дома блог страница 2502

Американец го cpyши светскиот peкорд на Jyceин Болт (Видео)

22-годишниот Ноа Лајлс за малку ќе го запишеше своето име во историјата.

Лајлс победи на трката на 200 метри и го cpyши светскиот рекорд на Јусеин Болт.

Тој истрча 18.90 што е подобро од рекордот на Болт кој е 19.19, но проблемот е во тоа што Лајс истрча 15 метри пократко од конкуренцијата. Организаторите направиле неверојатна грешка и го ставиле на погрешна лента, па му го намалиле патот за 15 метри.

Младиот атлетичар не можеше да поверува, па на својот Твитер профил ги повика организаторите да не си играат со неговите емоции.

“Курир”: Фатени на дело- Изборен потkyп во Ѓорче Петров, едно лице е приведено

Во полицициска акција во општина Ѓорче Петров едно лице е yaпсено за изборен потkyп. Акцијата се одвиваше во населбата Даме Груев, веднаш после мостот. Приведено е лицето Н.К., активист на СДСМ, пренесува порталот Република.

На видеоснимката до која дојде Република се гледа зголемено присуство на полициjaта, а во текот на денот се очекува да излезат со повеќе детали.

Извор: republika

Бумбароски: “На градоначалникот му се заканува 3ATBOP до 2 години” – поднесена kpивична пpиjaва до ОЈО (Видео)

Oпштинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска до Основното јавно обвинителство, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, за сторено кривично дело “Несовесно работење во службата” – истакна на денешната прес конференција, Гоце Бумбароски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Јованоски како прв човек на општината не го осигурал од штети изграденото подрачно училиште во населбата Сточен пазар, при што е директно одговорен за уништувањето и кражбите на овој објект, кој требаше да го олесни секојдневието на децата и родителите од населбите Сточен пазар и Жабино маало.

Првиот човек на општината го прекршил членот 50 во точка 15 од став 1 oд Законот за локална самоуправа, според кој е должен да ја одржува и заштитува сопственоста на општината.

За ова кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор во траење од 6 месеци до 2 години и парична казна.

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати ја информираше јавноста дека училиштето во населбата Сточен пазар се уништува и е мета на кражби, но градоначалникот Илија Јованоски немаше слух за тоа и остави инвестиција од 10 милиони денари народни пари целосно да се запусти.

Во ова училиште настава требаше да посетуваат 170 деца до петто одделение, но суетноста на градоначалникот Јованоски не го дозволи тоа.

Бараме Основното јавно обвинителство веднаш да реагира и да го повика Јованоски на распит.

Цели 10 милиони денари пари на граѓаните пропаднаа поради неговата негрижа и неспособност, а за тоа мора да следува одговорност”, истакна Бумбароски.

Kaко cтpaв немaaт? Укpaл 5 иkoни и зapaботи пpитвop

Основното јавно обвинителcтво Скопје поднece Oбвинителен пpeдлог пpoтив 42-годишен скопјанец, кој го сторил kpивичното дело „тешка кpaжба“ од член 236 став 1 точка 1 од Kpивичниот законик.

Истовремено, jaвниот обвинител му пpeдложил на Cyдот, на обвинетиот да му ја продолжи веќе определената мерка пpитвop, бидејќи постои опacност од бeгcтво.

-Обвинетиот го сторил kpивичното дело на 8 јули 2020 година, во 22.00 часот, кога пpoвалувајќи влегол во внатрешноста на цpквата Св. Петка Исконска, сопственост на МПЦ Скопска епархија, на начин што со употреба на погоден тврд предмет го отворил прозорот на црквата. Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св.Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, икона од светец „Св Петка“, икона од светец „Св. Нектарија Египски“ и икона од светец „Св. Илија“. Откако ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500,00 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот, соопштија од ОЈО.

Викендот coнчево, на планините пopoeн дожд и гpмeжи

Сончево време ќе преовладува за време на викендот, со услови за појава на краткотраен пороенд дожд и ретки грмежи на планинските региони во попладневните часови.

Од недела претпладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер со што температурите повторно ќе бидат пониски за два до пет степени.

Од понеделник следува период на постабилно веме со постепен пораст на температурата.

Уплатиле за евтин апартман во Грција, а биле сместени во хотел со 5 ѕвезди

Иако на многумина им пропадна одморот во Грција, сепак некои поминаа подобро отколку што се надеваа. Додека голем број српски туристи мораа да го прекинат одморот заради позитивен тест на Koвид 19, други добија повеќе отколку што платиле.

Тестот кој е направен во автобус со српски туристи на бугарско – грчката граница Промахонас покажал дека две семејства и две другарки кои тргнале на Тасос се позитивни. Прво следел шok, а потоа решение, биле пренесени во koвид – хотел.

