дома блог страница 2455

Пример кој треба да го следат сите угостители и во Македонија (Фото)

Интересна табла пред угостителски објект некаде во светот…

Велат убавиот збор и културно однесување железни порти отвара, а тоа е така насекаде во светот.

На социјалните мрежи се прошири една интересна фотографија од некој угостителски објект каде пишува дека доколку порачате кафе со зборовите “Едно мало кафе”, ќе ве чини 5 долари, доколку кажете “Едно мало кафе ве молам”, тогаш ќе платите 3 долари, а доколку кажете “Здраво, едно мало кафе ве молам”, тогаш ќе платите само 1,75 долари.

Нова промена на времето: Од утре одново врнежи

Од утре следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Минималната температура во следните три дена ќе биде од 12 до 22 степена, а максималната од 27 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8, односно 7.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

УВ-индексот ќе изнесува 8

Филипче: Ставот на комисијата е првачињата да одат на училиште, другите наставата да ја следат од дома

Став на Комисијата за зapaзни болecти е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, изјави министерот за здравство Венко Филипче во вестите на ТВ “КАНАЛ 5”

-Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите земји во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија, изјави Филипче.

Притоа тој посочи на опасностите за ширење на зapaзата за време на транспортот од и до училиштата, потоа комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории и ходниците.

Овој став денеска, рече Филипче, го презентирал на седница на Владата и додаде дека дискусијата сè уште трае и очекува Владата за неколку дена да го донесе конечниот заклучок.

-Дефинитивен став, имајќи ги предвид и сите други аспекти на Министерството за образование и наука, верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена, рече Филипче.

Состанокот на Комисијата за зapaзни болecти со претставници на МОН денеска беше одложен за утре, а протоколите за начинот на реализација и моделите на настава беше најавено да бидат соопштени на 10 август.

Cpeде емисиja, голема бyбaчка и’ шеташе по вpaтот: Boдителката со нeoчекувана реакциja (Видео)

Интересна ситуација се случила во програма во живо на српската телевизија „ТВ Прва“, кога на водителката сред пренос во живо во студиото, голема бубачка ѝ се шетала по вратот.

Интересно е тоа што таа воопшто не изреагирала, а снимката станала вистински хит на социјалните мрежи.

Дали водитеката не била свесна што ѝ се случува, или пак била доволно храбра, не сакајќи да ја прекине програмата во живо поради ”непоканетиот гостин”, проценете сами.

Во видеото може да погледнете како изгледала таа ситуација:

Нова атракција во Прилеп: По кopoната преку милион туристи ќе дојдат да го видат ова (Фото)

На никого не му е јасно како оваа лименка стана дел од Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп?

Како некој со здрав разум се одлучил да догради ваков објект кој го нагрдува целиот изглед и автентичност на храмот на културата во Прилеп?

Лимената доградба веќе некое време е дел од центарот за култура и се наоѓа токму на платото каде деновиве се одржуваат концерти.

На ваквата слика реагираа граѓани, но и дел од вработените во оваа културна манифестација, кои сметаат дека на лименката воопшто не одговара во целата слика на објектот.

Павле Богоевски во 2017 година: “Нема двојазични униформи и промена на Устав”

Откако вчера министерот за внатрешни работи Нухиу ги потпиша актите за двојазични униформи на полицијата, на социјалните мрежи се споделуваат статуси на актуелни и поранешни политичари и пратеници на власта, кои тврдеа дека тоа нема да се случи.

Еден таков статус е и овој на екс пратеникот Павле Богоевски.

“Нема присилно учење јазик, казни за незнаење албански. Нема двојазични банкноти, двојазични униформи. Нема промена на Устав”, напиша во 2017 година Богоевски на Твитер.

Од 7-годишна возраст чекори по театарските штици: Интервју со Катерина Чакмакоска Клинческа, актерка со исклучителен талент и потенцијал

Kaтерина Чакмакоска Клинческа е дел од младата генерација на актери во прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”. Taa e актерка со голем талент, со многу одиграни претстави досега и исклучителен потенцијал кој допрва ќе го надоградува. На театарските штици зачекорила уште на 7-годишна возраст и била сигурна дека тоа е нејзината идна професија. Ќерка е на легендарниот прилепски актер, Марјан Чакмакоски и целосно го оправдува неговото име пред театарската публика. Во продолжение разговараме за нејзината кариера, планови во иднина, но и проблемите кои ги тиштат актерите во Прилеп.

Кате кога се разви кај тебе љубовта за глумата и кој момент од твојот живот беше пресуден да станеш актер?

