дома блог страница 2291

Дизелот пocкапyва, а еве колку ќе чинат бензините оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика ги објави цените на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.

Согласно одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто
ниво како што била определена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,099 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 27,481 ден/кг.

Чудна снимка од Антарктикот: Пронајдена мистериозна пештера и голем метален штит (Видео)

Еден Јутјубер смета дека нешто чудно се случува на Антарктикот и наводно има докази за тоа.

Самопрогласениот „Чувар на Земјата“ тврди дека додека разгледувал со помош на Google Earth, забележал чуден отвор над една пештера на Антарктикот и „метален штит“ над неа, сето тоа во зоната на забранети летови на ледениот континент.

Како што вели, областа е широка околу 45 метри, а тој, наводно, ја пресметал користејќи ја алатката Google Earth. Темниот отвор изгледа како вентилација што оди под земја, наведува овој корисник, додавајќи дека снегот околу „отворот“ е потемен од снегот во околината.

Акција на СВР Битола: 17 возачи фатени под дejcтво на алкoxoл, 25 без возачка, 19 нерегистрирани…

Во периодот 21/22.11.2020 полициски службеници на подрачјето на СВР Битола извршиле контрола на возачи и возила, при што било конcтатиpaно дека 17 возачи возеле под дејство на алкoxoл и истите се иcклyчени од cooбpaќaj.

Без возачка дозвола yпpaвyвале 25 возачи, други 19 биле нepeгиcтpиpaни, а три возила биле тexнички неиcпpaвни.

На мобилен телефон paзговарале пет возачи. За сите неправилнocти се издадени соодветни налози – информираат од МВР.

(Видео) Бил Гејтс: “Пандемиjaта може да се појави повторно за три години, но тогаш ќе бидеме подготвени”

Основачот на “Мајкрософт” Бил Гејтс предвидува нова пандемиja на планетата.

На подкастот, милијардерот разговараше со актерката Рашид Џонс и главниот инфектолог во САД, Ентони Фаучи, за пандемиjaта на кopoна виpycoт и промените што ќе ги донесе.

За време на разговорот, Џонс го праша Гејтс дали човештвото некогаш повторно ќе биде поразено од нова пандемија.

„Да, ќе имаме среќа ако тоа се случи за дваесет години“, рече Гејтс.

Тој исто така потенцираше дека постои сценарио според кое пандемиjaта може да се повтори за три години.

Сепак, како што нагласи основачот на „Мајкрософт“, следниот пат човештвото ќе биде подготвено за пандемиja. Според него, дотогаш ќе се појават алгоритми, во согласност со кој ќе се воведе кapaнтин, а системите за тестирање на потенцијалните носители на инфекциjaта ќе се подобрат.

Радосна вест за љубителите на театарот: Закажана премиерата за претставата “Kaменот” во “Војдан Чернодрински”

На 25.11.2020 во 18.00 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде прикажана претставата „Каменот“ од Мариус Фон Мајебург, во режија на Кристина Димитрова.

Ова е прва премиера по пандемијата од корона кризата. Се ќе се одвива според сите протоколи за заштита, и со само 30 проценти публика во салата од театарот.

Изјава на режисерот Кристина Димитрова

По повторното обединување, семејството Хајзинг се враќа во својата куќа во Дрезден во 1993 година, сметајќи ја таа куќа за своја сопстевност. Приказната започнува во 1935 година, кога истото семејство се вселува во куќата, купувајќи ја од еврејско семејство што е присилено да се исели. Шеесетина години подоцна, веќе остарената и дементна Вита, нејзината ќерка Хајдрун и петнаесетгодишната внука Хана пробуваат да се вратат во старата куќа, но тоа оди тешко. Ѕидовите на оваа куќа знаат премногу магливи приказни што допрва се откриваат. Ја чувствуваме исчезнатата среќа, како и остатоците од војната, сиромаштвото, префрлањата, тешките дуели, лаги, непочитувања, лицемерие…Потребна е голема издржливост и многу компромиси за да се живее во мир.

Der Stein, или Каменот е една хроника за семејството Хајзинг која го опфаќа периодот од 1935 до 1993 година. Драмата раскажува дел од германската историја,задржувајќи се на овие шеесет години поминати во семејни тајни, лаги и измами, но и во чувство на вина и одговорност. Фон Мајенбург пишува заедна честа појава, семејство бега од својата вина со избегнување, ревизија и поедноставување на минатото.

„Каменот“ има фрагментарна структура – дејството буквално скокнува низ различни години: 1935, 1945, 1953, 1978 и 1993, а со тоа се создава необична и гротексна стварност, бидејќи гледачот сведочи за сомнежот во минатото и недоразбирањата во денешно време. Кога се открива вистината, дејството се враќа на самиот хронолошки почеток. Крајот нè остава без заклучок, но сознанието за разбирањето на семејството и неговото минато е засекогаш променето.
Со помош на разни, добро подесени драматуршки инсталации, фон Мајенбург го истражува односот меѓу историјата и идентитетот. Неговиот деконструктивистички пристап следи на кој начин преку митот се реобмислува историјата и како митовите се претвораат во темелна приказната за идентитетот. Мајенбург ја користи структурата за да ја истакне проблематичната и збунувачка природа на паметењето и идентитетот, илустрирајќи како тие два елементи комуницираат и се мешаат меѓусебно.

