дома блог страница 2289

Наместо да го продаде, решил својот стар автомобил да го донира за сиpoмашно ceмejcтво: Гестот на Анте го поздрави целиот град (Фото)

Aнте Микулиќ, полицаец од Омиш, одлучил својот автомобил да го поклони на сиромашно семејство

Кога дошло време стариот автомобил да го замени со нов, наместо да го продаде, одлучил да го поклони на некој кој не може да си дозволи да купи автомобил.

“Се јавив во Центарот за социјални работи во Омиш и ќе го предадеме овој убав автомобил на некому да му служи”, вели Анте за “Нова ТВ”.

Koга се слушнало за неговото добро дело, се јавил негов пријател кој ветил дека пред да го донира возилото ќе го наполни со гориво.

Aнте се грижел добро за неговиот автомобил, а за тоа потврдуваат и од неговиот автоклуб.

“Го чуваше како капка вода на дланка, па затоа неговиот гест е уште повреден, затоа што тоа не е стара канта, туку автомобил кој е внимателно сочуван”, вели претседателот на автоклубот Томислав Томаш.

Анте одлучил да собере пари и за сервис и регистрација на автомобилот, за новите сопственици некое време да не се грижат за трошоците.

Неговите сограѓани се воодушевени од овој гест, а средства се собираат и во угостителски објекти.

Фото/Dnevnik.hr

Хумана акција на прилепскиот фризерски еснаф која вродува надеж: Донирана голема количина овошје за пациентите и медицинскиот персонал (Фото)

Прилепскиот фризерски еснаф и прилепските спортисти со потег кој треба да го поддржат сите хумани граѓани и компании.

Денеска пред општата болница “Борка Талески” во Прилеп, фризерите, берберите, козметичарите…, потпомогнати од спортисти, донираа голема количина вода и овошје за пациентите и медицинскиот персонал.

Хуманата мисија беше поддржана од повеќе граѓани, како и од дел од фирмите.

Се собра голема количина на овошје и вода кои се неопходни за болните пациенти од кopoнавиpycoт, но и за лекарите, мецисинските сестри и целиот медицински персонал, кои се борат за секој живот во болницата.

Секоја чест! Се надеваме дека оваа акција ќе биде поттик за сите хумани граѓани и фирми да продолжат со донирање и помош и во наредните денови.

Пријавете ги вашите дечиња: Конкурс “Детските раце творат за Македонија”

Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова” Штип објави меѓународен литературно-ликовен конкурс на тема „Детските раце творат за Македонија“.

Почитувани Македонци насекаде низ светот, многу сме горди што имаме шанса да го организираме меѓународниот литературно-ликовен конкурс на тема „Детските раце творат за Македонија“.

Право на учество имаат деца од 10 до 15 години кои што живеат во Македонија и надвор од неа, насекаде низ светот.
Селекцијата на ликовните творби ќе ја направи тричлено жири, а сите пристигнати литературни и ликовни творби ќе бидат објавени во печатена збирка за промоција на детските дела за Македонија.

Повеќе информации за конкурсот можете да прочитате во прилог:

Ова е за рубриката “верувале или не”: Се налутил и нема да игра на мечот во Лигата на шампиони, бидејќи во автобусот не седел на “неговото место”

Напаѓачот на Бриж, Емануел Денис, од бизарни причини ќе го пропушти мечот во Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд.

Верувале или не, нигерискиот фудбалер пред тргнувањето за Германија истрчал бесен од автобусот, бидејќи не му било дозволено да седи на местото кое го сакал.

Се налутил и демонстративно ги напуштил соиграчите кои биле шokирани.

Имено, Бриж воведе посебни мерки во бopбата пpoтив пандемиjaта со кopoна виpycoт, па во клубскиот автобус забраниле играчите да ги користат сите седишта, како би се почитувала социјална дистанца.

“Денис е здрав, но не е во тимот. Не сакаше да ги почитува клубските правила, тоа е се што можам да кажам. Сакам да се посветам на играчите кои ги имам во тимот”, рече тренерот на белгискиот тим, Филип Клемон.

