дома блог страница 2413

BMPO-ДПMHE вечepва излегyва на yлица пpoтив пocкапyвањето на cтpyјата

ВМРО-ДПМНЕ вечерва во 18 часот ќе го одржи првиот од серијата граѓански протести, кои ги најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Протестот вечерва е против зголемувањето на цената на струјата. Партијата ги повика граѓаните на протестот, за како што велат, време е за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот.

– Наша должност и ова е време кога треба да се биде гласен. Протестот ќе започне во 18 часот пред Министерството за правда и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и ќе бараме да се врати цената на струјата по старо – рече во понеделникот Мицкоски на прес конференција.

Тој ги повика опозициските партии и невладините организации и поединци на формирање опозициски фронт против власта, која во обраќањето ја нарекуваше мафија која се богати преку грбот на народот.

– Можеби имаме различни гледишта и концепти, но нѐ обединува сиромаштијата. Со активен отпор на улица и да протестираме за секоја тема што ги мачи граѓаните. Не смееме да дозволиме богата влада, богати мафијаши, а сиромашен народ. Мафијата не се урива со една битка, туку со многу битки и труд. Ова е почеток на нивниот крај. Ние оттука тргнуваме – рече Мицкоски.

Тој најави дека ова ќе бидат мирни протести, со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе биде заедно со народот.

Според партијата, додека граѓаните на Република Македонија се сиромашни и гладуваат, Заев и неговата влада се гоштеваат со октоподи и скапи пијалоци.

– Поради Заев и СДСМ јавниот долг на Република Македонија е енормно зголемен од нивното доаѓање на власт, од третиот квартал во 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година за една милијарда и 740 милиони евра или вкупно 11,8%. А, пак државниот долг од 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година е зголемен од 3 милијарди 958 милиони на 5 милијарди 561 милион. Тоа се цели 1,6 милијарди евра или тоа е за 11,3%. Катастрофалните мерки на оваа власт предизвикаа драстичен пад од 12.7% на БДП во вториот квартал во 2020 година. Поради СДСМ Македонија бележи и пад во индустријата, увозот и извозот, а невработеноста е зголемена за над 40.000 лица, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека наместо помош Заев на граѓаните им понуди покачена струја за 7,5 отсто.

– Но на ова мора да се стави крај, затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест. Во среда на 9-ти септември со почеток од 18 часот, појдовна точка ќе биде министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Време еза обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео) Два големи китови забележани во Jaдpaн во Велебитcки канал

Научниците од институтот Син свет ги испитувале информациите дека е забележан голем кит во Велебитскиот канал и утврдиле дека станува збор за дури два големи кита.

Научниците успеале со беспилотно летало да го снимат љубопитниот кит, кој се приближил до нивниот брод долг седум метри и пливал многу близу до површината.

Во септември истражувачите повторно излегле на терен за од воздух да го снимат големиот кит со беспилотно летало и да ја анализираат неговата големина, здравствена состојба и да земат примерок од кожата за ДНК-анализа.

Големиот кит го нашле во саботата на самиот влез на каналот и го следеле два часа, според Институтот.

Прегледувајќи ги направените фотографии, тие откриле дека ова не е истото животно што било снимено во август.

„Китот што моите колеги го фотографираа во август имаше голем и видлив засек на перката, додека овој кит го нема. Исто така, нивните перки се разликуваат по формата“, изјави истражувачот Јуре Миочиќ-Стошиќ за Индекс.

Китот бил забележан повторно следниот ден.

„Освен што неговите нуркања траеја пократко, овој пат големиот кит беше заинтересиран за нашиот брод. Во неколку наврати, тој пливаше покрај нашиот брод на само 4-5 метри под површината. За време на едно приближување, тој се сврте на страна и јасно се гледаше неговиот скоро бел стомак “, рече Гргур Плешлиќ, директор на научната програма на Институтот „Син свет“.

Пандов: Дocта ни се понижyвања, ќе ce вложам целocно за coбopyвање на 3aeв и неговата xyнта

Александар Пандов се заблагодари на ИК на ВМРО ДПМНЕ и на претседателот на партијата Христијан Мицкоски за искажаната доверба и чест да биде првиот претседател на Патриотскиот институт.

-Ви ветувам на сите членови и симпатизери, како и на секој Македонец и граѓанин на Република Македонија кој си ја сака татковината и му е преку глава од сите национални, но и секакви други понижувања и неправди низ кои минуваме минативе три години, дека ќе се вложам целосно и сето мое време, знаење и енергија ќе биде насочено кон единствената цел, соборување на Заев и неговата хунта.

И не само тоа, ќе дадам се од себе во наредниот период Патриотскиот институт да го изградам во главен столб на ВМРО, да биде негова преторијанска гарда и перјаница, главна ударна тупаница и прва линија на одбрана на партијата и Македонија!
Низ многу тежок и лош период поминуваат Македонија и ВМРО, но па кога им било лесно? Та нели на мака се познаваат јунаците!

Браќа и сестри се гледаме на барикадите
Да живее ВМРО
Да живее Република Македонија
– порачува Пандов.

Прилепчанец вработен во обезбедување ФИ3ИЧKИ HAПAДHAT на работното место

На 07.09.2020 во 15.03 часот во СВР Охрид, Д.М.(41) од Прилеп, со живеалиште во Охрид, вработен како обезбедување во агенција за обезбедување, приjaвил дека, додека бил на работното место како обезбедување во банка во Охрид, бил физичkи нападнат од В.Д.(56) од с.Беличица, општина Маврово Ростуше, со живеалиште во Гостивар.

