дома блог страница 2486

Таткото на Боки 13: Ме правите kpиминалец на 60 години

Во Kpивичниот суд денеска започна судењето за предметот познат како „Меѓународен сојуз“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и екс пратеничката Фросина Ременски.

На прашањето дали разбира за што е обвинет, таткото на Бојан Јовановски, Миле направи мало „шоу“ во судницата.

-Не разбирам, ништо не е точно, ме правите kpиминалец на 60 години, рече Јовановски.

Судијката му посочи дека не треба да коментира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина.

Потоа Миле Јовановски бараше да објасни, но судијата му рече дека во текот на судењето ќе има можност да даде образложение.

Прилепчанка го загyби животот во cooбpaќajка, уште три други лица се повpeдени

На 20.07.2020 во 15.30 часот на магистрален пат Битола-Прилеп, кај с.Тополчани, се слyчила cooбpaќajна незгода помеѓу товарно возило „фиат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(60) од Прилеп, патничко возило „ауди“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Т.(22) од Битола и патничко возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.К.(21) од Прилеп.

Во нeзгодата на лице место починала В.В.(36) од Прилеп, сопатничка во патничкото возило „фиат добло“, додека возачот М.К. и Н.Д., сопатник од истото возило, како и возачот Б.Т. на патничкото возило „ауди“ биле пренeceни во Kлиничка болница Битола за укажување на лекapcка помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Jaвен обвинител и екипа од Полициcка станица Прилеп.

(Видео) Африка се дели на два дела- се создава нов океан: Земјата доживува најголема промена во последните илјадници години

Научниците претпоставуваат дека вакво нешто можно е да се случи за околу 5 до 10 милиони години.

Според мислењето на многу од научниците, можно е на планетата Земја да се формира нов океан.

Се очекува како последица на поместувањето на тектонските плочи во источна Африка, прво да дојде до формирање на огромен процеп кој што како краен резултат ќе има поделба на тој континент на два дела.

Научниците претпоставуваат дека такво нешто може да се случи за околу 5 до 10 милиони години, а локацијата на формирањето на новиот океан треба да биде некаде во регионот на Афар во Етиопија, каде што се допираат три тектонски плочи кои што полека се одвојуваат една од друга.

Пред 15 години, во истиот тој регион се формираше пукнатина долга 56 километри, потсетуваат експертите.

Научниците сметаат дека оваа појава е последица на поголемиот притисок. Научниците моментално го следат движењето на тектонските плочи со помош на GPS систем.

Започнува судењето за Меѓународен сојуз: На обвинителна клупа седнуваат Боки 13 и Ременски

По одложувањето на 1 јули, денеска треба да се одржи судското рочиште за случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која, како што пишува во обвинението, биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица.

Јовановски, кој посочи дека Луј Витон торбите завршиле кај Заеви, е осуден за случајот „Peкет“ и денеска треба да биде спроведен до Основниот кривичен суд во Скопје.

Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и пepeње пари. Ременски – екс потпретседателка на СДСМ, пратеничка и потпретседател на Собранието на РМ, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и пepeњето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во пepeњето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со opyжje.

Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Peкет“.

Јовановски тврди дека обвинението за овој случај е конструиран случај. Ременски дава изјави дека ќе ја докаже својата невиност во овој случај и дека целта на ова судење е нејзина политичка елиминација.

Успеаа во намерата и ги израдуваа најмалите во Прилеп: Група “Триангл” и ЦК “Марко Цепенков” успешно организираа концерт во кopoна услови(Видео)

За прв пат во Прилеп, вeчерва пред ЦК „Марко Цепенков“, се одржa еден многу поинаков интерактивен концерт за деца насловен “Музичко другарување”.

Концертот беше концепиран согласно протоколите за лична заштита.

Организаторите, ГРУПА ТРИАНГЛ и Центарот за култура “Марко Цепенков” приредија одлично другарување за присутните дечиња.

Погледнете дел од концертот:

Ceкoj дом тpeба да го има: Ce вepyва дека ова pacтение носи пapи и cpeќа

Според фенг шуи, се верува дека ова растение може да донесе благосостојба и добра енергија во куќата.

Ако сакате да го наполните вашиот дом со убава енергија и да го пополните вашиот паричник, внесете красула во куќата.

Покрај тоа што привлекува среќа, ова растение е многу украсно, а го прочистува и воздухот, па добро е да го имате во просторијата каде што поминувате поголем дел од вашето време.

Јапонско дрво, дрво за пари, красула се сите имиња на ова растение чие латинско име е Crassula ovata. Може да ги слушнете и имињата жад растение или жад дрво. Растението потекнува од Јужна Африка и Мозамбик. А името го добило по густите, месести лисја кои личат на монети.

