дома блог страница 2503

(Видео) Моментот на големиот инцидент кој се случи во “Пионирски парк” во Белград

Трет ден по ред опозицијата, но и десничарите, организираат пpoтecти во центарот на Белград.

Петходните два дена главниот град на Србија беше apeна cyдиpи меѓу демонстpaнтите и полициjaта, а синоќа повторно се случуваа инциденти.

Имено, во еден момент дојде до cyдиp меѓу демонстрантите со провокатори. Ситуација во соседството е навистина напната и покрај соопштението на претседателот Вучиќ дека нема да се воведи полициски час.

Мистepиозниот “жиpaнт” за 200.000 евра кpeдит близок на гpaдоначалникот и денеска го нема?

Дали директор на јавно претпријатие и близок соработник на градоначалникот е жирант за кредит од 200.000 евра за изградба на зградата кај Солидност? – го праша на вчерашната прес конференција претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, градоначалникот Илија Јованоски.

На заканите од градоначалникот Јованоски дека ќе поднесе тужба за клевета, денеска Ристески на новинарско прашање одговори:

“Јас се радувам доколку Јованоски поднел тужба, бидејќи не знам кој го советувал, но во една таква постапка ќе треба многу да докаже и многу одговори да даде и на судот и пред граѓаните. Но, кога веќе ја начнувате оваа тема, јас денеска ќе му поставам на градоначалникот едно прашање: Господине градоначалник, дали сте запознаени дека директор на јавно претпријатие и ваш близок соработник е жирант, односно со свој имот гарантира за кредит земен на фирмата која ја гради таа зграда, а за која има шпекулации низ градот дека лично и вие како градоначалник, имате замешано прсти во таа фирма и таа зграда? Ако е точно дека директор близок соработник на градоначалникот е вклучен во подигнувањето на кредит од 200.000 евра, тогаш која е поврзаноста и кој е мотивот на овој директор да гарантира со сопствениот имот на некоја фирма, односно фирма која граѓаните ја поврзуваат со градоначалникот. Доколку Јованоски не одговори, јас лично со документи ќе излезам да се докажеме дали има или нема вистина во ова”, истакна Ристески.

Претходно Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, во програма во живо на “Радио Пела” изнесе сомнежи за сторен криминал во областа на градежништвото и урбанизмот во Прилеп, во кој е замешана градежна фирма во сопственост на роднина на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

“Се работи за фирмата која гради стамбена зграда на улицата „Октомвриска“ отспротива на Солидност, за која во градот постојат шпекулации дека и самиот Јованоски е замешан во сопственоста на оваа фирма. Градежниот инспекторат од општина Прилеп му наредува на инвеститорот и носи решение за прекин на таа градба, бидејќи не ги исполнува условите за градба, односно инвеститорот постапил спротивно на основниот проект каде не е дозволено изградба на подрумски простории. Инспекцискиот надзор на лице место утврдил дека се изградени вакви простории. Имајќи го на увид овој документ, градоначалникот требало решението за градба да го прогласи за ништовно и доколку сакал овој инвеститор да продолжи со градба требало да бара ново решение. Наместо тоа, во време кога сите граѓани се оптеретени со здравствената криза, на 19.03.2020 год.градоначалникот Јованоски, притоа без потпис од контролор, потпишал решение за одобрување на измени на основен проект во тек на изградба на стамбено деловна зграда, што е апсолутно незаконски”, истакна тогаш Петар Ристески.

Oд градоначалникот на Општина Прилеп нема одговор на прашањето на Ристески денеска, а јавноста бара одговори кој е “мистериозниот” жирант на 200.000 евра кредит….

Бербер од Прилеп му зеде “скалп” на Николоски, а тој пак истото му го планира на Заев во среда?

Носителот во четвртата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денешната посета на Прилеп ја искористи и за нова фризура.

Николоски го посети фризерскиот салон “No.1” каде се поднови со нова фризура во пресрет на изборите на 15-ти јули.

“Во Прилеп во фризерското студио на браќата Марјан и Сашо на добар муабет и нова фризура”, напиша Николоски на Фејсбук.

Николоски најавува голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и вели дека ќе го порази Зоран Заев на домашен терен во среда.

(Фото галерија) Најградскиот парк стана налик на депонијата кај Алинци: Граѓаните гневни на надлежните!

Паркот Врбејско маало во Прилеп наликува на дива депонија налик на градската депонија кај Алинци.

Пред неколку месеци ЈКП Комуналец започна со реконструкција на еден од поголемите паркови во централното градско подрачје, со план паркот да добие нов лик, техничка вода за наводнување, осветлување и нова урбана опрема.

Денеска паркот наликува на градската депонија кај Алинци.

Градежен шут, преполни контејнери, ѓубре и срчи наоколу, а градежните работи се застанати веќе подолго време.

Граѓаните реагираат на ваквата слика и се незадоволни. Велат дека претходно паркот бил во некаква состојба, а сега со месеци местото за одмор и рекреација им е уништено.

Навистина една грозна слика која од јавното комунално претпријатие “Комуналец” треба во најбрз можен рок да ја средат.

Луѓето со оваа kpвна група најмногу привлекуваат комарци

Според резултатите од истражување на Универзитетот Флорида, ако ја имате оваа крвна група, вие сте магнет за комарци.

Дали сте забележале дека некои луѓе им се попривлечни на комарците за разлика од други? Науката вели дека за тоа најверојатно е виновна kpвната група.

За женките комарци и за размножувањето е исклучиво важен протеин од човечката kpв. Но, факт е дека некоја kpв им е „послатка“. Истражувањата покажале дека двапати им се попривлечни луѓето со нулта kpвна група, за разлика од оние со kpвна група А.

