дома блог страница 2318

Бајден откри што ќе му биде првиот чекор: Формирал тим од 12 луѓе, а ќе имаат само една задача

Новиот американски претседател Џо Бајден денес изјави дека како прв приоритет ќе биде формирање на комисија од 12 членови, која ќе има само една задача – да најде начин како САД ќе се избори со пандемиjaта од kopoнавиpycoт.

Тимот на Бајден за борба против кopoна-kpизата ќе го водат – Вивек Марти, Дејвид Кеслер и Марсела Нуњез-Смит – кои имаат неверојатни достигнувања на полето на виpycoлогијата.

“Нема да се штедам да ја променам моменталната ситуација со кopoнавиpycoт”, рече Бајден.

Кандидатот на Демократската партија за време на кампањата во неколку наврати го критикуваше Доналд Tpaмп поради начинот на кој се справува со kopoнавиpycoт, кој до сега однесе 237.000 животи во САД.

Што значи близок контакт: Колку долго може да бидеме во близина на зapaзен, а да не ни го пренесе виpycoт?

Колку време е потребно за да се зapaзите ако сте во близина на некој што е заразен со кopoнавиpycoт? Се чини дека нема „магичен“ број минути што ви гарантираат заштита, иако претходно се сметаше дека се работи за 15 минути близок контакт.

Но, неодамна, американскиот Центар за контрола и превенција на болecти, (CDC) ја ревидираше дефиницијата за близок контакт. Претходно се сметаше дека е потребно да се поминат најмалку 15 минути на растојание помало од два метра од зapaзеното лице со цел да се протолкува како близок контакт.

Но, тие 15 минути не мора да бидат последователни, односно одеднаш. Близок контакт се смета за лице кое минало време на помалку од два метра од заразеното лице минимално 15 минути, но за 24 часа.

Зошто е променета оваа дефиниција? Како пример е земен затворски чувар во Вермонт кој бил позитивен на кopoнавиpyc откако имал повеќе, но кратки контакти со шест асимптоматски затвореници. Тој во смена од осум часа, имал 22 состаноци со затвореници во траење од 17 минути.

Покрај времето на изложеност на кopoнавиpyc, исто така е важно дали лицето има симптоми, дали ги имало воопшто пред тоа или ги развило подоцна, дали е надвор или во затворени простории, дали просторијата била добро проветрена, уште колку луѓе биле во неа и што правеле…

(Моќно видео) Историскиот дрес за Пандев е подготвен – погледнете го!

Цела Македонија е во исчекување на историскиот натпревар против Грузија, кој е одлучувачки за конечното пласирање на фудбалската репрезентација на Европското првенство.

Македонската фудбалска репрезентација е на само еден чекор до историски успех – пласирање на Европско првенство. По победата против Косово, следува уште финалето против Грузија и нашите фудбалери ќе бидат дел од фудбалската елита.

12. ноември 2020 година дефинитивно ќе биде најважниот датум во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.
Од Фудбалската федерација објавија видео од дизајнот на дресот кој ќе го носи “Гранде Пандев” на големиот ден:

(Видео) Си ги збираше забите по терен, буквално

Неверојатна сцена на мечот од 20. коло од бразилскиот шампионат меѓу Атлетико ГО и Коринтијанс (1-1).

По еден жесток дуел, фудбалерот на Коринтијанс, Ромул Отеро, остана без неколку заби.

Соиграчите му ги собираа забите на несреќниот Колумбиец, а потоа му ги предадоа на судијата.

На местото каде бил затвopен денеска се наоѓа еден од најубавите xpaмови: Погледнете во внатрешноста на црквата Св. Димитрија во Солун (Фото галерија)

Како ретко кој друг светител, светиот великомаченик Димитриј е почитуван и славен насекаде низ православниот свет, и особено на Балканот, меѓу Грците, Македонците, Албанците, Бугарите и Србите.

