дома блог страница 2428

Брза и едноставна смеса од која веце школката ќе мириса пријатно 7 дена: Вреди да пробате

Чистењето на бањата е доста непријатна работа, бидејќи не само што бара трпение и физичка сила, туку понекогаш сте принудени да користите силни хемиски средства кои се многу штетни по здравјето.

Оваа смеса не е штетна, а е исклучително корисна, бидејќи вашата ВЦ шолја ќе ја одржува чиста и миризлива цела недела. Подолу во текстот можете да прочитате и друг рецепт.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

160 г сода бикарбона

16 капки етерично масло од лаванда

½ лажица оцет

1 лажица хидроген пероксид 3%

60 мл лимонов сок

ПОСТАПКА:

Сите состојки измешајте ги полека во едно сад и оставете ја смесата да се смири околу 4 часови. Од смесата ставајте во ВЦ шолјата по потреба.

Еве уште една одлична идеја за освежување и дезинфекција на ВЦ школката и целата бања со помош на домашни, шумливи, миризливи бомбици.

Природно, еколошки чисто, без хемикалии. Идејата одлично функционира, а се приготвуваат многу едноставно. Всушност, користењето на таквите бомбици е вистинско задоволство. ВЦ школката е чиста а тоалетот е миризлив.

Колку деца би требало да имате според вашиот хороскопски знак: Еве го одговорот за сите

Сето е запишано во ѕвездите, дури и колку деца треба да имате. Имено, секој знак на хороскопот е посебен по своите карактеристики што влијаат на моделот на размислување и емоциите.

Ако сте пронашле соодветен партнер или размислувате да основате семејство, прочитајте што ви предлагаат ѕвездите:

1. Овен

Овните уживаат во родителството. Ѕвездите за Овните имаат испланирано 3 или 4 деца. Поради нивната самодоверба, сила и решителност, Овните се родени лидери. Бидејќи се амбициозни и имаат големи планови, децата се далеку на нивниот список. Меѓутоа, како што мажот или жената во знакот на Овен растат и стануваат позрели, односно позрели, децата станува сè повеќе посакувана цел.

2. Бик

Бикот има за цел да има 2 деца, а нешто повеќе од тоа е премногу за нив. Жената родена во знакот на Бик е одлична мајка или, како и мажите што се супер татковци бидејќи се неверојатно трпелививи и нежни кон децата. Сепак, Бикот инсистира на одржување високи стандарди и не им се допаѓаат на промените. Има силни семејни вредности и ќе се обиде да го всади тоа кај децата кои секогаш се на прво место, поважни и од неговото сопственото здравје.

3. Близнаци

Сигурно никој нема да биде изненаден кога ќе чуе дека бременоста со близнаци е идеална опција за луѓето во знакот на Близнаци. Тие не сакаат да бидат сами, затоа им се потребни деца. Но, исто така се непредвидливи и мајките во знакот на Близнаци често имаат повеќе од две деца. Вистински пример за тоа е Анџелина Џоли. Луѓето Близнаци се забавни родители. На нивните деца никогаш нема да биде здодевно затоа што луѓето во овој знак не сакаат да бидат затворени дома, со што често ги носат своите деца на патувања, во природа и сл.

4. Рак

Родителството е подеднакво природно за Ракот, како и процесот на дишење. На овој хороскопски знак, ѕвездите му предвидуваат 2 деца, но со неколку години разлика меѓу себе.

Симпатичната природа на мајката во знакот на Рак му обезбедува на детето топло опкружување во кое детето може да напредува. Нејзините имагинативни карактеристики помагаат да создаде среќен и хармоничен дом полн со љубов. Овој хороскопски знак се карактеризира со чувствителна природа која е повеќе склона кон промени во расположението. На некои ќе им требаат неколку години да одлучат за друго дете, а некои ќе останат само на едно дете.

5. Лав

Ѕвездите планираат од 2 до 4 деца за Лавовите. Тие се познати по мултитаскингот и тоа не е проблем за нив. Како родители, тие се забавни, но очекуваат почит.

Кога имаат намера да станат родители, ништо нема да застане на нивниот пат, но тие мора да знаат како да се справат со фактот дека веќе нема да бидат центарот на вниманието што инаку ги истакнува од толпата.

Лавовите лесно се справуваат со повеќето предизвици на родителството, затоа што се родени лидери и се хумани.

6. Девица

Девиците сакаат ред, така што едно дете е идеална опција за нив. Тие се одлично организирани и очекуваат да го следат распоредот за пишување домашни активности и задачи. Повеќе деца можат да ги уништат нивните планови за кариера и животни цели. Сепак, постојат некои Девици кои се доволно храбри и се одлучуваат за друго дете.

Пристојност, чистота, организација и ред може да се очекува од дете на родител во знакот на Девица. Девиците се вредни и посветени на своите семејства и ја насочуваат целата своја енергија да го дадат најдоброто на своето дете.

