дома блог страница 2414

Баба Ѓурѓа го потсети целиот Балкан дека можеме да бидеме обединети: За прекрасните букети и нејзината добрина пишува целиот регион

Баба Ѓурѓа го потсети целиот Балкан дека можеме да бидеме обединети – пишува српскиот портал “Noizz.rs”.

За неа дозна цела Македонија, но и регионот и дијаспората, откако Владимир Блажев од дуото ДНК објави на својот Фејсбук дека баба Ѓурѓа продава цвеќе за да донесе леб за своите внуци.

Оттогаш секојдневно ја посетуваат добри луѓе, а помош пристигна дури и од дијаспората.

За баба Ѓурѓа пишуваат и корисници на Твитер од соседството.

“Бевме кај баба Ѓурѓа која секој ден продава цвеќе од својата бавча и од тоа живее. Договорот со соседите е кој прв ќе дојде кај неа, да ги купи сите цвеќиња за да не мора да седи на улица на жештините, туку што побрзо да си купи појадок и да си оди дома да одмора – напиша неодамна една твитерџика, која објави и фотографии од букетите што ги прави бабичката”, напиша корисничка на Твитер која во објавата стави и фотографии од прекрасните букети кои баба Ѓурѓа ги прави.

Меѓу коментарите на оваа објава има и такви кои се нудат сами да уплатат пари за некој од следните денови, за бабичката да може полесно да си ја заврши работата. Се откри и дека не е првпат луѓе од дијаспората да праќаат пари за најубавите цвеќиња на Балканот.

ФБ статус кој ќе ве замисли сите: “Ги одзедоа прегратките, го одзедоа ракувањето, образованието, културата….слободата со стравот ја заменија”

Фејсбук статус на Марко Виденовиќ кој секого ќе го замисли

“Ги одзедоа прегратките, оти биле заразни, и тоа не само оние со пријателите, туку и оние помеѓу децата и родителите, внуците, бабите и дедовците. Мислиш, ништо не е тоа, само обична прегратка, а забораваш дека кога е убаво и среќно, бараш и даваш прегратки, но и кога е најтешко ти треба прегратка, а впрочем сега е такво, неиздржливо и тешко, плаче душава за силна прегратка.

Го одзедоа ракувањето, го заменија со удар на две тупаници, а има ли нешто поубаво од силен стисок со пријател, познаник стар или нов, та преку ракувањето да осетиш, да осети што душа носиш, дал е млитава и студена или врела и човечна.

Ја одзедоа културата, онаа храна духовна. Пред празна сала, тажни уметници, полни со заробени емоции, а гладна публика, одделена од најудобните неудобни столчиња во кои убавина се добива, убавина на душата.

Го одзедоа спортот, празни трибини, а на теренот, празни натпреварувачи со преполни џебови, без жар и емоции.

Ја одзедоа слободата и со стравот ја заменија. Сега стравот е чувар на животот, а слободата стана сестра на смртта и болеста, оти проповедаат дека слободата нѐ заразува.

Ги одзедоа мислите со приказни за чипови налик метални иглички, а има ли пострашен чип од оној невидливиот, оној што со гола рака не се допира туку преку вестите и проповедите се врежува во мозокот.

Го одземаат образованието, а тоа е најсилното оружје против секое зло. Со образованието ќе ни го одземат и најмилото оти ќе направат тоа само да се одземе од себе и нив да им припадне, та да можат да управуваат како што ќе посакаат.

Пополека ја подриваат и ја одземаат храброста и ни го подметнуваат стравот како жарче во сува ливада. Подметнуваат кај оние најпогодените, болните, изнемоштените, постарите, а тие со право исплашени се полнат со гнев кон нас, плашејќи се за своите животи кои всушност како и нашите, не се животи туку преживувања во време на измачувања.

Нема да нѐ изедат, само ќе нѐ доведат до стадиум самите меѓу себе да се изедеме и така во историјата ќе остане запишано дека сами сме се уништиле помеѓу себе, а со тие лекции ќе ги заплашуваат следните генерации.

