дома блог страница 239

КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА – ПАРТНЕР НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРЕАТИВЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ МАКЕДОКС

Со краткиот филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот дански „Само на земјата“ на Робин Петре, синоќа во Куршумли ан во Скопје, започна шеснаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Отворањето беше збогатено со изложба на фотографии од Томислав Георгиев, создадени во рамки на Патувачкото кино на МакеДокс во Кочани.

Оваа година, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со гордост е партнер на фестивалот, кој ќе трае до 28 август и ќе се одржува на повеќе локации: Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“. Фестивалската програма е поделена во шест категории: Главна програма, Нови автори, Земја во фокус: Австрија, Кратки документарци, Студентска програма и Програма за деца и млади.

Под мотото „Кому му е гајле за реалноста?“, публиката ќе има можност да погледне 75 документарни филмови. Особено значајно ќе биде културното случување на 26 август во Сули ан – изложба на фотографии од Киро Урдин создадени во Долината Омо во Африка, проследена со специјална проекција на неговиот филм „Вода и оган“.

Нашата поддршка за МакеДокс е повеќе од спонзорство – таа е дел од нашата посветеност за развој на културата, поддршка на уметниците и вложување во вредностите кои го збогатуваат нашето општество.

Николоски: Mобилните оператори не направија ништо да ги намалат цените, затоа ќе има трет оператор

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски, по денешното отворање на понудите од тендерот за нов мобилен оператор, а на кој единствен понудувач е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, порача дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија.

-Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор во државава, еве влегува, зависи само од постојните два оператори. За жал во овие година и нешто ништо не направија ниту да ги подобрат услугите ниту да ги намалат цените, рече Николоски, на новинарско прашање пред денешниот состанок со раководството на Стопанската комора.

Како што посочи, изборот на нов оператор е независна постапка на Агенцијата за електронски комуникации, а процедурата ќе продолжи по завршување на изборите.

– Драго ми е дека има интерес. Од прв ден кога бев избран на функцијата кажав дека на македонскиот пазар има дуопол помеѓу двата мобилини опеатори и тоа е факт кога ќе видите поделба на пазарот 51 и 49. Се е јасно, во однос на квалитетот и на цените мислам дека граѓаните доволно кажуваат, така што конкуренцијата е здрава и добра. Од АЕК кажаа дека имаат одредени ограничувања поврзи со изборите, но изборите ќе завршат за два месеца, процедурата ќе си продолжи. Согласно тендерските правила веќе на крајот на следната година треба да работи новиот оператор, што значи дека му се дава една година да се опреми, со базни станици, итн, и веќе во следната година ќе можеме да имаме мобилни телефони и со трет оператор во државата, изјави Николоски.

Активни пожари во Прилеп и Долнени

До 12:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, каде е зафатена букова шума и во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, каде гори мешана шума.

Под контрола е ставен пожарот во повеќенаменско подрачје „Јасен“, каде гореше мешана шума.

Во скопскиот регион изгаснати се пожарите на територија на општина Сопиште: кај браната на езерото Козјак (ниска вегетација и шума) и
во општина Студеничани: села Горно Количани и Драчевица – планински врв Китка (мешана шума).

Изгаснати се пожарите и во општина Кичево: село Душегубица (ниска вегетација и ниска шума), општина Велес: село Клуковец (ниска вегетација), општина Росоман: село Дебреште (ниска вегетација) и во општина Демир Хисар: село Кутретино (депонија).

(Фото галерија/Видео) Прилепчани триумфално на стартот, денеска игра и Црвена Ѕвезда – Отворен 10. Меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”

Со положување цвеќе пред спомен обележјето на ракометната легенда – Миле Нешкоски, пред Универзалната сала во Прилеп, започна 10-то јубилејно издание на Меѓународниот меморијален ракометен турнир, кој го носи името на прерано починатиот ракометен идол.

На настанот присуствуваа повеќе спортски и ракометни работници, поранешни и сегашни ракометари, неговото семејство како и градоначалникот на градот, Борче Јовчески.

