дома блог страница 2454

Чаир вечер на улица за струјата, прилепчани уживаат во поскапувањата, дури и водата 60% не е проблем?

Овој петок со почеток од 18 часот, во паркот Чаир е закажан уште еден протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто.

Како што наведуваат организаторите, собирот е во паркот Чаир и ќе се маршира се до Влада.

„Бараме доброволци од сите населени места во Скопје и околина да се пријават во советот на протестот за да заедно организираме и што повеќе да ја мобилизараме масата за масовен протест.

Доброволците треба да се јават, да ги остават своите лични податоци како и населеното место и контакт телефонот“, стои во најавата за протестот.

Mинатата недела протести за покачената струја имаше и во Тетово и Гостивар, каде голем број на луѓе излегоа на улиците и плоштадите.

Во меѓувреме во другите градови, меѓу кои и Прилеп, како да им одговара покачувањето на сметките и никој не пројавува иницијатива за протест.

Битолчанка ќе ги застапува интересите на кошаркарските џинови

Мери Ковачевска, сопруга на директорот на државната компанија ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е партиски кадар на СДСМ стана претседател на Здружението на кошаркарски прволигаши.

Чудно, но оваа госпоѓа која нема никаква поврзаност со кошарката, доаѓа на ваква функција.

Таа доаѓа на место на местото на Видоја Секуловски од МЗТ Скопје, чиј мандат веќе заврши, и ќе биде првата дама на чело на ова здружение.

Ваквото именување го поставува прашањето дали станува збор за обид на владејачката партија, преку сопругата на својот истакнат член, да оствари контрола во случувањата во македонската кошарка. Тоа прашање е актуелно особено што Мери Ковачевска има едвај едногодишно искуство во кошарката, односно само од минатата сезона таа е дел од управа на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола.

Мери Ковачевска од тимот на Пелистер, која денеска, засега неофицијално, ги доби потребните гласови од останатите прволигаши, на гласањето одржано преку електронска пошта. Таа од минатата сезона е дел од амбициозната управа на клубот од Битола, кој летово сериозно се засили и кој предводен од тренерот Марјан Илиевски, репрезентативците Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ и веќе ангажираните неколку странци, дефинитивно ќе атакува на самиот врв од табелата.

Пред првата дама-претседател на Здружението ќе биде сериозна задача во пресрет на една турбулентна сезона, каква што дефинитивно ќе биде таа што доаѓа со оглед на сѐ уште актуелната пандемија со коронавирусот. Креирањето на календарот, подобрување на протоколот за игра, начинот на кој би се решило првенството во случај на нов предвремен прекин се само дел од работите со кои Ковачевска ќе треба да се фати во коштец, секако заедно со раководството на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

(Видео) Мистериозен објект на Антарктикот: Изгледа како огромен крузер, но сите се прашуваат како стигнал до замрзнатиот континент

На социјалните мрежи се коментира откритието што на Google Earth успеал да го забележи еден од корисниците. Станува збор за објект кој се наоѓа на брегот на Антарктикот, а изгледа како крузер.

Откритието покрена лавина коментари за тоа што се крие на замрзнатиот континент- од тајни нациcтичkи бази, до мистериозни цивилизации на вонземјани.

Фотографијата беше објавена на еден Јутјуб канал и веднаш привлече внимание. Кога снимката ќе се направи во ЗDmode не може да се порекне дека потсетува на голем брод.

Сите очи насочени кон неа: Ова е ќерката на Путин и тaa e првата коja ja прими вakцината пpoтив Koвид-19 (Bидeo)

Откако рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека една од негвите ќерки ја тестирала на себе вakцината против kopoнавиpycoт, јавноста почна да се запрашува за која ќерка станува збор.

Mарија Воронцова (35) е најстарата ќерка на Путин, а по професија е педијатар-ендокринолог. Сега очите на јавноста се насочени кон неа, со оглед на тоа што другата ќерка на рускиот претседател е балерина.

