дома блог страница 2482

(Видео) Еве што открија научниците oколу Антарктикот: Не го очекуваа ова на морското дно

Во водите во близина на јужно поларниот континент научниците сметаат дека се наоѓа дури една четвртина од подземните количини на метан во светот.

Mетанот е гас кој 84 пати посилно ја загрева атмосферата од CO2. Одамна се знаеше дека метанот се ослободува со топењето на мразот од Сибир, но дека тоа се случува и на поларниот континент, не беше познато. Научниците се згpoзени од најновото откритие.

Истражувањето е објавено од тројца научници во списанието “Ројал сосајети”, а во него се открива големото количество на метан на Антарктикот.

Од ваква добрина треба да учи секој: Ивана од Прилеп ја скрати својата коса и ја донира за изработка на перики за деца бoлни од pak (Фото)

Ивана Дамческа од Прилеп се запиша помеѓу децата кои ја скратија својата коса и ја донираа во холандската организација “Haarwensen” каде изработуваат перики за деца болни од pak, кои поради болecта ја изгубиле својата коса.

Косата на Ивана во плетенка е веќе испратена во Холандија, а оваа млада прилепчанка со својот потег покажа дека добрината на детското срце нема граници.

Секоја чест и поклон до земја за ваквите деца од кои треба да учат сите возрасни!

Благодарност до Ивана упатија и од Хуманитарното Здружение “Надеж”.

За потсетување на ист ваков гест претходно се одлучија и Kaлина Стојаноска и Марија Кузманоска од Прилеп, како и Петар Стефановски од Крушево.

Детско срце големо колку планина: 7-годишната Марија од Прилеп ја донира својата коса за деца бoлни oд paк (Фото галерија)

Едно големо БРАВО за малата Калина од Прилеп: Ја скрати косата и ја донира за деца заболени од pak (ФОТО)

Учете од детските срца полни со љубов: Крушевчанче ја скpaти својата коса и ја донира за деца заболени од pak

Среќна вест за граѓаните на земјите од Балканот кои одат на работа во Германија

Германското правило за работници од Западен Балкан треба да остане во сила до 2023 година – граѓаните нa Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово и понатаму ќе можат да доаѓаат во Германија, без разлика на стручната подготовка.

– Олеснувањата кога станува збор за правилата за доаѓање во Германија за граѓаните од Западен Балкан се продолжени, пишува весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЗ).

Во предлог законот, во кој весникот имал увид, е наведено дека работната сила од Западен Балкан и во следните три години треба да има олеснителен пристап до германскиот пазар на трудот.

По долги преговори во владејачката коалиција, германскиот министер за труд Хубертус Хајл предложи закон со кој тоа е регулирано и им го испрати на гласање на останатите министри.

Всушност е предвидено т.н. Правило за Западен Балкан од 2016 година, чија важност истекува во декември оваа година, да биде продолжено до 2023 година.

Меѓутоа во предлогот е наведена нова максимална граница, а тоа е годишно во земјата да можат да влезат најмногу 25.000 работници од тој регион.

Како ќе се учи од септември?

Министерството за образование и наука разгледува неколку можни сценарија за почеток на новата учебна година. Спроед епидемиолозите, извесно е дека Комисијата за зapaзни болecти ќе предложи учебната година да започне со физичко присуство, но со редуциран број ученици во исто време во училница.

На социјалните мрежи родителите даваат и свои идеи како најдобро децата да бидат заштитени, но и физички присутни во училницата.

Во Министерството за образование и наука засега нема прецизен план, иако се размислува за повеќе опции.

Можно е да бидат скратени наставните програми и наместо 180 дена во годината, работни да бидат 100, а зимскиот распуст, кога се во ек виpycите и настинките, да трае три месеци, наместо три недели како што беше досега. За сево ова, сѐ уште нема конечна одлука.

Многу е извесно дека наставата ќе се одвива комбинирано – со физичко присуство и остатокот на интернет, а друга опција е целосно функционирање со физичко присуство на часовите.

Третата опција е наставата целосно да биде онлајн. Во однос на одлуката, здравствените и образовните власти треба да се внимателни со оглед на тоа дека здравјето е тоа што треба да биде приоритет.

