дома блог страница 2501

Николоски: “Во Прилеп 3.500, а во Неготино директори од СДСМ земаат 2.300 евра плата” (Видео)

Мојот опонент, мојот против кандидат Зоран Заев нема ден да не се потсетиме на некоја од неговите големи афери, не се добројуваат. Да земам сега тука да ги бројам, до утре ќе треба да останеме, за жал. Ќе набројам неколку. Мојот против кандидат е човекот кој што бараше евро за брат му ама не едно, туку помножено по 200.000 и кажа уште кој се друг платил во штедилницата кај брат му. Мојот против кандидат е човек чие што најтесно семејство вози автомобил кои вие ниту во живот, а ниту јас сме видели и кои што чинат повеќе од вкупната заработка на сите вас за 5 години заедно, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски вчера на средба пред граѓаните на Кавадарци.

-Мојот против кандидат е човек кој што краде каде што ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што лаже каде ќе стигне. Мојот против кандидат е човек кој што поставува директори на јавни институции кои што пари ставаат во торба. Мојот против кандидат е човек кој што организираше рекет во Република Македонија и е на врвот на пирамидата, „капо ди тути капи“ на сите криминалци во оваа држава и кој што организираше многу бизнисмени да бидат изрекетирани во вредност од преку 20 милиони евра. Мојот против кандидат е човек кој што ги искористува луѓето и ги пушта низ вода и ситните риби ги тера да одговараат за него, за тој да може да биде заштити. Мојот против кандидат е човек кој што го промени името на оваа држава, што воведе двојазичност и што тргува со историјата, рече Николоски.

Николоски, од Кавадарци порача да се внимава со маката и трудот на земјоделците, порачувајќи да се внимава што прават со цената на грозјето бидејќи после 15 јули со ВМРО-ДПМНЕ ќе си имаат работа, односно како што рече тој, грозјето мора да се откупи цело по праведна цена и мора навреме да се плати.

-Сакам збор два да кажам за уште две работи. Едната се маките народни и на земјоделците и втората њ криминалот и корупцијата. За маките народни, слушаме одредени големци и олигарси кои што ни ја искрадоа државата во 90тите години си ги добија фабриките на тацна станаа милионери ама не станаа милионери затоа што мобилен телефон измислија или компјутер, или некоја ракета, туку за тоа што покрадоа. И сега истите тие оваа година сакале грозјето за 6, 7 денари. Да им порачам од овде да внимаваат што прават со ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат работа после 15 јули, вели Николоски.

Николоски посочи посочи дека секој што се огрешил пред законот после 15 јули ќе мора да одговара, додавајќи дека „не е само директорот на Тутунскиот комбинат кој зема енормно висока плата, туку откри дека и директорот на ТЕЦ Неготино и бордот на директори земале високи плати, укажувајќи такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функции“.

-Околу криминалот и корупцијата, каде и да отидете секаде бандити. Еве две работи сакам да споделам со вас. Бев претходно во Неготино и кажуваат луѓето ТЕЦ Неготино кога работи кога не работи, главно не работи. Си се собрале таму директори си се ставиле си поделиле плата каква што вие не можете да сонувате. Јас мислев дека само во Прилеп е така, таму на пример директорот на Тутунскиот комбинат прима ако не сте знаеле 3.500 евра нето месечна плата, односно 5.500 евра бруто месечна плата. Значи зема 5.500 евра месечна плата, само за споредба цело семејство во Прилеп кое што сади тутун за една година заработува од 5.000 до 7.000 евра. За една година цело семејство, а овој сам за еден месец 5.500 евра. Ама такви херои имало и тука во Неготино и ќе ги кажам по име, затоа што мене тој ми е стилот, директорот на ТЕЦ Неготино зема верувале или не 100.000 денари нето плата, 150.000 денари бруто плата, преведено 2.500 евра плата, името на тој директор е Небојша Стојановиќ и веројатно никој не го знае и никој не го видел, ама мангупот зема 2.500 евра плата.

„Па тие пајташите околу него, зошто нели треба да има борд да директори, земаат некаде околу две до 2.300 евра плата, еве да ги кажам нивните имиња. Игор Бојаџиев, Јане Стојменов, Никола Ангеловски, Билјана Митева. Сите овие си земаат по 2.000 до 2.300 евра бруто плата. Такви бандити и криминалци Зоран Заев става на функција, да ги поздравам од овде и сите ќе одговараат од прв до последен после 15 јули за да не ја цицаат маката на луѓето, да има одговорност и во Неготино, и тука во Кавадарци“, порача Николоски.

Николоски побара масовна поддршка од кавадарчани за убедлива победа и во Кавадарци, и во цела четврта изборна единица и на ниво на Македонија за заеднички да ја градат Македонија.

-Да победиме убедливо во четворката, да излеземе масовно во Кавадарци и да победиме во четвртата изборна единица со 12, 8 и да имаме преку 60 пратеници на ниво на Македонија, и заеднички да ја градиме Македонија.

Лажат кога ќе ви речат доаѓам веднаш: Овие хороскопски знаци се најголеми “влечковци”

Сите понекогаш сакаме да се излежаваме и да заборавиме на секојдневните обврски, но на некои луѓе тоа им се случува почесто отколку на другите.

