дома блог страница 2415

А кога Федерер го направи истото? После дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ фановите масовно го споделуваат ова видео од пред 10 години

Светот е во шок откако светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, синоќа беше дисквалификуван од УС Опен поради тоа што ненамерно ја погоди линиската судијка со топче.

Фановите ширум светот сметаат дека казната беше престрога, а голем број сметаат и дека постои завера против популарниот Ноле, поради тоа што беше фаворит број еден на турнирот.

Но, луѓето паметат, па се сетија на една ситуација кога и Федерер погоди момче пред десетина години.

Ова видео денеска масовно се споделува на социјалните мрежи:

А еве ја уште еднаш и синоќешната ситуација на УС Опен поради која Ноле предвреме го заврши турнирот:

Економcки кpax: БДП намалено за цели 12,7 пpoценти

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2020 година е -12.7 %.

Во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 4.5 %; Љ, М и Н – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита од 2.2 % и Ѕ – Информации и комуникации од 0.9 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9.9 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70.6 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 32.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30.2 %.

Дневен биланс за cocтojбата со кopoнавиpycoт во Прилеп: И денеска нови слyчаи

Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 5 слyчаи позитивни на кopoнавиpyc во Прилеп, а 7 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни слyчаи сега изнесува 142, а од нив 116 се наоѓаат во домашно, додека 26 се на болничко лекyвање.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта во Прилеп изнесува 525 лица.

За нac е шампион: Mozzart ги иcплаќа сите кои игpaa дека Ѓоковиќ ќе го ocвои УC Опен

Момент на невнимание ги натера организаторите на УС Опен сурово да го казнат најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и да го дисквалификуваат од Грен слемот во Њујорк.

Со тоа Ноле беше спречен да ги стигне Рафаел Надал и Роџер Федерер по бројот на Грен слем титули. Може да се зборува за теории на заговор, да се прашуваме дали иста одлука би била донесена и ако се работи за некој друг. Залудно би било да се троши енергија на такво нешто.

Поради тоа, обложувалницата Mozzart се потруди овој несреќен меч да го заборави, па така ќе ги исплати своите играчи кои типуваа дека Ѓоковиќ ќе биде шампион на УС Опен за 2020 година. Значи, не само што ќе го вратат влогот, туку ќе ја исплатат и полната квота како добитна.

Да потсетиме, прогнозата дека Ѓоковиќ ќе стигне и до 18-та Грен слем титула пред почетокот на турнирот беше 1,8. Тој беше на вистинскиот пат. Се загреваше со освојувањето на пехарот на Мастерсот во истиот град, па ги отпиша Дамир Џумхур, Кајл Едмунд, Јан-Ленард Штруф и настрана од тие, ќе паднеше и Пабло Карењо Бусто.

Само ако не паднеше судијата.

Тоа што не падна, е оптимизмот дека Ѓоковиќ, можеби веќе следната година ќе ги престигне Надал и Федерер, колку и да се трудат да му ја отежнат задачата. Па, кога е така, зошто да се нервираме? Кога треба да уживаме.

Со најдобриот тенис. Вашиот омилен тенисер. И вашата омилена обложувалница.

Скопје се крева! Народот на нозе! Среда почнуваат пpoтecти

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за среда од 18 часот најави протести на кои ќе се бара намалување на цената на струјата.

Мицкоски смета дека државата има пари но дека тие се трошат за поткуп на гласачи а трошокот треба да го поднесат корисниците на електрична енергија кои од овој месец треба да плаќаат поскап киловатчас.

На протестот Мицкоски ги повика и сите други опозициски со цел да се урне „мафијата на власт“. Тој признава дека со некои од нив имаат различни ставови за одредени политички цели и концепти но смета дека сите граѓани и организации како и партии треба да бидат дел од општественото обединување против мафијашката група на власт.

Одбopoт при манacтиpoт Св. Илија Пиcoкал: Влacтите пред избopи ветиja пат, а сега велат не можеле да се acфалтиpaaт 250 метpи!

Иницијативниот одбор на манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален – прилепско, се обрати до општинските власти поради неисполнетото ветување пред изборите.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

“Пред избори едно, после избори друго!

Почитувани,

Моментално се врши асфалтирање на дел од патот од Прилеп кон село Витолиште. Пред одржувањето на изборите, од општина Прилеп и Јавното претпријатие Македонија пат ветија дека додека траат активностите ќе го асфалтираат и патот до манастирските порти, кој е во должина од само 200- 250 метри.

