Ceкoj дом тpeба да го има: Ce вepyва дека ова pacтение носи пapи и cpeќа

Според фенг шуи, се верува дека ова растение може да донесе благосостојба и добра енергија во куќата.

Ако сакате да го наполните вашиот дом со убава енергија и да го пополните вашиот паричник, внесете красула во куќата.

Покрај тоа што привлекува среќа, ова растение е многу украсно, а го прочистува и воздухот, па добро е да го имате во просторијата каде што поминувате поголем дел од вашето време.

Јапонско дрво, дрво за пари, красула се сите имиња на ова растение чие латинско име е Crassula ovata. Може да ги слушнете и имињата жад растение или жад дрво. Растението потекнува од Јужна Африка и Мозамбик. А името го добило по густите, месести лисја кои личат на монети.

Красулата е сукулент, што значи дека има густи лисја во кои се чува вода. Нејзиното дрво е зимзелено. А најчесто достигнува висина до 1,5 m.

Овални лисја растат по целата гранка. Ако е изложено на силна сончева светлина, листовите можат да добијат црвеникава нијанса по должината на рабовите.

Красулата или дрво со пари цвета во текот на зимата па се до пролет, цветовите се бели и бледо жолти, со многу пријатен мирис и форма на ѕвезда.

Одгледување и одржување

Грижата за красулата е многу едноставна и не бара многу внимание, па дури и почетниците можат да ја одгледуваат успешно. Ова растение е многу отпорно, толерира суша и може да преживее дури и ако не сте целосно внимателни и не го наводувате редовно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.