градоначалник, имате замешано прсти во таа фирма и таа зграда? Ако е точно дека директор близок соработник на градоначалникот е вклучен во подигнувањето на кредит од 200.000 евра, тогаш која е поврзаноста и кој е мотивот на овој директор да гарантира со сопствениот имот на некоја фирма, односно фирма која граѓаните ја поврзуваат со градоначалникот. Доколку Јованоски не одговори, јас лично со документи ќе излезам да се докажеме дали има или нема вистина во ова”, истакна Ристески.

Претходно Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, во програма во живо на “Радио Пела” изнесе сомнежи за сторен криминал во областа на градежништвото и урбанизмот во Прилеп, во кој е замешана градежна фирма во сопственост на роднина на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

“Се работи за фирмата која гради стамбена зграда на улицата „Октомвриска“ отспротива на Солидност, за која во градот постојат шпекулации дека и самиот Јованоски е замешан во сопственоста на оваа фирма. Градежниот инспекторат од општина Прилеп му наредува на инвеститорот и носи решение за прекин на таа градба, бидејќи не ги исполнува условите за градба, односно инвеститорот постапил спротивно на основниот проект каде не е дозволено изградба на подрумски простории. Инспекцискиот надзор на лице место утврдил дека се изградени вакви простории. Имајќи го на увид овој документ, градоначалникот требало решението за градба да го прогласи за ништовно и доколку сакал овој инвеститор да продолжи со градба требало да бара ново решение. Наместо тоа, во време кога сите граѓани се оптеретени со здравствената криза, на 19.03.2020 год.градоначалникот Јованоски, притоа без потпис од контролор, потпишал решение за одобрување на измени на основен проект во тек на изградба на стамбено деловна зграда, што е апсолутно незаконски”, истакна тогаш Петар Ристески.

Секнаа фонтаните, “плиснаа” кривичните? (Фото)

Јули месец, а фонтаните во Прилеп се’ уште не работат

Фонтаните во Прилеп се украс на Прилеп, но тоа не е случај ова лето. Речиси сите фонтани во градот не работат, со исклучок на фонтаната пред Комерцијална банка и пред Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Еве каква е сликата кај споменикот Карпалак и пред 13-катницата:

Фонтаните пред извесно време беа причина за препукување помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и директорот на ЈКП Водовод и канализација.

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш покажаа договор дека ЈКП Водовод и канализација склучило договор со фирма за одржување на фонтаните во вредност од 939.139 денари.

Директорот на ова јанвно претпријатие заработи и кривична пријава од МВР, но за друг случај.

Спиркоска: Се редат кpивични приjaви за поcлушниците на Заев, Талевски и Јованоски

Генијален твит на Веле Самак: Вистината во очи

Поранешниот министер за странски инвестиции од Прилеп, Веле Самак, на Твитер ја прокоментира видео пораката на екс премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на која тој му дава поддршка на Зоран Заев за изборите

“Ципрас, кој потпиша геноциден документ и јавно се фалеше со бришењето на Македонската нација, да ти даде поддршка на избори во Македонија е како Хитлер да даде поддршка на избори во Израел. Кога немаш појма како да одиш напред распродаваш се и од идните генерации”, напиша Самак.

Јанyшев: Плашejќи се да се cooчи пред гpaѓаните, Љупчо Николовcки по тpeт пат избега од ТВ дyeл

Ова е Љупчо Николовски, мојот против кандидат во ИЕ3. Љупчо по трет пат и денеска избега од ТВ Дуел со мене но најмногу плашејќи се, да се соочи пред граѓаните, кои патем знаат дека е лажго и манипулатор, објави на својата Фејсбук страница носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3 Игор Јанушев.

Анкета на БИПС: Победа на ВМРО-ДПМНЕ со 54 пратеници во Собранието

Победа на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 54 пратеници предвидуваат резултатите од спроведената анкета на Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи).

На анкетата спроведена во период од 29 јуни до 3 јули, 24,3 проценти од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори. За СДСМ и БЕСА гласот би го дале 20,4 отсто од анкетираните граѓани.

Во албанскиот политички блок, за ДУИ би гласале 4,2 проценти, додека за Алијанса за Албанците 3,1 отсто од анкетираните граѓани.

Од Институтот добиените резултатите ги претвориле во пратенички мандати во законодавниот дом, па според тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе има 54 пратеници, а СДСМ 47.

Анкетата била спроведена телефонски врз 1.323 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност.

Фантазија: Xoтел на гpaнки од дрвja, дocтапен само за гости со длабок џеб (Фото/Видео)

Затскриен од маѓепсаната крошна на дождовни шуми и поврзани заедно со мрежа на патеки за џунгла, ресортот „Кемала“ во Тајланд е светско чудо.

Ентериерот е инспириран од приказните, културите, традициите и начинот на живот на четири групи фиктивни антички доселеници во Пукет.

Нивните карактеристики се рефлектираат во сите елементи на вилите и колибите, вклучувајќи ја архитектурата, мебелот, украсните парчиња, па дури и текстилот.

38 Вили за базени на Кемала се достапни само са оние со длабок џеб, но ако се резрвира многу порано, имате можност да бидете дел од овој вистински рај на дрва.

Една од најубавите куќи во Македонија ја краси голема слика од даскалот (Фото)

Македонски непокор во Крива Паланка

Куќата е стара цели 60 години, но за нас е најубавата во цела Крива Паланка. На истата стои голема слика од даскалот – Гоце Делчев, па покрај оваа куќа не можите туту така да поминете како пред секоја друга.

Секоја чест за сопствениците!

Мало “тролање” за сите навивачи на Јувентус (Видео)

После четирите победи по ред откако продолжи сезоната во Сериа А, Јуве синоќа на гостински терен кај Милан беше поразен со 4:2.

Ова е еден од најтешките порази сезонава, особено поради тоа што Јувентус водеше со 0:2.

Досетливите фејсбукџии и твитерџии се присетија на еден скеч од К-15 па ги грабнаа навивачите на старата дама “под нозе”.

Jувентус сепак е лидер во Сериа А со 7 бода предност пред второпласираниот Лацио, а Милан се наоѓа на петтата позиција.

Ахмети: Заев ми се јавува после изјавите да ми се извини дека така кажал само затоа што сме во кампања

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вели дека Зоран Заев, после секоја изјава против ДУИ, му се јавува да му се извини дека не го мислел тоа што го кажа и дека така кажал затоа што бил во предизборна кампања.

Тој ова го истакна во интервју во емисијата „RealStory” која се емитува на албанската телевизија “Њус24”, во однос на последните изјави на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека после изборите ДУИ ќе оди во опозиција, и за изјавите кај што вика дека, или ќе земе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, или тој ќе му даде пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да формира малцинска Влада, само Али Ахмети да не ги уценува за неговата идеjа прв Aлбанец премиер на Македонија.

– Зоран Заев ме измори со изјави кои ги дава последно време, иако после тоа ми се јавува и ми кажува извини што кажав така, знаеш ти дека јас не мислам така, но се наоѓаме во кампања, рече Ахмети.

Тој додаде дека после изборите тие ќе ја почитуваат одлуката на мнозинството Македонци и дека ќе коалицираат со победникот од македонскиот блок партии.