дома блог страница 2385

Споменот за 12 стpeлани младинци живее и денеска: Ваташа е симболот на македонштината во Тиквешијата (Фото)

Ваташа — приградска населба на градот Кавадарци, во областа Тиквеш. Поради својата близина со градот, ова некогаш големо село прераснало во приградска населба, како што и официјално е означено во статутот на Општина Кавадарци.

Ова големо село се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, но селото е речиси целосно поврзано со градот Кавадарци, поради што влегува во рурбалната зона на централното место. Сместено е на самиот регионален пат кој води до висорамнината Витачево. Селото е рамничарско, на надморска височина од 295 метри.

Поради непосредната близина, Ваташа во текот на времето прераснала во приградска населба на градот Кавадарци.

Селото Ваташа е сместено во долината на реката Велика (Луда Мара) под самата висорамнина Витачево.

Ваташа е познато место уште во XIV век, а за време на османлиското владеење со Македонија (1395-1912), тоа било најголемата населба во Тиквеш. Селото било христијанско-муслиманско од полуварошки тип во турско време.

Ваташа е познато место уште во XIV век, а за време на османлиското владеење со Македонија (1395-1912), тоа било најголемата населба во Тиквеш. Селото било христијанско-муслиманско од полуварошки тип во турско време.[4]

Во 1817 година, во Ваташа била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Во 1830 година започнало да работи првото световно училиште во Тиквешијата.

Во 1838 година, со помош на македонскиот просветител Теодосиј Синаитски, селскиот учител Даскал Камче ја отворил првата печатница во Македонија, токму во Ваташа, во периодот на македонското просветителство.

Стреланите младинци од село Ваташа, Тиквешко. Крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, кога биле стрелани 12 младинци.

Во 1860 година било изградено основното училиште „Даскал Камче“. Во XIX век, Ваташа било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Во текот на 1901 година при својата неколкунеделна посета на Кавадарци и околината, Гоце Делчев престојувал неколку денови и во Ваташа.

Во 1913 година за време на Тиквешкото востание, српските воjници стрелале 40 луѓе во Ваташа.

Во април 1941 година селото било дел од бугарската окупациска зона. Од самиот почеток, жителите на Ваташа не ја прифаќале новата власт и активно се вклучиле во народноослободителното движење. На 16 јуни 1943 година, бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото, и тоа: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев, како дел од Ваташкиот масакр. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште, а исто така, овој настан е опеан во песната на Лазар Манчевски, „Ми заплакало селото Ваташа“.

За кpвавиот настан од тоа време денеска сведочат мурали на кејот од реката Луда Мара каде се испишани имињата на сите стрелани младинци.

Според пописот од 2002 година, во селото Ваташа имало 3.502 жители, од кои 3.224 Македонци, 13 Турци, 238 Роми, 1 Влав, 20 Срби и 6 останати.

Во Ваташа се родени револуционерите: Иван Минчев, Димитар Пинџур, Тодор Поп Антов, Христо Поп Антов, Дончо Лазаров, Страшо Пинџур, Димката Ангелов Габерот, Ристо Џунов, Блаже Џунов.

Населбата (селото) има неколку значајни локалитети кои можете да ги посетите: Паракелова Глава — некропола од рисмко време; Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква; Црква „Св. Никола“ — главната црква на Моклишкиот манастир; и Црква „Св. Архангел Михаил“ — најнова црква во селото, во изградба.

Тука се наоѓа и спомен куќата на Страшо Пинџур — меморијален музеј сместен во родната куќа на народниот херој Страшо Пинџур, како и споменикот на 12. ваташки младинци — споменикот се наоѓа во близина на Ваташа, неколку километри јужно од населбата, во месноста Моклиште на која е подигнат голем споменик на 12-те ваташки младинци стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.

Го оставил телефонот отклучен, па неговиот миленик удpил на селфија: Фотографиите станаа хит во целиот свет

Сопстеник на мачка се изненадил кога го остави мобилниот отклучен и пронашол селфи фотографии кои наводно ги направил неговиот миленик.

Кевин Руснак на Твитер сподели фотографии од својата мачка Доби, која таа случајно ги направила кога поминувала над телефонот.

-Што се случува кога ќе го ставите мобилниот отклучен на куњскиот пулт?, напиша Руснак споделувајќи фотографии од својата мачка.