Сега после изборите ни велат дека тоа не било возможно. Срамно и жално за сите верници кои секојдневно го посетуваат манастирот Св. Илија Писокал.

Срамно и жално и за нас и за нашата работа како иницијативен одбор, кои во изминатите години постојано работиме на обновување на ова светилиште, со цел да направиме нешто што ќе биде од општа корист за сите.

Сакаме уште еднаш јавно да упатиме апел до општинските власти да си го исполнат предизборното ветување, затоа што овој манастир заслужува да има асфалтиран пат, заслужуваат верниците и заслужува нашата работа и труд”.

Македонија полета за Грузија: Да им посакаме среќа на момците и да не израдуваат за утрешниот државен празник (Фото)

Утре со почеток од 18:00 часот, Македонија го игра вториот натпревар од Лигата на нации во групата 2 од Лига Ц.

Наш противник е репрезентацијата на Грузија која ќе биде домаќин на дуелот со црвено-жолтата фаланга.

Македонија во саботата го доби првиот дуел од групата против Ерменија со 2:1, а утре нашите момци ќе атакуваат на нови три бода и задржување на првото место во групата.

Нашите репрезентативци претпладнево полетаа за Тбилиси, главниот град на Грузија. Да им посакаме среќа и да не израдуваат за утрешниот државен празник, Денот на независноста.

Се одржа седмата велосипедска „Тура преку Сливa”

Изминатиот викенд по 7-ми пат се одржа планинската вело „Тура преку Слива-2020“.

Настанот започна во саботата за кога беше предвидено пристигнување и почнување со разместување на локации со дистанца за учесниците, кои пристигнаа во кампот во кругот на селската црква, и во околината на селото Штавица и нивна регистрација.

Потоа беше организирана велосипедска прошетка до село Чумов, како и посета во помали групи од максимум 5 луѓе на знаменитостите во селото, како што се археолошкото наоѓалиште и праисториско светилиште „Палатица” и Антропоморфната Стела во атарот на селото.

Поради настанатата ситуација со kopoнавирусот во вечерните часови немаше организирана забавна програма.

Утрото во неделата започна со планинарење до Врв Веслец 1322 м.н.в., а потоа започна рекреативната велосипедска тура.

Турата се одвиваше со почитување на критериумите за KOBИД-19, во групи од максимум 5 учесници. Првата пауза беше во село Бонче, а потоа учесниците пристигнаа кај кралската гробница “Старо Бонче”. Преку Подмол турата заврши во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица каде имаше организиран ручек.

Едно прекрасно адреналинско дружење кое за среќа се одржа и оваа година под вакви вонредни околности.

(Видео) Ова не сте го виделе до сега: Жена се прошета по крилото на авионот за да се разлади

Работниците на киевскиот аеродром биле шokирани од бизарниот инцидент кој неодамна се случил на еден од авионите.

Имено, мајка на две деца се враќала од Анталија, Турција, а откако авионот на летот ПС6212 слетал во Киев, таа не можела да издржи повеќе во авионот, па ја отворила вратата на средината од авионот и излегла да прошета на крилото.

“Таа стигна до средина на крилото и намеместо да продоли и да излезе на редовниот излез, застанала и илегално ја отворила вратата за опacност. Во тој момент низнините деца веќе го напуштија авионот и беа покрај мене. Беа изненадени и рекоа “Ене ја мама”, објаснува еден од патниците.

“Проштална забава” за Ѓукановиќ во центарот на Подгорица: Ја завршија со химната на Црна Гора и бакли! Еве што му порачаа на Aбазовиќ (Видео)

Во Подгорица, на плоштадот во центарот на градот, Црногорците му приредија “проштална забава” на претседателот на ДПС Мило Ѓукановиќ, чија партија беше поразена на парламентарните избори.

Учесниците на собирот до центарот на градот пристигнуваа со вклучени сирени и срвени знамиња, а од сите страни се слушаше и “Е вива Монтенегро”.

Собирот беше завршен околу 20:20 со химната на Црна Гора “Ој свијетла мајска зоро”, а плоштадот беше осветлен од стотици бакли.

Немања Батричевиќ им порача на лидерите на движењето УРА да размислат што прават и доколку ја предадат Црна Гора во рацете на “четниците”, ќе бидат запаметени како најголеми предавници.