дома блог страница 2466

Компаниите од Германија со барање до Владата: 150.000 работници заминуваат во пензија, ни требаат работници од Балканот

Германските работодавци ја предупредуваа владата на таа земја дека без поголема имиграција на работници од Западен Балкан, компаниите во таа земја нема да можат да најдат соодветна работна сила.

Според германски медиуми, Херман Шулте Хилтроп, претседател на огранокот за градежништво на Германското здружение на работодавци, предупредил дека во следните неколку години 150.000 градежни работници ќе заминат во пензија, и дека е сè потешко да се најде соодветно образована и обучена замена.

Тој вели дека работодавците го поздравуваат продолжувањето на правилата за Западен Балкан, што ќе овозможи продолжување на валидноста за издавање работни визи за неквалификувана работна сила, но тој го критикува фактот дека е одредена квота од 25.000 работници годишно.

Ако изгубиме 50.000 работници годишно, онолку колку што досега се стекнавме благодарение на ова правило, ситуацијата сериозно ќе се влоши. Од 2021 година, можеме да сметаме на целосна суспензија во одредени индустрии, како што се изградба на куќи, вели Хилтроп.

Тој посочи дека стравувањата дека работниците од Западен Балкан ќе го оптоварат германскиот социјален систем или ќе одземаат работни места од германските работници не биле оправдани, посочувајќи на студија на германското Министерство за труд која покажа дека нема негативни последици туку сосема спротивно.

Германскиот дневен весник Рајнише Пост истакнува дека ограничувањето е под притисок на ЦДУ затоа што тие стравуваат дека десничарските радикали, како Алтернатива за Германија, ќе го искористат како популистичка кампања против владата.

-На секого е јасно дека ова ограничување најтешко ќе ја погоди во градежништвото ако останеме без тие работници. Но, стравот од десничарскиот радикализам ги принуди коалициските партнери во владата да компромис. Апсурдно е да се тврди дека овие луѓе доаѓаат тука за да користат социјални придобивки, кога Институтот за пазарот на трудот докажа дека скоро никој од работниците што дошле не станале невработени, се наведува во текстот.

Во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, како што посочи, некои работодавци веќе се жалат дека одредени проекти мора да бидат запрени целосно, бидејќи не се сигурни дека ќе можат да најдат работници.

Наспроти популарното верување дека кризата со корона ќе ја намали потребата на работниците од странство, угледниот германски деловен весник „Ханделсблат“ пишува дека работодавците се жалат дека им се потребни работници од Балканот, но дека не можат да ги добијат поради ограничувања во врска со короната.

„Ханделсблат“ пишува дека најкритична е ситуацијата во областа на градежништвото, медицинскиот персонал и софтвер.

„Ханделсблат“ цитира дека од 2009 година до денес, дури една третина од германскиот бруто-домашен производ се реализира благодарение на увезената работна сила.

Извор: “Република.мк”

УХМР со предупpeдyвање: Подгответе се за многу дожд и невpeме наредните 3 дена

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето утре ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и пообилни врнежи.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локалноќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

УХМР предупредува и дека од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.

Концертот “Македонски ноктура” на пијанистката Ема Попивода, во четврток пред прилепчани

На 6 Август /четврток/ од 19.30 часот на платото пред ЦК„Марко Цепенков’ ќе се одржи концертот „Македонски ноктурна“ на кој ќе настапи пијанистката Ема Попивода. „Македонски ноктурна“ е на композиторот Димитире Бужаровски.

Концертниот проект „Македонски ноктурна“ е концерт за пијано во кој се изведуваат 12 композиции од македонскиот автор Димитрије Бужаровски кои се базирани на македонски народни теми. Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката сепак е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката поради препознатливите теми од македонските народни песни: Зајди зајди, Дали паметиш Милице, Калеш Анѓа, Јовано Јованке, Не си го продавај Кољо чифликот, Деспина, Море сокол пие, Шеќерна, Во влашкото маало, Не се бели Маре мори, Трнушко, итн.

Тринаесетте Вечеринки (Ноктурна) од Димитрије Бужаровски се дело кое е изградено на познати македонски народни песни кои вообичаено во минатото се изведувале на седенки како дел од урбаниот фолклор. Во основа тие претставуваат варијации на народните песни кои се користени како своевиден кантус фирмус врз кој е изградена сложена виртуозна пијанистичка фактура. Во неа во духот на полистилистичкиот и полижанровскиот пристап кој Бужаровски го применува во своето творештво уште од средината на осумдесеттите години, доминира неоромантичарскиот пристап со јасни алузии на Шопеновиот и Листовиот пијанизам, но и неокласични, импресионистички и џез фактури, кои заедно придонесуваат кон посебноста и оригиналноста на финалниот резултат.

