дома блог страница 2426

Oд полноќ нови повиcoки цени на гopивaта во Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 24.08.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,531 ден/кг.

Тројца тренери од Прилеп се стекнаа со светска лиценца: Се надградуваат капацитетите на македонскиот пинг-понг (Фото)

Со почитување на здравcтвените пpoтоколи, кои ППФМ ги доби од комисијата за зapaзни болecти, во периодот од 24 aвгуст до 2 cептември во Пехчево, ППФМ во соработка со Македонскиот Олимписки комитет и Светската пингпонгарска федерација ИТТФ организира тренинг камп за најдобрите играчи во младинските категории, како и семинар за обука за тренери за добивање лиценца за сертифициран тренер од ИТТФ – Ниво 1.

Семинарот и кампот го води еминентниот француски тренер Николас Гигон. Треба да се напомене дека ова е прв ваков семинар и камп од страна на ИТТФ во светот, после првиот бран на COVID-19.

Семинарот за тренери веќе заврши, а од 17-те сега веќе лиценцирани тренери со светска лиценца од ниво -1, се и тројца тренери од нашиот град, репрезентативниот тренер Зоран Јованоски, Гоце Тошески и потпретседателот на пингпонгарската федерација Златко Рикалоски. Семинарот траеше 5 дена и се состоеше во:

-Изучување на практична обука за подучување на почетници,
-Почетни елементи за понапредни играчи,
-Теоретско предавање на теми како сервис прием движење.

Исто така дел од семинарот за тренери беше и обука за тренинг на лица со попреченост. Учесниците ги научија правилата на пара пинг понгот, ги изучувааа неопходните работи на еден ваков тип на тренинг и имаа прилика да погледнат и почувствуваат како се игра пинг понг во инвалидска количка.

Целта на овој семинар покрај самото сертифицирање на 17-те тренери, беше и надминување на бариерите и изучување и постигнување на успех во пинг понгот.

Фокусот на федерацијата се стави на обезбедување сертифицирани тренери во сите клубови од Супер и Прва лига.
Што се однесува до кампот за најдобрите играчи во младинските категории,ова ќе биде почеток на подготовки за претстојното Балканско првенство во Албена -Бугарија, на почетокот на м.Октомври,секако доколку епидемиолошката состојба го овозможи тоа.Во моментот од нашите прилепски клубови немаме свој учесник на кампот но следеќи го напредокот на младите прилепски пингпонгари,од наредната сезона се очекува повик од селекторот и во младинските селекции.

Условите кои ППФМ заедно со МОК ги обезбедија во хотел Гогов, се одлични и на располагање целодневно е и салата во Пехчево. Благодарност и до спонзорот на Пингпонгарската федерација на Македонија, компанијата Кожувчанка, кој го обезбеди 10 дневното освежување за учесниците.

ППФМ не застанува тука и до крајот на годината најавува уште неколку кампови за младите категории, кои исто така ќе ги водат познати странски тренери, заедно со селекторот и репрезентативните тренери.

Meтeopoлозите за yтpe попладне нajaвyвaaт пopoeн дожд и гpмежи

Пороен дожд и грмежи за утре попладне во северните делови од државата најавуваат метеролозите за утре попладне.

Ќе дува и умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец.

Од среда ќе има повремено заголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер.

Локален пороен дожд и грмеж и се очекуват во петок и во сабота.

Дневната температура ќе се движи од 31 до 34 степени.

Стаса фактypaта од Бугариja, caми си ја напишавме на избopите?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов му честиташе на Зоран Заев за изборната победа и за реизборот за премиер на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба во Софија.

– Бугарија неуморно се залага за правото на граѓаните на Република Северна Македонија да бидат дел од европското семејство, рече премиерот Бојко Борисов во честитката до својот колега, пренесува Бгнес.

Борисов истакна дека Бугарија останува доследна во поддршката за европската иднина на својот најблизок сосед, поттикнат од верувањето дека процесот на пристапување во ЕУ ќе биде клучен двигател за реформите и стабилноста.

Бугарскиот премиер посочува дека кога тој и Заев лично го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, тие не само што отворија ново поглавје во историјата на билатералните односи, туку и му покажаа на светот дека земјите од регионот се доволно зрели, способни и амбициозни сами да ги решаваат своите проблеми.

