дома блог страница 2290

Слушнете го најновиот хит на Елена Велевска насловен како „најСилна” (Видео)

Фолк-пејачката Елена Велевска деновиве го промовираше својот сингл, кој по реакцијата на оние кои ја слушнаа ќе биде голем хит.

Со оваа песна Велевска настапи на овогодинешниот Фолк Фест “Роса”.

Песната го носи насловот „најСилна“, музиката е дело на Артан Кастрати, текстот на Љупче Василев, аранжманот на Никола Кочан, а пратечките вокали ги испеа Анета од група “Молика”.

Иако веќе влезе во петтата деценија, Велевска како мајка на три деца може да се пофали со своето совршено извајано тело кое го покажа и при изведбата на најновата песна каде блеска во креација на домашен креатор.

Погледнете и уверете се сами:

(Видео) Планот на Тито од кој се плашел целиот свет: Држава поголема од Германија- еве како била замислена “Голема Југославија”

Откриваме како би изгледала Балканската федерација доколку Јосип Броз Тито успеел да го оствари неговиот план.

Панславизмот, илиризмот, австро-славизмот, неословенизмот и евро-славизмот се дел од идеите на кои “денешната Југославија” би можела да се потпре, секако во комбинација на унитарни до конфедерални паралели и на некои од западните идеологии за модерна држава.

Постоеле различни идеи. Некои имаа повеќе, а некои помалку шанси за реализација, некои имаа помалку, а некои поголеми територијални претензии.

Идејата на Тито за Балканска федерација имаше најголеми шанси, ако се земат во предвид заострените односи на истокот и западот, како и способноста на Јосип Броз.

Ви откриваме како би изгледала таквата држава.

Ако идејата на Тито беше реализирана, Балканската федерација денес би изгледала вака: 31 милион жители, 395 илјади квадратни километри (за споредба, Германија има површина од 357.021 квадратни километри), БДП – 295 милијарди долари, 9 500 УСД по глава на жител, главен град Белград.

(Видео) Еве кој ќе биде “најпогоден” од владеењето на Бајден

Предлозите на Џо Бајден за данок на opyжје би можеле да ги чинат сопствениците на opyжје повеќе од 34 милијарди долари.

Порталот “Брајтбарт” известува дека предлозите на Бајден вклучуваат данок од 200 долари за секој AR-15 кој веќе го имаат луѓето во сопственост, а тој данок ќе се применува и на другите opyжја кои се означени како “јуришно opyжје”.

Бајден исто така сака да ги оданочува сопствениците на opyжје со 200 долари за секое списание oд “голем капацитет” кое го поседуваат.

На 17. ноември 2020 година “Брајтбарт” пренесе податоци од Националната фондација за стрелачки спорт (NSSF) кои покажуваат дека Американците поседуваат 434 милиони парчиња на opyжје.

Me пpepacпopeдивте оти cyм члeн на Cиндикатот на полициjaта, не ми го признавате факyлтетот, ова е peжим на дело

Речиси единаесет години работам како единствена жена со тим од 18 мажи во крим техника за да вие се уште не ми го признаете државниот факултет за безбеднот, а примате од надвор со не соодветно обазование и им давате високи позици – пишува на својот Фејсбук профил, Фросина Стојчевска.

Нејзиниот статус во целост го пренесуваме во продолжение:

“Добар ден и убав ден на сите!

Еве вака јавно како и секогаш сакам да се заблагодарам на експертскиот тим, кој го даде своето мислење и ја процени мојата ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, како и постигнатите резултати во службата, односно моето работење во крим. техника скоро единаесет години, како единствена жена со тим од 18 мажи, која рамо до рамо се буткаше со мажишта, дење-ноќе, сонце-мраз, гладна-жедна, во кал и мокра до гола кожа,со температура и менструални болки, па дури и бремена, крадеше и учеше занает, без да се примети дека е жена, без да се почуствуваат женските потреби и слабости.

