Македонецот од Австралија, Александар „Велики“ Волкановски, ја одбрани титулата светски шампион во ултимејт фајт, славејќи на поени во категоријата до 66 килограми против Американецот Макс Холовеј во Абу Даби.
Во римечот со истиот ривал што го совлада кога стана планетарен првак во декември минатата година, за Волкановски двајца од судиите гласаа со 48:47, а еден му даде идентична предност на Холовеј.
За 31-годишниот Волкановски ова е 22. победа во 23. борба во Ултимејт фајт шампионатот (УФЦ).
Тој е роден во Шелхарбур, во австралиската држава Нов Јужен Велс, татко му е од битолското село Беранци, а мајка му од Егејска Македонија.
Волкановски е горд на своето македонско потекло и тоа го покажува и со фотографирање со знамето со сонцето од Кутлеш, а стилот на борба му го донесе прекарот што го поврзува со Александар Македонски.
Денеска на градскиот стадион “Гоце Делчев”, кандидатот за пратеник од Прилеп, Миле Талевски, градоначалникот Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, се пофалија дека поставиле нова тревна подлога. На тоа реагираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп од каде испратија фотографии на кои се гледа дека само мал дел од стадионот е покриен со нова тревна подлога.
“Цели три години имаше СДСМ да го реконструира градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Цели три години лежеа и лажеа, па сега на два дена пред избори се фалат дека поставиле нова тревна подлога на теренот од стадионот, иако е поставен само мал дел од тревната подлога.
Ветуваа дека реконструкцијата на стадионот “Гоце Делчев” ќе заврши пред една година, а денеска шутираа топка на четврт терен послан со трева.
Ги прашуваме кој ќе игра фудбал во Прилеп, кога Победа целосно ја уништија и ги избркаа фирмите кои вложуваа во клубот?
Дали оваа манипулација е само беден обид пред избори да се добие глас повеќе, а потоа одново по старо ќе заборават и на фудбалот и на стадионот, како што забораваа и досега?
Фотографиите кои ги приложуваме покажуваат дека на само мал дел од фудбалскиот терен е поставена тревна подлога и токму тука Миле, Сугаре и Јованоски се фотографираа и правеа шоу пред камери.
Триото Миле Талевски, Горан Сугарески и Илија Јованоски, како што ја започнаа, така и ја завршуваат оваа предизборна кампања. Растрчани да асфалтираат метар повеќе и одново да го ветат тоа што го ветуваа и пред 3 години, заборавија дека граѓаните веќе ја изгубија довербата во нив.
На 15-ти јули во среда, следува одговорот на граѓаните за сите манипулации, за сите лаги, за целиот криминал и корупција.
Граѓаните ќе му ја испорачаат сметката на ова трио, заедно со нивниот ментор Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ во програмата “Проект Обнова на Македонија” се обврза на 800 милиони денари годишна дирекна помош за развој на спортот. Спортистите го препознаа тоа и затоа ќе дадат поддршка и ќе го заокружат бројот 14.
Следува ОБНОВА на државата, следува ОБНОВА на спортот!”
Нова аудио снимка во времетраење од 12 секунди беше објавена на интернет, поточно на нов „Јутјуб“ каналот наречен „Зоки рекетарот“.
Во кратката снимка се слуша како Заев го споменува адвокатот Васил Димишков, чиј глас се слушаше во една друга „бомба“ објавена пред десетина дена, кога тој зборува со Зоран Милески – Кичеец за ослободување на Орце Камчев од притвор.
-Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат. Совет ми даде, што да праваам бара пари, значи оне ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра, викам важи јас влегувам во оваа работа, вели Заев.
Кога две кучиња играат меѓу себе мора да комуницираат за да нема повреди. Би-Би-Си преку видеа во „slow-motion“ го анализираше говорот на телото на кучињата кога играат.
-Кучињата еволурале сет на сигнали за да се намали можноста дека играњето нема да ескалира во агресија, вели Марк, експерт за кучиња.
Постојат четири правила кои тие мора да ги следат за другото куче да им дозволи да си играат со нив. Најпрво поклонувањето, тоа е едноставен знак дека кучето сака само да си игра, но нема да нападне или да се обиде да се спари.
Тоа го прават само кога другото куче гледа во нив, и овој сигнал го користат речиси дури и дивите кучиња како волците, хиените и којотите.
Кога играта ќе започне тие почитуваат две правила – не смеат да гризнат многу силно и не смеат да се удрат многу силно. Доколку едно од кучињата загризе посилно отколку што треба, играта завршува, и кучето мора да ја признае грешката и да се извини.
И четвртото и најважно правило, кучето мора да биде искрено. Не смее да нападне доколку веќе дало знак дека сака само да си игра.
Активистите на СДСМ Кавадарци се paзочарани од Заев и додека тој имаше митинг тие се откажуваат од партијата палejќи членски книшки, маици и останат рекламен материјал, пренесува Вечер.
