Споменот за 12 стpeлани младинци живее и денеска: Ваташа е симболот на македонштината во Тиквешијата (Фото)

Ваташа — приградска населба на градот Кавадарци, во областа Тиквеш. Поради својата близина со градот, ова некогаш големо село прераснало во приградска населба, како што и официјално е означено во статутот на Општина Кавадарци.

Ова големо село се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, но селото е речиси целосно поврзано со градот Кавадарци, поради што влегува во рурбалната зона на централното место. Сместено е на самиот регионален пат кој води до висорамнината Витачево. Селото е рамничарско, на надморска височина од 295 метри.

Поради непосредната близина, Ваташа во текот на времето прераснала во приградска населба на градот Кавадарци.

Селото Ваташа е сместено во долината на реката Велика (Луда Мара) под самата висорамнина Витачево.

Ваташа е познато место уште во XIV век, а за време на османлиското владеење со Македонија (1395-1912), тоа било најголемата населба во Тиквеш. Селото било христијанско-муслиманско од полуварошки тип во турско време.

Ваташа е познато место уште во XIV век, а за време на османлиското владеење со Македонија (1395-1912), тоа било најголемата населба во Тиквеш. Селото било христијанско-муслиманско од полуварошки тип во турско време.[4]

Во 1817 година, во Ваташа била изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Во 1830 година започнало да работи првото световно училиште во Тиквешијата.

Во 1838 година, со помош на македонскиот просветител Теодосиј Синаитски, селскиот учител Даскал Камче ја отворил првата печатница во Македонија, токму во Ваташа, во периодот на македонското просветителство.

Стреланите младинци од село Ваташа, Тиквешко. Крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, кога биле стрелани 12 младинци.

Во 1860 година било изградено основното училиште „Даскал Камче“. Во XIX век, Ваташа било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство. Во текот на 1901 година при својата неколкунеделна посета на Кавадарци и околината, Гоце Делчев престојувал неколку денови и во Ваташа.

Во 1913 година за време на Тиквешкото востание, српските воjници стрелале 40 луѓе во Ваташа.

Во април 1941 година селото било дел од бугарската окупациска зона. Од самиот почеток, жителите на Ваташа не ја прифаќале новата власт и активно се вклучиле во народноослободителното движење. На 16 јуни 1943 година, бугарските окупаторски војници стрелале 12 млади комунисти од селото, и тоа: Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев, како дел од Ваташкиот масакр. Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште, а исто така, овој настан е опеан во песната на Лазар Манчевски, „Ми заплакало селото Ваташа“.

За кpвавиот настан од тоа време денеска сведочат мурали на кејот од реката Луда Мара каде се испишани имињата на сите стрелани младинци.

Според пописот од 2002 година, во селото Ваташа имало 3.502 жители, од кои 3.224 Македонци, 13 Турци, 238 Роми, 1 Влав, 20 Срби и 6 останати.

Во Ваташа се родени револуционерите: Иван Минчев, Димитар Пинџур, Тодор Поп Антов, Христо Поп Антов, Дончо Лазаров, Страшо Пинџур, Димката Ангелов Габерот, Ристо Џунов, Блаже Џунов.

Населбата (селото) има неколку значајни локалитети кои можете да ги посетите: Паракелова Глава — некропола од рисмко време; Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква; Црква „Св. Никола“ — главната црква на Моклишкиот манастир; и Црква „Св. Архангел Михаил“ — најнова црква во селото, во изградба.

Тука се наоѓа и спомен куќата на Страшо Пинџур — меморијален музеј сместен во родната куќа на народниот херој Страшо Пинџур, како и споменикот на 12. ваташки младинци — споменикот се наоѓа во близина на Ваташа, неколку километри јужно од населбата, во месноста Моклиште на која е подигнат голем споменик на 12-те ваташки младинци стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.