дома блог страница 2453

Легендарниот македонски спортски новинар понижен пред стадион: После 56 години кариера ми ја затворија вратата

Легендарниот македонски спортски новинар Зоран Михајлов преку „Фејсбук“ го пренесе големото понижување, што го доживеал изминатиот викенд, кога не го пуштиле да влезе на Градскиот стадион во Скопје за да го следи и да известува од натпреварот помеѓу „Вардар“ и „Борец“.

Фејсбук статусот на Михајлов проследете го во целост во продолжение:

“И тоа ми се случи. По повеќе од 56 години работа како спортски новинар, вчера вратата на Градскиот стадион во Скопје за да го следам и известувам од мечот меѓу Вардар и Борец, од првото коло на ПМФЛ, за мене беше затворена!Објаснувањето на вратарот беше дека не сум во списокот според протоколот.

Бев изненаден, почнав да му објаснувам кој сум и што сум, иако ме познаваше,но ништо не помогна. Не помогна ниту легитимацијата од АИПС (Светската асоцијација на спортски новинари) со која сум влегувал дури и на дерби натпреварот Милан-Интер и Барса-Реал, но овде за вратарот таа не значеше ништо, иако таа легитимација има вредност дури и на пасош.

Ова го велам од искуство, зашто иако немав виза-со АИПС легитимацијата ми беше дозволен влез во Ница во Франција, за потоада продолжам за Монако и да го следам мечот меѓу Монако и АЕК, за кој настапуваше нашиот Тони Савевски. Ете, толку е вредна и силна таа легитимација, која овде за нашите малограѓански сфаќања изгледа пет пари не вреди. Исто така не помогна и втората легитимација, онаа од ФФМ со која можам да влегувам на сите фудбалски натпревари на територијата на нашата државца.

Значи, пропусниците не ми помогнаа. За прв пат во 56-годишната кариера беспомошен стоев пред Градски, зашто не сум човек според протоколот. Си реков, ајде сега да одам на втората варијанта. Му се јавив на мојот добар пријател- претседателот на Вардар Мирко Спасески, кој сум го следел, коменткирал и пишувал за него уште кога беше активен фудбалер. Се обиде да ми помогне објаснувајќи му на делегатот господинот од Кичево Зердевски, за која личност се работи. Но, од него не доби амин за мојот влез во стадионот.

Исто така не помогна и интервенцијата на тренерот на Борец син ми Горазд, кој заедно со Спасески го убедувале Зерде дека не е коректно да не влезам во празниот стадион. Не знам одговорот бил дека не сум меѓу оние 6 новинари, кои според протоколот (не знам кој го измислил тоа) можеле да бидат присутни на стадионот!

Замислете нема гледачи, а има и ограничен број известувачи, кои ако евентуално нема тв пренос, би ја пренеле атмосферата и играта за да бидат задоволени фудбалските љубители. Па, на крајот од краиштата,се прашувам – која е работата на делагатот? За да го оправда хонорарот кој повеќе од 30 години го добива како делегат треба да решава и вакви ситуации. Инаку, ионака стадионот е празен, без публика, кога нема никакви провокации од трибините и неговиот тефтер останува празен.

Тоа што го прави тој, да ги проверува книшките на фудбалерите може во вакви услови на пандемија и штедење да го прави на пример 4-тиот судија. И јавувањето на портпаролот на ФФМ директно кај вратарот да му објасни за кого се работи и дека треба да ми дозволи да влезам, беше бескорисно.

По сето ова што можев да сторам, освен да се вратам дома и на тв да го следам натпреварот. Но, револтот тлееше кај мене, најмногу од непочитта кон еден од последните живи спортски новинари, кој дел од животот го минал токму на Градски. Зерде заборавил дека бев и генерален секретар на ФК Вардар од 1981 до 1984 година,кога се создаваше онаа шампионска Вардарова генерација. Тој се држаше, ајде да не сум вулгарен и да кажам друг збор за – протоколот.

Иако бев „наоружан“ со сите потребни влезници, маска, ракавици, ако требаше и маратонките ќе ги дезинфицирам, зашто носев и шишенце со алкохол, сепак останав зачуден и немо гледав кон едниот гол, каде се загреваа голманите, можеби за последен пат во животот, зашто по ова понижување што го доживеавптред себе се заколнав оти на фудбал повеќе нема да одам. Мојата кариера како спортски новинар не завршуива, но како фудбалски новинар и гледач е завршена.