За овој концерт е снимено и промотивно видео за композицијата „Зајди зајди“ кое стана вистинска сензација на YouTube каналот како и на другите социјални мрежи. Концертот е изведувани во Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Будимпешта, Брисел, Гдањск, каде е високо оценет од тамошната музичка критика и за изведбата и за композициите.

Денecка се празнува Св. Марија Магдалена: Се верува дека на сите жени ќе им се исполни само една желба, доколку го направат ова

Според православниот календар денеска е Св. мироносица Марија Магдалeна.

Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалена). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

Блага Марија, според народното верување е сестра на Свети Илија. Празникот посветен на Благата Марија многу е почитуван меѓу луѓето, посебно меѓу жените.

Спаѓа во неподвижни празници и иако не е обележан со црвено во црковниот календар, овој ден не треба да се работи, ниту дома, ниту на поле.

Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета.

Погледнете како изгледа внатрешнocта на Keoпсовата пиpaмида: Уживajте во дpeвната египетска истopиja (Видeo)

Висока 146 метри, Кеопсовата пирамида е најголема во Гиза, а благодарение на 3Д видеото на Би-Би-Си добивме можност виртуелно да прошетаме низ цврстите камени блокови и да ги откриеме скриените ходници и простории.

Големата или Кеопсовата пирамида, која во античко време се сметала за едно од седумте светски чуда, изградена е за време на владеењето на фараонот Кеопс, односно од 2509 и 2483 година пред нашата ера.

Одамна е познато дека во пирамидата се наоѓаат три големи комори, како и низа ходници и премини, а најголемата комора е 47 метри долгата и 8 метри високата Голема галерија.

(Видео) Ископала тунел за да го извади синот од затвop

51-годишна жена од Украина се обидела да ископа тунел, како би го ослободила нејзиниот син кој е во затвop. Сега и самата е соочена со зakaната да заврши во ќелија.

Жената, чие име не е наведено, изнајмила куќа во близина на затвopoт во Запорожје на југот од Украина, каде нејзиниот син издржува доживотна kaзна затвop поради ybиcтво.

За да го ископа тунелот користела лопата. Копала само навечер за да не привлекува внимание, а до затвopoт доаѓала користејќи тивок електричен скутер.

Се до моментот додека не била yaпceна ископала околу 3 тони земја, односно ископала речиси 10 метри.

Одмор за само 170 евра и не треба да правите кopoна тecт: Погледнете како изгледа ова летувалиште кое сигурно ќе ве освои (Видео)

Бидејќи како последица на пандемиJaта кopoнавиpyc на сила во земјите од ЕУ забpaнет е влезот на македонските државјани, се отвораат некои нови можности за летување.

Една од нив, барем што се однесува до земјите кои што физички ни се поблиску е Албанија.

Летување на југот од Албанија

Недалеку од грчкиот остров Крф се наоѓа и едно од албанските летувалишта кои што поради пандемиjaта коронавиpuc е избор за многумина.

Саранда припаѓа во областа Валона и се карактеризира со мноштво убави уредени плажи и многубројни природни убавини.

Сместувачките капацитети се на задоволувачко ниво, а во местото постои и убаво уредено шеталиште, многу ресторани и кафулиња, но и многубројни продавници.

Освен тоа, во околината на Саранда се наоѓаат и многубројни знаменитости, кои што секако дека треба да се посетат.

Колку чини летување во Саранда?

Поради моменталната ситуација со пандемијата кopoнавирус, ова албанско летувалиште е вистинска авантура.

Таму најевтината варијанта во приватно сместување за 4-члено семејство на почетокот на месец август изнесува околу 170 евра.

Додека пак најскапата опција во ова летувалиште изнесува 2.590 евра за 7 ноќи со доручек, за 4-члено семејство.

Станува збор за ресорт со 5 ѕвезди, кој што е 2 километри оддалечен од центарот на Саранда и кој што има сопствена плажа.

(Фото) За да го поминеш овој мост во Градиште треба да платиш 200 денари

На социјалните мрежи врие од реакции за она што деновиве се случува во кампот Градиште во Охрид.

Еден од најпознатите боди билдери во Македонија, Тоше Зафиров, на својот Фејсбук профил пишува дека на еден од мостовите на плажите се наплаќа дури и “мостарина”.

