дома блог страница 2481

(Видео) 20.000 полицајци ја обезбедуваа првата молитва пред Аја Софија откако беше прогласена за џамија

За првпат после 86 години во Аја Софија денес ќе се оджи првата молитва од нејзиното преименување во џамија, а верниците и многубројните туристи од рано утринава пристигнуваат во Истанбул, додека се очекува на молитвата да присуствува и Ердоган.

Аја Софија ќе биде отворена со џума-намаз (голема молитва напладне), а почнале усте по утринската молитва да пристигнуваат верници, додека пак ангажирани се околу 20.000 полицајци за да го обезбедуваат собирот.

Многу граѓани чекаат на 11 контролни пунктови да им се дозволи да влезат во областа на молитва.

После дезинфекцијата, надлежните служби им доставуваат на новодојденците маски и молитвени душеци за една употреба. Во исто време, на граѓаните им се дава симит (леб) и чај за да се зајакнат.

Освен турскиот претседател, други официјални претставници на повеќе партии се очекува да присуствуваат на церемонијата на отворање на џамијата. Исто така, по повод церемонијата, пристигнаа многу домашни и странски туристи.

Аја Софија служела како православна црква 916 години, сè до освојувањето на Истанбул, додека имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.

На 10 јули, турскиот суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја, со која се додели статус на музеј на на Ааја Софија на 24 ноември 1934 година и ја пренамени во џамија.

Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија е вклучена на списокот на светско наследство на УНЕСКО од 1985 година.

Турските власти најавија дека ќе продолжат со зачувување на културните и историските вредности на Аја Софија на таков начин што Дирекцијата за верски работи на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам на таа земја ќе се грижи за реставрација, конзервација и заштита.

Koнцерт на Дуња Иванова во Прилеп

На 28 Јули 2020/ вторник/ од 19.30 часот на платото пред Центарот ќе се одржи концерт „Сеќавања“ на пијанистката Дуња Иванова, кој ги обединува можеби најлуцидните парчиња музика на Макс Рихтер, Лудовико Еинауди и Јан Тирсен.

Концертот ќе се одржи со запазување на сите мерки за заштита од корона вирусот. ( за присутните е задолжително носењето маска, мерење температура и дезинфекција на раце.)

Во минималистички манир, но со програмски определени содржини, овие музички автори на исклучително софистициран начин го предводат современиот израз. Нивната музика поттикнува разговор со самите себеси, не се потребни ниту слики ниту зборови. Тие самите, секој пат одново, создаваат уникатна музичка приказна.

Биографија

Дуња Иванова (1985), магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Тирана (Албанија), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки, Струшки вечери на поезијата, Нов културен бран, Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots во Прилеп, настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт, Руичи Сакамото, Мајкл Најман, Тери Рајли, Стив Рајх, Микаел Сапин, Давид Федел, Бјанка Бан, Јан Тирсен, Макс Рихтер како и низа мултимедијални концерти и настапи на нестандардни локации.

Иванова е селектор и изведувач на музиката за кусиот игран филм “Љубовникот“ (2018). Учествува со свои трудови од областа на музичката теорија и практика на трибините на здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и во рамките на музичко- едукативни работилници.

Во 2007 и 2008 година е ангажирана како демонстратор од Факултетот за музичка уметност во Скопје.Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје.

Автор е на книгите ,,Рецепцијата на музичкото дело во естетичките теории на 20-от век“ (2016), „Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010), „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012), ,,Контекстот како предуслов за музичко доживување“ (2018).

Не игнopиpajте: Во овие случаи телото ви дава инфopмациja дека имате недocтаток на витамини

Во продолжение неколку знаци на витамински дефицит и нивната нутритивна терапија.

Пукнатини на усните агли

Дефицит: железо, цинк, Б витамини (Б3, Б2, Б12). Почесто се јавува кај вегетаријанци или вегани, бидејќи тие го избегнуваат главниот извор на Б12 – месото.

Невегетаријанската опција е повеќе пилешко, туна, лосос, јајца, школки, а за вегетаријанците повеќе сушени домати, темно листести растенија, легуминози, таан, кикирики.

Апсопцијата на железото се зголемува во присуство на Ц витамин повеќекратно, па храната со железо комбинирајте ја со храна богата со Ц витамин: зелена пиперка,зелка, проќељ, карфиол, брокули.

Црвенa боја на лицето и на други регии, како и паѓање на косата

Дефицит: Биотин (Б7). Додека телото лесно си прави депо од сите липосолубилни витамини како К, А, Д и Е, тоа потешко се случува со хидросолубилните како што е целата Б група. Во бодибилдерските кругови треба да се запази следното: живите јајца содржат еден протеин наречен авидин кој ја иннхибира апсопцијата на Б7.

