Крај на неизвесноста: Америка добива нов претседател

Медиумите во САД веќе го прогласија новиот претседател. Тоа е Џо Бајден од Демократската партија.

Бајден прв стигна до потребните 270 електори, откако и официјално заврши пребројувањето на гласовите во сојузната држава Пенсилванија.

Истовремено Бајден е прогласен за победник и во сојузната држава Невада, па моментално има 290 елкторски гласови.

Трамп долго време водеше во Пенсилванија, каде после првичното пребројување во вторникот ноќта имаше предност и од 500.000 гласови, но наредниот ден се случи пресврт.

Актуелниот претседател на САД обвинува за нерегуларности и тврди дека победата му е украдена. Од неговата кампања најавија правни разврски пред Врховниот суд, па останува да видиме како ќе се одвиваат политичките случувања во наредните денови.

Вака изгледа мапата на САД моментално:

Во меѓувреме продолжува броењето на гласовите во Северна Каролина каде води Трамп и во Џорџија каде водство има Џо Бајден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.