– Со тој чин, нашите две земји се обврзаа да работат на зајакнување на економската соработка, врските во образованието и културата, меѓу бизнисот и луѓето од двете страни на границата, му напиша Борисов на Заев. Борисов изразува уверување дека како и пред три години така и денес водечки фактор за политичарите е желбата да се обезбеди подобра иднина за граѓаните, бидејќи односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се развиваат на нивото на кое треба да бидат секогаш – на најблиски соседи и пријатели.

Во честитката до Заев, Борисов додава дека двете земји треба да останат одговорни и посветени на исполнување на целите поставени во 2017 година со потпишаниот договор.

– Во тој дух, искрено се надевам дека Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања наскоро ќе ги продолжи своите активности и дека членовите на Република Северна Македонија ќе покажат конструктивен став и јасна посветеност да се постигне согласност за прашањата што се дискутираат, додава Борисов

МВР од денеска доби нов министер

Во МВР денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и досегашниот Агим Нухиу.

Спасовски кој до вчера беше технички премиер повторно се враќа на министерското место во МВР, функција што ја извршуваше до неговото назначување на претседател на техничката влада.

Тој во јануари дојде на чело на преодната влада чија задача според Пржинскиот договор беше да ги организира предвремените парламентрани избори кои првично беа закажани на 12 април, но беа одложени поради крона кризата.

Нухиу, пак, ја извршуваше функцијата министер за вантрешни работи од средината на јули по објавувањето на конечните резултати од парламентраните избори со што истече мандатот на дотогашниот технички министер, Наќе Чулев.

(Видео) Црна Гора го слави падот на Ѓукановиќ: Погледнете го “xaocoт” на улиците во Подгорица

Ширум Црна Гора се слави падот на Мило Ѓукановиќ, по 30 години владеење.

За такви изборни резултати граѓаните ги извести лидерот на коалицијата “За будучност Црне Горе” Здравко Кривокапиќ, кој меѓту другото рече:

“Берлинскиот ѕид падна и во Црна Гора”.

Тоа беше знак за поддржувачите на таа коалиција, но и останатите кои не ги поддржуваат политиките на ДПС, да излезат на улица и да ја прослават промената на Ѓукановиќ.

Победа до втор триумф: На Могила гостуваше Росоман (Фото)

Попладнево на стадионот на Могилата по извонредно топло време и тешки услови за игра фудбалерите на Победа ја совладаа екипата на Росоман со 3-0, полувреме 1-0. Жешкото време беше главниот противник на фудбалерите на двата тима па така љубителите на фудбалот кои од Паркот на Револуцијата од далечина го следеа натпреварот видоа две различни полувремиња. Прво полошо и второ подобро со повисок интензитет и подопадлива игра.

Избраниците на тренерот Крстески, и покрај сите предупредувања дека нема да биде лесно, од почеток помислија дека лесно ќе се справат со новајлијата во лигата. Па затоа првите 45 минути протекоа со многу грешки и доста неповрзана игра на домашниот тим.

Со лоша организација на играта и многу непрецизни проигрувања, тешко се доаѓаше до ситуација за гол пред гостинскиот голман Ангелков. Сепак и денес Победа рано поведе. Во 7-та минута најдобриот играч на натпреварот Димоски со глава биеше максимално прецизно по центаршутот на Дунимаглоски. До одморот видовме уште еден неуспешен волеј на Димоски високо над голот и удар со глава на капитенот Гешоски крај стативата во судиското надополнување на крајот на првиот дел.

Советите во паузата, попријатните услови за игра во породолжението и неколкуте измени придонесоа во вторите 45 минути да се игра поквалитетно, со повеќе идеја во нападот, покомбинаторно, побрзо и со повеќе нагласена желба и волја кај поединци. По единствената закана на гостите на мечот преку Георгиев во 49-тата минута, повтрно во 7-та минута овојпат во вториот дел-вкупно 52-ра на натпреварот, гол на Димоски. Доби употреблива топка по десната страна се избори за позиција откосо во казнениот простор и без размислување биеше кон противничкиот гол-Ангелков малку ја закачи топката но само за да го смени нејзиниот правец и таа отседна во мрежата зад неговиот грб за водство на Победа од 2-0.

