Младост96 прави пуздер во пингпонгарската Супер лига: Нови две победи викендов

Екипата на Младот96 oд Прилеп викендов издвојува две убедливи победи и тоа против екипата на Нец-Скопје и против досега непоразената екипа на Шампиони ФА од Штип.

Двата натпревари се добиени со резултат 4-1, но она што одекна како бомба, се двата порази на сениорскиот државен првак, Кристијан Станојковски, член на екипата на Младост 96.

Ако во изминатите седум, осум години Станојковски имаше претрпено само два порази, на денешните натпревари во еден ден два пати беше поразен.

Во дуелот со Нец победи извојуваа Стефан Костадиновиќ, кој рутинирано доби две утакмици, Александар Рикалоски една, и Кристијан Станојковски една.

Во вториот натпревар со екипата на Шампиони ФА, исто така Костадиновиќ извојува две победи, колку и Петар Костовски, кој одигра одлични натпревари.

Со тоа екипата на Младост96 се осамостои на врвот на Супер лигашката табела со пет победи од пет одиграни кола.

Воедно поразите на Станојковски беа единствените загубени мечеви за екипата на Младост 96.

Другиот клуб од Прилеп, Младост, исто така извојува две победи со Работнички и Струга, и се наоѓа на делба на второто место со екипата на Шампиони ФА, само со еден пораз, кој го претрпи од градскиот ривал Младост96 во првото коло.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.