Турнирот и оваа година се игра во школската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, а вчера беше отворен со два натпревари.

Во првиот домаќинот РК Прилеп го совлада Бутел со 33:28, а екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше подобра од Тинекс Пролет со резултат 27:16.

ВИДЕО: Давид Ристески

Денеска на програмата на турнирот се натпреварите помеѓу:

18:00 – Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Тиквеш

Лавина коментари на социјалните мрежи по изјавата на Ристески – Граѓаните го бараат својот омилен градоначалник (Фото галерија)

Владеачката партија се’ уште го нема објавено името на кандидатот за градоначалник со кој ќе ја бараат довербата на граѓаните во Прилеп. Според најавите, тоа ќе се случи до крајот на првата недела од септември, а засега само актуелниот заменик министер за економија и труд, Марјан Ристески, изрази подготвеност одново да го предводи градот под Марковите Кули.

Ристески синоќа во гостување во “ВЕСТИ ПЛУС” на “КАНАЛ 5” телевизија, на прашање дали може да се очекува токму тој да биде кандидат за градоначалник, истакна дека доколку анкетите го покажуваат тоа и партијата одлучи да му ја даде довербата, е подготвен одново да седне во градоначалничкото столче.

По оваа изјава следуваше лавина од позитивни коментари од граѓаните, кои бараат Ристески да се врати во општинската зграда и да го врати стратиот сјај на градот.

Дел од коментарите ви ги пренесуваме во продолжение:

Македонија добива нов граничен премин со Грција (ВИДЕО)

Македонија ќе добие нов граничен премин „Пуљевац“ со Република Грција, ова во интервју за КУРИР го кажа градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев

Јачев во интервјуто откри детали од неговата изборна програма за престојните локални избори.

Што е направено и што ќе им понуди на кавадарчани во трката за нов мандат погледнете во видеото:

Легендарната песна “Каде е крајот” на најпознатите прилепски блузери доби преработка и нова свежина – Уживајте! (ВИДЕО)

Најпознатите блузери од Прилеп – CROSSROAD BLUES BAND, објави нова верзија и видео спот за легендарната “КАДЕ Е КРАЈОТ”. Звучат одлично, особено со маестралните вокали на фронтменот Давид Нешкоски и девојките Викторија Георгиоска и Александра Трајческа.

За новиот проект од бендот велат:

– Новата верзија на нашата легендарна песна “КАДЕ Е КРАЈОТ”. Со нова енергија и даваме нов живот на песната, затоа што заслужува да биде чуена. Уживајте!

И навистина уживајте во продолжение:

Викенд уживање во најубавата летна бавча во Прилеп! Музика за душа, ниски цени, ваше е само да соберете добра екипа

„Табана“ Кафе и билијард клуб ве поканува на одлично летно освежување во најубавата летна бавча во Прилеп.

На добро познатата локација пред зграда “Табана”, каде летово уживаме под најубавата природна сенка во Прилеп, разладувајќи се со разно-разни освежителни пијалоци, утре (сабота) 23.08. со почеток од 22:00 часот, ќе се дружиме заедно со BALKANIKOS Band.

Станува збор маестрален музички состав од Охрид, млади дечки, кои знаат да понудат одлична забава. Неодамна ја издадоа и својата прва прва песна насловена како “МИЛА”.

Одличен начин да го започнете викендот, а се’ што ви треба е да соберете со вас убава екипа и заедно да си поминете една прекрасна вечер со супер музика.

Летната бавча на  „Табана“ Кафе и билијард клуб нуди широк простор, но наш совет е да побрзате и навреме да си резервирате маса на телефонскиот број: 078 922 922.

Дојдете да уживаме во последните денови од летото!

Сабота – 23.08. – 22:00ч. – „Табана“ Кафе и билијард клуб!

 

(ВИДЕО) Мисајловски до војниците: Бидете горди Македонци, покажете што значи Македонија!

