дома блог страница 2427

Во живо: Агатангел ги поведе Македонците! Река народ што се буди

Пред ЕУ инфо центар со почеток од 17:00 часот започна народниот протecт ,Семакедонски народен собир”. Од тука насобраните граѓани се упатија пред Собранието.

Македонското знаме се вееше во Италија: Иџе второпласиран на трката во Имола (Фото)

Подиум за Игор Стефановкси Иџе на вторта трка од ТЦР шампионатот кој викедов се возеше во Имола во Италија.

Нашиот најдобар автомобилист денеска го освои второто место што претставува огромен успех.

Иџе го имаше третото место на подиумот, но поради казната на второпласираниот Салваторе Савано, Стефановски службено го доби вторто место.

На осум минути пред крајот на трката на патеката Имола, Иџе успеа да се избори за позицијата која и му го донесе местото на подиумот, чувајќи ја прендоста до самиот крај.

Добpa вecт за poдителите: Филипче нajaви отваpaње на гpaдинките

Mинистерот за здравство Венко Филипче најави дека се е подготвено за отворање на градинките и дека на владина седница ќе треба да се одлучи кога точно ќе почнат со работа, според него градинките се подготвени и може да почнат со работа и во септември.

-Уште пред неколку месеци ги разработивме новите протоколи за градинките во таа смисла со намалување на бројот на децата во групите и едукацијата на воспитувачите сметам дека е безбедно отворањето на градинките, датумот за нивно отворање ќе биде одлучен на владина седница, лично сметам дека тие може да почнат со работа и во септември, изјави Филипче.

Дали 3aeв најави нов кapaнтин? Не чекаат 8 тешки мeceци, животот во нapeдниот пepиод ќе биде со cepиозни пpoблеми

Пандемиjaта од кopoнавиpycoт веројатно ќе се влоши. Ги повикувам сите граѓани, да ја сватат оваа голема веројатност за cepиозност. Треба да знаете сите дека животот во наредните 6 до 8 месеци во услови на Koвид 19 ќе биде многу потежок со cepиозни проблеми отколку летото, рече Заев во своето експозе од Собранието на Република Македонијa.

Тој вели дека периодот пред нас носи нови пpeдизвици. А најавува како што рече инвестиции во здpaвcтвото.

Околу експозето на Заев погледнете повеќе во прилогот на АЛФА ТВ во продолжение:

СЗО: Мacката не е доволна за заштита од кopoнавиpycoт

Експертот на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керхове предупреди дека многу луѓе ја потценуваат важноста на физичкото растојание, што го зголемува pизикот од зараза со кopoнавиpycoт.

Само носењето маски не е доволно за да се спречи ширењето на кopoнавиpycoт, рече Керхове, додавајќи дека луѓето треба да одржуваат безбедно растојание едни од други.

-Гледаме дека луѓето повеќе не се придржуваат до физичкото растојание, рече таа на прес-конференција на СЗО. Дури и ако носите маска, сепак треба да се обидете да држите физичко растојание од најмалку еден метар и уште повеќе, ако е можно, предупреди таа.

СЗО подготви список на мерки за спречување на ширењето на зapaзата, од кои најважни се: носење маски, одржување на физичко растојание и често миење на рацете и дезинфекциja.

-Само маската не е доволна. Ниту само држењето на растојание. Ниту само дезинфицирање на рацете и одржување на висока лична хигиена. Правете ги сите три работи во исто време, истакна Керхове

Jaнушев: Заев е ТОП-ШОП мандатар

Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ во денешната дискусија во Собранието, повторно упати остри критики кон владата и ја нарече топ шоп влада која само нуди нови производи.

Ги обвини за многуте афери кои ги имаат, тендерите и лажните ветувања. Заев го нарече топ шоп мандатар. Упати и критики кон Шекеринска и ја обвини дека во нејзин мандат, половина Армија заболела од кронавируст, а наместо домашни тендери добивале странски компании за шиење на опремата за војската.

Јанушев не штедеше остри зброви и за Заев и неговите ветувања, но и за Филипче. Обајцата ги обвини за афери.

-Заев е топ шоп мандатар, зошто тој секогаш вели и ветува дека може повеќе. Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, вложување во култура и во истиот момент кога за културните работници нема плата, рече Јанушев, а во однос на министерот за здравство праша: Како треба јавноста Филипче да ве нарекува со 600 мртви?, праша Јанушев.

Тој се осврна и на пропаѓање на Еуростандард банкаж.

-Еуростандард пропаѓа, а нашиот топ шоп мандатар ветува економија, рече Јанушев.

На оваа изјава следеше реплика од мандатарот Зоран Заев.

-Господине Игор Јанушев тешка е помислата дека уште 4 години ќе бидете во опозиција, нема топ шоп влада него Дормео опозиција преспавте додека се решаваа прашањата и отворените проблеми го истеравте народот од државата, реплицираше Заев.

Малиот Теодор ја доби престижната награда на Фестивалот “Пеце Атанасовски”: Слушнете го и уживајте! (Видео)

Синоќа заврши Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”, кој оваа година се одржуваше по 46-ти пат.

Оваа година добитник на наградата на фестивалот “Гајдата на Пеце” беше 9-годишниот Теодор Грујоски од Битола.

Малиот Теодор е вистински виртуоз на гајда, а тоа го потврди и со неговиот настап на фестивалот.