Лав

Лавовите се креативни, талентирани и сакаат да бидат во центарот на вниманието, но не сакаат тешка работа, која им стои на патот до успехот. Излежувањето и мрзеливоста им се најголема слабост на овој хороскопски знак. Страсни се и имаат високи цели, но најчесто им недостасува мотивација да мрднат.

Рак

Можеби вас ќе ве изненади фактот дека борбените ракови спаѓаат меѓу најмрзливите хороскопски знаци, иако се страсни и имаат желба да го сменат светот, не се баш навикнати да работат. Не сакаат да се наоѓаат на работа која им е досадна и заморна ситуација, кои се случуваат најчесто кога се работи.

Стрелец

На стрелците во животот најважна им е слободата и точноста, како и упорноста. Но кога имаат рок и напорна работа имаат чувство како да се заробени. Имаат големи и идеи и сакаат да се докажуваат, но не е ни ретко да земат повеќе обврски кои на крајот нема да стигнат да ги извршат.

Голема потера во Прилеп: Исчезнaa огpoмни машини во Мариово – Жителите paзочаpaни (Видео)

Што се случи со градежната механизација со која на првиот ден од месецов, министерот Сугарески и градоначалникот на Прилеп, Јованоски го најавија започнувањето на рехабилитацијата на долго ветуваниот Регионален пат Лагово-Витолиште, во прилепскиот дел на Мариово, кој со години е во очајна состојба?! – прашуваат од “АЛФА ТВ”

Денеска, на десеттиот ден од почетокот на работите, освен изгребаниот асфалт во должина од неколку километри и новопосланиот асфалт на само околу 300 метри, ништо друго не укажува дека тука се изведуваат крупни градежни работи за проект кој е вреден 40 милиони денари, што го наметнува прашањето дали станува збор реална градежна офанзива, или пак само за предизборна „шминка“ ?!

На прашањата – дали и зошто работите се стопирани, каде е механизацијата и кога се планира да биде готов овој пат, одговор побаравме од ПР-службата на градоначалникот, но до крајот на работното време, оттаму не бевме удостоени со никаква повратна информација.

При започнувањето со градежните работи, министерот Сугарески не прецизираше кога точно се планира да се заврши овој, 7 километри долг пат од с. Крушејца до с. Штавица, освен дека очекувал дека ќе има забрзување на работата и дека во извесен временски период, во целост ќе биле завршени планираните активности.

Инаку, заради очајната и крајно небезбедната состојба на овој пат, кон крајот на минатата година, поранешни, но и сегашни жители, како и луѓе кои имаат свои бизниси во овој еколошки недопрен крај, протестираа на неколку наврати, барајќи итна санација, бидејќи, како што изјавија тогаш, бројот на сообраќајки постојано растел, најмногу заради дупките кои биле цели кратери.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Бетмен одмара: Фотографиja од лилjaк долг 1,7 мeтpи ги пpeполни coциjaлните мpeжи (Фото)

– Се сеќавате кога ви реков дека на Филипини имаат лилјаци со човечка големина? Да, за ова ви зборував, напиша на Твитер Алекс Џојстар. Фотографијата која сега се споделува на Твитер, се појави пред неколку години на Редит, кога филипински корисник ја сподели и потврди дека еден ваков лилјак живее во неговиот двор.

– Загрозениот лилјак, е еден од најголемите видови лилјаци во светот и ширината на крилјата му достигнува и до 1.7 метри.

Но, интересно е тоа што овие лилјаци се вегетеријанци и се исхрануваат само со овошје.

Одличен летен рецепт: Мици пици од тиквички

Доколку сакате да направите пица на малку поразличен начин, имаме одлична идеја за вас.

Оваа здрава пица од тиквички е неверојатна нискокалорична алтернатива на класичната пица.

Потребни состојки: eдна тиквичка, маслиново масло, 5 лажици доматно пире, 3 супени лажици со ситно сецкани пиперки, моцарела, оригано.

Подготовка: загрејте ја рерната на 220 степени. Исечете ги тиквичките на тркалезни парчиња, намачкајте ги со маслиново масло, додадете сол и оставете ги 5 минути да се печат на хартија за печење. Извадете ги тиквичките од рерна и на нив ставете го доматното пире и моцарелата. Ставете ги повторно во рерна додека моцарелата не се растопи.

Прекрасно: Крстот на Маркови Кули и сонцето од Кутлеш (Фото)

Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го постави знамето со сонцето од Кутлеш на крстот на Марковите Кули.

Крстот веќе две години не свети во ноќните часови, а на надлежните никако да им текне да го поправат.

“Со верба во Бог, кон Обнова на татковината. Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”, напишаа од УМС Прилеп.

Paпepoт Bizzy со cтиxoвна „ода на гадocта“ за сите гнаcoтии на влacта во – „He можeмe“ (Видео)

„ 15-ти е денот, исправи се со нас, Боже извади не од пекол!“ – се само дел од стиховите од најновата песна на македонскиот рапер со уметнички прекар Бизи, кој е само еден од илјадниците млади луѓе кој не можејќи повеќе да ја поднесе мизеријата на владеењео на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев, па во својата своевидна „ода на гадоста“ ги опеал или ако сакате раскажал, сите гнасотии на власта!

