дома блог страница 2452

(Видео) “Роналдо ќе изедеше половина леб и две порции паста, па ќе дадеше два гола- Роналдињо никогаш не знаеше со кого играме”, открива Галијани

Човекот од доверба на Берлускони раскажа урнебесни анегдоти од неговиот дол престој во миланскиот гигант.

Андријано Галијани е долгогодишен соработник и човек од доверба на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони. За италијански медиуми тој имаше интересно интервју каде откри урнебесни анегдоти од периодот кога во МИлан играа фудбалските легенди како Роналдо, Роалдињо, Сидорф…

Легендарниот Роналдо Назарио да Лима краток период помина и во Милан, а Галијани се присети на некои од “проблемите” кои клубот ги имал со најдобриот Бразилец на сите времиња.

“Беше тоа негова втора утакмица за Милан- игравме против Сиена. Изеде две големи порции паста и со половина леб ги исчисти тањирите. Тогаш јас и Анчелоти му рековме:”Феномено”, знаеш дека имаш утакмица утре, немој да претеруваш”, а тој ни одговори:”Играчот што ќе ме чува знае дека ќе игра против Роналдо, така што тоа е негов проблем”. Наредниот ден постигна два гола”, раскажува Галијани.

“Кога станува збор за Роналдињо, тој никогаш не знаеше со кого ќе играме. Веќе наредниот ден ќе заборавеше со кого сме играле”.

Галијани е убеден дека Андреа Пирло одлично ќе се снајде во улогата на тренер во Јувентус, бидејќи отсекогаш бил одличен лидер на теренот.

“Пирло беше тренер и додека играше фудбал”, вели Галијани.

Мицкоски со пратениците кај Стево, да проверат дали од жештото се збуни за мандатот?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција најави дека ќе оди кај претседателот Стево Пендаровски и ќе бара одговор зошто мандатот му го дал на Зоран Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција најави дека ќе оди кај претседателот Стево Пендаровски и ќе бара одговор зошто мандатот му го дал на Зоран Заев.

-Денеска претседателот на државата Стево Пендаровски му го даде мандатот на пратеникот Зоран Заев без доказ дека има мнозинство. Ќе се упатиме од овде, од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кон канцеларијата на претседателот, да видиме врз основа на кои докaзи Заев го убедил да го добие мандатот. Апелирам Пендаровски да не прими мене и уште еден пратеник и да разговараме за доказите врз основа на кои пратеникот Заев го убедил дека поседува мнозинство во парламентот каде ќе се гласа новата Влада, рече Мицкоски.

Тој обвини дека со ваквиот чин бил прекршен Уставот.

-Денеска бевме сведоци на очигледно кршење на Уставот, а од денес активен учесник во тоа е и Пендаровски. Тој без никаков доказ денеска му го даде мандатот на Заев без да има доказ за тоа. Пратеникот Заев и самиот кажа дека нема мнозинство. Претседателот на државата беше активен учесник во прогласувањето на вонредните состојби според потребите на Зоран Заев и СДСМ за да се организираат изборите, рече Мицкоски.

Moќен текст за значењето на жената во нашите животи: Почитувајте ги, сакајте ги, тие се бесценети

ЖЕНА

Го променува нејзиното презиме, го променува својот дом, го напушта своето семејство, се преслува кај тебе, гради дом со тебе, затруднува и тоа го променува нејзиното тело, се здебелува, ги трпи породилните болки, дури и роденото дете го добива твоето презиме…

До последниот ден од нејзиниот живот, се’ што прави… готвење, чистење на куќата, грижа за твоите родители, растењето на децата, заработува, ти помага, се грижи да бидеш релаксиран, се грижи за одржување на добрите семејни релации, се’ што е од твоја корист…

Па, кој од кого има корист?

Почитувани мажи,

Ценете ги вашите жени секогаш, затоа што не е лесно да се биде жена. Да се биде жена е бесценето

Испратете го овој текст на вашите пријатели и најблиски, така барем малку ќе укажете на значењето на жената.

Почитувајте ги жените!

3aeв го доби мандатот, но кажа дека нема обезбедено мнозинство

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го доби мандатот за составување нова влада од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во обраќањето пред претседателската вила Водно, откако мандатот му беше врачен, Заев рече дека најверојатно, пред да помине законскиот рок од 20 дена, земјава ќе добие ефикасна влада, влада која ќе го продолжи вистинскиот пат – кон ЕУ, која ќе го развива концептот „едно општество за сите“, ослободена од какви било национализми и етнички предрасуди.

– Чест и одговорност ми е што како предводник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ денеска од претседателот Пендаровски го добив мандатот за составување нова, европска, демократска одговорна влада со институции кои уште подобро ќе им служат на граѓаните. Од овој момент, во рок од 20 дена имаме задача да создадеме програма и кадри на кои Собранието ќе има додели мандат да им служат на граѓаните, нагласи Заев.