7. Вага

Вага се стреми кон рамнотежа, еднаквост и чесност, но тие сакаат да се дружат, така што ќе имаат минимум 2, а можеби дури и 4 или 6 деца. Мајките во знакот на Вага се мирни и нежни, дури и кога детето има излив на гнев. Тие се талентирани во чувањето на бебиња. Високо ја ценат соработката и партнерството и ќе се обидат да ги пренесат овие вредности на своите деца.

8. Шкорпија

Скорпиите се надарени да се занимаваат со цела армија на деца, па ѕвездите им, предвидуваат најмалку 3 деца. Тие се емотивни суштества кои уживаат во родителството. Сакаат предизвици и сакаат да бидат најдобри во сè што прават. Сакаат да тестираат различни методи на родителство за да дознаат што е најдобро за нивните деца. Тие сакаат нивните деца да прераснат во силни личности.

9. Стрелец

Стрелците се енергични, авантуристички и љубопитни, што ги прави забавни и опуштени родители. Но, немојте да се изненадите ако не се одлучат за деца затоа што за нив ова не е лесна одлука. Тие претежно имаат едно дете и ретко се одлучуваат за друго. Даваат сè од себе за нивното дете. Важат за креативни и им овозможуваат на своите деца поголема слобода од кој било друг хороскопски знак, но понекогаш им недостасува трпеливост.

10. Јарец

Три деца не се проблем за Јарецот. Тие имаат вродени вештини за родители и се одлични во управувањето со домаќинството и кариерата. Тие се убедени дека добриот план е темел на сè и дека можат да управуваат со сè. Тие на своите деца им даваат до знаење дека се шефови и инсистираат на дисциплина. Нема да се обидат да станат пријатели со децата, туку ќе негуваат однос со почит. Јарецот има силно чувство за семејство и традиција.

11. Водолија

Водолијата копнее по авантура и слобода, така што ѕвездите планираат едно дете за нив. Ова се луѓе со прекрасен карактер ако се во добро расположение. Но, понекогаш тие копнеат по осаменост и се затвораат себеси што не одговара со улогата на родителството. Особината што ја карактеризира Водолијаа и може да помогне во воспитувањето е тоа што истата е одличен слуштател.

12. Риби

Рибите се воден знак што сака да се размножува и да ужива во потомството. Ѕвездите планираат пет или повеќе деца за нив. Овој знак е полн со емоции и љубов. Тие се емпатични што ги прави совршени родители. Прилагодливи се и можат да останат мирни за време на стресните ситуации кои се чести кога станува збор за воспитувањето на децата. Тие се толку добри во родителството што другите честопати ги прашуваат за совет.

Пожap во фабрика во Кривогаштани

На 28.08.2020 во 06,00 часот во Полициското одделение Кривогаштани, било пријавено дека во с.Славеј во фабрика за конзервирани производи настанал пожap во едно од металните ормарчиња со електрично броило, при што целото било опожаpeно.

Извршен бил yвид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

(Видео) Кога прилепчанец ќе ја надуе гајдата: Мајсторија на еден од најдобрите изведувачи на дувачки инструменти од Прилеп

Aлександар Стојановски е познат музичар на дувачки инструменти од Прилеп

Александар е дел од познатиот “Екстра Бенд”, а освен саксофон и кларинет, одлично свири и на гајда.

Еве како за Илинден го честиташе празникот, уживајте во продолжение:

(Фото) Запознajте ги нajyбавите села во Шпанија – од Астурија до Андалузија

Во време на социјално дистанцирање, можеби е вистинско време да се откажеме од големите градови. Многу села на оваа преубава медитеранска земја ќе ве остават без здив. Всушност ги има толку многу, што беше навистина тешко да се
создаде оваа листа.

– Алтеа- подрачје Валенсија

На само 20 минути возење од популарниот Бенидорм, ова бело, приморско село е вистинско парче од рајот. Прошетајте по крајбрежјето, а потоа по скалите до стариот град. Посетете ја и преубавата црква Девица Консуело- со специфична сина купола.

– Кадакеш – Каталонија.

Еден од најсликовитите бисери на Коста Брава, Кадакеш, се наоѓа во националниот парк “Parque Natural del Cap de Creus”, природен резерват кој изобилува со планинарски стази и панорамски видиковци.

– Алкала дел Хукар- Кастиља де ла Манча

Домот на средновековни замоци и тврдини, Алкара дел Јукар се наоѓа на ридот над реката Јукар. Покрај традицоналната шпанска селска атмосфера, истражете ја и пештерата Куевас дел Диабле. Дури и за време на најтоплите летни денови температурата знае да биде до 17 степени целзиусови.

– Сан Висенте де ла Сонсиера- Риоха

– Сетенил де Лас Бодегас- Андалузија

– Кудиљеро- Астурија

– Олите- Навара

Tри дена адреналинско друшење, спортски активности и многу забава: Започна првиот Pletvar Outdoor Festival во Прилеп (Фото)

Во организација на Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ и Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп, синоќа започна првата спортско-забавна манифестација „Плетвар Аутдор Фестивал“.