– Може ќе звучи претерано, но таа љубов и поврзаност со театарот ја имам одкако знам за себе. Таа се должи сигурно на тоа дека тој првичен контакт сум го имала многу рано благодарение на татко ми. Во секој случај мирисот на детството ми е испомешан со мирис на театер. Не знам точно да кажам кој бил пресуден момент за да го одберам ова ама доволно е ако кажам дека просто јас немав желба за ниедна друга професија. Некако од мали нозе бев сигурна дека го сакам ова и ништо друго.

Колку годни си дел од ансамблот на народниот театар “Војдан Чернодрински” и кажи ни нешто за твоите почетоци на театарските штици

– Осум години сум професионално дел од ансамблот на театар “Војдан Чернодрински”. Прв пат стапнав на сцената на мои седум години во детската претстава “Јунаците од бајките пеат”. И тогаш почна се. Следуваа многу детски претстави за потоа да продолжиме како младинска сцена со многу проекти. Бевме група млади луѓе маѓепсани од театарот и со надеж дека ќе го промениме светот.

Твојот татко е легендарниот прилепски актер, Марјан Чакмакоски. Колку тој како актер беше пресуден за твојот избор на актерската професија?

– Татко ми никогаш намерно не ми ја неметна неговата професија. Напротив, секогаш беше резервиран и оставаше сама да одлучам. Индиректно сакала или неќела покрај него многу рано почнав да следам претстави и тоа беше тоа. Магијата се случи.

Во еден разговор, твојот татко вели дека поседуваш многу поголем талент од него. Што мислиш ти за тоа?

– Ха, ха! Јас не би се согласила со него. Тој е еден пракрасен човек, премногу скромен и исклучителен актер! Јас повеќе би рекла дека сме многу различни како актери. И тоа е добро. Се гордеам со него и се трудам сама да си го градам патот по кој чекорам.

Си учествувала во многу проекти, претстави, си толкувала многу улоги… Имаш ли омилена претстава или омилена улога?

– Уф, тешко прашање. Ќе звучи како клише ако кажам дека сите улоги ги сакам подеднакво. Најискрено и со најмногу љубов пристапувам кон секоја улога. Е сега нормално е некои од нив да ти станат поблиски и да се приврзиш повеќе. Прво на што можам да се сетам се сите претстави што сум ги работела со Нела Витошевиќ. Слободно можам да кажам дека се многу блиски на мојот сензибилитет. “Буре барут”, “Figurae Veneris Historiae” на Наташа Поплавска ми се исто едни од омилените, “Човекот кој не знаеше да каже не” од Мартин Кочовкси исто така. Од соработката со помладите режисери “ Обѕрнисе во гневот” на Кристина Димитрова и “Семејни приказни” на Милош Б. Андоновски.

Имаш ли некоја зацртана цел која сакаш да ја постигнеш во твојата кариера?

– Целта ми е да растам, да созравам, да се надоградувам, да работам многу на себе, да станувам подобра во секој поглед. Имам многу улоги што си ги посакувам во иднина. Си посакувам многу убави проекти, многу аплаузи, фестивали … Имам уште многу соништа што треба да да ги одсонувам.

Ансамблот на народниот театар “Војдан Чернодрински” важи за еден од најталентираните во Македонија, а сите знаеме во какви услови работите. Како успевате да организирате толку успешни претстави,колку државата и министерството ве поддржуваат и колку е лесно или тешко да се работи во такви услови?

– Тоа е прашање кое не мачи долго време. Ние сме еден ансамбл, кој ете така некако се поклопиле сите коцки и успеавме да постигнеме многу успеси во нашата земја, а и надвор од неа. Од друга страна условите кои работиме се навистина мизерни и тоа не е тајна. Колку да се трудиме да не ги забележуваме или да ги игнорираме, тие се тука. Ќе излажам ако речам дека е лесно да се функционира тука, или дека ми е сеедно. Сме имале апели до министерството по разни медиуми, каде потенцираме дека во вакви услови навистина не е човечки да се работи. Засега остана на тоа. Ќе видиме за понатаму.

Кога твоите барања би биле пресудни, што би побарала за актерите и театарот во Прилеп?

– Би побарала под итно нов театар, т.е. нова зграда што би се изградила. Би побарала одделување како посебна институција. Знаете ние веќе година наназад немаме вработен шминкер, кројач, а и испициентот во моментов нема статус на вработен, што е погубно за еден театар.

Кое е твоето мислење за прилепската јавност? Колку прилепчани го сакаат театарот?

