Мајстор на саксофон со маестрални изведби ги освојува прилепчани секоја сабота (Видео)

Уникатен уличен музичар ги забавува прилепчани секоја сабота

Саксофонист изминатите неколку саботи е одлично освежување на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп.

Со неговите изведби на познатите светски хитови ги освојува сите минувачи и за прв пат досега Прилеп барем малку наликува на светските метрополи каде уличните музичари се секојдневие и одличен декор и забава.

Секоја чест мајсторе, се надеваме дека ќе бидеш тука и идната сабота и ќе имаме прилика да поразговараме!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.