Васил Камчев од Кавадарци координатор на стечajците од 2010 до денеска револтиран со ситуацијата во која се наоѓа, изневерен од партијата за која и самиот вели е партија на лажачите.
– На Лилјана стечајката и носев пpoтестанти од стечajците, дури и пензионери и членови на СДСМ за да има повеќе на протестите, оти не можеа да најдат стечajци. Лилјана Ѓеорѓиевска не ја биваше за да организира и морав од тука да организирам и обеќаа многу дека за стечajците што имаат над 54 години за мажи, а над 52 години за жени и обеќаа дека за сите што имаат над 15 години стаж, дека на сите ќе им дадат ама со тоа ги излагаа. Ама не им дадоа на сите туку им дадоа на 12.800 стечајци. Мене ме излажаа иако тоа не ми следуваше мене, јас тогаш пред 10 години имав 45 години и стаж 12 години имам. Ме лажеа дека ќе ми најдат работа само да одам со нив и да протестирам за власта на Груевски да падне. Божем тогаш било диктатypa. Јас тогаш не осетив диктатypa. Се и сешто правевме , никој не приведоа, никој не тепaa, а сега некој нешто да пише на порталите за Заев или за Шекеринска kpивична пријава поднесуваат одма, одма 3000 евра го kaзнуваат или 3 месеци во затвop. Јас гледам дека сега е многу голема диктатypа, вели Камчев.
Како што вели, тој секогаш бил на чело на пpoтестите, секогаш бил на состаноците на кои се договарале протестите на наводните стечајци.
Откако целата јавност дозна дека Генералниот директор на Тутунски Комбинат, Кире Станкоски, зел плата во висина од 3.500 евра, а самиот Станкоски го потврди тоа, денеска граѓаните ќе ги запознаеме како се збогатиле и останатите директори во комбинатот после само 2 години директорување – истакна на денешната прес конференција Горан Стојаноски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:
“Наташа Василеска Пирганоска, која е сопруга на Кирил Пирганоски, директорот на погонот за цигари во Тутунскиот Комбинат, во февруари месец годинава, купила стан во неселбата Аеродром во Скопје.
Бранко Хронески пак, директорот на погонот за тутун во комбинатот, пред три дена, купил стан во населбата Водно во Скопје.
Неизоставен дел повторно е Генералниот директор Станкоски, кој во 2019 година се стекнал со стан во населбата Карпош во Скопје.
Останува нејасно како овие тројца директори во Тутунскиот Комбинат речиси истовремено, односно во временски период од неколку месеци, купиле станови во главниот град?
Дали додека тутунарите мака мачеа да го предадат својот труд годинава и се бореа тутунот да им биде платен по реална цена, директорите во комбинатот купувале станови?
Исто така прашуваме:
Дали Димоски Стеван, кој е претставник на синдикат на погон тутун е ,,врбуван” од од Генералниот директор Станкоски, со тоа што му ја вработил ќерката во погон цигари Маја Димоска?
И дали Гоце Мојаноски, член на бордот на директори на во Тутунски Комбинат А.Д. Прилеп, си даде отказ од работното место заради откриен финансиски криминал?
Истото лице е претседател на комисија за земјоделство во СДСМ во Прилеп и се уште е на платен список во бордот на директори.
Почитувани сограѓани,
Ова се неспорни факти и токму затоа во пресрет на изборите врие во општинската организација на СДСМ Прилеп. Целото раководство на СДСМ деновиве е нервозно, затоа што знаат дека граѓаните нема да им го простат ова богатење на нивниот грб.
ВМРО-ДПМНЕ во сите овие 3 години власт на СДСМ, доследно ја информираше јавноста за сите скандали и сомнежи за сторени криминали.
Граѓаните видоа со какви луѓе си имаат работа и затоа ќе им пресудат на 15-ти јули.
После изборите и формирањето на идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе следува бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот.
Секој оној кој се огрешил пред законите и се богател на грбот на граѓаните ќе одговара!
Во изминатите неколку месеци биолозите специјализирани за проучување на лилјаци, пред Природниот музеј во Белград и Институтот за биолошки истражувања “Синиша Станковиќ”, примаат зголемен број на повици од загрижени граѓани во врска со активноста на лилјаците во градовите.
Oд музејот предупредуваат дека децениите на научна и педагошка работа и едуцирањето на луѓето за корисноста од лилјаците и значајната улога во синџирот за исхрана и екосистемот, ќе паднат во вода поради пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт.
“Од март 2020 година во повеќе наврати гостувавме во медиумите и дававме интервјуа поврзани со виpycот и лилјаците во Србија, кои навистина се носители на одреден број на виpycи, но не треба никој да се плаши дека ќе му пренесат Koвид-19”, се тврди во соопштението.
