дома блог страница 2499

Teшко се бyдите и pacoнyвате нayтpo: Oвие намиpници ќе ви пoмoгнaт

И пет аларми наутро нема да ви се доволни да ве натераат да станете од креветот. Станувањето е бавно и заморно. Будењето? Уште потешко!

За таа цел одлучивме да ви кажеме што да јадете и да пиете за да се разбудите полесно.

Зелен чај

Доколку го стартувате денот со ударна доза кафе, како ништо може да се предозирате. А тоа пак може да ви создаде немир и нервоза. Од друга страна зелениот чај со парче лимон е идеален стимулирачки и закрепнувачки пијалок за будење.

Банани

Овој егзотичен плод ја содржи аминокиселината триптофан, која го снабдува организмот со енергија. Затоа бананите се препорачуваат за појадок и како ужинка.

Грозје и женшен

15 минути пред појадокот можете да испиете една чаша сок од грозје со неколку капки тинктура од женшен. Оваа комбинација дејствува чудотворно! Тоа ќе ве натера да “вриете” од енергија, ќе го засили вашиот имунитет и ќе ви помогне да се справите со стресот во секојдневниот живот.

Сушено овошје

Сушеното овошје ја подобрува вашата кондиција, ја стимулира активноста на мозокот и помага да се справите со менталното оптоварување во текот на денот.

Чоколадо

И, највкусното искушение го оставивме за крај. Наутро, слатките работи се дозволени. Тие ќе ви дадат многу, многу енергија.

Сточен пазар, Жабино Маало и Тапани најавија дека СДСМ ќе изгуби 4:1 таму? (Фото)

За СДСМ Прилеп, граѓаните од населбите Тапани, Сточен Пазар и Жабино Маало, застанале на исправниот пат, патот кој носи нови уште повисоки пати за сите, нови работни места, повисоки пензии и повеќе пари во нивните семејни буџети.

Но, според фотографиите кои ги објавија на социјалните мрежи, воопшто не изгледа така.

По десетина луѓе од трите населби ги слушале говорите на кандидатот за пратеник Миле Талевски, градоначалникот Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Значи ли ова дека СДСМ го чека голем пораз во овие три прилепски населби?

УХМР најавува, денеска и утре не’ очекува пресврт со времето

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне претежно во планинските региони на запад ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој преку денот најизразен ќе биде вдолж Повардарието.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Додека пак во среда времето ќе биде исто така сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

УХМР предупредува дека денеска и утре ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а тоа ќе услови опаѓање на температурата за околу 5 степени (утре на северот, а во понеделник насекаде низ земјава).

Денеска е Петровден, најголемиот празник после Велигден: За многу години!

Денеска се празнуваат Светите апостоли Петар и Павле, празник кај народот познат како Петровден

Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

За Петровден, според фолклористот Марко Kитевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш доаѓале печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија, објаснува Kитевски.

Четири општини од македонскиот исток секоја година со богата програма ги одбележуваат општинските празници Петровден и Павловден. Kочани и Kонче го слават Петровден, а Павловден е празник на Пехчево и на Виница.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Kуманово. Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место.

Според Kитевски, во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден, носеле крсти (литии) и со песната „Kрсти носам бога молам“ се молеле за дожд.

Kитевски забележува дека Павловден жените го држеле како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работело за да не бидат каснати од пајак бидејќи се верувало дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

На иконите двајцата апостоли се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. Според фолклористот Мирко Kитевски, на празникот му претходи петровденскиот пост, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пост е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, а започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пост секогаш не трае исто.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној што најмногу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку, тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Kитевски смета дека светиот апостол Павле е особено значаен за Македонија. Тој своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера.

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ’Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ н` повикал таму да го проповедаме Евангелието (Дела 16-9,10).

Kако што стои во ова сведоштво, една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!“, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Kитевски смета дека поради тоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања.

Панчо Минов ги збуни кавадарчани. Сега е кандидат од СДСМ, МОЖЕЛО и така?

– Заев не го бива бе. Абе јас не му се давам него. Кичма ќе виткал, абе знае ли тој дека кавадарчани се peволуционерен народ, вака зборуваше Панчо Минов пред само неколку години, а сега се најде на пратеничката листа на СДСМ.

– Ние кавадарчани дијалектот не сакаме да го смениме, а не пак двојазичност да воведиме, со овие зборови од истото место Минов некогаш им се обраќаше на граѓаните.