Горда и единствена жена која беше дел од крим.техничарски тим од 38 мажи од цела Македонија и учествуваше на терен за настаните од 9 Мај, наградена со парична награда за сработеното, а не за криење по канцеларии и варење кафиња како некои. Горда на своите успеси постигнати со една обична четка за отисоци при расчистување на многу кривични дела, тешки кражби, разбојништва, сообраќајки, самоубиства па дури и убиства. Горда на многу акции за дрога, оружје, мигранти, тероризам.

Горда со камера на разни протести, фудбалски и кошаркараки натпревари, митинзи на политички партии, и секогаш ПРОФЕСИОНАЛНО ПОСТАПУВАНО!

Горда на гладувањето со моите деца, бидејќи парите одеа за да се дообразувам, да ви бидам од корист во службата, за да вие се уште не ми го признаете државниот факултет за безбеднот, а примате од надвор со не соодветно обазование и им давате високи позици! ВАШИ СРАМОВИ!

Таа ЖЕНА не потклекна не се предаде, штиклите ги носеше само на прослава на денот на полицијата и Нова година, не легна со никој за да напредува, не правеше местенки и сплетки, не се лигавеше и не величаше никој кој не заслужил, отворена и искрена кон секој, што чини што не чини, секогаш во заштита на послабиот, сите колеги ми беа иста вера, политичките ставови не ми беа битни, секогаш велев СЕКОЈ СО СВОЈА СРЕЌА!

Наместо кафе паузи, понекогаш кафе или обична вода пиев со заборавените старци во најдалечните села, им пружав внимание и утеха, ако немаше кој да им пружи.

Во работниот век само со две боледувања, едното кога го изгубив бебето, не по своја вина! Второто кога се фатив во кичма од провевот што ме шиба сите овие години, со која и ден денес имам проблем, но не злоупотребувам!

Му заблагодарувам и на налачникот на СВР, мојот дваесет годишен пријател, со кој делевме и лошо и добро, славевме за постигнатите успеси и плачевме за загубените наши најмили, взаемо си помагавме и кога беше тоа невозможно, спремавме испити, и разговаравме на разни теми некогаш и до зори, со почитување на различните ставови, се посетувавме по болници и мечтаевме како ќе си помагаме кога некој ќе биде на позиција, фамилијарно се почитувавме, еден, друг се браневме од злите јазици. Мојот пријател началник сето тоа го пушти низ вода, со ништо не заслужено, бидејќи сум ПРЕТСТАВНИК НА СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИНА, КОЈ ГЛАСНО ГОВОРИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕКОЈДНЕВНО СЕ СООЧУВАМЕ!

Те прашувам другар, зошто дозволи некој да се жали!? Заборави ли другар како тебе ти беше кога некој те шиканираше!? Зошто ништо не промени, уште направи полошо, долгогодишни пријателства да се прекинат!? Да се мразиме меѓусебно! Зошто во овој момент покажа дека си од страна на политиката, а не на страна на професионалноста, која секогаш ја спомнуваше!? Жалам што решението за прераспоредување не ми го додели сам, за да го видиш сјајот во моите очи, желен за ПРАВДА И НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ДОСТИГУВАЊА! Мој драг и ценет пријателе!

Но, сепак му заблагодарувам за дадената препорака за прераспоредување на нова работна позиција и довербата што ми ја даде за моето стекнато знаење и искуство, да го пренесам на нов терен, да го проширам кругот на пријатели, да стекнам нови искуства, проширам видици и придонесам за службата, а се надевам дека ќе завршам уште некое школиче така уз пат, кое најверојатно пак нема да ми го признаете.

Им заблагодарувам на СИНДИКАТОТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, каде сум дел од истиот, ПРЕКРАСНИ ДРУГАРИ МОИ, МИ ВЛЕВАТЕ НАДЕЖ ДЕКА СЕ УШТЕ ПОСТОЈАТ ЧЕСНИ ЛУЃЕ! Да не бевте вие немаше “експертскиот тим” уште да слушне за мене, уште ќе дремев и трпев мобинг и изживување од претпоставен, уште ќе бев дежурна на секој велигден, 8 март, бадник, новогодишните празници,како една единствена жена, додека стручњаците се дома со своите најмили, со изговор дека ќе сум земела празнично, ниедна пара не може да ги надокнади убавите мигиви со семејството! Уште ќе бев безгласна буква.

