дома блог страница 2468

(Видео) Не ги спречи ниту дванаесеттиот спрат: Погледнете го филмското бегство од затвopoт во Оклахома

Затвopeник ocoмничен за ybиcтво избега од американски затвop, спуштајќи се по врзани чаршафи од ќелијата на 12-ти спрат, објави во неделата британски Индепендент.

Пабло Робледо (34), заедно со затвopeникот од истата ќелија Хозе Хернандес, ги искористија чаршафите за да избегаат од затвopoт во округот Оклахома.

Од ТВ каналот КОЦО потсетуваат дека во 1991 година, кога затвopoт бил завршен, инженерите и архитектите рекле дека поради неговиот дизајн невозможно е да се избега. Само два месеци покасно се случило првото бегство.

“Денешен.мк”: Зошто е пpeдаден и лиkвидиpaн Кузман и затвopeн Ченто

– Официјално, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година погоден од kypшум на бугарски вojник. Претходно, била опколена куќата во сегашната скопска населба Трнодол каде тој се наоѓал. Кузман успеал да се извлече, да побегне, но стигнал само некој километар подоле до денешното паркче спроти некогашна Алумина, каде бил застpeлан.

Внимателна анализа на податоците за cmpтта на Кузман, кој бил нарекуван и втор Гоце Делчев, покажува дека тој најверојатно бил предаден. Прашањето е од кого, иако одговорот се насетува од барањата на Темпо, Кузман да биде тргнат

-Интересна е линијата која ги поврзува Рацин, Кузман и Ченто, линија која подразбира непочитување на сите желби на оние кои ги претставувал Темпо и линија која е тесно поврзана пред се со интересите на Македонија и македонскиот народ. Тројцата завршуваат трагично, а нивниот живот, посебно последните моменти на Рацин и Кузман и натаму се обвиткани со мистерија. Наспроти, тоа неколку децении македонскиот народ беше убедуван во нешто друго

Целиот тектс на Дарко ЈАНЕВСКИ за ДЕНЕШЕН.мк прочитајте го тука.

Еве како “многу совесен” прилепчанец за мирно да спие го решава проблемот со ноќната галама (Фото)

Фотографии од клупите во паркот кај зградите во населба Бончејца во Прилеп.

Некој “многу совесен” граѓанин ги натурил со масло, веројатно со намера да наштети некому кој од невнимание ќе седне, или пак да ги одврати младите во ноќните часови.

Како и да е, доколку некој галами доцна навечер има други начини да се реши проблемот, а не со уништување на она што е општо корисно за сите.

Maлолетници од Прилеп фатени и yaпceни со мapиxyaна во Охрид

Уапceни се двајца малолетници од Прилеп откако кај нив во Охрид била пронajдена мapиxyaна.

На 31.07.2020 во 23.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, поради тоа што кај нив била пронajдена мapиxyaна, лишени од cлобода се две 16-годишни лица од Прилеп.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна приjaва, информираат од МВР.

Илинден со чуден владин симбол: Повторно изоставени националните симболи и името на државата

Наместо Македониумот, споменикот кој ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, Владата годинава со помалку чуден симбол го одбележува Илинден. На него ниту е споменато името на државата, ниту пак Крушевската република, само пишува „Победа за сите- Илинден“ – објави “АЛФА ТВ”

Токму симболот предизвика бура реакции во јавноста. Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии се прашува на кого му текнало да прави нов знак за Илинден, кој според неа личи на 3 оџаци или 3 лего коцки во боички.

–Не дечки, кога имате ваков силен симбол за најважниот датум за македонската држава не си играте дизајнери по дома со боички и коцки. И секако може да го користите името Илинден, не морате Македониум. Среќен празник Илинденци. За жал секој ден покажуваме дека не си ја сакаме државата. Од фрлање ѓубре на улица до погубни политики, пишува Трајкоска.

На ден Илинден, кога се слават херојствата на македонските револуционери, Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Никола Карев, Ченто и многу други, во својот говор по повод овој празник, техничкиот премиер Спасовски со име не спомена ниту еден македонски револуционер. Но одлучи да се пофали дека во духот на илинденците бил потпишан договорот за добрососедство со Бугарија. Договор со кој бугарската страна бара Македонија да го признае Делчев како Бугарин.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Одделете 7 минути за Македонија и погледнете го ова видео

Поранешниот главен и одговорен уредник на Македонската радио телевизија, Диме Ратајковски, објави историско видео од архивата на државниот сервис

Се работи за сведоштва за Илинденското востание од крушевчани, а видео материјалот потекнува од делечната 1968 година

„Секоја бука – кумита. Секое гранче – мартинче. Секое ливче – коланче“ – така си потпевнуваше Никола Карев.
„УРА! УРА! УРА! Дојдоа нашите…“

Чујте еден краток дел од приказната на крушевчани, сведоци на Републиката и востанието од богатата ризница на Телевизија Скопје (МТВ). Курири, јатаци, пријатели и роднини се сеќаваат на славните денови од „Илинденската епопеја“ од 1903 година, документирани од македонскиот писател и новинар во документарната програма на Телевизија Скопје, Гого Ивановски.