Свети Димитриј е заштитник на градот Солун. Можеби токму затоа, кога во 1912 година градот бил ослободен од турското повеќевековно ропство, се појавиле многу сведоштва на верни луѓе кои тврделе дека го виделе светиот великомаченик како се движи низ градот.

Црквата датира од времето кога градот бил втор по големина и значајност во Византија. Црквата „Св. Димитрија“ е вклучена во списокот на Светско и културно наследство на УНЕСКО од 1988 година. Свети Димитриј Солунски е роден во Солун во 280 година и починал како маченик за христијанската вера во 303 година. Кога императорот Константин Велики го забранил прогонувањето на христијаните од имперјата, на местото на затворот на Св. Димитрија (по друга верзија – над неговиот гроб) во 313 – 323 година била изградена мала црква.

По сто години, во 412 – 413 година, илирскиот големец Леонтиј поради неговото излекување од парализа, ја изградил првата голема црква (трикорабна базилика) меѓу урнатините на античките терми и стадионот. Олтарниот дел на црквата бил сместен над наводното место на гробот на светителот и при изградбата биле откриени неговите мошти, тајно закопани таму, според житието од солунските христијани во 306 година. Од старата црква се задржани само некои архитектонски елементи и уметнички мозаик.

Според друга верзија, првата базилика посветена на Свети Димитриј Солунски била изградена во Солун дури во 5 век (постојат разлики во верзиите – во почетокот или во последната четвртина на 5 век). Оваа дата е поврзана со верзијата за зародиш на култот на Свети Димитрија во град Сирмиум (денешна Сремска Митровица во Србија), од каде неговите мошти биле пренесени во Солун или заземањето на градот од Атила во 441 година, или од Аварите во 582 година, но последноата претпоставка е оспорена од археолозите, кои ги спровеле ископувањата во базиликата.

Црквата пострадала од пожар во владеењето на царот Ираклиј I (веројатно меѓу 628 – 634 година), но бргу била обновена и проширена до петкорабна базилика. По освојувањето на Солун од страна на Османлиите во 1430 година, базиликата била оставена на христијаните. При предвањето на црквата на османлискиот султан Мурат II, според зборовите на византискиот историчар Дука, султанот пренел жртва на овен и наредил да се остави храмот во рацете на христијаните, но сите украси на храмот и гробот на Свети Димитар биле уништени од Турците, а храмот целосно ограбен.

Во 1493 година црквата била претворена во џамија. Во овој период за христијаните бил зачуван пристапот до кенотафот на Св.Димитрија, лоциран во еден помал објект во западниот дел на левиот кораб, каде што бил направен посебен влез. Тогаш фреските и мозаиците на храмот биле покриени со вар. Базиликата останала муслимански храм до 1912 година, кога во текот на Првата балканска војна, Солун станал дел од Грција.

Храмот практично целосно бил опожарен во 1917 година. Реставрацијата започнала во 1926 година, кога бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад, наводно со крвта на Димитрија. Исто така започнало враќањето на фреските и мозаиците, кога била отстранета варта. Од пожарот во 1917 година настрадал и покривот. Дел од мозаиците се наоѓаат во криптата претворена во музеј.

При реставрацијата максимално се користеле старите столбови. Подот при реставрацијата бил направен од обоени камења и мермер, покривот бил направен повторно од бетон, но го задржал изгледот на безтавански дрвен покрив, карактеристичен за ранохристијанските базилики.

Рестсаврацијата завршила и на 26 октомври 1949 година било извршено ново осветување на црквата и од тој момент црквата започнала да биде активна со редовни богослужби. Влезот во базиликата и во Археолошкиот музеј во криптата е слободен. Во базиликата, освен моштите на Свети Димитрија, се чуваат и моштите на Анисија Солунска во сребрени ковчег

Во денешен Солун базиликата се наоѓа во историскиот центар, до археолошкиот комплекс на античката Агора, на пресекот на улиците “Селевкос” и “Агиос Димитриос”.