Полициcки cлyжбеници излегле на местото и на В.Д. му бил издаден записник за констатиран пpeкpшок по член 12 од 3aконот за пpeкpшоците пpoтив jaвниот peд и миp.

3aeв збоpyваше за „нашата земja“ и за „татковината“: Нитy еднаш не кажа Maкедониja во говopoт за Денот на незавиcнocта (Видео)

-Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни, денеска 29 години од прогласувањето на самостојноста, нашата татковина има најмногу пријатели, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев на прославата по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември.

Toj во обраќањето ги користеше термините „татковината“, „нашата земја“ и речиси секој втор збор му беше НАТО. Ниту еднаш не изусти ни Македонија.

Фолк пejaчката со нajyбава чecтитка за Денот на незавиcнocта: “Да живee нашата мила земја Македонија” (Фото)

Убавата фолк пеачка Сузана Гавазова направи специјална фото сесија по повод Денот на независноста 8 Септември.

Сесијата е направена на тврдината Цареви Кули над Струмица.

“Да живее Македонија! Среќен празник Македонијо! Благодарност до сите што работеа на овој мал проект но посебен работен со многу љубов за нашата мила земја Македонија”, напиша Гавазова.

После лeyкемиjaта Михајловиќ ја победи и кopoната: Веќе започна со тренинзи со својот тим

Поранешниот српски фудбалер и тренер на италијанска Болоња – Синиша Михајловиќ, се опорави од кopoнавиpycoт, откако два теста потврдија негативен резултат, пренесува римскиот весник „Република“.

Според изданието, Михајловиќ денеска продолжува со редовните активности во Кастедеболеа, техничкиот центар на фудбалерите на Болоња.

Михајловиќ беше позитивен на коронавирус по одморот на Сардинија, иако српскиот тренер немал никакви симптоми, потсетува „Република“.

Манчестер Јунајтед носи светски првак на “Олд Трафорд”

Манчестер јунајтед ќе се обиде на „Олд трафорд“ да донесе светски шампион кој моментно настапува за Барселона, Антоан Гризман.

Францускиот репрезентативец беше на радарот на Јунајтед уште додека го носеше дресот на Атлетико Мадрид и пред да потпише за Барселона во трансфер вреден 120 милиони евра.

Гризман пред три години не беше заинтересиран за трансфер во премиерлигашот бидејќи Јунајтед тогаш не играше во Лигата на шампионите и не претставуваше голем предизцик.

Сега „црвените ѓаволи“ се враќаат во елитното натпреварување и не планираат да штедат бидејќи целта за наредната сезона е да се вмешаат и во борбата за титулата во Премиер лигата каде главниот збор го имаат Манчестер сити и Ливерпул.

Уште една работа која оди во корист на Јунајтед е тоа што Лионел Меси ќе остане во Барселона идната сезона, а тоа значи дека Гризман нема да може да игра на својата омилена позиција. Згора на тоа, новиот тренер Роналд Куман, инсистира Барселона да го купи холандскиот репрезентативец Мемфис Депај кој ќе го зазеде местото на Луис Суарез.

Поради ова, но и шпекулациите дека Меси би останал подолго во Барселона доколку нов претседател на мартовските избори стане Виктор Фонт кој за тренер ќе го донесе Чави Ернандез, Антоан Гризман смета дека нема да добие преголема шанса да игра и како што известуваат француските медиуми, тој е подготвен за трансфер во Манчестер јунајтед.

КСС: Во пензија мажите да одат на 61, а жените на 59 години

Конфедерација на слободни синдикати (КСС) се залага за намалување на старосната граница за пензионирање на 59 односно 61 година за мажи и од 57 до 59 за жени, со што ќе се намали бројот на вработените во јавниот сектор.

„Доколку работниците предвремено одат во пензија, процентот ќе им биде намален поради годините од предвремено пензионирање, според процентот на годините стаж, но штом ја исполнат старосната граница пензионерите да си ја добијат пензијата во полн износ, исто како да ја исполниле старосната граница од 64 односно 62 години“, пишува во соопштението на КСС.

Добра вест за љубителите на фудбалот: УЕФА ја враќа публиката на трибините

Нов чекор напред кон нормализација на состојбата во европскиот фудбал. УЕФА денеска пресече дека натпреварот од Суперкупот на Европа, кој е закажан за 24 септември во Будимпешта, ќе се игра со навивачи!

Целиот финален турнир од ЛШ и ЛЕ неодамна се одигра без присуство на публика, почнаа и квалификациите за меѓународните купови исто така пред празни трибини, така што оваа одлука на УЕФА би можела да биде добра вест за продолжението од сезоната.

Суперкупот на Европа во Будимпешта ќе го играат Баерн и Севиља, а нивните навивачи ќе можат преку интернет да купуваат влезници за натпреварот. Секако, капацитетот на стадионот е намален на само 30 проценти, но и тоа е некој почеток. Пропишани се и мерки до кои сите ќе мораат да се придржуваат: растојанието меѓу двајца навивачи на трибините мора да биде барем метар и половина, задолжително носење на маски и дезинфекција на рацете пред влез на стадион, ќе може да се седи само на означени места…

Доколку УЕФА биде задоволна со почитувањето на мерките на Суперкупот, веројатно по ова ќе дозволи враќање на трибините и на останатите мечеви под нејзина ингеренција: во квалификациите за европските купови, како и за натпреварите на репрезентациите.