На падините на планината Бабуна, за прв пат се одржува тридневен едукативно-забавен настан, кој ветува многу позитивна енергија, дружење и забава во природа. На различни возрасни категории, настанот им нуди возбудлива авантура, запознавање со околината на Прилеп, дружба меѓу љубителите на планината, подобрување на стекнатите вештини во природа, размена на искуства и нови знаења.

„Од многу аспекти, ‘Плетвар Аутдор Фестивал’ ќе биде своевидна атракција, итоа почнувајќи од создавање здрави навики кај младите, здрав начин на живот и промоција на различни спортови: планинарење, велосипедизам, планинско трчање, стрелаштво, стреличарство. Причина повеќе заради која настанот заслужува поширока поддршка, е промоција на спасителната служба ‘Златоврв’, на која и’ е потребна и финансиска и логистичка помош, за да може целосно да се оформи и да се стави во функција на регионално ниво“, изјави на отворањето на настанот, градоначалникот Илија Јованоски.

Претседателот и координатор на „Плетвар Аутдор Фестивал“, Дарко Неданоски, изрази надеж дека Фестивалот ќе стане традиционален и дека секоја година ќе добива на се’ поголема масовност и нови содржини.

Како што најави организаторот, Фестивалот нуди многу различни активности, како што се стрелаштво, стреличарство, качување по карпи и во пештера, качување на врвот Козјак, посета на Дуова пештера, слеклајн.

„Плетвар Аутдор Фестивал“ има планирано игри и трки за најмладите: една планинска трка, две велосипедски, игри на скриено богатство каде што родителите со своите деца ќе ги бараат контролните точки коишто ќе бидат распространети низ с.Плетвар.

Фестивалот освен спортски содржини нуди и многу забава, па така вечерва на фестивалската сцена свој настап ќе има диџеј дуото Cyrillic.

(Видео) Мечка се приближи до автомобилот и ја отвори вратата – погледнете што се случи потоа

Хозе Луис Рамос и неговите пријатели решиле да поминат релаксирачки викенд во природа во Каролина.

Но, не беше сè мирно како што се надеваа. Имено, додека тие биле во викендичката, а нивните автомобили надвор, некој решил да ја искористи можноста. Тоа беше мечка, која одлучи да ги погледне возилата одблизу.

Кога утврди дека нема ништо интересно во првиот автомобил, дојде до другиот – сјаен, сребрен мерцедес. Тогаш неговите пријатели ја забележале мечката како лесно ја отвоара вратата, исто како и човекот, но во тој момент слушна звук и запре.

„Почнав да врескам“, рече Рамос за „Додо“.

Кога го слушнала неговиот крик, мечката го прекинала својот план и полека почнала да се оддалечува. Не го оштетила автомобилот, а самата не е повpeдена, па оваа техника на врескање се покажа како многу успешна.

Апасиев: “Пocле нeyспешниот peфepeндум требаше да си дадете ocтавки, а не онака педе*cки да го менyвате името на дpжавата”

Реплицирајќи му на Дамјан Манчевски во својот денешен говор Димитар Апасиев во својот денешен говор рече „Нека ми извини ЛГБТИ заедницата, педерски го сменивте името“.

Тој веднаш беше прекорен од спикерот Талат Џафери, кој рече дека пратениците мораат да внимааваат на вокабуларот.

„Вие после референдумот требаше да си заминете, да си поднесете оставки цела Влада, а не потоа, да ми извини ЛГБТ заедницата, онака пед***ски да го менувате името на државата. Требаше потоа да бидете во затвор, затоа што направивте кривично дело, односно дозволiвите Грција да може да го употребува името Македонија за своја област, а граѓаните на Република Македонија не може да го користат тоа име. Требаше да одговaрате за бришење на националниот идентитет“, рече Апасиев.

Видео: TВ 21

Две лица од Прилеп ја загyбиja битkaта со кopoнавиpycoт, 9 нови cлyчаи

Во изминатото деноноќие во општина Прилеп има 9 случаи со кopoнавиpyc – информираат од Центарот за jaвно здравje-Прилеп.

Од последици на кopoнавиpycoт, починaa две лица на возраст од 54 и 78 години.

Бројот на активни случаи со KOBИД-19 изнесува 106. Од нив, 84 лица се наоѓаат на домашно, а 22 на болничко лекyвање.

Вкупниот број на зapaзени од виpycoт од почетокот на пандемиjaта изнесува 456.

Ќе може да се откyпи cтажот до пензиониpaње, но пензиjaта ќе биде пониcка

Од позиција на мандатар Зоран Заев денеска најави носење на нов Закон за пензионирање.

Според Заев, приходите во Фондот за пензиско осигурување растат, па се отвора можност граѓаните кои ќе сакаат порано да заминат во пензија, тоа да го сторат преку откуп на стаж.

Сепак, првичните информации се дека нема да може да се докупат повеќе од 5 години работен стаж и тоа доколку осигуреникот се согласи пензијата да му биде помала.

Ова го имама затоа што приходите во Фондот за пензиско растат и во време на корона-криза и тоа седум до осум отсто. Пред кризата растеа и до 12 – 13 отсто. Фондот како што знаете е стабилизиран и има таква можност…- изјави Заев.