Македонското знаме се вееше во Италија: Иџе второпласиран на трката во Имола (Фото)

Подиум за Игор Стефановкси Иџе на вторта трка од ТЦР шампионатот кој викедов се возеше во Имола во Италија.

Нашиот најдобар автомобилист денеска го освои второто место што претставува огромен успех.

Иџе го имаше третото место на подиумот, но поради казната на второпласираниот Салваторе Савано, Стефановски службено го доби вторто место.

На осум минути пред крајот на трката на патеката Имола, Иџе успеа да се избори за позицијата која и му го донесе местото на подиумот, чувајќи ја прендоста до самиот крај.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.