“Една од моите ќерки ја прими вakцината. Во таа смисла учествуваше во екцпepиментот. По првата вakцинациja имаше температура од 38 степени, а другиот ден 36”, рече Путин на седница на Владата, каде беше објавено дека во Русија е регистрирана првата вakцина против Koвид-19.

Подгответе се за небесен спектакл: “Метеорскиот дожд” вечерва ќе биде најзабележителен

Секоја година меѓу 17 јули и 24 август на небото може да се види “метеорскиот дожд” Пресеида, а неговиот максимум ќе се случи вечерва.

Станува збор за камени небесни тела кои орбитирајќи околу Сонцето влегуваат во земјината атмосфера.

Метеоритите може да се видат секоја ведра ноќ, ако небото се следи некаде надвор од светлата на градот.

Неколку илјади тони различни честичи и прашина влетуваат во нашата атмосфера секоја година, а огрома количина од овие честички согорува во атмосферата и не стигнува до површината на Земјата.

(Видео) Не сакала да ja пpoдаде куќата, па околу неа и изгpaдиле автопат: И нуделе богaтcтво, a еве зошто ги одбила

Кога се градел автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг, госпоѓа Лианг не сакала да се договори со властите и да се пресели.

Kуќата од 40 квадрати денес стои “во дупка” сред автопатот со четири ленти. Сопственичката не сака да се пресели, бидејќи државата не и понудила адекватна локација.

“Знам кои се последиците и не ми смета што другите мислат за мене. Мислите дека ова опкружување е лошо? Јас сметам дека е тивко, ослободувачко и удобно”, тврди таа.

Наводно од кинеската Влада барала четири стана, а тие се согласиле да и дадат само два.

Peфлектopите биле “шaшливи”, тpeва нема доволно: Oпштина Пpилeп и ФФM ce иcпокapaa за cтадионот “Гоце Делчев”?

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија извршија примопредавање со Општина Прилеп после целосното завршување на инфраструктурните работи на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп кои беа во надлежност на ФФМ. Според договорот, сега стадионот е целосно во надлежност на Општина Прилеп – објавија вчера на веб сајтот на ФФМ, откако претставници на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, заедно со претставници на ФФМ, изведувачите на работите за ставање во функција на рефлекторите и тревникот, го посетија Градскиот стадион „Гоце Делчев”.

Веднаш потоа следуваше реакција од Општина Прилеп од каде велат:

“Општина Прилеп ја демантира објавената информација на официјалната страна на ФФМ, според која стадионот во Прилеп и’ е предаден на Општината.

После извршениот увид, беше констатирано дека треба да се доработи поставувањето на тревникот зад двата гола, чија вкупна површина изнесува околу 1.800 м2, да се преземат дополнителни активности за рамнење на поставениот тревник, како и да се изврши регулирање на прскалките за негово наводнување.

Што се однесува до рефлекторите, факт е дека тие се ставени во функција. Меѓутоа, за запазување на пропишаните стандарди и непречено одигрување на фудбалски натпревари во вечерните часови, потребно е да се изврши фокусирање на светлото од рефлекторите.

Откако ФФМ ќе ги отстрани увидените недостатоци и ќе изврши комплетно завршување на планираните инфраструктурни зафати, Општина Прилеп ќе го потпише Договорот за примопредавање на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ и ќе ги преземе сите преостанати градежни и други активности за негово ставање во функција”.

И ФФМ подоцна упати нова реакција:

“Фудбалската федерација на Македонија изразува разочарување од односот на одговорните лица во Општина Прилеп и изјавите споделени од страна на градоначалникот на општината, Илија Јованоски кои се однесуваат на реконструкцијата на стадионот “Гоце Делчев” и договорените обврски меѓу Фудбалската федерација на Македонија и општина Прилеп.

Фудбалската федерација на Македонија не бара благодарност за целокупниот придонес кој го даде во реализација на целиот проект, но очекуваме барем почит и пристоен дијалог, по се што ова раководство на федерацијата направи за реконструкцијата на стадионот и ги исполни сите обврски од договорот.

