Дали Миле Талески ќе се откаже од патните трошоци, а платата ќе ја донира за Еурокомпозит?

Ова го очекуваат 17.074 прилепчани што гласаа за СДСМ и Миле Талески во Прилеп. Граѓаните уште денес очекуваат да потврди дали и тој ќе го следи примерот на партискиот врв, или oва ќе биде уште една голема лага пред прилепчани?

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски преку социјалните мрежи веќе информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажуваат од средствата за патните трошоци, како што ветија пред граѓаните.

„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, напиша Николовски на неговиот профил.

Останува да видиме дали и пратеникот од Прилеп и од другите градови ќе го следат овој пример и ќе го испочитуваат предизборното ветување. А кога е Прилеп во прашање, платите и парите од патните трошоци можат да се донираат за вработените во прилепскиот загубар “Еурокомпозит”, каде луѓето со месеци не одат на работа и немаат никакви примања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.