-Вашата мачка застанува на него и почнува да прави селфиња, вели тој.

Агатенгел: “Македонскиот народ е столчен поради оваа ненародна власт, Делчев е апостол кој го осветлува образот на Македонецот”

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“, гостуваше Митрополит г. Агатангел кој што посочи дека македонскиот народ е столчен поради оваа ненародна власт. Порача дека оваа власт не може да го сокрие фактот дека Гоце Делчев е Македонец.

-Столчени сме, верувам дека како Феникс ќе воскреснеме повторно. Ова што ни се случува на нашата света македонска земја, нашиот македонски народ е навистина нешто што секој вистински Македонец треба да се вознемири. Оној кој ја чувствува, оној кој ја сака, оној кој ја љуби оваа македонска земја, истакна г. Агатангел.

Агатангел го коментираше она што се случува со Гоце Делчев, вели дека иако тој не е историчар знае дека Гоце Делчев е Македонец кој се борел за македонски правдини.

-1894 година Гоце Делчев е учител во Штип, на крајот од годината е поставен на истото училиште и директор, а 1895 за првпат се организира демонстрации против власта. Што значи Гоце Делчев во Штип учел деца Македончиња, бил директор на деца Македончиња, на учители Македонци, духот бил македонски. И зошто тој тогаш ги формирал тие демонстрации, ги организирал тие демонстрации против власта? За да го окуражи народот, да му каже на народот да не се плаши, да си го брани она неговото вистинското македонското, националното, нагласи г. Агатангел.

Агатангел рече дека Делчев е апостол на вистината, апостол на љубовта, апостол на правдата. Апостол Гоце во тој период го осветлува образот на Македонците и говори за вистината и правдата на секој Македонец.

Кога политиката не меша прсти: Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи и Бошњаци заедно изградија црква во скопско Ченто (Видео)

Твит кој денеска одекна и кој треба да биде пример за соживот во целата држава. Кога политиката нема да замеша прсти тоа изгледа вака

Деновиве во Скопје, во населбата „Методија Андонов Ченто“, околу 120 благочестиви млади дечки учествуваа во хуманитарен турнир во мал фудбал, со цел да помогнат во собирањето средства за изградба на храмот „Свети Архангел Михаил“. Поделени во повеќе екипи, учесниците организираа вистински натпревар, чиешто финале се одржа вчеравечер. Победник на натпреварот беше екипата „Бигорски Манастир“, чиишто членови ја нарекоа со ова име по повод Илјадагодишнината на Бигорската Обител. Воедно, тие на Бигорски му ја посветија својата победа и пехарот за прво место.

-Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи и Бошњаци, поделени во 10 тима го завршија хуманитарниот турнир за доизградба на Church Свети Архангел Гаврил во Скопската населба Ченто.

Храмот Св. Архангел Гаврил во населбата Ченто беше осветен на 21.11.2017 година во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски Г Г Стефан, а сега целосно заврши неговата доизградба.

Mитева: Bладата на СДCM напpaви целoceн колапc на обpaзовниот cиcтем, националната платфopма не издpжа ниту 30 минути (Видео)

Владата на СДСМ на само два дена пред и така одложениот старт на учебната година направи целосен колапс на образовниот систем. Денешното тестирање на Националната платформа на министерството за образование за одвивање на онлајн настава не издржа ни 30 минути. Ваквиот колапс предизвикува премногу конфузија кај наставниот кадар, но и кај самите родители и ученици, обвинува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако учениците и наставниците ги добија своите насоки за работа на платформата, истата се покажа целосно нефункционална. Најпрво, учениците и наставниците не можеа да воспостават пристап до платформата, а потоа воопшто немаа можност за вклучување. Исто така, како една од главните причини поради нефункционалноста на платформата е и големата преоптовареност од корисници. Се поставува прашањето, како за два дена ќе се обезбеди непрекинат пристап и целосна достапност на платформата која како што ја најавија има за цел да обедини 270 илјади ученици? Иако, министерството за образование и наука претходно ги информираше родителите какви спецификации треба да имаат компјутерите со кои учениците би ја следеле наставата, кои воедно ги оптовари родителите за дополнителни близу 20 илјади денари од семејниот буџет за обезбедување на соодветен компјутер, сепак националната платформа се покажа нефункционална, порачува Митева.