Како сериозна и транспарентна организација го споделуваме договорот со општина Прилеп за реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ во кој се наведени обврските на договорните страни.

Во однос на точките кои општина Прилеп ги сподели како нереализирани од страна на ФФМ, потенцираме, а тоа е јасно наведено во договорот, дека ФФМ нема обврска за поставување на тревник зад двата гола, но изразуваме подготвеност да го реализираме и тој дел, односно ФФМ да постави тревна површина зад двата гола, во услови кога временските прилики ќе дозволат да се направи тоа.

Во однос на рефлекторското осветлување потенцираме дека по извршените тестови, извештајот од надзорот за осветлувањето потврди дека истото функционира според сите домашни и меѓународни стандарди.

Една од важните забелешки е дека општина Прилеп треба да изгради трафостаница за снабдување со електрична енергија, а потоа да се изврши фокусирање на светлото за рефлекторите.

Сметаме дека е беспредметно да навлегуваме во расправа или убедување во однос на забелешката за „нивелирање на прскалка“ за тревната површина во услови кога сите присутни и од страна на инвеститорот и страна на надзорот констатираа дека се испочитувани сите стандарди со поставувањето на новата тревна подлога (тревни бусени), модерен дренажен систем и нов автоматски систем за иригација – полевање, нова песочна подлога и тревен бусен од природна трева”, напишаа од ФФМ и во прилог јавно го објавија договорот со Општина Прилеп.

ФФМ договор Општина Прилеп.pdf

Oва е една од најчестите грешки при приготвување пилешко: Ако го правите истото го доведувате во опacнocт вашето здpaвje

Свежото пилешко честопати е преполно со бактерии, како салмонела и хеликобактерии, а миењето со вода никако не помага да се ослободите од нив

Пилешкото е еден од омилените видови месо во многу домови, но многу домаќинки прават една грешка при приготвувањето која може да биде опасна по здравјето.

Имено, пред да го стават да се пече, најпрво го мијат пилешкото под млаз вода, мислејќи дека така ги отстрануваат бактериите од парчето месо.

Меѓутоа, оваа пракса е многу опасна! Сигурно се прашувате зошто… Имено, додека го миете пилешкото, бактериите се шират во мијалникот и на кујнските елементи, а можат да завршат и на вашата облека.

Па затоа, експертите нагласуваат дека единствениот сигурен начин за потполно уништување на бактериите е да го готвите пилешкото на соодветни температури.

Минималната температура за готвење пилешко треба да биде 165 степени Целзиусови.

Но, готвачите не се согласни

Дури и професионалните готвачи не делат исто мислење. Познатата готвачка Џулија Чајлд се залага за миење на пилешкото, додека Ина Гартен нагласува дека тоа не е потребно.

Кој е во право?

Зад мислењето на Гартен стои науката, која го поддржува нејзиниот став. Без оглед на потенцијалните опасности од миењето на пилешкото, навистина нема причина за таква пракса.

Доколку сепак не сакате да се откажете од миењето на пилешкото пред приготвувањето, обидете се потоа правилно да ги дезинфицирате сите површини.

Селото кое според преданието името го добило од Јуда: Посетете го прекрасното Јудово (Фото)

Јудово е село сместено во областа Копачка, во општина Кичево. Селото до март 2013 година било дел од поранешната Општина Другово, која оттогаш е припоена кон Општина Кичево.

Селото е планинско, на надморска височина од 850 метри, а од Кичево е оддалечено 12,5 километри.

Јудово се смета за едно од најстарите села во Кичевско. Под истото име се сретнува во турските пописни дефтери од 1476/77 година, како дел од Кичевската нахија и имало 17 словенско-христијански куќи.

Во одредени делови од атарот на селото (како Кршојне) има остатоци од стари рудници. Постои рударски ров долг 9 и широк 4 метри. По Втората светска војна, тука повторно имало рудник, во кој работеле 240 работници. Рудникот работел во периодот 1951-1955 година. Во него била пронајдена железна руда.

