дома блог страница 238

Ристески: Оперативен план за вработување во вредност од 40 милиони евра, целта е работно ангажирање на младите за да останат во Македонија

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе стави акцент на новиот Оперативен план за вработување.

Според Ристески ова е најобемниот Оперативен план.

„Ова е најголемиот Оперативен план за вработување. За истиот се предводени околу 40 милиони евра. Или тоа се 7 милиони евра повеќе од претходниот оперативен план“, информира Ристески.

Ристески укажа дека целта на планот е да се задржат младите во Македонија.

„Оперативниот план се однесува на млади до 29 години. Многумина млади заминаа и ние на овој начин сакаме да ги задржиме во државава. Оперативниот план опфаќа околу 16 илјади лица претежно млади“, кажа Ристески.

Со Оперативниот план се предвидени 9 мерки, од кои акцент се става на две од нив.

„Главни мерки се две, самовработување и другата е вработување во постојните јавни претпријатија“, вели Ристески.

Полицијата во Прилеп трага по 12-годишно девојче – излегла од дома и не се вратила

-На 23.08.2025 во 02:00 часот во ОВР Прилеп, А.Т.(37) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.Т.(12).

Таа и претходно неколку пати се оддалечувала од домот на родителите и била враќана назад.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”, отворена изложбата “Уметничкиот сон”, од прилепскиот уметник Методи Исков (Фото)

Синоќа во Ликовна Галерија од ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата „Уметничкиот сон“, од Методи Исков.

Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам, е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста.

На изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази.

Отворајќи ја изложбата, м-р Каролина Мицевска, посочи дека проектот ја нагласува важноста на општеството во мисијата за поддршка и афирмација на уметноста.

Исчезнат е Цветко Димовски од Прилеп, го нема со часови – семејството бара помош!

Исчезнат е Цветко Димовски од Прилеп, семејството на социјалните мрежи моли за помош и информација ако некој го има забележано.

-Исчезнат е татко ми, Цветко Димовски, повеќе од 4 часа. Ве молам ѕвонете на 075391979 доколку некој го забележи – напиша на ФБ неговата ќерка Дања Димовска.

Вакви училници гледавме само на тинејџерски филмови и ТВ серии во Америка, а сега има и во училиште во Прилеп (ФОТО/ВИДЕО)

Вакви училници бевме навикнати да гледаме само во американските тинејџерски филмови и ТВ серии …. тоа некогаш беше сон на секого, да учиме во услови како во Америка…

Тој сон е остварен за сегашните и идните генерации во ООУ “Климент Охридски” Прилеп. Секоја чест за директорот Ахил Јаков, за целиот пероснал и вработени наставници во училиштето, и порака до учениците, чувајте ја оваа убавина.

Видеото погледнете го ТУКА

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

На 22.08.2025 во 22:30 часот во Прилеп , полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода И.П.(22) од Прилеп. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата, интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие избори на површина ќе излезат се уште живите непринципиелни коалиции на криминалот, корупцијата и личните интереси.

„Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште долго ќе биде во опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за да без ниту една научена лекција се вратат на власт. Тие таму припаѓаат со нивниот коалициски пајташ во криминалот и ударите по Македонија, СДСМ“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа „ќе бидам многу јасен и многу прецизен овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во Владата, и интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат“.

Според Мицкоски, Македонија ќе им каже не на СДСМ и ДУИ и „нема да се врати во минатото каде здружно го грабаа РЕК, купуваа трговски центри среде Скопје, внучињата стануваа познати милионери, играа фудбалчиња по институциите, се удираа во гради дека владеат со Македонија, а кога се смени власта усвет и мајка бежанија фатија за да не одговараат пред законот“.

Мицкоски посочи дека кога зборуваме за чесност и за одговорност во политиката, мора да ја откриеме и вистината за валканите игри што се подготвуваат зад кулисите.