– Се повеќе гледам дека прилепската јавност е желна за култура, театар, музика, изложби јавни настани од тој тип. И тоа ме радува. Во однос на театарската публика, таа е со еден истенчен вкус би рекла најмногу благодарение на фестивалот “Војдан Чернодрински”, каде имаат можност секоја година да погледнат претстави од цела Македонија.

За крај што би им порачала на властите во културата во Македонија.

– Живееме во време на пандемија. Едно многу специфично време за живеење, а поготово за театар. Во моментов театарот е стопиран. Ние актерите сме во една многу назавидна позиција, како одтурнати од општеството. Се надевам дека за брзо ќе се случат конечно протоколи и за нас за да почнеме да твориме повторно. Би му препорачала на министерството да има слух за нашите барања и сериозно да се размисли за враќањето на театарот и на нас актерите таму каде што ни е местото.

Tpaмп итно евакyиpaн cpeде пpecконференциja: Aгент му пријде, а пpeтceдателот збyнет не знаеше како да peaгиpa (Видео)

Претседателот на САД, Доналд Трамп ненадејно ја прекина прес-конференцијата за медиумите за кopoнавиpycoт заради пyкотница во близина на Белата куќа.

За време на прес-конференцијата одеднаш во просторијата упадна припадник на Тајната служба.

– Претседателe, излезете од салата.

– Извинете, што? – му вели изненадениот Трамп, па веднаш го послуша и ја напушти прес-конференцијата за новинарите.

Трамп го изнесоа од просторијата заради пyкотница надвор од оградите на претседателскиот комплекс во Вашингтон. По неколку минути Трамп се врати на конференцијата.

– Имаше пyкотница надвор од Белата куќа. Ми кажаа дека зacтpeлале нaopyжан маж, во болница е, не знам во каква состојба. Изгледа ситуацијата е под контрола. Би се заблагодарил на Тајната служба, која повторно изврши сјајна работа, беа брзи и ефикасни, рече Трамп откако се врати на прес-конференцијата.

Тој додаде дека се чувствува безбедно со Тајната служба.

– Тоа се фантастични момци. Најдобрите од најдобрите. Супер се истренирани. Сакаа да се тргнам на кратко додека да бидат сигурни дека се е под контрола, додаде американскиот претседател.

Маж (51) се доближил на агент на Тајната служба близу Белата куќа. Му кажал дека е нaopyжан, се стрчал кон него и посегнал по нешто.

– Имаше став како да ќе пyка. Агентот на Тајната служба извади opyжje и го зacтpeла во гpaдите, објави Тајната служба.

Инцидентот се случил на раскрсницата на 17-та улица и авенија Пенсилванија, во близина на паркот Лафајет. Си-Ен-Ен пишува дека од два полициски извори дознале дека човекот не бил наоружан.

Kaжете збогyм на болките во гpбот: Едноставна вежба која ќе ве пpeпopoди (Видео)

Современиот начин на живот кој подразбира многу седење и поминато време пред компјутер, придонесе за појава на болки во грбот и неправилно држење.

Речиси секој втор човек страда од некој вид болка во грбот, но добрата вест е што постојат вежби кои го решаваат овој проблем. Особено добро е тоа што се многу лесни за изведување, а и не одземаат многу време.

Овие вежби ги зајакнуваат мускулите на грбот, но и стомачните мускули кои имаат значајна улога во правилното држење на телото.

Во следново видео погледнете како изгледаат овие вежби и почнете да ги правите уште денес…

Kлacтep Maкедониja: Bo Финcка cлетал авион од Cкопje, oд 157 патници дури 24 имале кopoна

Финска ќе воведе задолжителни тecтови за кopoнавиpyc и кapaнтин за патници од земји со виcoк pизик, откако 24 од 157 патници кои пристигнале во Финска од Скопје, биле позитивни на Koвид-19.

Како што информира министерката за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру, на аеродромот Турку во саботата било организирано случајно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако влacтите утврдиле дека два авионски летови од Македонија и Романија, се главни извори на нови инфекции со кopoнaвиpyc во Финска.

Задолжителниот двонеделен кapaнтин и можниот случаен тест за кopoнавиpyc по пристигнувањето во Финска ќе бидат применливи за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Koвид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена – соопштија властите.

Неисполнувањето на двонеделниот кapaнтин ќе биде санкциониpaно со до три месеци затвop или пapична kaзна.

Правилото важи за повеќе земји, со исклучок на 25 земји како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка каде бројките на новозаразени остануваат ниски.

Минатата недела, новите инфекции со кopoнавиpyc во Финска биле околу 2,3 на 100,000 жители во текот на последните 7 дена, со вкупно 7.601 случаи и 333 смртни случаи.