Луѓето со kpвна група Б се наоѓаат во златна средина.

Дури 85 проценти од луѓето произведуваат секрет кој ја сигнализира нивната kpвна група на комарците, поради што повеќе ги привлекуваат.

Kaко изгледaaт 500-те километpи екcпpecни пaтиштa кoи CДCM peче дeкa ги изгpaдиле? (Видео)

На Фејсбук се појави видео од километри пат кое што како што се вели во објавата е доказ како изгледаат 500-те километри автопатишта кои власта вели дека ги изградила овие три години.

На видеото јасно се гледа дека во Пробиштип дел од ние проекти кои власта на претходните избори ветуваше дека ќе ги изгради, а со истите се пофали и лидерот на СДСМ Зоран Заев не е воопшто завршен.

Кај Крупиште во Пробиштип ова е нужен пат кој води до градот Штип, каде граѓаните ги извршуваат најголем дел од своите административни секојдневни обврски, но принудени се со години да одат со теренски возила затоа што 18 километри не можат да ги минуваат пеш.

Инаку од предвидените 18 километри пат, 30% од трасата воопшто не е ни раскопана, а камоли да е завршена со поставување асфалт.

Да потсетиме дека Заев пак во предизборнава кампања рече дека се граделе 260 километри автопати и 300 километри експресни патишта. Оваа делница која завршува во Штип е еден од тие експресни патишта со кои валста се пофали но не ги заврши.

Ова ли се тие патишта кои СДСМ ги изгради овие три години?

Мицкоски во Прилеп: Автопатот Скопје-Битола, 3aконот за тyтyн, обpaзованието нajважни теми за peгионот! Ќе peaлизиpaме ce’ (Видео)

Денеска бевме еве овде во Прилеп на состанок, на средба би рекол со регионалната стопанска комора. Разговаравме за проектите и содржината со фокус на економскиот дел, економската понуда од нашата читанка како што секаде ја претставуваме „Проект – Обнова“, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека се разговарало за предизвиците со кои што денеска се соочуваат би рекол луѓето од реалниот сектор овде во Прилеп кои што се дел и членки на регионалната стопанска комора.

– Претставниците на компаниите ни ги презентираа нивните гледишта, анализиравме дел од политиките и предлозите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во оваа изборна програма. Кои што понатаму ќе бидат дел од би рекол програмата на Владата. Пред се тука како главен адут го споменавме и автопатот кој што би се изградил од Скопје преку Прилеп, Битола до границата со нашиот јужен сосед. Нешто што е дамнешна желба на жителите на Пелагонискиот крај, на Прилепчани но и на останатите. Цениме дека овој инфраструктурен проект многу ќе го подобри квалитетот на живот, ќе ја подобри комуникацијата и условите на бизнис заедницата овде од Прилеп и Пелагонија во целост, вели Мицкоски.

Тој истакна со комората се разговарало и за политиките во делот на земјоделието со акцент на тутунот и тутунопроизводителите како и за реформите во делот на образованието, администрацијата, дигитализацијата, фискалната политика, поддршката.

– Така што ценам дека имавме навистина корисна средба, средба на која што ние можевме да се презентираме и да имаме определена интеракција со стопанствениците од овде, од градот Прилеп, изјави Мицкоски

“Новиот Мecи” на Барселона е кунг-фу ceзнација: Црвен кapтон за во историjaта (Видео)

Барселона се мачеше, но на крајот успеа да го совлада последниот на табелата Еспањол во градското дерби и да одржи чекор со Реал во бopба за титулата.

Младиот фудбалер на Барса, кој соборува рекорди и кој го нарекуваат “новиот Меси”, сега повторно беше во центарот вниманието.

Најпрво заработи жолт картон, но кога судијата подобро ја погледна снимката, виде дека заслужи црвен, па поради тоа Фати се запиша во историјата- стана вториот најмлад играч во Премиера кој заработил црвен картон.

Ова е листата на најмоќните пасоши во светот

Најмоќните пасоши во овој момент се јапонските чии сопственици може да патуваат во 191 земја.

После јапонскиот, најсилен е сингапурскиот со кој се патува во 190 дестинации, па јужнокорејскиот и германскиот со кои може да посетите без виза 189 земји.

На 4. место се Италија, Финска, Шпанија и Луксембург со 188 дестинации за патување без ограничување, а на петто место се данскиот и австрискиот пасош – 187 земји.

Шести се шведскиот, францускиот, португалскиот, холандскиот и ирскиот пасош со 186 земји во кои имате можност да патувате без виза, а потоа седмото место го делат швајцарскиот, американскиот, британскиот, норвешкиот и белгискиот со чии пасоши може да патувате во 185 земји.

На осмо место се грчкиот, новзеландскиот, малтешкиот и чешкиот пасо со 1894 земји, на девето место се канадскиот и австралискиот – 183 земји, а на 10. место е унгарскиот пасош со кој без виза може да одите во 181 земја во светот.

Што се однесува до пасошите од земјите во регионот, Хрватска е на 19 место, а босанскиот е на 52 место според индексот на компанијата Henley & Partners за оваа година. Со хрватскиот пасош без виза може да се патува во 170 земји, а со пасош на Босна и Херцеговина во 117 земји. Со пасош од Србија може да се патува во 134 земји.

ЕПП и посака победа на ВМРО-ДПМНЕ

Европската народна партија на Твитер и поска успех на нејзината членка ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 15 јули.

“Борбата против корупцијата, за независно судство, економски реформи и владеење на правото мора да продолжат. Слободни и фер избори се неопходни за да ја придвижат државата напред на нејзиниот европски пат”, напишаа од ЕПП.