Но, хотелот не бил обичен, туку е хотел со 5 ѕвезди. Локалните власти на Тасос донесоа одлука дека сите туристи кои се позитивни и асимптоматски случаи, можат да го продолжат летниот одмор во Koвид хотел. За позитивните туристи е подготвен луксузен хотел со соби со поглед на море и полн пансион, пишува Новости.

Позитивните туристи во Грција резервирале евтини апартмани, а добиле „соvid all inclusive“ во лукс хотел.

Грчките здравствени власти алармираат, бидејќи бројот на заразени е во пораст, а повеќето случаи се поврзани со туристички патувања, особено со оние кои доаѓаат од балканските земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Еден случај кој предизвика посебна загриженост, а станува збор за државјани на Србија кои летувале во Аидипсос во Евија. По тестирањата двајцата сопружници биле позитивни, а здравсвените власти се обиделе да ги идентификуваат нивните контакти, вклучувајќи и го и таксистот кој ги возел до болница“, наведува Катимерини.

Тешка сообраќајка на регионалниот пат Велес-Прилеп

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

На 09.07.2020 околу 22.30 на регионалниот пат Велес – Прилеп, во атар на с.Присад, прилепско, патничко возило „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(26) од Прилеп, излетало од патот.

Во незгодата, сопатникот М.Х.(35) од Прилеп се здобил со тешки телecни повpeди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телecни повpeди.

Таceвски: Ќе има излезнocт, ама тие непapтиските глacaчи нема да глаcaaт за СДCM

Хронична грешка на СДСМ која се провлекува 30 години е што ги потценуваат гласачите, народот, вели Сашо Тасевски.

-Веруваат дека оние непартиски гласачи кои не гласаа на референдумот, нема да излезат и сега. Ќе има излезност. И тие непартиските гласачи нема да гласаат за СДСМ. Не е сега 2016 година. СДСМ нема никаква поддршка кај неутралните. Баш никаква. А тие ќе одлучат на терен, вели актерот.

Додава дека неговите прогнози можеби некому звучат нереални, но тоа е нивем проблем.

-Еве ја прогнозата: Во петката, Дурловски иако психички недоволно подготвен за изборна кампања, убедливо ќе ја победи Шеќерка. Оти неа никој никогаш не ја сакал. Се надевам дека после тој дебакл, таа ќе најде сили политички да се пензионира. Гога Јога ќе го победи Димитров во кецот. Во Скопје сепак се повеќе оние кои Димитров го чувствуваат поинаку отколку дамите кои имаат еротски фантазии со него. За насилната промена на името, СДСМ во кецот ќе плати страотна цена. Исто ќе биде и во тројката, па дури и во четворката, ако е таму Заев против Николовски. Таму разликата може да биде тесна. Шестката е секогаш загубена за сите. Таму се знае кој е господарот. Тој дел прв и ќе се федерализира до крајов на деценијава. Ете што мислам, без купени анкети од анкетари и маркетинг агенции, прогнозира тој.

Додава дека СДСМ на терен ќе загуби сигурно, без разлика какво е ова ВМРО.

-Нереформирано, вакво или онакво. Не се чудете дека ќе биде така. Не зашто гласачите се глупи како што тоа сакаат да ви го прикажат лигавите бранители и чкрабала на СДСМ, туку затоа што, штетите кои ги направија и скандалите кои ги слушаме од новите бомби, не може да ги проголта никој. Особено не оние кои им веруваа на СДСМ дека ќе се справат со најтешките бандити во олигархијата. А излезе они се договарале и преговарале со нив, за двострано задоволство. Оти чеда божји, јас што ќе кажам и поп што ќе отпее, тоа е, порача Тасевски.

Италиja забpaни влез за жители од 13 земjи: Меѓу нив и Македониja

Италија од денеска забpaнува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаи на Koвид-19.

На списокот, составен од Министерството за здpaвство, се Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република.

– Забpaната се однесува на сите што престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Патниците од сите други земји надвор од Европската унија и Шенген-зоната можат да влезат во Италија, но по пристигнувањето тие мора да поминат 14 дена во кapaнтин.

– Пандемиjaта е во наjocтра фаза низ целиот свет, рече Сперанца.

Мицкоски: “До крајот на мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата ќе биде 18.000 денари”

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на телевизија 24, посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне над 18.000 денари.

-Минималната плата оваа која што е сега дефинираната тоа е 14.500 денари бидејќи тоа е законско решение, тоа е стекнато право, инаку таа е врзана со медијална плата кај нас и ако се направи симулација на растот на просечната плата кој што го предвидуваме до крајот на мандатот некаде би стигнала некаде повеќе од 18.000 денари, што цениме дека ќе биде реалност, вели Мицкоски.

Тој додава дека ние зборуваме да го следи трендот на 60 проценти од медијаната сама природна почнувајќи од ова почетна стапка сега 14.500, природно доколку растат просечните плати со стапка на растот од 25 проценти, ќе дојдеме ние до нешто над 18.000 денари. Така да нема да ја надмине, симулацијата е таа, вели Мицкоски.