Од утре, ма не од утре, уште од сега навлечете ги маските и преку очите, за да ви биде барем на очите полесно додека не гледате како се гуши човештвото, оти ова што ни пречи на устата и носот е само припрема за гушењето што нѐ очекува. Се надевам дека ќе заѕвони алармот кај повеќето пред да биде предоцна и дека ќе скокнеме отсечно за да излеземе од кошмаров во кој сме заглавени.

Се надевам дека ќе запролети есенва.

Да запролети есенва”.

Честит празник Македонци! Maкедонија празнува 29 години независност: Еве како славевме и низ што се’ поминавме (Видео)

Република Македонија денеска одбележува 29 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Во изминатите 29 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури. Изминатите години бевме сведоци на промена на државното име и многу политички турбуленции.

Во продолжение ќе се потсетиме како на 8-ми Септември 2011 година Македонија прослави 20 години независност, самостојна и суверена државност.

A eве каква беше прославата една година подоцна на тогашната арена “Филип Втори”:

“Ништо не може да не сопре кога е во прашење спортот и Република Македонија”

Прилеп изобилува со спорски квалитет. Елена Малиноска од џудо клубот Бушидо од Прилеп е дел од плеадата на успешни спортисти oд нашиот град. Таа трпеливо и напорно гради спортско име за кое убедени сме дека во иднина ќе се споменува како национална гордост.

Во продолжение можете да ја погледнете емисијата од ТВ Визија, во која ќе слушнете повеќе информации за биографијата на Елена и за идните планови и подготовки за натпреварувањата во новата сезона:

Снимка која за прв пат излезе во јавност: Погледнете ги гримасите на судијката, откако Новак ја погоди со топчето (Видео)

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по ненамерното удиpaње на линискиот судија во мечот од осминафиналето против Пабло Карења Бусте беше дисквалификуван од “US Open”, на кој во отсуство на Рафаел Надал и Роџер Федерер се очекуваше лесно да стигне до првото место.

Ова е несомнено главната спорска вест деновиве, а сега се појави и снимка од друг агол на која се гледа моментот кога Ѓоковиќ ја погоди судијката со топчето, па потоа сфати што направил. Тој се упати кон Лори која имаше проблеми со дишењето поради удapoт.

Но и покрај ова, спортската јавност е на страната на Новак и сметаат дека ова не е причина за дисквалификација на најдобриот тенисер во светот од грен-слем турнир.

3aeв: Ако сакаме швajцapcки плати, мopa да paботиме како Швajцapиja

Дали ќе се спогодат Владата и Синдикалците околу утврдување на правата на работниците. Тие денеска на заедничка средба ги разгледуваа различните ставови. А дека навистина има разлики потврди и премиерот Заев.

Првиот синдикалец Дарко Димовски од Владата побара неработни викенди за работничката класа, на ова премиерот Заев вели, мора да работиме ако сакаме да бидеме Швајцарија.

-Сакаме швајцарски плати мора да работиме како во Швајцарија, значи сакаме повисоки плати,мора да имаме поголема продуктивност на трудот. Гледате дека имаме различни ставови со Синдикатот, тие бараат неработни сабота и недела, ние викаме недела , затоа што продуктивноста мора да работи со сите продуктивни механизми.“, рече Заев.

Димовски повтори дека не треба да има селекција при носење на новиот закон за пензионирање.

-Не е фер текстилната работничка и административниот работник да одат под исти услови во пензија 03.24 Бараме да се воведе старосна пензија по возраст која би се остварувала по услов од возраст од 57 години за жени и 59 години за мажи со минимум стаж од 15 години, изјави Димовски. Ударните дејности во нашата економија се причините да разговараме за намалување на старосната граница за пензии. 11.48 Опцијата на пет години порано од 64 за мажи или 62 за жени е доколку тој си уплати, рече Заев.