Таа посочува дека и покрај проблемите со користењето на националната платформа, сепак над 40 илјади деца во државата нема да можат да следат онлајн настава бидејќи немаат компјутер со потребните спецификации.

-Владата имаше цели 8 месеци да подготви издржано решение, а ние денес на само неколку дена пред стартот на учебната година имаме огромен неуспех. Наместо институционални одговори и решенија имавме политички кампања, истакна таа.

(Фото) Не се стасува во Европа со разум заглавен во среден век: Прилепска некултура!

До каде вака со ваква култура?

21 век сме, а се’ уште некои наши сограѓани имаат култура и однесување како во среден век. До кога вака и до каде вака?

Во Европа, не би рекле…

Крајно време е и надлежните да постават камери и да ги санкционираат сите оние кои се изживуваат кон урбаната опрема во градот.

Корпите се фотографирани во цветната улица во Прилеп.

Инспиративната животна приказна на Силвестер Сталоне која никого нема да остави рамнодушен: Од згрижувачко семејство, без скршен денар до најголема ѕвезда

Силвестер Сталоне е легендарен филмски актер и идол на повеќе генерации. Денеска има 74 години и богата кариера зад себе, но ни најмалку не било лесно да се дојде до тоа. Неговата животна сторија кај многумина ќе предизвика емоции, а зошто е тоа така прочитајте во продолжение.

Бил мал кога во 50-тите години од минатиот век, заедно со неговите родители се преселиле во Вашингтон, а кратко време потоа тие се разведиле.

Тоа ќе биде причината што во прво време ќе живее во згрижувачки семејства. После некое време ќе биде повторно со мајка му, но и нејзиниот втор сопруг, а ќе живеат во Филаделфија.

За време на раѓањето доктор му го повpeдил нервот на лицето, оставајќи го делумно пapaлизиpaн со проблеми во говорот.

На училиште постојано се мачел и редовно запаѓал во невољи, па затоа бил избркан од 14 различни средни училишта.

Во почетокот на 70-тите години се преселува во Њујорк со цел да се обиде да го оствари својот сон за да стане актер, но добивал само мали улоги.

Бил приморан да работи во Зоолошка градина и да ги чисти кафезите со лавови, како и редар во кино. Бил во таква беспарица, што бил приморан да спие 3 недели на автобуска станица. Еден ден гледал бокс меч кој го инспирирал да напиште филмско сценарио за перспективен боксер.

Останувал буден и по 20 часа и постојано пишувал, па сценариото го завршил за само 3 дена. Во тие моменти од животот се чувствувал “или, или”, или ќе го сработи тој филм, или ќе ограби некого и ќе заврши во затвор.

Кога се обидел да го продаде сценариото, никој не сакал да го купи. Немал пари за храна ниту за своето куче, па морал да го продаде за само 50 долари.

На сметката имал само 106 долари, а жената му била трудна. Најпосле успеал да се запознае со продуценти кои сакале да го купат неговото сценарио, но Сталоне одбил да го продаде без да му дозволат тој да ја глуми главната улога.

Продуцентите сакале вистинска филмска ѕвезда за филмот, а Сталоне чувствувал дека токму тој може да даде се’ од себе и да ја долови улогата на вистински начин.

Продуцентите му понудиле 125.000 долари за сценариото, но тој одбил. Наредната понуда била 250.000 долари, која исто така била одбиена. Следувала уште побогата понуда, но Сталоне и понатаму инсистирал тој да биде главна улога.

Конечно продуцентите попуштиле и го ангажирале Сталоне во филмот кој самиот го напишал, но му исплатиле само мал дел од првичната понуда.

Веднаш штом го продал сценариото, Сталоне отишол и го откупил одново своето куче за 3.000 долари. Неговиот филм “Роки” освои 3 оскари, вклучувајќи го и најважниот за најдобар филм.

Филмовите од серијалот “Роки” досега имаат заработени 1,4 милијарди долари, што ги прави едни од најдобрата франшиза во филмската индустрија на сите времиња.

Во една прилика Сталоне ќе каже:

“Не е прашање колку силен удар можеш да зададеш, туку колку силен удар можеш да примиш и да продолжиш понатаму, така се победува”.

Верувајте во себе и никогаш не се откажувајте од вашите соништа!