Бидете горди Македонци, им порача Мисајловски на 280 војници кои заминуваат на меѓународната НАТО вежба „Saber Junction 25“
„Историја се прави во државата. Првпат по толку години се обезбедија средства и толку луѓе ќе учествуваат на НАТО вежба. Ви посакувам да бидете такви какви што сте, да бидете горди Македонци, да покажете што значи Македонија. Гордост е да се биде Македонец, гордост е да се претставува Македонија,“ порача министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Со овие зборови Мисајловски им се обрати на околу 280 војници.Тие денес заминаа на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ што се одржува во Хохенфелс, Германија.

Контингентот е опремен со формациска опрема, вооружување и воени возила, вклучувајќи ги и новите лесни оклопни возила JLTV.

Мисајловски им порачал на војниците да бидат горди што ја носат армиската униформа и што ја претставуваат државата пред сојузниците. Нагласувајќи дека Министерството и Армијата се подготвени да обезбедат целосна поддршка за секој предизвик.

„Историски чекор за Армијата! Македонските војници заминуваат на голема меѓународна вежба „Saber Junction“ во Германија. Првпат од постоењето на Армијата, целосна формација – зајакната чета со сите елементи на маневар, борбена поддршка и самоодржливост ќе ја претставува Македонија на вакво ниво,“ посочи Мисајловски, потсетувајќи дека Бидете горди Македонци е пораката која треба да ја носат со себе.

Македонскиот контингент, најголем досега што учествувал на оваа серија вежби, е дел од Лесната пешадиска баталјонска група. Тој ќе има дополнителна подготовка пред оценувањето на борбената готовност во 2026 година. Вежбата ја развива интероперабилноста со НАТО сојузниците и партнери и има за цел да извежба распоредување на поголема единица надвор од државата, стратегиски транспорт, самоодржливост и логистичка поддршка.

„Saber Junction 25“ е организирана од Командата на американската армија за Европа и Африка и вклучува голем број НАТО сојузници и партнери. Бидете горди Македонци, беше повторено како водечка порака на контингентот.

Д-р Тасески со најнов апарат за откривање на запушени артерии (ФОТО)

Приватната здравствена установа “Мед-Интерна” на реномираниот специјалист-интернист д-р Оливер Тасески од Прилеп го набави најсовремениот и единствен во нашата држава апарат за рана детекција на запушување на артериите на нозете.

Станува збор за апарат кој со помош на осцилометрија врши синхроно мерење на крвниот притисок на рацете и на нозете. Со тоа се одредува АБИндексот кој укажува за разликата во притисоците помеѓу лева рака и лева нога, како и десна рака и десна нога. Понискиот притисок на некоја од нозете укажува дека артериите на таа нога се запушени.

Апаратот користи смарт технологија. На рацете и на нозете на пациентот се поставуваат четири манжетни кои се снабдени со батериски компресори. Тие се управувани од таблет со кој се поврзани преку wi fi врска. Конечниот резултат се добива дигитално во форма на графикони каде со зелена боја се прикажани нормалните вредности на АБИ, а со црвена боја патолошките вредности, односно запушените артерии на соодветната нога.

Откриените патолошки резултати со овој апарат потоа се испраќаат за Колор Доплер сонографија, која метода д-р Оливер Тасески успешно ја изведува веќе 20 години. Со неа се визуализира местото на запушување на артеријата. Пациентите со ваков патолошки наод се испраќаат на консултација со васкуларна хирургија за операција од типот бај пас на запуштената артерија од соодветната нога.

Апаратот за одредување на АБИндексот е битен затоа што со мерењето кое трае само една минута се селектираат пациентите кои имаат периферна артериска болест. Притоа, 70% од овие пациенти немаат никакви симптоми за запушена артерија на ногата, а останатите 30% имаат симптоми како што се ладно стапало, болка во потколеницата при изодени 200-300 метри итн.

Раното откривање на пациентите со периферна артериска болест значи избегнување на тешките компликации кои водат до ампутација на нозете и инвалидизација.