Благодарам СПМ и на овој начин успеавме, го симнав натрапникот од вратот!

Со нови сили и нови победи одиме понатаму! СЕ ГЛЕДАМЕ НА ВРВОТ НАЈМИЛИ МОИ СИНДИКАЛЦИ, СО ВАС ПРВ ПАТ СЕ ПОЧУВСТВУВАВ ЦЕНЕТА И ВРЕДНА! ВЕ САКАМ СИТЕ !

ОВАА НОВО РЕШЕНИЕ НЕ ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПОРАЗ, ТУКУ КАКО УШТЕ ЕДНА ИЗВОЈУВАНА ПОБЕДА, ДА СЕ СЛУШНЕ ГЛАСОТ ЗА МЕНЕ, ЗА ТЕБЕ, ЗА СИТЕ НАС!

ЗА НАШАТА ЗАЕДНИЧКА БОРБА, А ТОА Е ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

П. С. РЕЖИМ НА ДЕЛО!”

Мицкocки: Ако 3aeв има чиcти намepи, ajде во Coбpaнието да изглаcaме peзолyциja со кoja ќе ги забетониpaме македонcките позиции

Вечерва во централниот дневник на телевизија Сител гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. При своеото гостување истакна дека владата треба заедно со другите партии да седнат на лидерска средба и да ги забетонираат позициите за заштита на идентитетот и јазикот.

„Зошто не седнеме на лидерска средба, зошто да не и олеснеме на Владата, зошто не ги забетонираме нашите преговарачки позиции со еден заеднички документ кој што ќе го усвоиме заедно во Собранието. Тие го велат тоа, ние го велиме тоа, ајде во Собранието да изгласаме една таква резолуција на која што ќе ги забетонираме позициите на Владата“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека така ќе биде полесно и на Владата, или пак на некоја друга Влада која што можеби наскоро ќе седне на тие позиции да преговара.

„Затоа ако немаат они проблем и ако е бетониран идентитетот и јазикот тогаш ајде да седнеме на таа лидерска средба. Да го договориме тоа, да влезе во Собрание, да се испреговара и заеднички да излеземе на тие преговори, тоа е суштината. Тоа е она кое што го бараме уште од минатата година, ноември месец, кога зборувавме за тие предвремени параламентарни избори. Уште тогаш зборував за лидерска средба и уште тогаш зборував за меморандум со кој што ќе бидат дефинирани црвените позиции на македонската преговарачка страна. Но за жал тогаш не убедуваа дека таквиот однос кај нашиот источен сосед било поради тоа што си ги зацврстувале позициите пред тогашните локални избори. Но, се виде дека тоа не било така. Туку денеска тоа е изговор на политичарите кај нашиот источен сосед и велат имаме меморандум поддржан со акламација од страна на сите политички партии и ние немаме многу простор да се движиме полево и подесно“, рече Мицкоски.

Димовски: “Бугарите, да ја вратат круната на Охридската архиепископија” (Фото)

Фејсбук статус на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

“Во дух на пријателството и соработката, а како процес на градење пријателство, кое сега е длабоко нарушено, да ја замолиме Софија свечено да ја врати МИТРАТА (круната) на Охридската архиепископија во Охрид…

Митрата (капата, круната,…) на Охридскиот архиепископ се наоѓа во Софија, во Националниот историски музеј…

Земена (украдена) е од Охрид, од црквата Св. Богородица Перивлепта, од страна на бугарската војска во 1916 година, за време на ПСВ.

Оваа митра е подарок од Венеција за еден од охридските архиепископи. Тежи 1,5 кг чисто злато и на себе има 329 скапоцени камења. Ја носел и последниот (пред укинувањето) архиепископ Арсениј…

П.С. Во Софија има над 80 реликвии, сопственост на Охридската архиепископија…

П.П.С. Архиепископскиот жезол се наоѓа во Зографскиот манастир на Света Гора…”, напиша Илија Димовски на Фејсбук.