„Повеќе од јасно е дека ДУИ и СДСМ имаат таен план, но не за народот, туку против народот. Тоа е сценарио мислено и координирано меѓу овие две партии – сценарио за хаос, за политичка магла и за манипулација. Со инфлација од независни кандидатури и фантомски листи сакаат намерно да го урнат изборниот процес, да го збунат гласачот, да ја изиграат демократијата и да ја заматат чистата слика на нивниот историски пораз што доаѓа“, кажа Мицкоски.

Прилеп доби уште една жена кандидат за градоначалник: Павлинче Матеска довербата ќе ја бара како независна кандидатка

Павлинче Печијареска Матеска, вработена во општина Прилеп, е првата независна кандидатка за локалните избори во Прилеп, која денеска на својот ФБ профил ја соопшти одлуката.

-Прилепчани и прилепчанки! Денес официјално ја започнав постапката за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп предложена од група избирачи! За транспарентно и одговорно работење! За подобрување на квалитетот на животот на сите жители!За развој на Прилеп – напиша Матеска на ФБ.

Од партиите досега само СДСМ го има соопштено кандидатот за градоначалник за општина Прилеп. Довербата на граѓаните од опозициската партија ќе ја бара Петра Лукароска.

(ФОТО) Прилепскиот фолкер за прв пат на “Тумба Фест” – Ги освои симпатиите и доби громогласни аплаузи

Eстрадниот пејач од Прилеп, Оливер Лозаноски, со прекрасна композиција се претстави на реномираниот фестивал “Тумба Фест” во Куманово, каде ја освои и публиката, а и ги заслужи пофалбите од своите колеги и останатите музички работници.

Станува збор за одлична композиција за која музиката и текстот се дело на Ристо Самарџиев, а аранжманот го направи прилепчанецот Горан Милошески.

-На „Тумба Фест“ дебитирав со песната „БЕЛА ДАНО“, а настапив втор по ред. Песната ја создадоа реномирани автори, добро познати на пошироката јавност. Без лажна скромност од прва за „Тумба Фест“ добив хитовска песна, и тоа не е само мое мислење, туку и реакција од публиката, а и став на повеќе компетентни личности, кои ја слушнаа песната уште пред да биде изведена, вели Лозаноски.

Пејачот од Прилеп се пофали и дека добил силни аплаузи, не само од публиката, туку и од своите колеги.

-Мене ми беше најважно тоа што одговараше на мојата енергија и што ја изведов во мој стил, па добив силни аплаузи и голема поддршка преку социјалните мрежи. Инаку во Куманово си поминав прекрасно, а бев во придружба на сопругата и таму навистина убаво се дружевме и за време на фестивалот, а и после фестивалот, баш убаво колегијално се забавувавме постфестивалски. Во оваа прилика упатувам благодарност уште еднаш до организаторите на фестивалот, што ме поканија да учествувам, и секако до авторите што ми скроија песна по моја мерка. “Моја Дано” ја посветувам на сите вредни и трудољубиви луѓе и секако на личните Дани – Даници… – вели Лозаноски.

КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА – ПАРТНЕР НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРЕАТИВЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ МАКЕДОКС

Со краткиот филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот дански „Само на земјата“ на Робин Петре, синоќа во Куршумли ан во Скопје, започна шеснаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Отворањето беше збогатено со изложба на фотографии од Томислав Георгиев, создадени во рамки на Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани.

Оваа година, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со гордост е партнер на фестивалот, кој ќе трае до 28 август и ќе се одржува на повеќе локации: Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“. Фестивалската програма е поделена во шест категории: Главна програма, Нови автори, Земја во фокус: Австрија, Кратки документарци, Студентска програма и Програма за деца и млади.

Под мотото „Кому му е гајле за реалноста?“, публиката ќе има можност да погледне 75 документарни филмови. Особено значајно ќе биде културното случување на 26 август во Сули ан – изложба на фотографии од Киро Урдин создадени во Долината Омо во Африка, проследена со специјална проекција на неговиот филм „Вода и оган“.

Нашата поддршка за МакеДокс е повеќе од спонзорство – таа е дел од нашата посветеност за развој на културата, поддршка на уметниците и вложување во вредностите кои го збогатуваат нашето општество.