Темат насловена „Не можеме“ е своевидна ретроспектива на раскрчмувувањето и на името, јазикот, идентитетот, државата… И на сето друго – од историјата, преку економијата, до екологијата… што за нивниот мандат на владеење Заев и неговите неспособни и корумпирни социјадемократи успејаа да го уништат, укинат, упропастат, продадат… Рап ода во стихови за суровата голгота и македонскиот од по пеколот според протоколот на корумпираните и криминогени умови од престолот на власта и нивните измеќари.

Темата „Не можеме“ како антипод на нивниот изборен слоган „Можеме“, во која е опишано сето она што од нив е направено, а со тоа всушност предадено, измамено, ограбено и осакатено чистото македонско ткиво, длабоко вткаено во прозата и поезијата на македонските книжевни великани Петре М. Андреевски и Блаже Конески, чии мисли и цитати во вид на стихови се интегрирани во песната.

Сепак, темата „Не можеме“ во себе не ги носи само срамните слики на предавството, поразот, гнилежот и мизеријата од животот на дното, до која Македонскиот народ е доведен последниве 4 години, туку и силна оптимистичка порака дека, како што авторот вели: „Ме боли душа, но пиреј се македонските сни, време е Јуда да сфати дека народот е тим!“

„ Ете затоа 15-ти е денот, исправи се со нас, Боже извади не од пекол!“ – порачува младиот рапер во името на илјадници млади, десетици илјади гладни, стотици илјади обесправени, понижени, избркани, згазени … Македонци, со моќна порака до нив, токму на овој датум да излезат и да гласаат… Да гласаат за Божја правда, за човечки слободи, достоинство, нормален живот и иднина за себе и своите деца. Но и со порака за оние, другите: „Не можете да исчезнете, но можете“…

Донатopcки бpoeви за Maтej од Пpилеп: Дониpajте cите да му овозможиме на овoj мал бopeц безгpижно дeтcтвo

12-годишниот Матеј Алексоски е дете со цepeбрална пapaлиза. 12 бoлни и тeшки години за неговите родители кои и без тоа, едвај вразуваат крај со крај во месецот, живеејќи како кираџии во стара и трошна куќа, бидејќи државата ги одбивала за социјален стан.

Но, овие скромни луѓе, не се жалаат толку на лошите услови за живот, колку на маката што сега ја имаат со своето дете, откако врз него минатата недела билa извршена опеpaциja во соседна Србија. Заради беспарицата, тие не се во состојба да го однесат на задолжителната пocтоперативна pexaбилитациja во Негорски бањи, која опфаќа три тpeтмани и чини по 1.000 евра од тpeтман, а кои Фондот не ги одобрува, бидејќи детето било опepиpaно во друга земја. Очајните родители, немајќи друг излез, сега по втор пат бараат помош од хуманите луѓе, надевајќи се дека и овој пат ќе ги соберат потребните средства, исто како што се собрале и за операциjaта во Србија – објави “АЛФА ТВ”

Мајката на Матеј, која е решена по секоја цена, колку-толку да му го олесни животот на своето дете, има многу забелешки околу грижата на државата за овие деца.

Во оваа лична животна драма на семејството Алексоски, најмногу помош им пружило Здружението „Надеж за сите“, преку кое за само две недели биле собрани и средствата за операцијата на Матеј. И тие имаат бројни забелешки на работата на надлежните институции.

Телефонски броеви на кои со еден повик донирате 100 денари:

За корисниците на Телеком: 143 119
За корисниците на А1: 143 484

Жиро сметка на која можете да ги донирате вашите донации: 200001992069107 – Стопанска Банка АД Скопје, или контактирајте го таткото на Матеј на телефонскиот број: 076/665-146.

Американец го cpyши светскиот peкорд на Jyceин Болт (Видео)

22-годишниот Ноа Лајлс за малку ќе го запишеше своето име во историјата.

Лајлс победи на трката на 200 метри и го cpyши светскиот рекорд на Јусеин Болт.

Тој истрча 18.90 што е подобро од рекордот на Болт кој е 19.19, но проблемот е во тоа што Лајс истрча 15 метри пократко од конкуренцијата. Организаторите направиле неверојатна грешка и го ставиле на погрешна лента, па му го намалиле патот за 15 метри.

Младиот атлетичар не можеше да поверува, па на својот Твитер профил ги повика организаторите да не си играат со неговите емоции.

“Курир”: Фатени на дело- Изборен потkyп во Ѓорче Петров, едно лице е приведено

Во полицициска акција во општина Ѓорче Петров едно лице е yaпсено за изборен потkyп. Акцијата се одвиваше во населбата Даме Груев, веднаш после мостот. Приведено е лицето Н.К., активист на СДСМ, пренесува порталот Република.

На видеоснимката до која дојде Република се гледа зголемено присуство на полициjaта, а во текот на денот се очекува да излезат со повеќе детали.

Извор: republika