Јудово е мало село со тенденција на раселување. Тоа во 1961 година броело 239 жители, а во 1994 година само 46 жители, македонско население.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Јудово живееле 27 жители, сите Македонци.

За селото постои една интересна легенда за тоа како го добило името.

Според едно предание, името Јудово го добило поради тоа што селаните од ова село некого предале, како што Јуда го предал Христос, па оттаму потекнува името на селото. Меѓутоа, има и друго предание по кое името Јудово го добило од името на селото Удово кај Дебар, од каде се претпоставува дека дошле првите доселеници во ова село.

Помеѓу двете светски војни, селаните сакале да го променат името на селото и да го именуваат во нивниот основач, Ковачево. Меѓутоа, властите го предложувале името Вирово. На крај, промената не била извршена.

Во селото се наоѓа една мала, но автентична црква која го носи името на Св. Атанасиј. Црквата е изградена во 1845 година, а според податоците во црковните книги, истата е осветена во 1863 година.

Иконостасот и фрескоживописот се од 1902 година. Иконите се дело на Крсте Николов и син му Русалим од мијачкото село Лазарополе.

Во селото се наоѓа и спомен чешма на борците од НОБ, а пред чешмата е нацртано големо сонце со шеснаесет краци.

Секогаш е убаво да посетите некое ново место, а тоа не мора секогаш да биде море или езеро. Убавините на Македонија се насекаде. Посетете го Јудово.

Самоxpaна мajка ја направи “партал” вицепремиерката Царовска на Фејсбук

Посветено на сите самохрани мајки во Република Македонија и на сите самохрани родители воопшто. Само тие можат да разберат што значи ова што го напишав (Фејсбук статус на Виолета Аврамоска)

“Реакција на постот на госпоѓата ,,другарка” Мила, по повод патот кој ѝ го покажа Апасиев на госпоѓата министерка.

Госпоѓо ,,другарке” Мила. Можеш уште 100 години да бидеш политичарка и ти и твојата другарка Рада и сите други жени политичарки. Но, вие никогаш не можете да се наречете способни, силни и успешни.

Ако бараш успешни жени во Македонија, ти и твојата партија, побарајте ги сите самохрани мајки од државава. Кога ќе ја видите нивната секојдневна борба за преживување, која ја водат за своите деца, во оваа смдрлива капиталистичка јама од држава, која вие ја создадовте за 30 години, е тогаш ќе разберете што значи успешна жена.

Побарајте ги и научете како е сама жена да се бори да обезбеди храна и облека за своите деца, како купува книги, тетратки и сè друго што е потребно за да ги испрати во училиште. Како секој ден грижливо и со болка во душата му подготвува ужинка за во училиште. Како ја боли душата кога детето ќе ѝ побара чоколада, а таа нема пари ни за леб, бидејќи кога ќе ја земе мизеријата од плата за која крваво работела, се чука по главата и се мисли што со неа. Ако ги плати сметките, детето ќе ѝ остане гладно, ако го нахрани детето, ќе ѝ биде исклучена струјата и блокирана сметката.

Мислиш ли дека со таа мизерија од детски додаток, 1000 денари и школскиот 700 денари направивте многу големо и добро дело кон сиромашните? Не, госпоѓо ,,другарке”, само до бескрај нè пониживте како и секогаш.

Е, тие жени кои опстојуваат сами во оваа мизерија од држава можам да ги наречам и силни и способни, жени – борци, жени – херои, жени – лавици. А, вас, политичарките, кои сте ,,венчани “за Парламентот, на кои и петлите јајца ви несат, можам да ве наречам само една голема нула од жени.

Добро е да си ги затворите устите и да престанете да нè понижувате и нервирате.

Патот кој ѝ го покажа Апасиев на другарка ти е вистинскиот. Дури јас би го проширила и списокот.

Посветено на сите самохрани мајки во Република Македонија и на сите самохрани родители воопшто. Само тие можат да разберат што значи ова што го напишав”.