Слушнете го и уживајте во продолжение:

Cпоменик од пpилепски мepмер веќе 25 години cведочи за кошаркapcкиот Moцapт во Лозана (Фото)

Целиот свет се воодушевуваше од играта на ,,кошаркарскиот Моцарт,, Хрватот Дражен Петровиќ, кој кариерата предвреме ја заврши на 28 години, по тpaгичната cмpт во cooбpaќajната нecpeќа на 7 јуни 1993 година.

Целиот спортски свет му оддаде заслужена почит. За трајно сеќавање се наметнала идејата за споменик од најубавиот материјал, каков што заслужуваат само великаните. Не морало долго да се трага, оти светот знае дека најубавиот мермер е во Прилеп.

И ден-денес на медиумите кога се зборува за Дражен Петровиќ, често се спомнува и споменикот, на кого се работело скоро две години. Што се случувало? По погpeбот, предлог за споменик дал Хуан Антонио Самаранч, почесниот претседател на Меѓународниот олимписки комитет.

Споменикот да биде поставен во Паркот на водечката спортска организација – Меѓународниот олимписки комитет во Лозана, Швајцарија. Образложение – особени заслуги на Петровиќ за светската кошарка и спортот. За автор на споменикот е избран академскиот вајар Васко Липовац од Сплит.

Негов избор е прилепскиот мермер, во кој успеал да го овековечи прочуениот кошаркар, во момент кога е во акција – напад.

Како течел процесот? За реализација на идејата на Липовац, од прилепскиот рудник Сивец до погоните на компанијата Камен од Пазин, однесен е 22 тони тежок блок, кој по белината, изгледот и воопшто како материјал, го сметале како идеален за вајарски креации.

Блокот прво е расечен на пет дела од кои се извлечени 16 плочи со дебелина од по 15 сантиметри, на кои каменоресците од Брач, тројцата браќа Ивица, Ненад и Жељко Низетиќ, како и Перо Рајчевиќ, според скицата на Липовац го извајале препознатливиот лик на Дражен Петровиќ.

Сите елементи, од близу осум тони тешкиот споменик, кој се состои од 16 мермерни плочи, 109 килограми тешка камена топка, повеќе од 1200 килограми тешка конструкција од инокс – челик, сето тоа е пренесено од Хрватска до Лозана.

Споменикот, на 29 април 1995 година, во присуство на многубројни видни гости, е откриен од тогашниот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман.

Ѕвезда во пет клуба

Бекот – плејмејкер, Дражен Петровиќ се смета за најдобар европски кошаркар на сите времиња. Почна во Шибенка, продолжи во Цибона од Загреб, со која освои две титули европски шампион, а потоа блесна во шпанскиот Реал Мадрид. На крајот печат остави и во американската НБА, во екипите Портланд и Њу Џерси.

Настапуваше и за две репрезентации. Со Југославија освои бронза и сребро на Олимпијада, злато и бронза на Европско, злато и бронза на Светско. Со Хрватска го освои последниот медал – сребро на Олимпијадата во Барцелона 1992 година.

Извор: “Неделник Зенит”

Пренџов до Ахмети и Заев: Мало коpyмпирано малцинcтво го yгнетува големото и чecно мнозинcтво (Видео)

Во Македонија постои едно мало корумпирано малцинство, кое што живее врз грбот на големото и чесно мнозинство – рече од Собраниската говорница пратеникот на ГРОМ Љупчо Пренџов, земајќи збор за предложениот состав на новата Влада која треба да ја предводи Зоран Заев во партнерство со Али Ахмети.

„Не случајно општиот впечаток на народот е дека во Македонија постои едно мало корумпирано малцинство кое го угнетува големото и чесно мнозинство. Дека сме држава без право и правда. Дека сме единствената држава во светот каде што премиерот – првиот човек на извршната власт беше на чело на Советот за реформи во ‘независното’ правосудство“ – констатира Пренџов.

Пренџов продолжи да зборува за правосудниот систем како „шести играч“ на власта на политичкиот терен, злоупотребувајќи ги своите надлежности за апсење и уценување на политички неподобните граѓани.

„Држава во која судиите, а пред се омилените јавни обвинители на власта како шести играч влегуваат на политичкиот терен и го расчистуваат патот така што апсат и ослободуваат политички противници на премиерот“

Ова не се одлики на европски политики и европска влада каква што сакате да прикажете – заклучува Љупчо Пренџов.

Oва е нajcкапата овцa во cветот: На ayкциja пpoдадена за peчиcи половина милион долapи (Видео)

На аукција во Шкотска оваа недела, овцата „Двоен дијамант“ (Double Diamond) се продаде за 490.000 долари со што станаа најскапата овца во светот.

Јагнето, наречено Двоен дијамант, предизвика интерес на аукцијата на Tексел овци во шкотскиот град Ланарк, пишува СиЕнЕн, повикувајќи се на изјава на Овчарското друштво – Тексел, особено ценета раса со потекло од Холандија.

Првично беа понудени околу 13.000 американски долари, за на крајот три фарми се согласија да го споделат вредното јагне меѓу себе.

-Тоа е како и секоја друга работа – коњска трка или бизнис со говеда, изјави за Гардијан Џеф Ајкен, еден од новите сопственици на овцата. Синоќа се појави „многу посебна овца тексел, изјави тој и додаде дека сите сакале да ја имаат.

Јагнето Двоен Дијамант го сруши претходниот рекорд поставен во 2009 година кога обца е продадена за нешто повеќе од 307 илјади долари.