дома блог страница 2485

Грција го затвори овој граничен премин со Македонија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники“ , а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.

Проверете дали и вие спаѓате во него: Откриен нов 13-ти хороскопски знак

Една стара блог објава на НАСА стана вирален хит оваа недела и ги вознемири бројните корисници на социјалните мрежи. Имено, во тој пост се твди дека е откриен 13-ти хороскопски знак кој може да ги помести сите датуми што биле поврзани со одредени знаци, а со тоа да го смени и нашиот хороскопски знак.

Уште во 2016 година, НАСА на својот блог објави статија во која тврдеше дека античките цивилизации откриле уште еден хороскопски знак наречен Змијоносец (Ophiuchus) кој го опфаќа периодот од 29 ноември до 17 декември, доколку би бил вклучен во системот на редовни хороскопски знаци.

Тие објаснуваат дека цивилизациите што живееле пред повеќе од 3.000 години избрале и поделиле 12 соѕвездија на зодијакот, додека некои други цивилизации имале дури 24 соѕвездија. Дури и тогаш, некои од 12-те избрани знаци не се вклопувале како што треба, а вистинската забуна ќе настане доколку и Змијоносецот како знак биде вклучен во зодијакот.

Ова би значело дека сите датуми кои се поврзани со останатите хороскопски знаци ќе претрпат промени, а со самото тоа и некои луѓе кои до сега имале еден знак, во иднина би имале друг.

Но, оваа идеја им пречи на луѓето кои веруваат во хороскоп, а особено на оние кои веќе го имаат истетовирано својот хороскопски знак некаде на своето тело.

Кои се карактеристиките на Змијоносецот?
Наводниот 13-ти знак е пред се уникатен по тоа што за разлика од 12-те знаци со кои веќе сме добро запознаени, Змијоносецот се поврзува со вистинска личност по име Имотеп, позната и како Серпентариј или Есклепиј кај античките Грци.

Имотеп живеел во 27 век п.н.е. во Египет. За разлика од сите останати знаци, овој знак нема своја спротивност, па според тоа не постојат поларни искуства поврзани со овој знак. Освен тоа, како што самиот знак се наоѓа помеѓу Скорпија и Стрелец, тука некаде се наоѓаат и неговите карактеристики. И тоа е добра работа доколку сте Змијоносец, кој е претставен со симбол на жена која носи змии. Според луѓето кои ги проучуваат хороскопските знаци, тие што се родени во овој знак се посакувани од страна на другите луѓе и ги следи добра среќа.

13-тиот знак е исто така многу страствен, што во поголемиот број случаи може да биде меч со две острици. И покрај тоа што Змијоносецот има многу добри квалитети, тој е исто така многу љубоморен, таинствен и арогантен, со див темперамент. Како интроверт, за овој знак се вели дека ужива во времето поминато со себе и очигледно избегнува социјални ситуации кога знае дека не може да ја покаже својата доминација. Сепак, вие не сакате да се справите со нивната лоша страна. Позади мистеријата која ги опкружува, тие имаат способност за мамење и можат да уништат скоро секого. Змијоносецот е знак на кој дефинитивно не треба да му згрешите.

Како што може да забележите, како и секој друг знак, Змијоносецот има свои позитивни и негативни страни – но повеќето од неговите квалитети можат да се поврзат со стереотипните карактеристики на Скорпијата и Стрелецот (двата знака кои се наоѓаат пред и после Змијоносецот). Тоа значи дека доколку сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември и се препознаете во карактеристиките на Змијоносецот, може исто така да влечете некои карактеристики и од овие два соседни знаци.

Урнебесно: После “голема Албанија” и “голема Македонија” се појави и големо Вевчани (Фото)

После картата на Дуа Липа за голема Албанија и објавата на дел од македонските уметници на историска карта од Македонија, се појави и карта на ГОЛЕМО ВЕВЧАНИ

“Дуа Липа е барат голема албанија, некст тајм е барет голема македонија, преслава е побара санстефанска бугарија, дајте да се опјаниме и мие, Перо Бели да го побарат Големо Вевчани и да изгиниме”, напиша Ранко Србакоски на својот Фејсбук профил.

Апасиев најави контра кpивични за “соросписките ликови”

Претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев најави кривични пријави за како што ги нарече “соросписките ликови”.

“Во карикатуралните соросписки ликови ја гледаме сета нестварност на човекот и сета стварност на нечовекот. #ХушкашиПочињамеСоКонтраКривични”, напиша Апасиев на Твитер.