Токму кај бодибилдерскиот проблем со авидинот лесно е решението, посегнете по варени јајца, бидејќи термичката обработка го уништува авидинот, а за повеќе биотин јадете авокадо, печурки, лосос, карфиол, соја, банани и малини.

Црвени и бели налик на акни промени типично на образите, рацете, бутовите и задникот

Дефицит: Есенцијални аминокиселини и витамини А и Д

Намалете ги транс мастите од процесираната храна и сатурираните масти и зголемете го внесот на здрави масти. Повеќе риба, ореви, бадеми, лененово семе, чија, коноп. За повеќе А витамин прошарајте ја вашата чинија со моркови, благ компир, црвени пиперки богати со бетакаротени (прекурсори на А витамин). А за витамин Д повеќе млеко и млечни производи и фатете некаде на плажа.

Пецкање, боцкање и вкочанетост во дланките и стапалата

Дефицит: Б витамини, фолати (Б9), Б6, Б12. Овој симптом е директно поврзан со завршетоците на нервните влакна во кожата, а често ваквите сензации може да бидат пропратени и со депресија, анемија, анксиозност.

Спањак, аспарагус, репки, гравче и други легуминози, јајца, октопод, пилешко, школки, ракчиња се богати со Б витамини и погрижете се често да ги имате на вашата трпеза.

Мускулни грчеви во вид на пободувачка болка во прстите на нозете, потколената и задниот дел од нозете

Дефицит: магнезиум, калциум, калиум. Ако се случува почесто тогаш мора да помислите на дефицит на некој од овие минерали. И запамтете колку повеќе вежбате толку повеќе електролити губите како резултат на потењето.

Јадете повеќе банани, домати, бадеми, лешници, тиква, цреши, јаболка, цитрон,брокули и темно листести растенија како ќељ и спанаќ.

Прилепчанка на Фејсбук ја прикажа болната вистина за македонското здравство

Фејсбук статус на Пале Печијареска Матеска

“Здравството во Германија за време на кopoна виpyc:

Скинати лигаменти на рамо… Mагнетна ти закажуваат за една недела, резултати добиваш за 24 часа, опеpaциja ти закажуваат за 5 дена. Ден пред операциja те тecтираат од кopoна и нема никаков проблем… те опериpaaт!

Здравство во Македонија:

Скинати лигаменти во февруари… чекаш еден месец за магнетна… закажуваш операциja во април… и се уште си на листа на чекање.. ќе си чекаш додека не помине кopoнава..

Па го прашувам Венко Филипче

1. Кога ќе почне нормално да функционираат болниците и клиниките?

2. Доколку не почнат да функционираат за брзо дали може оваа операција да се направи во Германија на трошок на ФЗОМ? Нели после референдумот добивме бесплатно здравство во ЕУ!?

На народецов наш да му кажам: битно ваучери по 100 евра ви дадоа. Тоа што не функционира здравството не е битно”.

(Фото) Семејство од Вухан пронашло лилјак во чорбата која ја нарачале од ресторан: Веднаш направиле тест за Koвид-19, а ова се резултатите

Семејство од Вухан од ресторанот кој се наоѓал во близина на нивната куќа, нарачале свинска чорба. Ова јадење ќе го паметат цел живот, бидејќи во чорбата пронашле лилјак.

Од чорбата најпрво јадел таткото. Тој ја изел речиси половина од нарачаната порција. Како што изјави неговиот син за “Хубеј” телевизија, не забележале ништо сомнително. А кога останатите членови на семеството решиле, по еден ден откако ја нарачале чорбата, да го изедат остатокот, пронашле лилјак, пишува “Дејли Меил”.

“Сакав да ја загреам супата и забележав нешто црно во неа”, вели господин Чен од Вухан.

На телевизиската снимка јасно се гледа дека се работи за лилјак, а семејството веднаш се упатило во ресторанот од каде им било речено дека замрзнатите производи биле купени од локалниот производител.

Сопственикот на ресторанот во Вухан изјави за локалните медиуми дека во неговиот објект јадењата секогаш се подготвуваат во текот на денот, а лилјаците се активни во текот на ноќта. Тој вели дека по завршувањето на подготовката на јадењата тие добро се затвораат и се ставаат во фрижидер. Додадава дека не е можно лилјакот да паднал во чорбата, туку дека веројатно “слетал” во јадењето откако семејството Чен го отворило оброкот.

Локалните власти покренаа истрага откако семејстово Чен се пожали, но истрагата ја отежнува тоа што лилјакот е пронајден еден ден откако е купено јадењето.

