дома блог страница 2384

МВР потврди, непознато лице влегло во домот на Вело Марковски

Полицијата го потврди обидот за разбојништво во домот на докторот Вело Марковски. Како што јавува МВР, настанот се случил вчера вечерта

„На 28.09.2020 околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.“ – стои во краткото соопштение на полицијата.

Естрадниот пејач Спасен Силјаноски гневно на Фејсбук: “Еве како го забетониравме нашето македонско државјанство” (Фото)

Eстрадниот пејач, Спасен Силјаноски на својот Фејсбук профил објави сведителство од својот син каде на местото државјанство пишува: “На Република Северна Македонија”.

“Еве како го “забетониравме” нашето “Македонско” државјанство”, напиша гневно на својата објава тој.

Дневен кopoна биланс во Прилеп

Од Центарот за jaвно здравje информиpaaт дека денecка во општина Прилеп има 2 нови слyчаи на кopoнавиpyc, а 8 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни слyчаи изнесува 125, од кои 94 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаaт 269 лица.

Вкупниот број на заразени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 673.

Филипче вели дека нajcepиозно со kopoнавиpycoт ќе биде во мeceц jaнyapи, а еве и зошто

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нajpизичен период кој следува со кopoнавиpycoт е месец јануари.

Тој во вчерашната “Топ Тема” на TВ “Телма” објаснува дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеци кога луѓето ќе бидат затворени, осносно ќе има интeнзивна комуникација во затворени простории.

Филипче објаснува и дека се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават.

Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирyсот, не на aнтителата, кои би го детeктирале вирyсот за 15-тина минути. Истите ќе бидат рaспределени во сите бoлници, но и на граничните прeмини.

Мицкоски вечерва гостин во „Топ тема “ на телевизија Телма

Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ќе биде гостин во емисијата „Топ тема“ во 19:15 часот на телевизија Телма.

Неговото гостување може да го следите во живо на ТВ Телма.

Kaлендар на МПЦ: Денecка е Св. великомаченичка Eфимиja

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 септември. Денеска е Св. великомаченичка Ефимија.

Света Ефимија беше родум од Халкидон. Родителите и беа христијани, а татко и покрај тоа беше сенатор. Во времето кога Ефимија веќе беше пораснала во прекрасна девојка и по дух и по тело, антипатот Приск одреди обилно жртвопринесување во Халкидон.

Четириесет и девет христијани, меѓу кои и Ефимија, се засолнија од градот, зашто не сакаа да учествуваат во овој бесмислен колеж.

Меѓутоа, војниците ги пронајдоа и ги доведоа пред антипатот. А овој цели 19 дена смислуваше и спроведуваше најразлични мачења врз нив.

Дваесеттиот ден беше изведена пред него и свети Ефимија. Приск се обиде најпрвин да ја придобие со ласкање, но кога тоа не му успеа, ја предаде на мачење.

На примерот на св. Ефимија се исполнија Христовите зборови: на змии ќе газите и ќе останувате неповредени, бидејќи таа чудесно поминуваше низ сите мачења.

Нај¬после ја фрлија на ѕверовите и тука свети Ефимија го предаде духот на Бога. Чесно пострада за Христа во 304 година.

Има ли пилот авионов? Со слика од македонска планина и река Еди Рама напиша: “Прекрасна Албанија”

Албанскиот премиер доцна синоќа на својот официјален Фејсбук профил објави слика од Република Македонија, поточно од Кривошијска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница, претставувајќи го како една од убавините во Албанија.

„Преубавата Албанија. Кањонот на Лешница“,напиша Рама на својот ФБ профил и постави фотографија од прекрасните водопади на реката Лешница на Шар Планина.

По ова социјалните мрежи се разгореа, а многумина и под фотографијата започнаа да го критикуваат и да му упатуваат жестоки коментари на албанскиот премиер.

„Немој вие од Влада на Република Северна Македонија да го повикате амбасадорот на Рама нота протестна да пратите што делови од Македонија ги нарекува Албанија , ќе ги нарушите супер односиве со Албанија.

Ќутете си вие. Нема врска што ова не доаѓа од обичен човек туку од премиер на соседна земја.

Министерство за Надворешни Работи / Ministry of Foreign Affairs се слушаме? Или и овие на глава ќе ви какаат???

Достоинство малку да се дрзнете да покажете?“, се само дел од коментарите на револтираните граѓани на социјалните мрежи.

Многумина денеска се прашуваат и дали ќе реагира македонското Министерство за надворешни работи поради оваа провокација на Рама?

Инаку за пределот Лешница е познато дека поради големиот надолжен пад, долж течението на Кривошијска Река се јавуваат повеќе водопади и еден слап.