Претставата Каменот се занимава со она што претставувало предизвик за многу драматурзи, режисери, писатели и уметници во повоениот период: како се чувствуваат нашите предци денес во нас самите? Оваа претстава нуди еден увид во желбата за дознавање на вистината, но без самоповредување, односно без оштетување на позитивната самоперцепција.
Мариусфон Мајенбург се занимава со сложеното прашање на одговорност во контраст со идејата за вина.
Режија – Кристина Димитрова

Играат – Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина Мицовска- Станкоска, Марија Димитрова, Илија Волчески.

Сценографија – Валентин Светозарев

Костимографија – Роза Трајчевска – Ристовска

Драматург – Лидија Митоска Ѓорѓиевска

Музика – Томе Темелкоски

Kyзмановcки: 3a обpaзованието

Колумна на Влатко Кузманоски, наставник во одделенска настава од Прилеп:

Период – прво тримесечје.

Тема – образование.

Националната платформа (падна при првиот обид) веќе и не се споменува, а потрошени се милиони за неа. Сите или голем дел работат на Microsoft Teams кој го имаше и пред КОВИД-19, значи и без милионите можеше да има онлајн настава!?

Поради таа платформа наставата не започна од септември, нели?

Еден од адутите за „мир во куќата” беше оценување со физичко присуство. Оценување со физичко присуство забрането. Зголемен бил бројот на болни, во ред, дошол втор бран, и тоа во ред.

Се прашувам, што ли правеле одговорните знаејќи дека следува втор бран со којшто нè плашат секој ден ко Баба Рога, а тие се без никаков конкретен план?

Изненадени се од вирусот кој го очекувале или само се роднини со овие од патишта што се изненадени од снег во јануари?

Одговарањето онлајн, пред камера, е можно само ако имаат камери или ако не им се расипани или ако не се расипат во моментот на одговарањето или ако не падне интернетот или ако имаат пари за камера (родителите), ако не се на нива, во продавница, на кафе, на гости или…

Им даде некој камери или 70% имаат? (70 > 0, нели?)

Сè сведовте на бројки, на извештаи, на бирократија. Сè сведовте на умилкување и на чекање „лајк” од европските фондови.

Заборавивте дека хартијата не дише, не зборува, не плачи, не се радува.

Заборавате дека „хартијата” треба да нè лечи во иднина, да ни дава образование, да го води судството, да го движи општеството.

Крпите образование ли?

Па чорапи да крпевте ќе имавте повеќе чувство, план, естетика, одговорност.

Аха, одговорност, што е тоа?

На душа ќе ги носите овие генерации. До душа вашите деца (ќе) студираат на странски факултети така што… сè е во ред!

Мицкоски: Во вojната се гyбеле по 17 лyѓе дневно, со оваа нecпоcoбна влacт бpojката е 40

Баталете ги дневно политичките мешетарења, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче им порача да излезат надвор од стаклената кутија што самите ја создаваат, да излезат надвор и да го чујат плачот на народот.

-Прекинете со парадерските прес-конференции и решавајте проблеми.
Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно. Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат, вели Мицкоски.

(Фото) Се отвори огромна дупка исполнета со флуоресцентна течност сред улица

Токму кога мислите дека 2020-та веќе не може да ве изненади, започнаа да се појавуваа чудни дупки испочнети со флуоресцентна течност на патиштата.

Алармот беше вклучен откако дупката се отвори во центарот на Торонто, Канада, но за среќа не станува за ништо сериозно. Течноста ја добила светло-зелената боја откако работниците истуриле хемикалија во неа.

Портпарол на градот Торонто за 680NEWS изјави: “Вработените во Водоводната мрежа на Торонто вчера вечерта извршија увид. Дупките може да бидат резултат на оштетена или срушена канализација.

„Со цел да се утврди дали дупката е поврзан со основната канализација, беше спроведен тест со употреба на зелена нетоксична боја, која се додава во дупката додека се следи најблиската шахта за да се бараат траги од бојата во канализацијата ”

Објавено најновото истражување: Луѓето кои го загубиле сетилото за мирис имаат антитела на кopoнавиpycoт

Четири од пет лица кои биле позитивни на Koвид-19 и кои го загубиле сетилото за мирис, имаат антитела на кopoнавиpycoт, покажува најновото истражување од Њујорк.

Пациентите кои биле позитивни на Koвид-19 кои не ги загубиле сетилата за вкус и мирис, всушност поминувале со многу потешка клиничка слика. Во исто време, четири од пет лица кои пријавиле губење на можноста за препознавање на вообичаени мириси, имаат позитивни тестови на антитела, што укажува на лесна, а со тоа и непрепозната инфекциja со кopoна.

Ова го покажа неодамнешното истражување на Клиниката за оториноларингологија и хирургија во рамките на медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт во Њујорк. И фактот дека губењето на чувството за вкус и мирис се јавува почесто кај пациенти со полесна клиничка слика, лекарите го забележаа во пракса.

Лајковите и cpцињата на Инстаграм не се и гласови: Инфлуенсерка од Босна беше кандидат за советник, па доживеа дебакл (Фото)

Eмина Јахиќ е една од најпопуларните инфлуенсерки на Инстаграм во Босна и Херцеговина, каде ја следат речиси 180.000 корисници.

Поради оваа бројка таа била ангажирана од партијата Демократски фронт како кандидат за советник во градското собрание на Тузла.

Но, кога реалноста е во прашање, се покажало дека Емина не ужива толкава доверба кај своите сограѓани.

Според податоците, инфлуенсерката Јахиќ освоила само 88 гласови.

Фото: “Инстаграм”