Сите членови биле негативни на Koвид-19, а сопственикот на ресторанот, сепак, се согласил да им плати оштета од 224,56 фунти.

Мајсторски погодок со глава на Несторовски против Јувентус: Ќе ја спречи ли да слави титула “старата дама”? (Видео)

Македонскиот репрезентативец Илија Несторвоски, му донесе израмнување на Удинезе на стартот од второто полувреме против шампионот Јувентус.

Несторовски во 52-та минута при накрената топка од Сема, успеа да и избега на целата одбрана на Јуве и да постигне одличен погодок со глава.

На “старата дама” и е потребна победа на овој натпревар за да слави деветта последователна титула во Сериа А на три кола до крајот од сезоната.

Во продолжение погледнете го погодокот на нашиот Иле кој е втор сезонава:

Mepкел со два повици во втopникот cпpeчила вoeн cyдиp во Европа?

Според германските медиуми, канцеларката Ангела Меркел со само еден телефонски повик во вторникот успеала да спречи вoopyжен конфликт во последен момент, кога во Средоземното Море дошло до тензии меѓу Грција и Турција околу малиот остров Кастелоризо во близина на турскиот брег, кои за малку ќе ecкалирале во вoopyжен cyдир.

Според „Билд“ причина за конфликтот се пробни дупчења во потрага по нафта и гас што Турција ги спроведува во непосредна близина на грчките острови, во зоната која Грција ја смета за „ексклузивна економска зона“ (ЕЕЗ), морско подрачје од 200 наутички милји околу островот.

Германскиот најтиражен весник исто така дознава дека поради тоа, 18 турски воени бродови во вторникот навечер биле на пат кон островот Мегисти.

„Билд“ исто така наведува дека Грција ја ставила својата армија во состојба на целосна борбена готовност.

Но, тогаш се вклучи германската канцеларка Ангела Меркел. Таа најпрво телефонираше на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа и на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Резултат: Турција ги повлече своите 16 воени бродови, но остави две во близина на островот. Сепак, тоа предизвика олеснување од обете страни на Егејското Море!, потенцира „Билд“.

Сепак, берлински „Тагесшпигел“ пишува дека е малку веројатно дека ќе има пресврт во спорот околу природните ресурси.

Двете страни веруваат дека се во право. Притоа, тие се повикуваат на разни конвенции и одредби во рамките на поморското право. Двете земји треба да видат дека е неопходна јасна пресуда од независна трета страна. Веднаш треба да контактираат со Меѓународниот суд на правдата или Меѓународниот арбитражен суд. Меркел, ЕУ и НАТО ќе треба да ги убедат своите членки и партнери Турција и Грција. Инаку – се заканува воен конфликт, кој сега само се одложува, стравува коментаторот на весникот „Тагесшпигел“.

Неверојатен yлов: Битолчанец yлови сом капиталец тежок 25 килограми (Фото)

Ненад Хамолиќ од Битола улови сом со тежина од 25 килограми

Веста за овој несекојдневен улов ја објавија од Јавното претпријатие “Стежево”, од каде напишаа:

“Денес нашиот рекреативен риболовец Ненад Хамолиќ од Битола, улови сом со тежина од 25 килограми. Му благодариме за испратената фотографската документација и му честитаме на овој несекојдневен и величенствен успех на риболовецот”.

Пред избори им ветиле дека нема да им ја исклучат струјата: Ромите излегоа на пpoтecт и “ја запалиja” улицата (Видео)

Револтирани Роми денеска излегоа на протест против тоа што им било ветено од страна на власта за време на партиските митинзи дека нема да им биде исклучена струјата, но сепак останале извисени – објави “Курир”

Имено Ромите од Ресен денеска видно разочарани од оваа власт започнаа да протестираат со оган среде улица бидејќи како што велат биле изманипулирани од власта.

На нив им било ветено дека доколку гласаат на изборите нема да им биде исклучена струјата, а денеска се соочиле со прекин на истата.

Ви текнува дека Сугарески ќе туркаше диви градби во Охрид? Па и се сликаше во акција

Твитер заедницата врие. Корисниците пишуваат дека рушењето на дивоградбите во Охрид било само предизборна фарса, иако Министерот Сугарески пред изборите велеше дека има неселективна примена при постапувањето со дивоградбите.

“И, уште верувате дека Нефи ја руши бетонската база? Две недели дигалката стои во иста позиција, миксерите за бетон во полна работна пареа”, пишува Ана Дукоска.

Како Сугарески се сликаше пред избори во акција во Охрид, погледнете ТУКА