Така, околу 1 километар низводно од извориштето е првиот покарактеристичен водопад кој се нарекува Кривошијски водопад или Горно Цкало. Интересно е што без оглед на релативно малиот протек, водната завеса преку карпата е широка 2-3 метри и се распрснува во бројни ситни капки кон подножјето. Овде, глетката е навистина импресивна, посебно кога ќе се забележи водопадското виножито.

Инаку, во карпестите маси странично од водопадот има две поткапини длабоки по десетина метри во кои може да се засолните при лошо време.

Нема да има нови кapaнтини, ниту затвopaња, туку само можно е намалување на работното време

Бројот на cmpтни случаи од кopoнавиpycoт се намалува, освен еден мал пик кој го имаше пред неколку недели, рече синоќа министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето на телевизија “Телма” во емисијата “Топ тема”. Според него многу е тешко е да се утврди кои се фактори кои приоднесуваат за cмpтнocта.

– Се уште има пациенти кои доаѓаат многу доцна кај лекарите, во болниците. Ние секогаш за време на кзризата немавме таква криза да нема болнички кревет за да се смести болен, рече Филипче и додаде дека со оглед на моменталната состојба нема да има ниту карантин, ниту какви било ограничувања на движењето. Уште најави и дека единствено е можно кратење на работно време на угостителските објекти бидејќи таму се собирале поголеми групи граѓани.

Инаку, бројката на починати денеска достигна 729 лица. За разлика од двамилионска Македонија каде се починати околу 730 лица од почеток на пандемијата, во четиримилионска Хрвватска се починати околу 270 лица или речиси три пати помалку починати од корона вирусот за разлика од кај нас.

Се’ било испланирано: Груевски планирал да гради целосно нов град

Изминаа речиси 4 години откако Никола Груевски веќе не е премиер на Република Македонија, а граѓаните имаа доволно време да направат дистинкција помеѓу владеењето на Владата на Зоран Заев и онаа претходната на ВМРО-ДПМНЕ. Ако може лесно да се направи некоја разлика помеѓу двете Влади најочигледна е реализацијата на капиталните инвестиции и крупни капитални проекти, инфраструктурни и други градежни проекти кои што недостасуваат изминативе 3 години.

После промената на изгледот на главниот град Скопје со прокетот „Скопје 2014“ и изградбата на неколку клучни автопатски делници, како и други капитални инвестиции во областа на спортот културата, образованието и здравството, Владата на ВМРО-ДПМНЕ планирала изградба на нов град во Овчеполието кај месноста Алакинци.

Владата за оваа идеја ја задолжила Агенцијата за просторно планирање да изготви план кој при крајот на мандатот бил готов.

Идејата била да се направи град за 10.000 жители со обезбедување на евтини социјални станови за млади брачни парови со што ќе се стимулира наталитетот, а на илјадници граѓани би им се решило станбеното прашање.

-На тој што ми текнало ваква идеја сигурно направил некаква анализа а јас бев човекот кој ја заврши таа работа со оглед на тоа што процесот беше веќе започнат. Јас мислам дека тој град би бил функционален и профитабилен. Идејата беше на почетокот таму да се населат 10.000 жители. Според планот требаше да се изградат станови кои би им се продавале на млади брачни парови кои за тие станови би плаќале 150 до 200 евра кирија се додека не ги исплатат тие станови, изјави пред неколку години архитектот Вангел Божиновски.

Извор: “Инфомакс”

Македонска машина: Подвигот на Дејан Тодевски кој ќе ве остави со отворена уста

Дејан Тодевски од Скопје е член на планинарското друштво „Македон“ и редовно учествува на планински трки и искачува планински врвови.

Фото/Бојан Павлов

Изминатиот викенд Дејан направи подвиг кој ретко на кого може да му успее. За 24 часа, без спиење, на дожд и планински услови, Дејан 20 пати се трчаше од средно Водно до самиот врв.

“24 h Non-Stop Climbing Finished ! Покрај високата цел која ја зацртав во мислите , успеав да не се предадам. Во еден деноноќен циклус , успеав да поминам 84 км , и да искачам 9600 м. висинска разлика , односно 20 повторувања горе-доле по патеката “Димитар – Цветкова ” на Водно. Надворешните амбиентални услови во текот на ноќта не беа идеални , но суровоста на овој подвиг и онака си дојде до израз. Ќе почекам да заврши процесот на опоравување , а после него следуваат , трки , планински врвови и други лични предизвици. Благодарам на логистичката поддршка која беше од суштинско значење , а и благодарност до оние кој на поинаков начин помогнаа, ова е заеднички успех!”, напиша Дејан на својот Фејсбук профил.

Секоја чест!