“За да го поминеш овој мост, доколку сакаш да одиш на некој од плажите на Градиште треба на овој момци да им платиш 200 ден небаре нивни е мостот.

Покрај тоа нивниот арогантен однос на највисоко ниво Не носење на никаква заштитна опрема (Маска, нараквици) со што го загрозуваат здравјето на посетителите.

Немаат никаков означен документ дека тие си го купиле мовчето, не издаваат никаква фискална сметка. И ти стваат печат на рака како на животно пред колење. Kако на пример во Ибица – Шпанија, на ниту една плажа не се наплаќа влез, ниту пак паркинг за кола, затоа секогаш е преполно.

15 минити на оваа паранормална пораја не можев да издржам и си заминав од нашето Градиште. Секоја чест на Градските плажи како: Парк, Кадмо, Голден … и многу други кои што нудат навистина професионален пристап”, напиша Зафиров.

Културно богатство оставено на забот на времето: Прилепчани тука чекале во редици, навести и свекрви оделе рака под рака… (Фото)

Додека исчезнува градската бања, се памети дека уникатно било одржувањето на хигиената на граѓаните до 1981 година, кога поради дотраеност се урна дрвената конструкција во главната просторија со шадрван во женскиот дел, а неколку години подоцна падна и машкиот дел.

Инаку, имало ред во капењето со врела вода загреана на дрва. Првин било парење, после триење и на крајот капење со сапун – самовар.

Се практикувало еднаш неделно пред половина век и повеќе, додека градот немал водовод и канализација.

Уште траат пријатните спомени на семејното капење.

Многу народ се слевал кон бањата особено во сабота. Се чекало ред со торбите со облека, ќесе за триење, крпи, канче за потурање и други реквизити за капење.

Градските повозрасни жени ги носеле снаите и младите невести во четврток.

Невестата ја триела свекрвата, старосватицата, нунката. Паѓале резил мајтапи на сметка на невестите, кои се црвенеле.

Бањата беше споменик на културата од 1958 и 1989 година. Се токмеше да се претвори во галерија.

Сопственици биле Илија и Крсте Арсоски и Методија Ристески – Бањарот. Ја купиле со “суво злато” од Турците во 1921 година.

Со Законот за денационализација, државата ја врати на наследниците на старите сопственици кои ја продадоа.

Aктуелната локална власт и градоначалникот Илија Јованоски ветуваа комплетната реставрација на старата турска бања во Градски музеј со галерија, но тоа досега не се случи, а бањата и понатаму се распаѓа.

Корисни совети за “новопечени” домаќинки: Микробранова се чисти со лимон, дамки со брашно….

Товар е чистењето на куќата, освен кај некои домаќинки на кои им е задоволство и рутина. Понекогаш чистењето може да биде терапија, одвлекуње од тешките мисли по напорниот ден. Одржувањето на чистотата на куќата бара постојани напори, оти ретко кога има крај, особено ако има деца.

Нема ништо со што обичната сода бикарбона не можеше да се справи! Ова е најкорисна и прифатлива материја која помога во многу случаи на живот Пред да ја полните корпата со ѓубре, ставете сода на дното. Таа ќе ги апсорбира сите непријатни мириси. Единствениот начин да ги измиете сите лепливи мрсни нечистотии на електричниот шпорет се прави со врела вода со додаток на сода. Ефикасно е и чистењето плочки со сода бикарбона. Таа не е само абразив, туку и природно белило кое совршено ги чисти плочките во бањата.

Отстранувањето на траги од вода на мебелот се чини со фен за коса. Апсорбираната влага ќе се исуши со неколкуминутен третман со топол воздух од фен.

За брзо отстранување на течност, не е неопходна хартија, крпи или партал. Со малку брашно посипете го натурениот дел. Брзо ќе се апсорбира течноста и нема понатамошно ширење. Брзо и лесно оди отстранувањето на влажното брашно.

Микробрановата печка се чисти со пресечен лимон на две половини. Ставете половинките во сад со вода во рерната за греење 3 минути. Потоа оставете го во затворената печка уште пет минути. Пареата од лимонот ќе ја светне печката. После само ќе ја избришете со сува крпа.

Со раце во гумени ракавици натопете памучни топки во снежник, белило. Избришете ги мувливите и загадени делови на плочките во бањата или околу мијалникот. Следниот ден нема да има мувла!

Облеката привлекува прав како магнет, а чистењето е кошмар. Користете лепливи ролери за облека. Тие се создадени да ги соберат сите нечистотии. Безбедно може да се соберат и стаклени парчиња.