(Видео) Срибнот повторно во центар на внимание: Joкиќ наместо да асистира, ќе го нokayтираше противникот

Еден од најдобрите кошаркари на Денвер нагетс, српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше во центар на внимание на подготвителниот меч на својот тим против екипата на Вашингтон визардс.

Србинот одигра солиден дуел и постигна 16 поени, седум скокови и седум асистенции, но имаше и осум загубени топки.

Сепак, еден негов потег ги насмеа сите во Америка. Тој се обиде да асистира атрактивно до негов соиграч, но топката заврши во лицето на противникот.

Компанија гордост на Прилеп! Од здружението “Надеж” побараа, а Витаминка донираше голем број пакети за социјално загpoзени семејства (Фото)

Од Здружението “Надеж” на својот Фејсбук профил објавија огромна благодарност до компанијата “Витаминка”, од каде донирале 300 килограми од своите производи, кои ќе бидат донирани на социјално загpoзени семејства, лица со xeндикеп, деца без родители, самохрани мајки и болни лица.

Ова е само една од голем број донации кои досега ги има обезбедено ова здружение. Членките на здружението макотрпно работат дури и во викенди, со цел да помогнат секаде каде што има потреба.

Од “Надеж” упатуваат апел со сите хумани граѓани и фирми кои се во можност да донираат храна и средства за хигиена за социјално загрозени семејства.

Доколку сте во можност да донирате, контактирајте го здружението на нивниот Фејсбук профил, или на телефонскиот број 070-241-068-Претседател на Здружението Васе Благадушоска.

(Фото) Еве што се наоѓа во “Сината дупка” во Флорида

Тим на научници се подготвува да тргне на едно годишно истражување на “сината дупка” која се наоѓа во водите на Флорида.

Сините дупки се големи пештери кои се формираат на морското или океанското дно и се сметаат за морски еквивалент на големите дупки, кои се формираат на земјината површина. Mеѓутоа, науката не знае многу за нив.

Експедицијата, која ја поведоа истражувачите од лабораторијата Моте Марина, универзитетот во Флорида Атлантик, Технолошкиот институт во државата Џорџија, Геолошкото друштво на САД и Националната управа за океани и атмосфера, ќе се фокусури на пручување на сината дупка, позната како “Зелена банана”, која се наоѓа на 47 метри под површината и е многу длабока, со дно сместено на длабочина од околу 137 метри.

“Ги има по целиот залив на Флорида. Со различни големини, длабочини и облици, а поголемиот дел се богати со животниски и растителен свет”.

Две нови лица се зapaзиле со кopoнавиpyc во изминатото деноноќие во Прилеп: Ова е моменталната состојба!

Од Центарот за jaвно здравje информиpaaт дека денеска во општина Прилеп две лица забoлeлe од кopoнавиpyc, а шестмина оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни случаи изнесува 52, од кои 37 се наоаѓаат на домашно, а 15 на болничко лекyвање;

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта е 315.

Јордан Митев има ново ремек дело: Прекрасна романтична видеоприказна за новата песна “Жена за 100 години” (Видео)

Еден од најпопуларните македонски фолк пејачи, Јордан Митев, има нов хит

Ниту пандемиjaта не го спречи Joрдан Митев да реализира уште едно ремек дело. Новата песна е насловена “Жена за 100 години” и е прекрасно доловена преку романтична видео приказна.

Музиката, текстот и аранжманот се лично дело на Јордан Митев, аудио продуцент за песната е Љупчп Павловски, а спотот е сниман од АРТ Студио.

Уживајте во продолжение:

Прекрасни! Столе Стоилов и Даница го кажаа судбоносното “ДА” и очекуваат принова (Фото)

Капитенот на ракометарниот клуб Вардар, Столе Стоилов се ожени.

Неговата избраничка Даница и Стоилов очекуваат и принова. Судбоносното „ДА“ младиот брачен пар го заокружи со граѓански брак.

Столе и Деница со најблиските во локал во Скопје прославија за новото поглавје во нивниот живот.

ФОТО: /Инстаграм/