(Фото) Семејство од Вухан пронашло лилјак во чорбата која ја нарачале од ресторан: Веднаш направиле тест за Koвид-19, а ова се резултатите

Семејство од Вухан од ресторанот кој се наоѓал во близина на нивната куќа, нарачале свинска чорба. Ова јадење ќе го паметат цел живот, бидејќи во чорбата пронашле лилјак.

Од чорбата најпрво јадел таткото. Тој ја изел речиси половина од нарачаната порција. Како што изјави неговиот син за “Хубеј” телевизија, не забележале ништо сомнително. А кога останатите членови на семеството решиле, по еден ден откако ја нарачале чорбата, да го изедат остатокот, пронашле лилјак, пишува “Дејли Меил”.

“Сакав да ја загреам супата и забележав нешто црно во неа”, вели господин Чен од Вухан.

На телевизиската снимка јасно се гледа дека се работи за лилјак, а семејството веднаш се упатило во ресторанот од каде им било речено дека замрзнатите производи биле купени од локалниот производител.

Сопственикот на ресторанот во Вухан изјави за локалните медиуми дека во неговиот објект јадењата секогаш се подготвуваат во текот на денот, а лилјаците се активни во текот на ноќта. Тој вели дека по завршувањето на подготовката на јадењата тие добро се затвораат и се ставаат во фрижидер. Додадава дека не е можно лилјакот да паднал во чорбата, туку дека веројатно “слетал” во јадењето откако семејството Чен го отворило оброкот.

Локалните власти покренаа истрага откако семејстово Чен се пожали, но истрагата ја отежнува тоа што лилјакот е пронајден еден ден откако е купено јадењето.

Сите членови биле негативни на Koвид-19, а сопственикот на ресторанот, сепак, се согласил да им плати оштета од 224,56 фунти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.