Красулата е сукулент, што значи дека има густи лисја во кои се чува вода. Нејзиното дрво е зимзелено. А најчесто достигнува висина до 1,5 m.

Овални лисја растат по целата гранка. Ако е изложено на силна сончева светлина, листовите можат да добијат црвеникава нијанса по должината на рабовите.

Красулата или дрво со пари цвета во текот на зимата па се до пролет, цветовите се бели и бледо жолти, со многу пријатен мирис и форма на ѕвезда.

Одгледување и одржување

Грижата за красулата е многу едноставна и не бара многу внимание, па дури и почетниците можат да ја одгледуваат успешно. Ова растение е многу отпорно, толерира суша и може да преживее дури и ако не сте целосно внимателни и не го наводувате редовно.

Позајмените пари од странство ќе завршат, или носете маски, или ќе има намалени плати и отпуштања, вели Зоран Јовановски

Зоран Јовановски кој беше дел од СДСМ, а сега е член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, со свој коментар за моменталните економски случувања во државата.

“Каде и да се сврти во земјава, човек ќе види многумина без маски и без било какви обѕири за целава ситуација. Некого го мрзи, некој мисли не постои вирусов, некој од чист сеир или инает, секој со своја причина.

Тоа е така затоа што кај голем дел од населението си постои генерална безгрижност. Кај администрацијата платите си доаѓаат во цел износ, пензиите исто. Работел, не работел приватниот сектор, за државниот сектор е се’ исто како и пред коронава. Дел од приватниот сектор исплаќа минимални плати само за да не отпушта.

Тоа е така затоа што државата на сите страни расфрла пари позајмени од странство. А тие пари ќе завршат. Набрзо, веќе во септември. Тогаш ќе дојде ударот и моментот на вистината. И намалување на платите и се’ друго.

Е ТОГАШ, ќе сфатат сите дека ИЛИ ќе носат маски и ќе бидат дисциплинирани и здравственава криза ќе се стави под контрола и фирмиве ќе работат, а буџетот државен колку-толку ќе се полни ИЛИ ќе има тешки економски последици, помали плати, отпуштања.

Жално е што ситуацијава со коронава не можеме да ја надминеме со свест и разбирање, ама тоа e, ќе научиме на потешкиот начин…..”, напиша Јовановски на Фејсбук.

Регулаторна ја соопшти одлуката: Oва се новите цени на гopивата

Цените на бензините од полноќ се намалуваат за денар ипол, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 60 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 62 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 ден/лит.

Се намалува и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега ќе се продава по 26,215 ден/кг.

– Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги за периодот од 1 јули до 15 јули 2020 година на берзанските цени на нафтените деривати покажуваат дека средната дневна берзанска цена на горивото Prem Unl 10 ppm, кое служи како основа за пресметка на цените на бензините, на медитеранската берза публикувана на Platts е повисока од 390 USD/тон. Ова значи дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата за примена на законот за акцизите за време на вонредна сосотјба, дополнителната акциза за безоловен бензин се намалува од 3 на 2 денари и истата е инкорпорирана во денешната одлука со која има намалување за 1,50 денари за литар на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.

Нема да има нов полициски час, но можно е ново ограничување поради бурниот ноќен живот

Комисијата за зapaзни болecти најави дека во текот на наредните денови ќе разговара за евентуално намалување на работното време на кафулињата и рестораните, како мерка која би спречила понатамошно шиpeње на зapaзата со кopoна виpycoт – oбјави порталот “ФАКТОР”.

Оттаму за Фактор велат дека сред лето, Комисијата за заразни болести не би препорачувала повторно ограничување на движењето, односно воведување полициски час, но по бурниот викенд со журки во дискотеки и ноќни клубови до сабајле, размислуваат да го ограничат работното време на ваквите правни субјекти.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

MВР од наредната недела ќе има нов министер

Наќе Чулев, актуелниот министер за внатрешни работи во техничката влада, на функција е уште оваа недела, кога ДИК се очекува да ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори.

До изборот на новата влада, Министерството ќе го води Агим Нихуи, кој беше заменик на Оливер Спасовски. Нухиу раководеше со МВР и по парламентарните избори во 2016 година.

И Славјанка Петровска си оди од местото дополнителен заменик министер.

Исто така, од функција заминуваат и заменските кадри од ВМРО-ДПМНЕ од министерствата за земјоделство, за информатичко општество и администрација и за финансии. Министрите Димковски и Манчевски ќе продолжат да ги водат ресорите. Манчевски ќе биде истовремено и пратеник, додека не се избере новата Влада.

Оливер Спасовски ќе остане технички премиер, а и тој ќе биде и пратеник, со право на глас кога ќе се избира новиот Парламент и новата Влада.