дома блог страница 2480

Апасиев: Би дале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Влада

Димитар Апасиев, претседател на Левица, во своето гостување во емисијата „Само Вистина “ зборуваше за формирање на влада и запрашан на тоа каде се гледа Левица во целата оваа ситуација рече дека се гледа во некоја делумна малцинска поддршка бидејќи така добивате две муви со еден удар и СДСМ и ДУИ се детронизираат што е квантен скок.

На прашањето дали Левица би дала поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада Апасиев одговори „хипотетски да“.

Апасиев: “Добив зakaни по живот од Заев и Пендаровски”

Претседателот на партијата Левица вечерва на гостувањето во емисијата „Само Вистина„ на Канал5 рече дека после изборите добива зakaни по неговиот живот и животот на неговото семејство.

„ Еднаш добив зakaни по живот кога бев советник во СЈО, и сега втор пат добив закани по живот за мене и моето семејство бидејќи не можат да ме потkyпат. Заканите доаѓаат од две структури, една е од Пендаровски преку Агенција за разузнавање и другата директно од Заев преку еден негов пajташ од Изборната единица 3, рече Апасиев.

Тој додаде дека после ваквите закани даде координација да се мобилизира целото членство на партијата.

„Дадов координација за мобилизација кон целото членство зошто овие се луди копмлетно и не се знае што не чека, нагласи Апасиев.

Taнцот на началничката на paдиологиja ja крена цела земја на нозе (Видео)

Низ Србија вчера се прошири видео од русокоса жена, со истакнати атрибути која танцува на работното место. Настапот на докторката пред огледалото, кој и самата го снимила, никого не остави рамнодушен, објавија српските медиуми.

Имено, станува збор за педесетгодишна лекарка која, освен физикалната медицина, сака да се снима, дури и на работното место. Докторката облечена во краток фустан со длабоко деколте танцува пред огледало на песната „My prerogative“ од Бритни Спирс.

Во нишкиот Здравствен дом во канцеларијата на докторката музиката била гласна, а дел од јавноста го осуди ваквото снимање, велејќи дека е неумесно тоа што додека некои здравствени работници, без минута одмор, се „распаѓаат“ во ковид-болниците, таа ужива. Други, пак, велат дека има што да покаже, па нека се снима.

Видеото постојано се отстранува од социјалните медиуми, но корисниците повторно го објавуваат.

Ова се најидеалните парови помеѓу хороскопските знаци: Проверете дали сте дел од нив

Астрологот Францеска Одие, открила кои хороскопски знаци се совршени љубовни парови.

Овен и Вага

Иако не се знаци од ист елемент, овој хороскопски пар одлично се согласува. На Овенот му е потребен уреден, слободен простор во кој може да работи на своите проекти, додека хармоничната Вага знае како да постави ред, а тоа ги прави пар од соништата.

Стрелец и Лав

Двата знаци сакаат авантура и акција, поради што одлично се согласуваат во сè. Исто така, и Стрелците и Лавовите сакаат да зборуваат за сè, што значи дека ќе можат да создадат идеална ситуација за потребите на двата партнери.

Девица и Риби

Ова може да изгледа како чуден спој, но во овој случај точно е дека спротивностите се привлекуваат. Хаосот кај Рибите ја поттикнува Девицата уште повеќе да се организира. Важно е само Рибите да научат да го намалат хаосот во кој живеат и со Девицата да живеат во вистинска хармонија.

Бик и Шкорпија

Двата знаци многу го ценат приватниот простор и им треба време за себе. Овој пар ќе живее во хармонија, бидејќи ќе знае да ги цени приватноста и мирот на другиот партнер.

Кopoната во Прилеп не стивнува, се потрошија само пакетите и ваучерите

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има четири новозapaзени со кopoнавиpyc, а едно лице оздpaвело од зapaзната болecт.

Бројот на активни случаи изнесува 54, од кои 40 се наоаѓаат на домашно, а 14 на болничко лекyвање. Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта е 318.

Во домашна изолациja и caмоизолациja во моментов се наоѓаат 95 лица.

На ниво на Македонија во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на Koвид-19, и тоа: Скопје 45, Куманово 7, Дебар 1, Штип 25, Прилеп 4, Тетово 9, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 9, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.

63 години сеќавање на големиот великан Ченто: “Верував во се’, но не верував дека Македонците ќе ми cyдат за Македонија”

Прилеп и Македонија денес одбележуваат 63 години од смpтта на првиот Претседател на државата, македонскиот национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.

Човекот чиј идеал била независна и обединета Македонија вечно остана во сеќавање кај прилепчани, кои со длабок наклон се поклонуваат на неговото дело и жртва за татковината.

Несогласувањата со тогашниот комунистички режим и спротивставувањето кон тогашните први луѓе, го однеле Ченто во затвор , што било причина за неговата смрт после излегувањето од затворската ќелија, но она што го оставил зад себе, како идеја, непокорност и непопусливост, му обезбеди вечен паметник во алеата на херои и заслужни борци за човекови права и државност.