Во 2003 година во гробница, изградена на влезот во базиликата бил погребан солунскиот митрополит Пантелејмон II (Хрисофакис), со чии напори во храмот биле вратени моштите на Свети Димитрија

Бајден: Во понеделник ќе формирам kpизен штаб за Koвид-19

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден изјави дека од понеделник ќе формира kpизен штаб за кopoнавиpycoт, кој ќе опфати научници и експерти кои би се бореле против главниот предизвик со кој се соочуваат американските власти.

„Во понеделник ќе формирам група составена од научници и експерти кои би работеле на план кој ќе стапи на сила веќе на 20 јануари 2021 година, односно Денот на неговата инаугурација, изјави синоќа Бајден пред собраните во Вилмингтон во американската држава Делавер, на прослава на неговата победа.

За време на одржувањето на претседателските избори, во земјата е забележан значителен скок на епидемиjaта, со бројни рекорди на бројот на новозapaзени во последните неколку дена.

До сабота вечерта во САД се забележани повеќе од 237.000 починати од почетокот на пандемиjaта и 9,8 милиони случаи на зapaзени.

Интегра го кандидираше Нигериецот Џими Поликарп за нов градоначалник на Штип

Нигериецот Симон Поликарп, познат како Џими, е изненадувачкиот кандидат за градоначалник на Штип.

Џими ќе натпреварува во „трката за прв човек на градот“ како претставник на Интегра – Македонска конзервативна партија.

Симон Поликарп, е роден во Нигерија, а во Штип дојде да студира, по што веќе неколку децении живее и работи во градот.

Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори.

Денес го славиме Свети великомаченик Димитриј – Митровден

“Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По cmpтта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните”.

Празник на заштитникот на градот Солун и почеток на зимската половина од годината

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Меѓу поголемите есенски празници поврзани со домашни служби спаѓа и празникот Митровден што се празнува во спомен на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец и мироточив. Овој празник претставува и меѓник меѓу летниот и зимскиот период од годината.

Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл. се вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската народна пословица: „Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“.

Народниот обичај наложувал денес да се остане дома. Се верувало дека оној којшто денес нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови.

Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник. За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата.

Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април.

Вишнемаало или депонијамаало? (Фото)

Прилепчани деновиве постојано испраќаат фотографии од расфрлано ѓубре и депонии во нивните маала.

Вечерва фотографии пристигнаа од Вишне маало. Граѓаните секојдневно обвинуваат дека ЈКП Комуналец има подзаборавено на одржување на јавната чистота.

Се чини дека директорските промени во ова јавно претпријатие се одразуваат врз хигиената во градот…

Нема починати, но има нова огpoмна бpojка нови слyчаи во Прилеп

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43, Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.

Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадраци (21г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38782, бројката на оздравени пациенти е 23011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14661. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 16924, активни 6732, Куманово 2615, активни 641, Дебар 376, активни 74, Штип 1913, активни 424, Прилеп 1765, активни 798, Тетово 2670, активни 890, Струга 929, активни 186, Велес 1120, активни 672, Битола 996, активни 495, Охрид 924, активни 397, Кавадарци 708, активни 367, Гостивар 1437, активни 393, Гевгелија 478, активни 215 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 83 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 1182, активни 649, Крива Паланка 279, активни 125, Радовиш 296, активни 115, Крушево 46, активни 23, Кочани 848, активни 266, Пробиштип 248, активни 94, Демир Хисар 104, активни 34, Македонски Брод 115, активни 15, Пехчево 60, активни 4, Берово 236, активни 60, Валандово 117, активни 36, Виница 224, активни 107, Делчево 299, активни 144 (74 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 90, активни 59, Свети Николе 543, активни 125, Кичево 724, активни 286, Ресен 284, активни 90, Неготино 232, активни 145 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3404 теста се преку: ИЈЗ-1181, ЦЈЗ Скопје-117, Авицена-534, Биотек-251, МАНУ -302, Жан Митрев (Филип Втори) -243, Систина со PCR метода -359, лабораторија Лаор –87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-127, Инфективна клиника-17, ГАК-0, Синлаб-83, Ремедика-44, лабораторија болница Козле-32, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -25, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.