Заев вети минимална плата од 20.000 денари, предвремено пензионирање до 5 години, недела да биде неработен ден и нов закон за работни односи кој ќе биде по европски терк. Првиот синдикалец оптимист дека барањата на работниците ќе бидат прифатени од власта оти како што и самиот вели работничките барања се реални. Добро се справуваме со економските состојби одговори Заев по информацијата за падот на БДП од 12,7 проценти. А за новиот пакет мерки за поддршка рече дека ќе нема потреба од задолжување. Сепак не ја исклучи можноста од ново задолжување и тоа како што рече нема да биде пречка ако треба да и се помогне на економијата.

Пpилеп е MEKA за кyчиња cкитници: Ги имаме за извоз (Фото)

Проблемот со кучињата скитници е од одамна, ама ај што е од одамна, туку никој не сака да го реши.

Во Прилеп стана секојдневие на плоштад да шетаат повеќе кучиња скитници од деца, а за проблемот апелираат сите граѓани.

Животните не се криви, тие се невини и не заслужуваат нечовечки однос, туку бараат згрижување и нивно тргање од улица.

Вака можат да бидат и опacни и да настанат секакви пocледици.

Реакцијата на Вучиќ кога Трамп кажа што потпишале: Знаеше ли српскиот претседател што потпиша? (Видео)

Шведскиот дипломат Карл Билд објави видео на „Твитер“ во кое се гледа реакцијата на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба.

„Ова е моментот кога претседателот Вучиќ беше информиран дека српската амбасада во Израел ќе биде преместена во Ерусалим“, коментира Билд.

Додека Трамп кажува дека амбасадата ќе биде преместена во јули, додавајќи дека тоа е фантастично, Вучиќ во моментот прави зачуден израз и почнува да ги прелистува хартиите пред да ги погледне членовите на српската делегација.

Префрлувањето на српската амбасада во Ерусалим е последната точка од договорот потпишан во Белата куќа во петокот, а преселувањето треба да се случи до 1 јули 2021 година.

Вучиќ синоќа зборуваше за снимката.

„Се изнаслушав разни луѓе кои велат: ‘Погледнете ја реакцијата на Вучиќ, тој дури и не го прочитал договорот’. Еј, тие нискобуџетни луѓе, некој рече будали (никогаш не би го рекол тоа) од разни социјални мрежи (никогаш не би користел такви изрази), па дали тие луѓе знаат дека секој збор го проверував 500 пати цел ден и цела ноќ“, изјави Александар Вучиќ пред новинарите по состанокот во Брисел.

Тој рече дека не постои човек кој ги знае овие договори подобро од него.

„Во таа сала сите заедно не знаеја колку што знаев јас за едниот или за другиот договор и за точните разлики. Останува на мене да прочитам и да видам и каде е другиот договор, за некој да не го потпише она што не е наше. На крајот се случи да ги заменат папките “, рече Вучиќ.

„Тогаш имав добра папка, но тие подоцна ги заменија папките, а јас гледав да не ни се случи тоа“, додаде тој.

Тој вели дека сето тоа се случило затоа што некому не му одговара што Србија постигнала многу добар договор.

„И тоа што беше почитувана во САД, бидејќи такво почитување не сме доживеале уште од Втората светска војна, од 1970 година, кога Ричард Никсон, заедно со Тито, беше во Белград, пред точно 50 години. Оттогаш не сме имале толку почит, и разбирам дека им пречи“, рече Вучиќ.

Ја освојува публиката каде и да се појави: Филип Николоски од Прилеп поседува прекрасен глас (Видео)

Музичкото училиште “Матрикс” во саботата пред Саат кулата во Прилеп имаше свој концерт на кој настапија нивните ученици.

Според прикажаното Прилеп располага со голем број музички таленти кои заслужуваат поддршка.

Свој настап имаше и Филип Николоски кој неодамна ја изваде својата прва песна насловена како “Teбе те нема”.

Покрај оваа песна Филип ја испеа и “Не кани ме” од Миле Кузманоски и одново ја освои публиката.

Слушнете во продолжение:

Во продолжение за тие што пропуштија, првата песна и спот на Филип

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата

Со денешната одлука на Регулаторна комисија, од ноќеска малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 31.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 61,50 ден/литaр.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,50 ден/литар.