Баба Ѓурѓа го потсети целиот Балкан дека можеме да бидеме обединети: За прекрасните букети и нејзината добрина пишува целиот регион

Баба Ѓурѓа го потсети целиот Балкан дека можеме да бидеме обединети – пишува српскиот портал “Noizz.rs”.

За неа дозна цела Македонија, но и регионот и дијаспората, откако Владимир Блажев од дуото ДНК објави на својот Фејсбук дека баба Ѓурѓа продава цвеќе за да донесе леб за своите внуци.

Оттогаш секојдневно ја посетуваат добри луѓе, а помош пристигна дури и од дијаспората.

За баба Ѓурѓа пишуваат и корисници на Твитер од соседството.

“Бевме кај баба Ѓурѓа која секој ден продава цвеќе од својата бавча и од тоа живее. Договорот со соседите е кој прв ќе дојде кај неа, да ги купи сите цвеќиња за да не мора да седи на улица на жештините, туку што побрзо да си купи појадок и да си оди дома да одмора – напиша неодамна една твитерџика, која објави и фотографии од букетите што ги прави бабичката”, напиша корисничка на Твитер која во објавата стави и фотографии од прекрасните букети кои баба Ѓурѓа ги прави.

Меѓу коментарите на оваа објава има и такви кои се нудат сами да уплатат пари за некој од следните денови, за бабичката да може полесно да си ја заврши работата. Се откри и дека не е првпат луѓе од дијаспората да праќаат пари за најубавите цвеќиња на Балканот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.