Кога се сака се оди напред дури и во вакви услови на кopoна, кога спортот во Македонија е целосно стопиран. Вчера во ресторанот “Империја” во близина на Прилеп, се одржа официјална прес конференција на која вистинско задоволство беше да се слушне за една нова страница на боксот во Прилеп и државата.
Младиот и талентиран боксер на боксерскиот клуб “АC” од Прилеп, Трајче Илиоски, потпиша професионален договор со својот тренер Дарко Чатлески и aвстралиската промотерска куќа “DragonFire” и менаџерот Тони Тољ.
Илиоски на јавноста и е познат по големиот број успеси на домашен и меѓународен терен, иако има само 18 години.
Го носи надимакот “Македонска машина” и е врвен боксер кој од мали нозе созреваше со советите на тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески, а сега се наоѓа пред меѓународна кариера.
Тренерот Дарко Чатлески истакна дека Трајче е дел од клубот “АC” oд неговата 9-годишна возраст и е докажан боксер кој има учестувано на повеќе меѓународни натпревари во бокс и кик-бокс. Тој додаде дека е чест и задоволство да се работи со менаџерот Тони Тољ од Австралија, кој е докажан промотер и човек кој дава се’ од себе за професионалните боксери успешно да изградат интернационална кариера.
Младиот боксер истакна дека за да се биде светски шампион потребен е успешен тим, како што се тренерите Дарко и Ѓорѓи Чатлески.
“Во мојата досегашна кариера имам 40 борби од кои 38 победи. Имам учествувано на голем број натпревари, во и надвор од Македонија, во склоп на македонската репрезентација. Имам учествувано на натпревари во Белгија и Холандија. Исто така голем успех претставува постигнатото прво место на светскиот Куп во Австрија, како и националниот Куп во Врбас и ми претставува чест што ќе ја претставувам Македонија на вакво светско ниво”, истакна Илиоски.
Свое обраќање на крајот од прес конференцијата имаше и легендарниот тренер и судија од Прилеп, Ѓорѓи Чатлески.
“Во 2010 година, од повеќето пионери во нашиот клуб, најмногу се истакна токму Трајче. Тој во својата досегашна кариера има доста натпревари во Македонија, но и надвор од Македонија. Се истакна во боксот, но и во кик-боксот, како и тајландскиот бокс, но ние се одлучивме за боксот. Со неговото влегување во боксот како најмлад професионалец, се надевам дека во иднина ќе имаме и други боксери кои ќе го следат неговиот пример и ќе ја промовираат нашата држава на Балканот, но и во светот”, истакна Ѓорѓи Чатлески.
За време на промоцијата тимот Чатлески не заборави да се заблагодари на својот медицински тим предводен од др – Оливер Тасески и секако на дијагностичката лабараторија Максим. Претседателот на организацијта “ПроБокс Македонија”, Дарко Чатлески, во овој проект и сите активности кои и претстојат на организацијата најави и формирање на медиа пробокс тим, задолжен за уште поголема афирмација на боксот како спорт и следење на “ПроБокс Македонија” насекаде низ светот.
Чатлески најави и кам бек на поранешниот познат боксер од Oхрид, Саше Митрески, кој доколку дозволат условите со kopoнавиpycoт планира бокс настан помеѓу октомври и декември годинава, а на тој настан ќе се приклучат и боксери од “ПроБокс Македонија”.
После прес конференцијата следуваше краток промо тренинг помеѓу тренерот Дарко Чатлески и Трајче Илиоски.
И пет аларми наутро нема да ви се доволни да ве натераат да станете од креветот. Станувањето е бавно и заморно. Будењето? Уште потешко!
За таа цел одлучивме да ви кажеме што да јадете и да пиете за да се разбудите полесно.
Зелен чај
Доколку го стартувате денот со ударна доза кафе, како ништо може да се предозирате. А тоа пак може да ви создаде немир и нервоза. Од друга страна зелениот чај со парче лимон е идеален стимулирачки и закрепнувачки пијалок за будење.
Банани
Овој егзотичен плод ја содржи аминокиселината триптофан, која го снабдува организмот со енергија. Затоа бананите се препорачуваат за појадок и како ужинка.
Грозје и женшен
15 минути пред појадокот можете да испиете една чаша сок од грозје со неколку капки тинктура од женшен. Оваа комбинација дејствува чудотворно! Тоа ќе ве натера да “вриете” од енергија, ќе го засили вашиот имунитет и ќе ви помогне да се справите со стресот во секојдневниот живот.
Сушено овошје
Сушеното овошје ја подобрува вашата кондиција, ја стимулира активноста на мозокот и помага да се справите со менталното оптоварување во текот на денот.
Чоколадо
И, највкусното искушение го оставивме за крај. Наутро, слатките работи се дозволени. Тие ќе ви дадат многу, многу енергија.