(Видео) Неверојатно откритие: Откриени тајните на Xитлep на Арктикот

Делот од тајниот “Арктички проект” на Третиот pajx и ден денес ја интригира јавноста, а еден негов дел се чува во музејот на националниот парк “Руски Арктик”. Во овој музеј во 2016 година се доставени остатоци од тајната германска метеоролошка станица која била во функција од 1943-1944 година на арктичкиот архипелаг.

Познато е дека naциcтите организирале експедиции во разни делови од светот како би реализирале научни истражувања. Меѓутоа, тоа главно биле археолошки експедиции. Кога станува збор за Арктикот, постојат теории дека Xитлep таму наводно планирал да пронајде таен премин кон центарот на Земјата.

И покрај разните приказни кои кружат, целите на naцистите биле далеку пореалистични. Уште пред започнувањето на Втората светска вojна, германската команда започнала да прави планови за Северен морски пат.

Во 1931 година, додека СССР и Германија сеуште биле во добри односи, познатиот креатор на цепелини Хуго Екенер, заедно со група германски истражувачи учествувал во меѓународна арктичка експедиција. Воздушниот брод “Граф Цепелин” со тимот советски и германски научници тргнал од Ленинград до Земјата на Фрајно Јосиф, а потоа кон Северната Земја. Последната станица бил Берлин. Советското раководство без размислување го одобрило тој лет, бидејќи арктичкиот регион во тој период бил неистражен пуст простор.

Maгијата на турскиот чај: Краток филм на Андреј Златаноски од Прилеп кој изобилува со посебна убавина (Видео)

Андреј Златаноски од Прилеп изработи краток филм кој ја доловува магијата на пиење и уживање во турски чај.

Златаноски има 19 години и веќе 4 години професионално се занимава со фотографија, филм и видео монтажа, а работи во “Фан продукција Зоран”.

Работи и како фриленсер на повеќе страници, а досега има освоено две награди за филм и две награди за фотографија. Неговата цел во иднина е да добие оскар.

Краткиот филм во продолжение прикажува дека пиењето чај е дел од вековната култура на луѓето и дека во него се ужива секој ден, секој момент, насекаде….

Повеќе видеа од Андреј погледнете на следниот ЛИНК

По објавата на Дуа Липа, се огласија македонските уметници и ја тагнаа пејачката со албанско потекло (Фото)

По објавата на Дуа Липа на социјалните мрежи со картата на голема Албанија, се огласија и нашите естрадни уметници.

Влатко Лозаноски, Некст Тајм и Ламбе Алабакоски експресно реагираа, па на своите инстаграм и Фејсбук профили објавија историска карта на Македонија.

На oбјавата на Дуа Липа бурно реагираше и Твитер заедницата, како и повеќето граѓани од своите лични профили.

(Видео) На денешен ден Армстронг и Олдрин слетаа на Месечината- Сите се прашуваат: “Кој ги фотографираше и каде се ѕвездите?”

Страниците на историјата се испишани пред 51 година кога двајца Американци, Нил Армстронг и Едвин Баз Олдрин, слетаа на Месечината.

Тој 21 јули 1969 година во 22.56 часот по источно време, додека 600 милиони луѓе ширум светот го гледаа на телевизија неверојатниот подвиг, Армстронг зачекори на површината од Месечината и ја изговори познатата реченица “Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото”.

Слетувањето на Месечината е едно од најважните обележја на човечката цивилизација, а неговото значење се истакнува и денес. Меѓутоа, веројатно ниту еден друг настан не предизвикал толку контроверзи и теории на заговор како овој, а половина век покасно повторно се поставува прашањето:”Кој ги фотографираше и зошто на фотографијата не се гледаат ѕвездите?”.

Кој го унакази Домот на културата со ваква лимена конструкција? (Фото)

Вчера пред Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп се одржа концерт за деца, на кој најмалите заедно со нивните родители, баби и дедовци, другаруваа со група “Триангл”.

И секоја чест за ваквиот настан во специфични услови, но на посетителите впечаток им остави и оваа нова лимена конструкција која целосно ја нагрдува автентичноста на Центарот за култура.

Не знаеме кој дошол до ваква идеја целосно да го унакази најрепрезентативниот објект во Прилеп и да го нагрди неговиот изглед, но ќе признаете изгледа невкусно.

Хит твит: “Кога ваучерите ќе стивнат”

ТВИТ НА ДЕНОТ: “Кога ваучерите ќе стивнат”