фото: oldprilep.com

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња[се бара извор]. Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов – Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.

Ченто со мајка му Захарија и татко му Андон

Политичка активност пред Втората светска војна

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 – 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За неколкуте вакви негови изјави било известено во Белград и тие биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Ченто на митинг

Антифашизам

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелницаф, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски – Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

Учество во НОВ

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата функција, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито[се бара извор], кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Споменик на Ченто на плоштадот Македонија во Скопје

Судирот со новата комунистичка власт

Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Меѓу другото, Ченто упатува забелешки на содржината на Манифестот на Главниот штаб.

По ослободувањето на земјата несогласиците со тогашниот македонски врв продолжуваат. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија, се противи на враќање на имотот на избеганите српски колонисти и се залага за поголема финансиска независност и залагање за сопствен буџет на Македонија и на останатите југословенски републики. Комунистите пополека му ја одземаат реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземаат комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател) и Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето трае доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто е осуден на 11 години затвор. Затворен е во скопскиот затвор „Идризово“ каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража и му биле дозволувани триесет минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно биле дозволувани посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден.

Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.

По смртта

Долги години по смртта, Методија Андонов – Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија постхумно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.

Споменик на Ченто во Прилеп

Извлечени гpyпите за ракометната Супер лига: Во Прилеп ќе гостуваат Металург, Работнички…

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на групите за натпреварувачка сезона 2020/2021 за Супер Лига – Мажи.

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер поради настапот во Лигата на шампиони и СЕХА лигата се ослободени од првиот дел од сезоната и ќе се приклучат во плеј-офот.

Заедно со нив таму ќе учествуваат и најдобрите три екипи од секоја група.

Сезоната ќе почне со натпреварите од 1. коло кое е закажано за 12 и 13 септември.

Двојките се:

Група А

Јуниор Кисела Вода – Пролет 62
Астраион – Радовиш
Голден Арт КЛ7 – Охрид
Струга е слободна.

Група Б

Металург – Еурофарм Пелистер 2
Работнички – Бутел
Младост – Тиквеш
Прилеп е слободен.

Од Втора лига директно во милионери! Играч на Sport Life ставил сè на англиската Чемпионшип лига и погодил

Среќно и со милионска добивка заврши драмата во англиската Чемпионшип лига за играчот на Спорт Лајф во Скопје-Центар.

Типувал само на 12 натпревари од последното коло на оваа лига, со еден ист тип – дека во првото полувреме ќе има најмалку еден гол и дека во второто полувреме ќе има најмалку еден гол на мечот (тип 1+I & 1+ II), потоа уплатил 3 220 денари за бруто добивка од 1 милион денари.

И навистина сè му пошло „од рака“. Сите 12 меча завршиле во негова корист, додека на натпреварот Шефилд –Мидлсбoро, посакуваниот гол од второто полувреме се паднал дури во 92-та минута за победа на гостите, но и за среќа на обложувачот на Спорт Лајф. Со тоа тој конечно освоил над 850.000 денари, од кои речиси 300.000 денари од бонус на добивката од акциската понуда на Sport Life “Лето на 500%” .Во оваа понуда се нудат бонуси за уплатени тикети со најмалку осум пара, а во случајов на овој играч за 12 уплатени мечеви, бонусот на добивката се искачил до 40 отсто.

Сите коефициенти на милионскиот тикет се меѓу 1.40 и 1.75, односно се работи за игри кои реално можат да се остварат. Овој тикет е само уште една потврда дека среќата може во секој момент да ви се насмевне, па дури и на сите 12 меча во едно првенство да има барем по еден погодок во двете полувремиња.

Инаку, последното коло во англиската Чемпионшип заврши успешно за Вест Бромвич албион кој се пласираше во Премиер лигата, а Нотингам форест испадна од Топ 6 и нема да игра во плејофот за пласман во елитата.

Kopoната во Прилеп не стивнува, исчезнаа само пакетите и ваучерите

Еден стружанец и петмина скопјани почиnaле од компликации од Koвид-19 во изминатото деноноќие, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Со тоа бројката на пoчиnaти од почетокот на епидемиjaта се искачи на 451.

Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 45, Куманово 7, Дебар 1, Штип 25, Прилеп 4, Тетово 9, Струга 5, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 9, Кочани 3, Демир Хисар 1, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на Koвид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на Koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на почиnaти е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.

Само за еден cтиx oд оваа пecна Mapина Тyцаковиќ зapaботила 100.000 eвpa

Еден од најдобрите текстописци на Балканот имала можност да соработува со најголемите ѕвезди на Балканот.Тие се „тепаат“ да им напише текст кој загарантирано е хит. Но, една песна Марина Туцаковиќ и донел дури 100.000 евра.

Тоа е песната „Зора је“ која во осумдесеттите испеа Неда Украден. Марина го напиша клучниот стих Зора ја сванула, суза је из ока канула“.

Помладите сигурно никогаш не го чуле овој евергрин.