Родител од Прилеп: Потребни се 1.200 евра за опрема за двајца ученици, тоа е научна фантастика, а образованието треба да е бесплатно (Видео)

Наместо радост и возбуда – стpec, паника, но и стpaв кај родителите на учениците. На само пет дена пред почетокот на новата учебна година, конечно објавената национална платформа за учење на далечина на МО, ги вознемиpи учениците, но многу повеќе нивните родители. Крешимир Здравески е родител на двајца ученици. Едниот е основец, а другиот средношколец. Исправен пред обврската да ја набави препорачаната ИТ – опрема, која според неговите пресметки би го чинела околу 80 илјади денари, вели дека не знае кој крај да го фати – oбјави “АЛФА ТВ”

„Јас правев пресметки, конкретно за тие две конфигурации, сосе монитор, со одредени пиксели, тоа ни е напишано какви пиксели треба да има, какви резолуции, неизбежни се 1.200 евра. Тоа е научна фантастика во оваа Ковид-криза за една Германија, а камо ли за една држава како нашата“, – вели Крешимир Здравески.

Здравески тврди дека овде има и кршење на Законот, ако се земе предвид фактот дека основното и средното образованието во земјава се бесплатни. Според него, и користењето на таблетите и смартфоните, како алтернатива, е недопустливо, а и неадекватно за препорачаната платформа.

„На таблет и на смратфон, дете или возрасен да учи, очите ќе му истечат, да се изразам народно. И се надевам дека и во Министреството ќе успеат да се потрудат да разберат, и каде што мозочето ќе му врие буквално, концентрацијата нема да му биде во образованието, туку ќе му биде за да се мачи, затоа што платформата не е направена за таблет и смартфон, затоа што постојано ќе мора да се поместува страницата, или наставниот материјал“, -објаснува Здравески.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, во телефонски пораки им биле испратени и новите напатствија, кои според Здравески се повеќе од иритирачки.

„Секој ден, нов шок…Денеска добивме напатствие од МО дека утре учениците треба во 10 часот задолжително да бидат вклучени на пробниот час. Повторувам – задолжително. Дали некој нас не праша дали сме ние технички, технолошки, финасиски, интернетски спремни, и како семејства, и како држава?!“– прашува Здравески.

Здравески, кој освен што е родител, е и мајстор-професор по фризерство, прва генерација во земјава, со своја Академија, и е и директно вклучен во образовниот процес во земјава, смета дека ова ќе создаде уште една длабока дупка во психолошкиот развој на децата, но и во образовниот процес, што долгорочно гледано, многу негативно ќе се одразело на и онака колабираното, македонско стопанство.

Каролина Дурло

Младост96 прави пуздер во пингпонгарската Супер лига: Нови две победи викендов

Екипата на Младот96 oд Прилеп викендов издвојува две убедливи победи и тоа против екипата на Нец-Скопје и против досега непоразената екипа на Шампиони ФА од Штип.

Двата натпревари се добиени со резултат 4-1, но она што одекна како бомба, се двата порази на сениорскиот државен првак, Кристијан Станојковски, член на екипата на Младост 96.

Ако во изминатите седум, осум години Станојковски имаше претрпено само два порази, на денешните натпревари во еден ден два пати беше поразен.

Во дуелот со Нец победи извојуваа Стефан Костадиновиќ, кој рутинирано доби две утакмици, Александар Рикалоски една, и Кристијан Станојковски една.

Во вториот натпревар со екипата на Шампиони ФА, исто така Костадиновиќ извојува две победи, колку и Петар Костовски, кој одигра одлични натпревари.

Со тоа екипата на Младост96 се осамостои на врвот на Супер лигашката табела со пет победи од пет одиграни кола.

Воедно поразите на Станојковски беа единствените загубени мечеви за екипата на Младост 96.

Другиот клуб од Прилеп, Младост, исто така извојува две победи со Работнички и Струга, и се наоѓа на делба на второто место со екипата на Шампиони ФА, само со еден пораз, кој го претрпи од градскиот ривал Младост96 во првото коло.

Минатата недела пocкапеа за 2 денари: Регулаторна ги објави цените за оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика информираше дека оваа недела цените на нафтените деривати ќе остане иста во однос на минатата недела кога бензините поскапеа за два денари.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 21.09.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, информираат од РКЕ.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,355 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,666 ден/кг.