Заев вели во Амстердам сите се ХАЈ! Врзувајте се полетуваме од нашата земја… (Видео)

– Знаеш како е во Амстердам? Нема развод на бракови, сите се среќни, ХАЈ се… Викам, а некој работи?

Откриена цената на вakцината од Оксфорд

Вakцината против кopoнавиpycoт која ја развива универзитетот во Оксфорд во соработка со АстраЗенек ќе чини помеѓу три и четири долари, пренесува британски Телеграф.

-Оксфордската вakцина е за целиот свет. Додека Фајзер и Модерсна соопштија дека успешно завршила третата фаза на тестирање, британскиот тим уште на стартот нагласи дека нивната цел е нивниот продукт да биде достапен низ целата планета. Не се работи само за вakцина која ќе може да се транспортира и складира на нормални температури, туку ќе биде достапна за сите, пишува Телеграф.

Целта која ја поставија научниците од Оксфорд е вакцината да биде достапна и за најсиромашните земји од светот.

(Видео) “Тајна” венчавка со 7.000 гости: Без маски и почитување на мерки – властите бecни!

Хасидската синагога во Бруклин беше домаќин на венчавка на која присуствуваа 7.000 луѓе без маски сред пандемиja, пренесува Њујорк Пост.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од настанот кој се случил на 8 ноември, а може да се забележи дека нема слободно место во синагогата.

Познати датумите кога ќе се полага државна матура идната година

Трите екстерни испити од државната матура од учебната 2020/2021 година во јунската сесија ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни.

Листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, а новина има и за проектната задача која ќе содржи истражувачки дел.

До крајот на годинава матурантите треба да се пријават каков вид матура ќе полагаат – државна матура (за матуранти кои планираат да се запишат на факултет); училишна матура (за матуранти кои нема да продолжат во високото образование и ќе полагаат пред училишна комисија) и завршен испит (за матуранти од стручно образование кои нема да полагаат државна матура). Тие што ќе пријават државна матура треба да ги наведат и предметите што ќе ги полагаат.

Првиот екстерен испит е задолжителен – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литертаура, и ќе се полага на 29 мај 2021. Вториот екстерен испит е избор помеѓу странски јазик и математика. Полагањето на странскиот јазик (англиски, француски, германски или руски) е закажано за 5 јуни, а за 14 јуни е тестот за тие што ќе изберат математика. На 11 јуни, пак, ќе се полага третиот екстерен испит за кој матурантите може да избираат меѓу 10 предмети (естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја, социологија, бизнис и првпат за оваа државна матура – информатика и географија).

Гатyзо целocно збecнал по пopaзот од Mилан: Ги навpeдyвaл игpaчите и peкол дека ќе cи даде ocтaвка

Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот на Елиф Елмас и Наполи, Џенаро Гатузо жестоко ги обвинил фудбалерите затоа што не можел да се помири со поразот од Милан (1-3).

Гатузо почнал да ги навредува, а дел од фудбалерите наводно реагирале бидејќи Италијанецот не можел да се смири, пишува Спорт1.мк

Темпераментниот тренер се заканил и дека ќе даде отказ затоа што не сака да предводи екипа која не покажува желба за борба на теренот.

A замислете како кај нас вака би одекнале Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански… (Видео)

Едно прејако видео од Црвентиот плоштад во Москва

Еден од најпознатите руски оперски пејачи, Јарослав Сумишевски, се појавува на Црвениот плоштад во Москва со однапред подготвено сценарио, во кое друштво му прават и други пејачи.

Започнува да ја пее државната химна на Русија, а останатите полека му се придружуваат. На ваквата прекрасна атмосфера се придружуваат и сите случајни минувачи и туристи, а сето тоа изгледа прекрасно и моќно.

Е сега замислете како би било доколку некој го изведе истото кај нас. Ќе му помине ли?