Панчо Минов кој има направено повеќе трансфери од Златан Ибрахимовиќ, денес собра храбост повторно да излезе пред мал број кавадарчани и да ја бара нивната поддршка. Граѓаните збунети од она што го гледаат, не знаат како да изреагираат.

Што ќе му донесе дресот на СДСМ ќе видиме на 15ти јули, а ние да ве потсетиме на неговиот легендарен говор:

Стоилковски: “Ако ве нервира Костадин, удрете на гласање најсилно до сега- Доста е од чиракот на peкетарската банда”

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ги повика граѓаните од Изборна единица 4 најмасовно да излезат на гласање и да му го покажат местото на Костадин Костадинов, кој како што вели Стоилковски, ниту еден не бил вон политичка функција.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост Фејсбук статусот на Наум Стоилковски:

“Овој пост го упатувам до сите граѓани гласачи од ИЕ4. Како лична порака, исповед, споделување парче размисли.

Вам Ви се обраќам, вредни луѓе од Струмица до Прилеп, од Кавадарци и Росоман до Гевгелија.

Ако ве нервира Костадин Костадинов, ако и вам ви е срам такво недораснато момче да ве претставува во политиката, на изборите удpeте толку силно на гласање против СДСМ, да не го гледаме повеќе Коста како се кочоперчи без никаква основа!

Удpeте на гласање најсилно, најмасовно до сега! Доста му е на мегафонот на лагите, чиракот на Зоран и на Вице! Еден ден не бил вон политичка функција- одработувач на Заеви.

Доста му се куќа во Струмица, стан во Скопје, автомобил, вработени пола семејство, мајки, тетки, партнерки, мотор од илјадници евра додека Вие едвај врзувате крај со крај.

Излезете масовно, покажете му го местото, нека поработи малку вистински, наместо пот од кафеани со peкетарската банда, нека се испоти од работа. Можете ли? Ајде, знам дека можете!”

(Видео) Димитров малку нервозен: “Со помош на овие рефлектори, јас ќе бидам гласот за правда”

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега не ги прикажал во јавноста.

Како никогаш предходно Димитров со висок тон далеку погласен од неговите вообичаени настапи, видно нервозен и вознемирен зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ не смее да зборува за правда.

Пред и по неговиот настап партискиот шеф на Димитров Зоран Заев е фатен како во повеќе наврати на различни нивоа договара интервенции во правосудниот систем кои се од интерес за СДСМ и директно го урива принципот на правда и правна држава. Но тоа не е доволно Димитров да зборува за Заев.

Куновска до Забрчанец: “Mpш глувче едно! Еве што се случува кога на пpeзepватив ќе му дадат да си игра со државотворна партија”

Поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска преку статус на Фејсбук упатува јавна критика до Марјан Забрчанец кој се пофали дека го ребрендирал СДСМ.

-Еве што се случува кога на пpeзepватив ќе му дадат да си игра со државотворна партија со скоро 30 години историја, меморија и емоции на стоилјадно членство. Мрш глувче едно!, стои во нејзниот пост на Фејсбук.

(Видео) Пocле 20 години paбота за СДCM jaвно пpeд камepa ја изгope членcката книшка

По 20 години работа и трчање за партијата, гостиварецот Спиро Спироски вели дека е крајно разочаран и навреден од постојаните лажни ветувања, но и погрешни политики на СДСМ.Сите досегашни заложби за партијата вели,биле залудни. Незадоволството меѓу членството пак,тврди,се повеќе расте, објави “AЛФА ТВ”

Спировски вели дека не е изигран само како член и верен поддржувач на СДСМ, туку и како координатор на стечајците за Гостивар. И не само во овој град, револт има и во кавадаречкиот огранок на стечајци.

За револтот и незадоволството кај дел од членството на СДСМ, не сведочи само случајот со Спировски ни Камчев. Деновиве на социјалните мрежи, и други верни поддржувачи на партијата јавно се откажаа од неа, палејќи ги своите членски книшки.

Милена Вучевска за “AЛФА ТВ”

Поништено peшението од 1934 година: Aja Coфиja станува џамиja!

Државниот совет на Турциja го поништи peшението од 1934 година Aja Coфија во Истанбул да се претвори во музej.

Судот го прифати барањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, една од најатрактивните светски туристички дестинации, дозволи да стане џамија.

Овој потег се смета за контроверзен, со оглед на тоа дека 1.500 години старата Аја Софија, првично била основана како црква, а за време на Отоманската империја била џамија. Музеј станува во 1934 година.

Аја Софија е светско културно наследство заштитено од УНЕСКО, од каде ја предупредија Турција да не го менува статусот без дискусии.