Овие селективно објавени илинденски сведоштва се само еден мал дел од целокупната колекција, парцијално објавени за прв пат во 1968 година. Сеќавањата претставуваат уникатен и единствен аудиовизуелен извор на преживеани сведоци од Илинденското востание, кои во шеесетите години од минатиот век грижливо се собирани низ цела Македонија како значајно историско наследство и богатство. Чујте ја приказната за тоа како пукнала првата пушка во крушевската чаршија! Како камбаните на трите цркви ја навестиле слободата! Кој бил Никола Карев и кому му бил лут Питу Гули? За чија и каква слобода се бореле востаниците?

Иако во поодминати години, сеќавањата за овој настан се силно врежани во колективната меморија на Македонецот. Сеќавања од едни други времиња и животи, кога „Турската Империја беше велесила и кога ниедна друга сила во Европа не се најде да му подаде рака помошница на нашиот голорак народ, за да си го издејствува и тој правото за живот во една братска заедница со народите во светот.

Крушовската Република имаше кус век, како и востаниците што за неа се бореа. Но, остана нешто друго по нив, нешто трајно и постојано што се врзува со нас и со тие што по нас ќе дојдат како наш сопствен нераскинлив и неотуѓив дел.“ (Г.Ивановски, ТВ серијал – Илинденската епопеја);

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН!

Инфомакс: На Илинденската коњаница не и било овозможено да продефилира на Мечкин камен (Фото)

За прв пат во историјата најголемиот македонско празник, Илинден ќе помине без присуство на традиционалната илинденска коњаница. Од извори од лице место дознаваме дека на коњаницата не и се дозволува да продефилира на Мечкин камен и да го одбележи настанот иако овие момци и девојки поминаа повеќе од 160 километри изминативе денови на коњ, а еден од нив поради повредата која ја заработи неговата кобила, маршот го заврши пеш – oбјави “Инфомакс”

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Ова момче денеска е познат македонски пејач: “Мечкин Камен Илинден 97′, а јас само 13 години, мал, но задоен со љубов кон татковината”

Познатиот македонски пејач, Спасен Силјаноски, објави фотографија од далечната 1997 година, кога тој имал само 13 години

“Мечкин Камен ИЛИНДЕН 97′, а јас само 13 години. Мал, но задоен со љубов кон татковината. Првата песна што научив да ја пејам беше “Крушево абер пристигна”, а втората “Неплачи мајко нежали”. Првиот филм што го гледав заедно со татко ми беше “Македонска крвава свадба”, а вториот “Најдолгиот пат”. Некогаш постоеја искрени чувства, емоции жар и љубов кон татковината, сега само лажен патриотизам ? Дојде време да не смееш да си ја сакаш Татковината, да не смееш да кажеш дека си патриот. Бидеќи ќе те осудат и прогласат за луд, за нив е нормално да си ГЕЈ, ако си патриот тогаш си грешник….Епа еве јас сум најголемиот грешник и ќе продолжам да си ја сакам МАКЕДОНИЈА…Ќе продолжам да го кревам мојот глас против секој еден кој работи против националниот интерес без разлика дали и колку ќе изгубам од мојата кариера…Тоа не е повредно од Македонија, некогаш губеле животи и се гордееле со тоа. ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА”, напиша Силјановски на Фејсбук.

Иcвиpкана владината делегациja во Kpyшево: Ова е мecто за xepoи, не за пpeдавници (Видео)

Релативно малиот број на посетители на Мечкин Камен во Крушево околу 11.30 часот ги пречекаа и претставниците на Владата. Тие беа исвиркани од дел од присутните граѓани, објави Фокус.

„Ова е место за херои, не за предавници“, „Никогаш Северна, само Македонија“ , викаа присутните кон владините функционери.

Видеото може да го погледнете на ТУКА.

Мицкоски: Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе биде во Ташмаруништа, неговото обраќање пред локалното население е планирано да биде во 10:30 часот.

Утрово тој го честиташе Илинден на неговата фејсбук страница во која напиша:

Илинден е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг.

117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна, независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава.

Нашата борба за слобода има константа, се крена Илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која нѐ задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната.

Треба да ги чуваме илидненските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме. Европската Унија сѐ уште е далеку од нашиот дофат пред се поради неисполнетите реформи, криминалот и корупцијата која силно го гризе секој дел од општествито. Сиромаштијата расте, а граѓаните не се среќни, иселувањето не престанува.

Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат.

Честит Илинден!