Стоилковски: “Ако ве нервира Костадин, удрете на гласање најсилно до сега- Доста е од чиракот на peкетарската банда”

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ги повика граѓаните од Изборна единица 4 најмасовно да излезат на гласање и да му го покажат местото на Костадин Костадинов, кој како што вели Стоилковски, ниту еден не бил вон политичка функција.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост Фејсбук статусот на Наум Стоилковски:

“Овој пост го упатувам до сите граѓани гласачи од ИЕ4. Како лична порака, исповед, споделување парче размисли.

Вам Ви се обраќам, вредни луѓе од Струмица до Прилеп, од Кавадарци и Росоман до Гевгелија.

Ако ве нервира Костадин Костадинов, ако и вам ви е срам такво недораснато момче да ве претставува во политиката, на изборите удpeте толку силно на гласање против СДСМ, да не го гледаме повеќе Коста како се кочоперчи без никаква основа!

Удpeте на гласање најсилно, најмасовно до сега! Доста му е на мегафонот на лагите, чиракот на Зоран и на Вице! Еден ден не бил вон политичка функција- одработувач на Заеви.

Доста му се куќа во Струмица, стан во Скопје, автомобил, вработени пола семејство, мајки, тетки, партнерки, мотор од илјадници евра додека Вие едвај врзувате крај со крај.

Излезете масовно, покажете му го местото, нека поработи малку вистински, наместо пот од кафеани со peкетарската банда, нека се испоти од работа. Можете ли? Ајде, знам дека можете!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.