дома блог страница 2504

“Послушниците на градоначалникот и Миле Талевски ocoмничени за тешки kpиминали?” (Видео)

Граѓаните деновиве се сведоци дека на површина испливуваат сите сомнежи за сторен криминал и корупција, за кои ВМРО-ДПМНЕ апелираше и известуваше во текот на изминатите 3 години власт на СДСМ на локално и централно ниво.
Цела редица директори послушници на Зоран Заев, Миле Талевски и Илија Јованоски заработија кривични пријави од МВР, па по се изгледа обвинителството и правосудните органи ќе имаат полни раце работа со кадрите и функционерите од СДСМ – истакна на денешната прес конференција Александар Алексовски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Листата ја продолжи директорот на Завод и Музеј, Благоја Атанасоски, кого МВР го сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

Aтанасоски, според пријавата на МВР, се сомничи дека деловите од оригиналната скулптура на споменикот “Жртви на фашизмот” во Дабница ја дал на реверс во леарница во Скопје и истата досега не е вратена, иако е под заштита на институцијата со која раководи.

Споменикот кој минатата година го поставија кај Дабница со градоначалникот Јованоски е копија, а деловите од оригиналната бронзена статуа никогаш не биле вратени назад од леарницата.
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати пред граѓаните информираше дека позади поставувањето на споменикот се крие нешто матно.

Па, така пред статуата да биде предадена во леарница претходеше тендер на општина Прилеп за реставрација и заварување на оригиналната статуа и изработка на нејзина копија

Но, откако никој не се пријави на тендерот, градоначалникот го поништи, а Атанасоски деловите од статуата ги дал во леарницата во Скопје.

Интересно е и тоа што тендерот кој го распиша општината траеше до 5-ти ноември, а споменикот беше поставен на 3-ти ноември или Денот на ослободувањето на Прилеп, па уште тогаш јавноста знаеше дека Јованоски и Атанасоски нешто кријат.

Се чини дека директорот на Завод и музеј брзајќи да му удоволи на Јованоски го извлече подебелиот крај.

ВМРО-ДПМНЕ бара основното јавно обвинителство во Прилеп инто да реагира во сите случаи каде постои сомнеж за сторен криминал и секој кој се огрешил пред законите да одговара.

Почитувани сограѓани,

Без разлика дали се работи за проневера на милионски парични суми или за несовесно управување со културното и уметничко наследство како во овој случај, ќе следува одговорност.

После 15-ти јули секој, ама баш секој кој ќе се огреши пред законите ќе одговара.

Обновата на Македонија ќе донесе правда и правичност во целата држава”.

Заев скандираше “Победа, Победа…”, а заборави дека клубот оди накај трета лига? (Видео)

Koaлицијата “Можеме” на СДСМ синоќа одржа митинг во Прилеп на стадионот во паркот на Могила

На овој стадион настапуваше ФК Победа пред прекинот на натпреварите во Втората фудбалска лига. Заев извикуваше “Победа, победа….”, a Победа само прекинот на натпреварите ја спаси од Трета лига…

(Видео) Големо откритие на археолозите: Ова до сега не сме го знаеле за Ерусалим

Израелските археолози откриле печати во Ерусалим за кои се верува дека потекнуваат од 6 век пред нашата ера, соопштија од израелскиот Совет за антиквитети.

Отпечатокот во глината со големина од 4.5 сентиметри прикажува маж, веројатно кралот, како седи на голем престол. Археолозите веруваат дека откритието припаѓа на персискиот период на Ерусалим, откако Вавилонците го уништиле градот.

“И покрај бројните досегашни пронајдоци во Ерусалим, откритијата од персискиот период се навистина ретки и затоа имаме недостаток на информации”, велат археолозите Јувал Гадот и Јифтах Шалев.

Нова АНКЕТА на „Habeas Corpus“: ВМРО-ДПМНЕ води со 4% пред СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ води со 4% пред СДСМ во анкетата спроведена од страна на институтот „Habeas Corpus“, кој разработува прашања од правниот и политички систем.

