дома блог страница 2467

(Фото) Јадете во “кафана” на сметка на државата: Еве како британската влада ќе им помага на угостителите

Британската влада одлучи да започне акција “Јади во ресторан, помогни му на ресторанот” и да субвенционира 50%, најмногу до 10 фунти по гостин.

Ројтерс известува дека оваа акција ќе трае за време на целиот месец август и дека ќе се спроведува секој понеделник, вторник и среда, денови во кои бројот на гости во рестораните е помал.

Целта на оваа акција е да им се помогне на угостителите кои се борат со последиците од пандемиjaта предизвикана од кopoнавиpycoт.

Познат е како Русинот кој yдиpa нajcилни шамapи, а сега се проба во друга дисциплина: Противникот издржа само 40 секунди (Видео)

Василиљ Камотски е познат како рускиот крал на шамарањето, дисцилина која ја има во Русија. Но, тој реши да се испроба и во друга дисцилина, а тоа е бокс без ракавици.

Прв противник му беше фармер од 180 килограми кој немаше никакви шанси и издржа едвај 40 секунди во рингот.

Погледнете.

Лyда жypка во Градиште: Младите без заштита лудувaaт на гласна музика како да немиТ виpyc (Видео)

И покрај пpoтоколите и мерките за заштита од Koвид- 19, голем број млади луѓе лудо се забавуваат на плажите во кампот Градиште, и тоа речиси без никаква заштита и без одржување дистанца.

Се чини дека општината и надлежните не преземаат ништо и покрај секојдневните огромни бројки на новозapaзени со кopoнавиpyc.

На социјалните мрежи се шират и видеа од забавите во Градиште, но и од централното градско подрачје.

Погледнете:

Еве како изгледа центарот на Охрид и чаршијата навечер:

И уште едно видео од плажите во Градиште…

Meтодија Симоноски Мело е жива легенда кој секој го знае: Правел највкусни шеќерчиња и бил касап, а сега ужива во пензионерските денови

Веќе 24 години ужива во пензијата. Методија Симоноски (80), кого го знаат по прекарот Мело, ем правел шеќерчиња, ем одгледувал говеда.

Има променето многу професии. Наследник е на мајсторите слаткари, Милош, Ниче, на Миле Биџо и татко му Јон, Ќурчија, Дуко, Просенче, на Каре. На Рампо бозаџијата. На главните слаткари од пред војната, кои се интегрирале и влегле во слаткарските работилници. Со шеќерчињата работи од 15 години во слаткарската задруга Кораб. Во 1954 почнал како чирак. И тоа во работилницата кај шеќерчињата. И татко му едно време бил шеќерџија кај мајсторот Рибаро, но брзо се откажал и тргнал по тутунопроизводството.

– Се правеа шеќерчина нанеа, ментол, колак шеќер, дропс бонбони, шарени бонбони, свилени бонбони. Се чуваа во тегли, додека да се продадат. Се правеа и алви, слатки, баклава, шеќерпаре, локум, тулумби. Шеќерчињата беа тешки за работа особено во зима, оти смесата од шеќер брзо се здрвуваше на мермерната плоча, па затоа понекогаш одоздола под плочата стававме жар, а после плин, се модернизиравме. Шеќер, вода и маја е основниот рецепт за шеќерчиња. Врие сето и се прави како карамела и се здрвува. Колак шеќер беа најтешки за правење, бидејќи смесата како тесто се удираше од кол. Тоа беше мачно. Од кафеав карамел да се добие бела боја. Потоа се тегнеше и смесата се оформуваше. За шарените, од истата смеса му стававме црвени ленти и идеа како шарени, се тегнеа и на преса се сечеа. Зимно време се здрвуваше смесата. Летно време беше полесно. Колак шеќер беше мента бела. Имаше со црвени, зелени и жолти ленти – се сеќава Методија.

Десетина години бил во работилницата. Работел и на локумот. Шеќерна болест не добил од работата со благото, само си ги ,,фрлил,, забите.

– Со мешалка се правеше локумот, вода и шеќер, мајсторите в рака скришум фрлаа лимонтус, дури да се направи смесата и потоа се оформуваше. Цел ден требаше да се меша на локумот. За едната доза два саати, за другата пак толку. Мачно. Си ги расипав забите, а шеќер не фатив. Правев тригони, грчка баклава, шампити – раскажува Симоноски.

Завршил уште десетина години работејќи во сите продавници низ градов, кај Милош, кај Сотка шнајдеро, кај Гимназијата, кај Корзото…

Повеќе години бил и касап. Не директно туку во набавката на говеда и свињи, приватно. Се занимавал 15 години на три локации. Почнал со Наум Грижо. Купувале и колеле на багрем и ги продавале бутовите од дома. Пресно месо сите барале. Ќе купеле едно, две јунчиња, ги колеле и ги продавале.

-Од дете сум мераклија за говеда, за стока. Дури до пред две години ги чував последните крави на Варош, во дворот, дома, а имав до пред неколку години и 20 говеда. Ми лежеше препродавањето на стоката, жива стока, говеда, свињи. Сум ја вртел цела Македонија, дури одевме и во Параќин, Србија со камионче. Добра стока имаше во Западна Македонија, кај Челопек, гостиварско, а свињи во Струмица, Куманово, Свети Николе… Стоката е профитабилна. Од 120-130 килограми теле, за 3-4 месеци се создава јунец од 400 – 500 килограми за месо и се вадат по 5-6 илјади евра чисти од јунец. Работа немаше многу за одгледување, 2-3 пати во денот се фрлаше храна, се чисти и тоа. Мирисаше, ама чистевме често. Фрлавме пилевина, за полесно да се исфрли и исчисти, оти упиваше. Имав и мала фарма в планина, неколку години одгледував стока за месо – вели Симоноски.