Дури нема да згазнам на трибините, кога за жал – ќе игра и македонската репрезентација. Со фудбалот со кој сум од мали нозе и се сеќавам дури и на оној меч меѓу Југославија и Израел, и голот со глава на Милош Милутиновиќ, конечно раскрстувам. Она што ми се случи вчера за мене беше понижувачко.

Замислете, ако пред вратата дојдеше легендарниот Дарко Панчев и вратарот му речеше „не можеш да влезеш, не си во протоколот“!? Е, ова може да се случи само кај нас, земја во која не се почитуваат легендите. Затоа, сум јас тука, па наскоро очекувајте ја монографијата што ја напишав токму за кариерата и животот на Панчев. За фудбалот, верувајте, тоа ќе биде мојата последна сторија”.

“Република”: Дали министерката навреме си ги повлекла парите од пропаднатата Еуростандард банка?

Дали министерката за финансии Нина Ангеловска навреме си ги повлекла парите од депозитите во пропадната Еуростандард банка? – прашува порталот Република.

Според имотниот лист на министерката што го објави ДКСК кога беше именувана на функцијата во октомври 2019 година, Ангеловска во „Еуростандард“ има скоро 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51 илјада евра девизен депозит во истата банка од 2017.

Во моментов, нејзиниот имотен лист изгледа вака:

Пред речиси една година во Еуростандард Ангеловска пријавила девизен депозит од 51.233 евра, а денес според последното ажурирање на имотниот лист во банката има 534 евра.

РК Прилеп со победа против домаќинот го стартуваше турнирот во Струга

Прв натпревар, прва победа на РК Прилеп!

На првиот ден од традиционалниот турнир во ракомет во Струга, РК Прилеп го победи домаќинот со резултат 28:32, на полувреме се замина со 14:17.

Новиот тренер Кузманоски дебитираше на купата на Прилеп со победа и утре ги чека натпревар против Металург.

Тренерот задоволен од прикажаната игра на сите поединци, вклучувајќи ги и новите засилувања кои изминатиот период го засилија Прилеп.

Освен со Металург утре, РК Прилеп ќе игра со Еурофарм Пелистер во петок.

“Денес втор ТАТ: Народот не се нервира, знае дека блескаме?”

Пропаѓањето на Еуро стандард банка претставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар во банкарскиот и финансиски сектор. Се случува ли нов октопод и ТАТ втор дел? Да бидеме на чисто. Државата во услови на корона криза станува неславен рекордер по две работи: првата, станавме единствената земја која во услови на економска и корона криза ја поскапи цената на струјата, втората работа, станавме единствена држава која во вакви негативни услови за земјава дочекува пропаст на банка – Ова го истакна Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финанско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со ова директно и индиректно засегнати се огромен број на пензионери кои добиваат пензија преку користењето на услугите на банката, луѓе кои добиваат плата, и бизниси кои ги користеле услугите на банката. Со пропаѓањето на банката доведени се во прашање исплатите кон 55 илјади граѓани, од кои над 35 илјади пензионери и речиси 20 илјади приматели на социјална помош. Со ова на терет на државата во услови на криза се додаваат депозити во износ на 4.4 милијарди денари или околу 70 милиони евра. Дилеми кои се наметнуваат во овој момент се- Што ќе се случи со депозитите на правните и физичките лица? Загрозени се и лицата со станбен кредит.

Важно е и прашањето што ќе се случува со лицата кои имаат хипотекарен станбен кредит, кои редовно си го исплаќале, дали ќе се активираат хипотеките и ќе се продаваат преку извршител? Проблемот треба да се гледа и по систематски, а особено ако знаеме дека во јавноста кружеа информации дека банката имала проблем уште минатата година, дали кризата влијаела и колку влијаела на пропаѓањето, и ако да зошто ништо не е преземено од страна на државата за спас?

Но власта да одговори и дали сега се преземени сите дејствија за спасување на банката? Исто така сето ова ќе ја подгрее недовербата кон банките дали е можна спирално вадење на депозитите од банките и страв од нови банкарски турбуленции. Очигледен факт е дека сето ова ќе предизвика и нестабилност во банкарскиот сектор. Повторувам, пропаѓањето на Еуро Стандард банка преставува уште еден голем неуспех на актуелната власт и сериозен удар на бизнисот и на над 55 илјади пензионери и приматели на социјална помош“ -порача таа.