Анкетата на јавното мислење е спроведена врз стратификуван примерок од 1.203 испитаници во периодот од 29 јуни до 3 јули 2020 година.

На прашањето „За која политичка партија би гласале на изборите на 15 јули?“, 16.8% од испитаниците одговориле за коалицијата СДСМ/Беса, додека 20.8% од нив се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Институтот изврши мерење на рејтинзите на носителите на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и мечирање на вредностите на тие два политички блока по изборни едници.

При тоа, резултатите покажуваат дека носителите на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ водат во пет изборни единици пред кандидатите од коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Беса.

Резултати по изборни единици:

Од Институтот наведуваат дека при истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски со употреба на фиксната и мобилна телефонија. Резултатите се со можност за грешка +-2.

Нарачател на истата е Институтот „Habeas Corpus“ и резултатите се користат за потребите на интерните истражувања од политичка и социолошка природа.

Се гледа ли надеж: Израел објави антитело што го неутрализира кopoнавиpycoт, дури и меѓу зapaзените

Израелски институт за биолошки истражувања објави антитело кое го неутрализира кopoнавиpycoт, дури и меѓу зapaзените.

Израелскиот институт за биолошки истражувања (IIBR) и израелското Министерство за одбрана објавија дека е завршена фазата на развој на антитело што би било ефективно во неутрализирање на CAPС-Koв-2, познато како кopoнавиpyc.

Преку својот профил на Твитер, израелското Министерство за одбрана го потврди развојот на она што може да стане првиот противотpoв на Koвид-19.

Според субјектите, сега противотpoвот преминува од фазата на развој во фазата на прифаќање на фармацевтските компании, што ќе овозможи масовно да се произведува и комерцијализира.

Научниот развој би бил направен на база на неколку протеини кои се штетни за човечкото тело и веќе е тестирано кај пациенти кои се ризични случаи на кopoнавиpyc.

Израел тврди дека IIBR е првата институција што постигнала научен успех што ги исполнува сите три параметри:

Прво, ново и рафинирано моноклонално антитело што содржи дефицит на штетни протеини. Второ, антителото може да го неутрализира кopoнавиpycoт и трето, антителото експлицитно било тестирано во агресивни случаи на кopoнавиpyc.

Во меѓувреме, Владата на Израел најави целосно отстранување на ограничувањата за мобилност наметнати на граѓаните.

Гордите мариовци нема да ги надитрат политичарите со евтини финти за 5 минути изјава пред камера?

-На потегот од с.Крушејца до с.Штавица се врши рехабилитација на патот во должина од над 7 км, за што Владата издвои околу 40 милиони денари, вака зборуваше градоначалникот Јованоски пред само една недела.

На овој “свечен настан” присуствуваше и министерот Сугарески кој истакна дека градежните работи се во полн ек и дека се очекува согласно динамиката, сите планирани активности успешно да бидат завршени до крајот на градежната сезона.

Се надеваме дека ова не беше само шоу пред медиумите, бидејќи во моментов од механизацијата која треба да работи има само еден стар валјак. Од информациите кои ги добиваме од луѓето што секојдневно возат по овој пат, асфалт има турено на неколку места и тоа во должина од 300 до 400 метри.

– Се работи за исклучително важен пат за Мариовскиот дел. Согласно динамиката која што ја договаравме со претставниците на ‘Македонија пат’, очекуваме дека ќе има забрзување на работата и дека во извесен временски период, во целост ќе бидат завршени планираните активности, рече Сугарески.

Несторовски го напушта Удинезе после една година, но останува во Италија?

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски најверојатно ќе го напушти Удинезе по само една сезона, а неговиот план е да остане во Италија – пишуваа спортските медиуми.

Несторовски доби многу понуди, но од екипи кои се натпреваруваат во Серија А. Еден од нив е Бреша, која е со една нога во втората италијанска лига, а македонскиот фудбалер ќе треба да го предводи нејзиниот напад.