Двајца прилепчани ја загyбиja битката со виpycoт: Денеска помала бpojка нови слyчаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тecтиpaња, а peгиcтрирани се 387 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-174, Куманово-17, Штип-19, Прилеп-12, Тетово-26, Велес-12, Битола-20, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-56, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-3, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Делчево-7, Свети Николе-7, Кичево-3, Неготино-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од: Скопје-210, Куманово-35, Дебар-8, Штип-25, Прилеп-53, Тетово-38, Велес-26, Битола-3, Кавадарци-14, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-19, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-8, Кратово-6, Свети Николе-18, Неготино-6.

Починати се 35 лица, десет пациенти од Скопје (46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66г ), тројца од Куманово (67, 82 и 79г), еден од Штип (79г), двајца од Прилеп (68 и 69г), еден од Тетово (84г), еден од Велес (73г), двајца од Битола (88 и 77г), еден пациент од Охрид (82г), еден од Кавадарци (73г), четири пациенти од Гостивар (75, 73, 50 и 43г), еден од Дојран – ПЕ Гевгелија (65г), двајца од Струмица (48 и 75г), еден од Радовиш (76г), еден од Кочани (67г), двајца од Берово (70 и 53г) и двајца пациенти од Кичево (54 и 70г).

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687.

Hoв дap за љyбителите на пoeзиjaта: Пoeтecaта Андриана Pистеска од Прилеп ја издаде збиpката “Очи полни сончевина”

Потесесата Андриана Ристеска на мераклиите на поезијата им понуди нов дар. Ја објави збирката поезија “Очи полни сончевина” со 45 песни, со силни, супериорни стихови кои предивикуваат пријатно треперење на душата на читателите.

Тоа што поетот може да го стори со својата поезија, ни мајстор не може да го исткае на машина. Рецензентот Гордана Петров Такец забележува дека Ристеска е вечен и неуморен воин во потрага по вечна љубов како симбол за припаѓање, заедништво и компактна целина на еден дом, на едно семејство, на едно општество.

-Стиховите се за секое време, секогаш актуелни, безвременски и се читаат вечно. Тие се жива материја која постојано се раѓа и се обновува стремејќи се кон опстојување, напредок, растеж и повозвишена, поскапоцена и поимпресивна убавина… Зрелоста знае смело и гордо да ја отвори вратата на новиот ден, на изгрејсонцето, на светлината, да ги прифати со двете раце убавините на животот и да ги подари на душата на читателот. Збирката внесува свежина низ силен фонд на изрази – посочува Такец.

“…Сета надеж што ја имав, ја пуштив високо да полета,
А оттаму илјадници птици ми долетаа, волшебна песна
нашироко се разлеа, до мене стигна, срцето ми го распеа.”

Ова се стихови од насловната песна на најановата збирка на Ристеска. Таа е автор на повеќепати наградуваната збирка “Цвет во аманет”, голем број на песни се објавени во заеднички домашни и странски антологии. Нејзината поезија е одлично прифатена од читателите, но и од добрит5е познавачи на поезијата, така што скоро и да нема конкурс или манифестација на која авторката учествувала, а да не се закити со највисоки награди и признанија.

Cите лyдyвaa по заводливата Pyби: Денecка е баба на 42 години и ce’ yште изгледа нeoдоливо (Фото)

Барбара Мори, актерката која го глумеше ликот на Руби беше сон на повеќето мажи, а се покажа дека тоа и понатаму не се менува.

Актерката од бракот со Серхио Мајер го има синот Сехрио Мајер Мори кој го роди во 1998 година. Во 2016 и нејзиниот син доби дете и со тоа ја направи една од најмладите баби на светот. Барбара денеска има 42 години и се’ уште изгледа одлично.

Во Прилеп откриен крајот на светот (Видео)

Се’ уште нема нов затворен базен, но има патека која води до никаде…