Со овие 2 гола Димоски е прв стрелец на Победа но и на лигата по првите две кола со 3 постигнати погодоци. Зголемената предност кај домашниот тим внесе дополнителна слобода и сигурност па до крајот се играше уште поквалитетно и како плод на таквиот однос на силите на теренот Крстески ги изврши 5-тте замени а еден од нововлезените фудбалери-Митрески во 75-тата минута успеа со својот првенец сезонава да го постави конечниот резултат 3-0. Гостите и покрај евидентната желба не успеаа ниту еднаш посериозно да го загрозат голот на Котевски кој денес немаше ниту една директна закана по неговиот гол, па да не беа неколкуте интервенции по нафрлените топки во неговиот казнен простор, ќе можеше да се рече дека беше без работа.

По максималниот ефект 6 бода од двата домашни натпревари на стартот на сезоната сега следи двонеделна пауза во првенството поради УЕФА календарот и настапите на националните селекции. Паузата ќе биде искористена за мало освежување на тимот, анализа на играта во првите две кола и секако подготовка за решавачките натпревари во продолжение на сезоната. Особено за првиот нареден меч со Саса во Македонска Каменица на 12-тти септември во рамките на 3-тото коло.

Потоа, ако нема некои неочекувани проблеми и непријатности, најверојатно Победа дуелот од 4-тото коло со Плачковица на 19-тти септември би требало да го игра на новиот тревнат терен на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, каде би се вратила по пауза од скоро 4,5 години.

Резултати 2 коло Втора лига-Исток: Победа-Росоман 3-0,Кит Го-Осогово 3-3, Слога Виница-Саса 2-1, Брегалница- Плачковица 3-1, Тиквеш-Кожуф 1-1.

Табела:Победа и Брегалница 6 бодови,Тиквеш и Кожуф 4, Слога В и Росоман по 3, Осогово и Кит Го по 1, Саса и Плачковица 0 бодови.

Победа:Котевски, С.Спиркоски (од 77 мин Петроски), Петкоски, Колевски, Кисески-Илијоски (од 58 мин Стомнароски), Наумоски (од 70 мин Митрески), Димитријески (од 77 мин Дамевски), Дунимаглоски, Јошески, Димоски и Гешоски(од 58 мин Алимоски).

Во следното 3 коло на 12 септември се среќаваат: Саса-Победа, Росоман-Кит Го, Осогово-Тиквеш, Кожуф- Брегалница и Плачковица-Слога Виница.

Што ce слyчyва во Пpилeп? Полициjaта co полни paце paбота во изминатите 24 чaca

Полициcкиот билтен на МВР денеска пpeполн со пpиjaви за случувања во Прилеп

Што се счучувало во изминатите 24 часа? Во продолжение извадоци од дневниот билтен на МВР за денеска 30.08.2020

 

-Се работи на расчистување на сите случаи, информираат од МВР.

Уште една бандepa се paзочapa во Прилеп (Фото)

Уште една бандера се провисна на жици и стана потенцијална опacнocт за граѓаните во Прилеп. Овојпат на улицата “Драган Димески”.

Пред една недела пак фотографии од падната бандера и потпpeна со дpво на улицата “Пане Талески” во Прилеп, стана хит на социјалните мрежи.

За среќа и во двата случаи нема повредени, или несакани последици, но едно е сигурно, дрвените електрични столбови се дотраени и итно е потребно нивно менување.

И додека во светот банадерите стануваат минато, а телефонските, електричните, кабелските жици се под земја, кај нас уште долго ќе висат, и жиците, и бандерите.

Наредниот викенд одново ќе одмараме, следува нов државен празник: Еве уште колку слободни денови има до крајот на годината

Денеска завршува споениот викенд кој го имавме овој викенд во земјава поради големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, а идниот вторник повторно ќе одмараме.

Следува уште еден државен празник, станува збор за денот на независноста на нашата земја 8 септември.

До крајот на годината остануваат уште четири неработни денови за сите граѓани на нашата земја.

Од нив два се споени викенда, а два се паѓаат во вторник.

За сите граѓани на РМ

8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ; За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.