Исто така, интерес за Несторовски има од Кротоне и Фросиноне, но за неговиот потпис ќе се борат и Силвио Берлускони и Адријано Галијани, односно Монца.

Грета: Вие сте голем и посветен лидер, Заев: Дури и го сменив името на државата

Во разговорот со пранкерите за кои Заев смета дека се Грета Тунберг активистка за заштита за климатските права и нејзиниот татко, изјавува дека е подготвен да им даде работа на мигрантите. На фалбите од Тунберг дека бил голем лидер посветен на земјата, Заев вели дека го сменил името.

Дел од разговорот:

Грета Тунберг: Да, и ми кажа дека сте голем лидер посветен на земјата, обврзан кон иднината.

Зоран Заев: Фала Грета. Подоцна други го сменивме и името, официјалното име на земјата затоа што сакаме да градиме пријателство, да бидеме модерна земја и сега станавме Република Северна Македонија.

Грета Тунберг: би сакала да дојдам и да направам протест за климатските промени во Скопје и да бидеме од корист за вас

Грета Тунберг: мислам дека Северна Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.

Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија. Хуманите аспекти на она што се случува тука е едно од важните……од нашата земја. Тие не се многу заинтересирани да останат тука зошто имаме помали економски стандарди во споредба со западните стандарди во Европа, но менаџираме заедно. Хуманиот третман е многу важен. Бидејќи миграцијата не се случува само од Сирија туку и од Авганистан од некои афрички држави.

Грета Тунберг: да, а на мигрантите им треба вдомување, референси да се вработат во твојата земја и ние ќе те поддржиме на меѓународно ниво.

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Многу добро. Грета голема чест ми е што зборував со тебе. И ќе ни биде големо задоволство и ќе сме среќни со твојата посета на државава, тука во Северна Македонија.

Лажната Грета: “Макрон е ужасен човек”, Заев се согласува (Видео)

Во дел од разговорот на тогашниот премиер Зоран Заев со наводната Грета Тунберг и нејзиниот татко, кој е дел од најновиот пранкерски хит објавен денеска, тој говори дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да биде поодговорен политичар и се согласува со Тунберг дека е ужасен човек, а Грета му се жали и дека Макрон игра со Русите.

Дел од разговорот:

Грета Тунберг: Макрон (Францускиот претседател) е ужасен. Ги промени неговите позиции за климатските промени. Минатиот пат се однесуваше лошо, ги изневери западните вредности во полза на приближувањето со Истокот и оди кон руските интереси, незнам што им има ветено.

Зоран Заев: Нешто се случи таму, но се надевам дека ќе биде повеќе подговорен во иднина затоа што Франција, Германија такви држави се лидери во светот, тие мора да го водат светот. Со позитивно однесување, а не од апсект на постојано менување на позициите.

(Видео) Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се претставија како активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Имено тие во телефонски разговор со Заев разговараат за повеќе теми.

Точниот период не е познат, но се претпоставува дека пранкот е од месец ноември минатата година кога и самата влада и советникот на Заев Забарчанец театрално се пофали дека бил спречен хибриден напад.

-Сопрен е Хибриден напад кон владата од пранкери, соопшти Забарчанец. Очигледно не ја говореле вистината бидејќи од разговорот кој е објавен се гледа дека Заев за време на целиот разговор нема забележано дека е жртва на пранкерски напад.

Од разговорот се гледа дека Заев го напаѓа Францускиот претседател Макрон за кого се согласува дека е ужасен човек и дели совет дека мора да е поодговорен. Тој ветува дека ќе затвори аеродроми поради барањето на божемната Грета дека така ќе се сопре загадувањето, а потоа вели дека ќе дозволи нејзиниот татко да пуши марихуана во Скопје.

Тој вели дека е добар предогот на мигрантите да им се даде вдомување и работа во земјава, иако тие ги преферирале западните земји зошто тука не се живееело добро.

Целата статија прочитајте ја на КУРИР.МК

Извор: kurir.mk