Kyновcка: “A 3aeв пpaтеник ли ќe бидe па ce откажал од патни тpoшоци?!”

Пoранешниот функционерка на СДСМ, Софија Куновска, прашува дали лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најавува дека нема да биде премиер, па планира да се откаже од патните трошоци што им следуваат на пратениците.

“Заев се откажал од патни трошоци?! А Заев пратеник ли ќе биде?” – коментира Куновска.

Зaлoжничka дpaмa во „Еуростандард“ банка во Кавадарци

Вистинска заложничка драма се случува во Еуростандард банката во Кавадараци, по информацијата дека НБРМ ја затвара банката и дека ќе побара стечај.

Порталот „Лидер“ дознава дека клиент барал, но не можел да си ги подигне парите во висина од 500 илјади денари.

Дознаваме дека во моментов во Еуростандард банката во Кавадарци врие од полиција.

Луѓето прават лукcyз и од тоа што не треба: Се изработува нajcкапата мacка во светот (Видео)

Во тек е изработка на најскапата маска во светот. Тоа бил првиот услов – да биде најскапа, но и да штити од инфекциjaта, па во неа е вграден филтер Н-99.

Чини 1,5 милиони долари, а толку еден кинески бизнисмен платил на прочуена израелска компанија за скапоцени камења да му изработат заштитна маска од 18-каратно бело злато со 3.600 бели и црни дијаманти.

Покрај ова, за да биде најскапоцена, богатиот Кинез, кој инаку живее во америка, имал услов да биде изработена до крајот на годината.

Со нејзините 270 грама теѓина, најскапоцената маска е речиси 100 пати потешка од класичната маска и веројатно нема да биде практична за носење.

70-годишната Виолета од Прилеп го победи виpycoт после 3 неделна битка: Најголема поддршка и’ било ceмejcтвото

Седумдесет годишната Виолета Мирчевска од Прилеп три неделната битка со кopoнавиpycoт ја поминала емотивно и стpecно, но голема мотивација и било семејството кое ја охрабрувало да издржи и повторно цврсто да застане на нозе – oбјави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

„По една недела со симптоми на Koвид-19, бев xocпитализиpaна во инфективното одделение во Општата Болница во Прилеп. Моето лекyвање беше едно од потешките, бев ставена на кислopoдна поддршка и се чyвcтвyвав многу лошо.

Во текот на целиот престој во болницата, медицинскиот персонал го даде својот максимум. Неуморно работеа за подобрување на мојата состојба.

Без лекapите немаше да успеам да ја пpeживеам оваа битка. Исклучително сум благодарна за грижата, но и за хигиената во установата, презадоволна сум од сѐ.

Голема мотивација ми беше семејството, децата, мојот брат и сопругот кои ја поминаа приказната заедно со мене. Упатувам апел до граѓаните да носиме маски, да се грижиме за нашата хигиена и да држиме растојание од 2 метра“, вели Виолета.

Новото зacилyвање на Јувентус на одмор во Охрид (Фото)

Новото засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски одлучи дел од летниот одмор пред почетокот на новата сезона и подготовките за неа да го помине во Охрид.

Швеѓанецот со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шветска, Жоел Асоро.

Кулушевски минатата сезона ја помина во Парма а Јувентус го купи за 40 милиони евра.

Дали Миле Талески ќе се откаже од патните трошоци, а платата ќе ја донира за Еурокомпозит?

Ова го очекуваат 17.074 прилепчани што гласаа за СДСМ и Миле Талески во Прилеп. Граѓаните уште денес очекуваат да потврди дали и тој ќе го следи примерот на партискиот врв, или oва ќе биде уште една голема лага пред прилепчани?

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски преку социјалните мрежи веќе информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажуваат од средствата за патните трошоци, како што ветија пред граѓаните.

„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, напиша Николовски на неговиот профил.

Останува да видиме дали и пратеникот од Прилеп и од другите градови ќе го следат овој пример и ќе го испочитуваат предизборното ветување. А кога е Прилеп во прашање, платите и парите од патните трошоци можат да се донираат за вработените во прилепскиот загубар “Еурокомпозит”, каде луѓето со месеци не одат на работа и немаат никакви примања.