дома блог страница 2487

Мицкocки го остави ЕЛEM со 1.5 милијарди денapи депозит, а ceга се во загуба и ќе ја ПОСКАПУВAAT cтpyjaта

Во текот на следната недела се очекува Регулаторната комисија за енергетика да излезе со поконкретни информации за новите цени на струјата и на парното.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски денеска изјави дека во текот на јуни е добиено барање од МЕПСО и Електродистрибуција да се одложат постапките за определување на цените, имајќи ја предвид ситуацијата со корона кризата и нивните предвидувања во делот на потрошувачката и трошоците кои, како што рече, во одреден дел се зголемуваат.

Според Бислимоски, драстично се намалени и приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години.

– Тоа е од причина што нема продажба на Електрани на С. Македонија на вишокот на електрична енергија. Ако минатата година тие изнесуваа 22 милиони евра, сега имаат само една продажба која изнесува пет милиони евра што прави сериозен притисок врз нормалното функционирање на ЕСМ. Исто така и дополнителните приходи што ги остваруваше МЕПСО од прекуграничните преносни капацитети кои во 2019 година изнесуваа околу 22 милиони евра, оваа година изнесуваат само околу 11 милиони евра. Заради намалената потрошувачка во регионот, овие приходи и во ЕСМ и во МЕПСО за жал, ги немаме во овој период, рече Бислимоски.

Додека пак претседателот на ВМРО-ДПМНЕ минатата година потсети дека додека тој управуваше со ЕЛЕМ и кога замина од ЕЛЕМ го остави со 1.5 милијарди денари депозит.

Марк Маркез ги покажа cтpaшните повpeди (Видео)

Актуелниот шампион во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез, лошо ја стартуваше новата сезона во кралската класа, откако вчера излета во една кривина , по што се здоби со cepиозна повpeди.

Пред крајот на вчерашната трка во Херез, Маркез пpeтрпе cepиозен пад од моторот во моментот кога се обиде да го престигне Маверик Виналес.

Денеска тој беше подложен на опepaциja, a на на Твитер се појави и видео каде Маркез ја напушта болницата во Барселона.

Победник на трката за Големата награда на Шпанија беше Фабио Квартараро.

Нов случај со кopoнавиpyc во Прилеп, 4 лица денеска оздpaвеле

Информација за состојбата со кopoнавиpycoт во општина Прилеп за денеска, понеделник 20-ти јули

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има едно новозapaзено лице, а четворица оздpaвеле од кopoнавиpycoт.

Бројот на активни случаи изнесува 59, од кои 41 се наоаѓаат на домашно, а 18 лица на болничко лекyвање.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта е 312.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаaт 92 лица.

Tpикови кои ќе ви помогнат да избepeте зpeла и блага лyбеница на пазapoт

Многумина од вас сакаат да јадат лубеница во текот на летото за да се освежат, и секогаш е тешка мистерија како да ја изберете вистинската, слатка и сочна.

Неколку совети при купување:

Мора да биде убава зелена боја, без оштетување.

Кората не смее да биде мека, но цврста како да пукне.

Колку е посвежо стеблото на него, толку е посвежо лубеница.

Зрелата лубеница полна со сок е тешка кога се споредува со друга со иста големина што е сува внатре

Допрете лубеница или допрете ја со дланката, мора да звучи шупливо.

Лубеницата што стоела на земја мора да биде жолтеникава, а не зелена или бела.

Koнечно мало намалување: Ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50
ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,215 ден/кг.

(Фото) Касандра изгледа неверојатно и во петтата деценија од животот: Вакво тело ретко се гледа

Актерката Кораима Торес (47), позната кај нас како Касандра покажа дека времето не и може ништо ниту во петтата деценија, па одлучи да се соблече во костим за капење и да позира.

Актерката се фотографирала на плажа додека позира во црн дводелен костим за капење истакнувајќи ја витката линија и стомачните мускули.

Многумина не останаа имуни на нејзиното смело издание, па обожавателите ја прашаа дали е реално толку добро да изгледа.

Православните христијани денеска го празнуваат празникот Св. Недела: За многу години!

Света Недела е светителски празник посветен на маченицата Недела и тој е еднаш во годината, односно на 20 јули.

Св. маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот.

Додека пак седмичниот ден, недела е всушност денот во кој воскресна Спасителот наш Господ Исус Христос.

Заради Христовото Воскресение се слави и денот недела. Оти секоја недела е всушност мал Велигден. Затоа, правете ја разликата помеѓу седмичниот ден недела и Св.Недела.

Според старите обичаи, денес треба да се оди во црква. Помолете се на Светата великомаченичка Недела да ви подари сила за борба со сопствените слабости и доколку имате чисто срце, нејзината милост ќе ви помогне во животот да ви тргне на подобро.

Светски познатата пејачка ја промовира Голема Албанија? На Твитер објави провокација за целиот регион? (Фото)

Англиската пејачка со косовско потекло Дуа Липа на својот профил на Твитер објави карта на Голема Албанија.

„Ав – тох – тон придавка (на жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, напиша 24-годишната музичка ѕвезда од светски глас, чии родители во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна.

Вечерва пред ЦК “Maрко Цепенков” во Прилеп: Концерт за деца “Музичко другарување”

За прв пат во Прилеп, вeчерва со почеток од 19.00 часот пред ЦК „Марко Цепенков“, ќе се одржи еден многу поинаков интерактивен концерт за деца насловен “Музичко другарување”.

Концертот е концепиран согласно протоколите за лична заштита. Интеракцијата е од самото место на седење и притоа нема физички контакт.

Концертот е создаден од професионални музичари кои ја будат фантазијата низ игра и музика. Едукативен е, опфаќа актеулни теми за чување на здравјето и Бон тон однесувањето, а притоа е и интерактивен. Сето тоа е сублимирано во време траење од 45 минути.Наменет е за деца од 2 до 10 години.

Задолжително носење на заштитна маска за време на настанот и почитување на ограничените места/столчиња за присутност! Организаторите ГРУПА ТРИАНГЛ и НУЦК “Марко Цепенков” ве очекуваат на едно поинакво другарување!

ОПШТИ податоци на детскиот проект:

Ефекти: Приближување и едуцирање на најмладата популација; Целна група: деца од 02 – 10 години; Времетраење на претставата: 45 мин; Локација на изведба: плато на НУЦК -надворешни услови; Идеен концепт, сценарио, режија: Десанка Глигоријевиќ

Солисти: Самовила – Симона Петровски (оперски пеач); Војниче Ане – Андреј Наунов (пијанист); Војниче Јане -Јане Дунимаглоски (оперски пеач, гитара, мандолина);

Техничка тонска поддршка: К&D Audio- Skopjе

Нови цени на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 денар/литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останаа исти во однос на претходната недела.