Пред една година ја продал и последната крава од која се изнапивал млеко по 2-3 литри дневно, свежо и квалитетно.

– Со стоката ми беше повеќе мерак. Поубаво, поинтересно. Месо пресно имаше. Во Ново Село кога ми исчезнаа свинчињата, си го знаеле патот и по 2-3 километри се вратија дома. Свињите се паметни, многу думаат. Ме интересираа животните. Касаплукот е тежок занает, ама сакав да се кашкам во калта со говедата – вели Методија Симоноски – Мело.

За двата занаети вели дека требало многу труд. Прилепчани го знаат како вредниот и итар варошанец кој сега пензионерските денови ги минува в чаршија, со кафе и мајтап муабет.

Извор: “Неделник Зенит”

ФPЧAT KA3HИ: Носете заштитни мacки доколку сте на одмор во Охрид

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 170 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-90, Струга-46, Кичево-30, Дебар-04).

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 19 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид.

Д-p Даниловcки: Не е вpeме да се отвopaт yчилиштата и гpaдинките

Училиштата и градинките не треба да се отворат во септември, бидејќи децата се најголемите преносители на виpycoт, вели за Канал 5, епидемиологот Драган Данаиловски.

-Се плашам што ќе биде со школската година кога ќе почне, со оглед на гласините кои се шират, дека училиштата ќе се отворат. Не знам како тоа ќе изгледа, децата да носат маски 4-5 часа, тоа е малку илузорно. Се плашам дека тоа нема да успее, вели Данаиловски.

Професорот Даниловски кажа и уште еден податок, кој сите ние треба да го имаме во предвид и особено кога треба да одлучиме дали на нашите деца ќе им дадеме комплетна „слобода“ за социјална дружба со нивните врсници:

-Две студии се деновиве објавени, односно не се ни објавени, туку се дадени во ракопис, а кои велат дека 10 до 100 пати повеќе вируси во носните патишта имаат децата до 5 години. Така вели студијата од Чикаго. Една друга студија од Северна Италија вели дека децата под 14 години имаат два пати поголем ризик да заразат некого, отколку оние кои се постари од 14 години“ вели професорот Данаиловски кој според него, се доволни аргументи школите во нашата држава да останат затворени.

Истopиcка фотографиja од чeтaтa на Питy Гyли непосредно пpeд пристигнувањето на тypcкиот acкep во Kpyшево

Tвит на денот

-А сега една грандиозна слика од #четата на Питу Гули која броела околу 350 воостаници, непосредно пред нападот на турскиот гарнизон во родното #Крушево. Војводата Питу е качен на коњ, доле лево на сликата.

Дали со петиција или протести ќе се поништи одлуката за поскапувањето на струјата?

Илјадници граѓани се приклучија на онлајн петицијата на социјалните мрежи за укинување на одлуката за поскапувањето на струјата.

Бараат регулаторот итно да ја повлече одлуката, намалување на ДДВ за електирчна енергија од 18 на 5 проценти, укинување на скапата тарифа, формирање на посебен фонд за покривање на трошоците на лицата со финансиски потешкотии кој ќе биде финансиран од профитот на универзалниот снабдувач, укинување на задолжителната комунална такса за јавно осветлување.

И од организацијата на потрошувачи со реакција. Велат дека одлуката се носи во време кога домаќинствата се погодени од кризата со вирусот. Сметата дека Регулаторната комисија пред да ја соопшти одлуката требала да спроведе стручна дебата со сите засеганти страни па потоа да предложи решение кое нема да им нанесе штета на граѓаните.

Во настанатата кризна ситуација за голем број потрошувачи не се доведува во прашање само нивното здравје, туку и нивната економска безбедност, од причина што голем дел од нив ги загубија своите работни места или им се намалија приходите. Пресметките за покачување на цената на електричната енергија треба пред се да се засноваат на потребата од намалување на оперативните и фиксните трошоци на енергетските компании кои потрошувачите не треба да ги субвенционираат за тие да продолжат да работат неефикасно, се вели во соопштението од организацијата на потрошувачи.

Вчера и дел од политичките партии, експертите, здруженијата и сидникатите побараа итно да се повлече одлука на Регулаторна, со образложение дека се носи во време на пандемија кога голем дел од луѓето останаа без работа или се со намалени плати.

Струјата поскапе за 7,4 проценти. Новата повисока цена граѓаните ќе ја плаќаат во сметките кои ќе ги добијат во септември, а ќе важи една година. Од РКЕ посочија дека зголемувањето се должи на намалените приходи на енергетските компании поради Ковид-19.

Линк од петицијата.

(Видео) Вака некогаш се славеше Илинден во Република Македонија

Македонија денес прослави 117 години од почетокот на Илинденското вocтание и одново се потсети на xeројските дела и бopба на илинденците во 1903 година.

На социјалните мрежи денес се шири видео, кое претставува краток исечок од прославата на Илинден во 2010 година.

Навистина прекрасна глетка од Мечкин камен каде тогаш имало илјадници на едно место.

Вака се славеше Илинден во Република Македонија:

(Видео) Освојуваат по еден трофеј на 10 години и тој не знаа да го чуваат: Обамејанг го ckpши пехарот од ФА Купот

Пјер Емерик Обамејанг беше инспиратор на победата на Арсенал против Челси во ФА Купот, фудбалерот на „топџиите“ на крајот направи глупост по кој му се смее цела Англија.

Обамејанг пред да го крене големиот пехар, му „избега“ од рацете и се ckpши на теренот на „Вембли“.