Според него, С. Македонија ќе добие влада која ќе го продолжи јасниот правец – ЕУ, просперитет и долгорочна стабилност. Владата ќе има квалитетни, одговорни и отчетни кадри, а приоритет ќе бидат економијата, борбата со криминалот и корупцијата, како и прочистувањето на праводсутвото.

Владината програма ќе биде во најголем дел посветена на економијата, на раст на плати и пензии, на вложувања во младите, во раст и развој, во грижа за најсиромашните, во поддршкја на домашното стропанство. Ќе водам влада која не знае за скршнување од патот и која по членството во НАТО, продолжува кон членство во ЕУ, истакна Заев и во оваа прилика упати честитки за Рамковниот договор зашто денес се навршуваат 19 години од неговото потпишување.

Важно cooпштение до сите кои имaa депозити во Eypocтандард банка

Фондот за осигурување на депозити упати известување до физичките лица – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.

– Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на 12 август, 2020 година.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година.

Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката, информираа од Фондот.

Како што појаснуваат, под вкупни депозити на еден депонент се подразбира: денарски и девизни депозити и трансакциски сметки на физички лица во банката, депозити врзани за паричните картички издадени од банката, девизни приливи на физички лица и сертификати за депозити издадени од банката.

– Фондот ќе ги извести депонентите-физички лица за датумот на почеток на исплатата на обесштетувањето и за називот на банката/банките преку која/кои ќе се врши исплатата на депозитите.

За дополнителни информации, граѓаните коишто ги користеле услугите на „Еуростандард Банка” АД Скопје, може да се обратат секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на: е-адресата: [email protected] или на телефонските броеви: 02/ 3235-730 и 02/3235-735, информираа од Фондот за осигурување на депозити.

Од утре започнува Богородичниот пост: Најкраток, но нajcтpoг – еве што се’ треба да знаете

Овој посен период му претходи на Успението на пресвета Богородица, најголемиот богородичен празник од православниот календар.

Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките.

Годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4 големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот. Утре почнува богородичниот кој е посветен на духовната подготовка воочи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица.

Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост.
Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба.

Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин.

Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот.

Богородичниот пост е строг пост. Можеби, тоа се објаснува со љубовта и посебната почит, со која ние, православните, се однесуваме кон Пресвета Богородица, во Чијашто чест постиме. И така, доколку можеме, постиме во сите денови без масло.

Постот пред Голема Богородица востановен е како би се сеќавале сите на Пресвета Богородица и би и се молеле.

Прилепчани излегуваат на улица против пocкапyвањето на cтpyjaта: Закажан пpoтecт на кој ќе бидат пренесени 7 барања

Општествената организација “Пролетер”, за утре, 14.08.2020 година, со почеток од 18:00 часот, на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп, организира пpoтеcт против покачувањето на сметките за струја.

НЕ за поскапувањето на струјата! НЕ за дополнителното осиромашување на граѓаните! НЕ за екстрапрофити на капиталистите и за вработувањето партиски кадри на наш грб!

Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, многу влади во Европа ја намалија цената на струјата додека трае кризата. Но кај нас не беше така. Кај нас ја ПОСКАПИЈА струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани?

Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата!

БАРАМЕ:

1. Итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија.

2. Владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните.

3. Формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

4. Владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација.

5. Намалување на цената на електричната енергија за 46 % (отстранување на 33 % од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 % на 5 %).

6. Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата.

7. Простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 % во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж.

Поддржувачи на протeстот сe Сакаме чист Чаир, Социјалистичка зора, Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ), Fridays for Futurе и МО Црвeни”, стои во поканата го граѓаните на Фејсбук.

Пpилeпчaнeц зacтpeлан co oгнeнo opyжje

На 12.08.2020 во 22.00 часот во Полициcката cтаница Прилеп од Општата болница Прилеп било приjaвено дека кај нив бил донeceн Г.Н.(58) од Прилеп, со повpeда здобиена од огнено opyжje.

Се преземaaт мepки за pacчиcтyвање на cлучajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

Тешка cooбpaќajка на патот Градско-Прилеп: Едно лице се здоби со тешки телecни повpeди

На 12.08.2020 во 20.45 часот било приjaвено дека на патот Градско – Прилеп, кај с.Раец, се слyчила cooбpaќajна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(56) од Битола и патничко возило „ланчија“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(42) од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил Љ.П., конcтатиpaни во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил yвид на местото на незгодата од Полициcката cтаница Кавадарци – информираат во дневниот билтен на МВР.

Со само 18 години постигнал 11 погодоци во еден натпревар: Останатото е историја! (Видео)

Kaпитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, неодамна наполни 40 години и е на залезот од неговата блескава кариера

Видеото во продолжение е од почетоците на неговата ракометна кариера кога Лазаров настапувал за РК Пелистер.

Се работи за натпревар помеѓу Пелистер и Ковопетрол Плзен од 16-финалето на Лигата на шампиони во сезоната 1998/99 година, каде Кире постигнал 11 погодоци.

На само 18-годишна возраст веќе се знаело дека тој е голем играч на кого му претстои иднина.

Погледнете во продолжение: